|
Џентлмените - загрозен вид? |
Внеси реплика | страница <1 89101112 15> |
Автор | |
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
џентлменството е само измислица на општеството, во времиња кога на жените им биле забранети милион работи и биле третирани како да постојат за одредени цели, што е навистина апсурдно... кратко кажано, дамите не смеат да гласаат, ама затоа имаат право на предност во сите ситуации во кој е вмешан и маж....
и бесцелно е да кажеш во денешно време, кога жената е способна за многу работи, дека и е потребен некој да и извршува толку банални работи како отворање на врата на пример, и дека во време на потполна општествена еднаквост, дека имаат некаква предност во нешто да не ме разберете погрешно, не сум кретен и си ги следам џентлменските „кодекси“ чисто врежано, инстинктивно, ама кога ќе размислиш филозовски, сето тоа никогаш немало никаква логика или поента битно е секогаш да се има разбирање и поддршка, ако му судиме на некој според тоа дали е џентлмен или дама, кај ќе ни биде крајот CTRL + Q to Enable/Disable GoPhoto.it |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,ama kakvo svedochenje ,,,ta ke mora petsto potpisi da sobirame,,, ,,,,,,,,,zagrozen vid sme ,,ko mohikanci,,,,, |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
А тоа мене ми личи на само прогласување....Мора пво некој да посведочи
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,,definitivno,,, orka ,,, brzaiot,,,,,i mene mora da ne vmetnat vo ustavot,,,,kako posebna stavka,,,
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Штом вака воскреснуваат џентламените...Поарно да изумрат
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
tochno !
djentlmenite se pojavile .... otkako se rodile damite! tie se ...prichina za pojavata nivna, ...ama , bidejki dami nema vekje bash ,...tolklu ima i djentlmeni! eden vid ...predizvikuva izumiranje na ...drug vid! ...t.e....obratno od onoj kaj lanecot na ishrana ,...kaj nego...ischeznuvanjeto na edna alka predizvikuva nekontrolirano mnozenje na onie od.... pprethonata alka! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Или накусо речено, за некој да биде џентлмен, треба некоја да биде мадам. |
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А еве ја и машката страна, покусо да не останат
Кога ќе се почитуваат мажите, тогаш ќе се вратат и џентлмените Џентлмените - загрозен вид во изумирање - текст кој ме инспирираше да ја напишам првата статија во мојот живот. Пробав ред по ред да одговорам на сите скриени прашања и мислам дека повеќето би се сложиле со исклучок на оние личности од понежниот пол кои нема да се препознаат во текстот. Па да почнеме… Дури и глумците кои би требало да изгледаат како „совршени џентлмени“, кои навистина може да се видат само на телевизија, стануваат ретки. Толку се ретки што се дигна нивната цена ненормално високо за да самите се спуштат на најниското морално ниво и да глумат совршени џентлмени. Во денешно време многу е тешко да се глуми совршен џентлмен кога пред тебе стои нискоинтелигентна особа. Како да сакаш да отвориш врата од кола кога она ми вика: Шо кола возиш? Сигурно нема да се возиме во крнтијата на татко ти… или те глеа дека навистина добро се носиш и прво што ù текнува во глава е: Овој мора да има БМВ или Мерџо… а ти возиш Астра 97 година и се радуваш што имаш клима и нема да се скуваш док излезеш у град. Пробуваш да помогнеш на девојка у град дигната на 12-ка штикла, натоварена со кеси потешки од неа со реномирани копии од Бершка, Мона и Теранова и уште ти вика: Бегај море манијак еден… Хелоууу мислиш дека сум толку лесна па со ова ќе ме ќариш? МАРШШШ… или едноставно ти одмавнува со поглед и те прави да се чувствуваш као кретен. Влага во 5-ка дотерана пиц-пец со нога ко ќумец и ти вика: Дечко пази малце, не глеаш дека влагам??? Или се вози во државен во вторник и петок и ти се врти тебе и ти вика: Дечкооо… Шо се буташ??? Вака сеа, добро е што жените почнаа да се залагаат за нивните права, но да разграничиме омаловажување од добронамерни џентлменски гестови. Твоето его нема да биде повредено ако некој ти отвори врата и ти влезеш прва, ама твоето его нема да биде повредено и доколку се заблагодариш на дечкото кој се потрудил да те испочитува како дама. Доколку си и самата способна да ја отвориш вратата, значи способна си и да се заблагодариш или едноставно пријатно да се насмевнеш во чест на почитта што ти ја пружил, без прво да помислиш во глава дека со тоа ќе ти се наруши твоето его и ќе дозволиш за жал на, не твој тип на маж, да се насмевнеш и ти ги види твоите „добро наредени заби“. Како што жените го изменија зборот женствени, така и мажите го изменија истакнувањето на машкоста. Колку само ни недостигаат сите оние ситници на кои се радуваа жените од 80-тите и 90-тите години. Скинато цвеќе од градината на комшијата, крадење кола од дома за да ја изненади девојката и да ја однесе на место каде сонувала да биде, да отвори врата од кола, да ù подаде рака да се качи на коњ, да ù го подаде марамчето паднато на под, да помогне на старата изнемоштена жена која се натоварила со кромид и лук за дедото и слични работи што ги гледаме само на филм и станаа неблагодарни гестови за кои те озборуваат и те оцрнуваат како човек. Ништо друго не бараме, туку почит каква што мажите имале до почетокот на новиот милениум, насмеано лице за подареното цвеќе, а не повратен одговор: И шо да му правам сега? Кај да го ставам? Или: Кај ти текна да ја земеш крнтијава, едвај ќе стигнеме сеа… Ај не ми се прави џентлмен, можам и сама… Го гледа инструкторот за јавање и се моли да ја придржи и дигне за да ја качи на коњ. И, треба нешто да значи ова ако си ми го подал марамчево? … Мажите веќе се свесни дека и со намера нешто да направиш нема да го добиеш, затоа ова почнаа да го практикуваат само за да го направат животот поинтересен, применувајќи некои од овие ретро џентлменски трикови, но за жал веќе изветреани. Башка, што и да направиш за жените веќе е видено на филм и не е интересно. Се надевам дека понатака и на првиот состанок мажите нема да треба да прават будали од себе кога битно е првиот впечаток на девојчето за тебе, а тоа навидум стана практика кај сите: 1. Дали добро ја носи косата? Така да мажи, сè додека оваа практика не им излезе на девојчињата од глава и почнат да ги гледаат реалните можности на македонското момче, никогаш не пробувајте да бидете џентлмени со избледени џентлменски фори, зашто нема да бидете испочитувани како правилен маж. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Џентлмени - загрозен вид во изумирање ( размислување дадено од женска страна )
Последен пат кога видов совршен џентлмен беше пред неколку години во филм, и тоа нему му било платено да глуми, а Бог знае каков е во реалноста. Имам прашање: Каде се џентлмените? Се кријат негде, зафатени се или се во мнооогу мал број? Поточно, јас би рекла дека се толку ретки, речиси во истребување. Зарем никој повеќе не отвора врата од кола, не помага во носењето на тешките ќеси, каде се оние кои им даваат предност на припадничките на „понежниот“ пол? Вистина е дека модерните жени се залагаат за еднаквост меѓу половите, но да разграничиме омаловажување од добронамерни џентлменски гестови. Моето его нема да биде повредено ако некој ми отвори врата и ми дозволи да влезам прва. Тоа не го прави бидејќи јас не сум способна да си ја отворам вратата, туку тоа е знак на внимание. Како што ние можеме да бидеме женствени, вие истакнете ја машкоста! Ми недостигаат сите оние ситници кои одат во „пакет“ на совршениот џентлмен, не сакам да го гледам само на филм. Некогаш дури ми се јавува желба да можам да се вратам во времето, да си живеам во Англија во 19 век, и да уживам во друштво на прав џентлмен. Чудно, во денешно време, оној кој изгледа како џентлмен го прави тоа со некоја „задна“ намера и некаква цел. Па не мора да имаш никаква, ајде да речеме, корист од девојката или жената на која ù помагаш. Можеш едноставно да го направиш тоа добронамерно, ама како што тргнале работите, новиве генерации зборот „џентлмен“ ќе го пребаруваат во речник. Зошто мажите знаат да бидат џентлмени само на првиот состанок и на наредните неколку (некои дури ни тогаш). Секоја чест на исклучоците! На оние кои знаат дека не си „папучар“ ако си вистински џентлмен кон својата девојка, мајка, пријателка… Зошто да не ù дозволиш на жената да влезе пред тебе во автобусот, или да ù отстапиш седиште, што ќе ти се случи? Или можеш да ù помогнеш на старата женичка која се витка носејќи ги ќесите. Тоа веќе се граничи со нивото на култура, кое во нашето општество е многу ниско. Не сакам да бидам една од оние мрчаторски настроени луѓе, не мислам дека сè тргнало „по ѓаволите“, ама со недостигот на џентлмени не можам да се помирам! Кога последен пат јас и Ена буквално се влечевме по улица носејќи го тешкиот багаж, помина група момчиња и само нè одминаа. Паметам кога пред извесно време излегов на состанок и типов ко од пушка порача прв. Добро, си кажа човекот, ама олабави малку, никој не ти го зема пијалокот, ќе се најадеш и ќе се напиеш, наспроти тебе седи дама. Па свесни сте колку плус поени добивате со џентлменски гестови? Оние кои се свесни, само го злоупотребуваат тоа и ништо повеќе, џентлменското кај нив не трае долго. ОК значи, официјално распишуваме оглас за џентлмени:Се бараат вистинските џентлмени, оние ретките останати, со добри намери, силен карактер, желба за помош и оние кои поседуваат сè што содржи „џентлменскиот пакет“. Јавете се, не се кријте, слободно излезете по улиците, зашто сте толку ретки, што за нас дамите претставувате вистинска премија! |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
'naste''....
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И кога ќе дојдете до збор, пак ќе ви го земат Изменето од Анастеа - 30.Април.2012 во 00:41 |
|
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
мани меjкс да уард го раун да уард го раунд да уард
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жените "паѓаат" на убави манири
Однесувањето во согласност со бонтонот може да биде важен клуч за успех во заведувањето бидејќи речиси секоја жена сака да биде третирана како принцеза. Мажите бунтовници можеби ги интригираат повеќето жени, но тие почесто даваат предност на џентлмените и повеќе ги ценат, покажува една италијанска студија. Претставниците на посилниот пол кои имаат фини манири и почитување кон спротивниот пол, побрзо ќе го најдат патот до женското срце. Однесувањето во согласност со бонтонот може да биде важен клуч за успех во заведувањето бидејќи речиси секоја жена сака да биде третирана како принцеза, да и ја придржуваат вратата, капутот или мантилот, да и отстапуваат место, да и го наместат столот, сипаат пијалок во ресторан... Освен тие вообичаени "ситници", постојат уште многу правила за добро однесување кое не ги остава рамнодушни претставничките на поубавиот пол, пишува "Novosti". Претставете ја Жената во ваше друштво секогаш претставувајте ја на познатите личности кои ги среќавате на улица, во кафуле, ресторан, без разлика дали ви се пријатели, роднини, колеги од работа или бившата девојка. Во спротивно, таа сигурно ќе се навреди. Заборавете на мобилните Додека сте со жена која сакате да ја импресионирате, избегнувајте премногу да се користите со мобилниот телефон, разговорите максимално скратете ги, немојте да дозволите таа да се досадува додека вие опуштено зборувате како да сте сами. Немојте да праќате СМС пораки, а тој кој ви ги испраќа известете го дека не сте во можност да се допишувате. Добро би било и да го исклучите телефонот, за повиците да не ве вознемируваат и да не го прекинуваат вашиот разговор и мисли. Понудете и ја јакната или чадорот Доколку е ладно или врне дожд, а вие сте подобро опремени за такво време од неа, ќе изгледате крајно бесчувствително ако не и ја понудите јакната или чадорот. Во случај ако таа категорично одбива, тогаш немојте да инсистирате. Не зборувајте многу вулгарно Жените се позборливи од мажите, тоа не е никаква новост. Немојте да се натпреварувате во оваа категорија со неа, туку џентлменски слушајте ја, дури и ако тоа ви е напорно. Кога ќе дојдете до збор, обидете се да не користите "улични жаргони" и вулгарности бидејќи тоа не одговара на еден возрасен и зрел маж, а пцовките избегнувајте ги бидејќи се одлика на непочитување. Испратете ја до дома Без оглед на тоа во каков статус сте со дотичната девојка, дали ја заведувате или ви е колешка и другарка, испратете ја до дома, работа или станица и почекајте да и стигне превозот. Кога брзате и не сте во прилика да го направите тоа, извинете се што не можете да ја испратите за да и дадете до знаење дека сте ја имале таа намера. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ве има 99%
Далеку сте од тој процент...не викам дека нема такви на денешницава, но процентот дали е едвај 10 % |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Внеси реплика | страница <1 89101112 15> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |