|
Христијанска Убавина |
Внеси реплика | страница <1 891011> |
Автор | |
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Боже, исчисти ме грешниот, зашто никогаш не сум направил добро пред Тебе, но избави ме од лукавиот; да биде во мене Твојата волја, та неосудено да ја отворам мојата нечиста уста и да го восфалам Твоето свето име, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин! Од сон станав, Спасителу, и Ти принесувам полноќна песна; поклонувајќи се пред Тебе, извикувам:не ми давај да заспијам во гревовна смрт. Ти Кој доброволно беше распнат на Крст, крени ме мене што лежам во мрзливост, побрзај да ме спасиш во бдение и молитва, за да стојам пред Тебе и да Ти се молам. А по ноќниот сон, дај да изгрее во мене безгрешен ден, Христе Боже, и спаси ме. Човекољубив Владико, станав од сон и брзам да дојдам при Тебе и по Твојата милост се трудам да ги извршувам твоите дела. Ти се молам, помагај ми во секое време и во секоја работа; избави ме од секакво зло и ѓаволски искушенија. Спаси ме и воведи ме во Твоето вечно царство. Зашто Ти си мојот Создател, Промислител и Дарител на секакво добро. Во Тебе е сета моја надеж, тебе те прославувам сега, секогаш и во сите векови. Амин! Господи, со Твојата голема добрина и милост Ти ми помогна мене, на Твојот слуга, да ја поминам оваа ноќ без опасност од секакво непријателско зло. Ти, Владико и Создателу, удостој ме со Твојата вистинска светлина, та со просветено срце да ја извршувам Твојата света волја, сега, секогаш и во сите векови. Амин! Изменето од Maran Ata - 07.Ноември.2008 во 05:38 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Заборавив да додадам дека зборот "Блажени" на оригиналниот јазик на кој е напишан Новиот Завет е "makarios" и затоа сакам да му ги посветам овие преубави Христови блаженства на нашиот соговорник makarious со искрена желба секогаш да се наоѓа меѓу горните групи на луѓе кои Христос ги благослови
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Св. апостол Ерма Никогаш не плашете се од моќта на злото повеќе отколку што верувате во моќта и Љубовта Божја. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Една христијанска убавина исто така претставуваат блаженставата на Исус кои Тој ги наведе едно по друго на познатата Негова беседа на гората - која по нив дури некои ја нарекуваат и "Гората на Блаженствата". Исус поучуваше велејќи: Блажени се бедните во дух, зашто е нивно царството небесно!
Блажени се оние кои тагуваат, зашто тие ќе бидат утешени!
Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
Блажени се кои гладуваат и жедуваат за правда, зашто тие ќе се наситат!
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Блажени се чистите во срце, зашто тие ќе Го видат Бога!
Блажени се миротворците, зашто тие ќе бидат наречени синови Божји!
Блажени се оние кои се гонети заради правда, зашто е нивно царството небесно!
Блажени сте кога ќе ве навредуваат и гонат и говорат лажно против вас, секакви лоши зборови, заради Мене.
(Свети Исус Христос во евангелие по Матеј 5:3-11)
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
св.Силуан Атонски
Колку е поголема љубовта, толку е поголемо страдањето на душата. Колку е попотполна љубовта, толку е попотполно познанието. Колку е поогнена љубовта, толку е попламена молитвата. Колку е посовршена љубовта, толку е посвет животот. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
TE LJUBAM SO SETO SRCE ISUSE AMIN
|
|
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,, 27 А Бог знае што има во срцата на луѓето и знае што сака Светиот Дух, затоа што Тој се застапува за Божјите луѓе согласно со Божјата волја.
28 Знаеме дека се што се случува, Бог ќе го насочи така што да испадне на добро за оние што Го сакаат Бога и што се од Него повикани за свети цели. 29 Однапред познавајќи ги луѓето, Бог ги одбра Своите, со цел да ги преобрази така што ќе бидат слични на Неговиот Син, Исус, Кој е првороден за да има многу браќа и сестри. 30 А тие што ги одбра, Бог ги повика, ги оправда и ги прослави. 31 Што да кажеме на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе биде против нас? 32 Кога Бог ни Својот Сопствен Син не Го поштеди, туку Го даде за откуп на сите нас, зар заедно со Исус нема да ни подари и се друго?’’ (Рим. 8:27-32) |
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1 Давидов псалм. Благословувај Го Господа, душо моја, и си што е во Мене: Неговото свето име!
2 Благословувај Го Господа, душо моја, и не заборави ги Неговите добротворства: 3 Тој ги проштава сите твои гревови, Тој ги исцелува сите твои болести; 4 Тој ти го спасува животот од распадливост, те овенчува со добрина и љубов; 5 Ти го исполнува животот со добрини, твојата младост се обновува како на орелот. 6 Господ прави праведни дела, и на угнетуваните им ја враќа правдата, 7 на Мојсеј му ги објави Своите патишта, на Израелевите синови Своите дела. 8 Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многу милостив. 9 Не е јаросен за вечни времиња, ниту Неговиот гнев пламнува довека. 10 Не постапува со нас според нашите гревови, ниту ни плаќа според нашите беззаконија. 11 Зашто колку е небото високо над земјата, толку е голема Неговата милост кон оние што се бојат од Него. 12 Колку е исток далеку од запад, толку ги оддалечува од нас нашите беззаконија. 13 Како што таткото ги милува синовите, така Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. 14 Зашто знае добро како сме создадени, си спомнува дека сме прав. 15 Човековите денови се како трева, цветаат како полски цвет; 16 штом ветерот ќе го допре, и веќе го нема, ни неговото место не го помни. 17 Но Господовата љубов е вечна над оние кои се бојат од Него, и Неговата правда над синовите на синовите, 18 над оние што го чуваат Неговиот завет, и ги помнат Неговите заповеди, за да ги исполнат. 19 Господ го постави Својот престол на небо, и Неговото Царство владее над си. 20 Благословувајте Го Господа, сите Негови ангели, вие моќни во силата, кои го исполнувате Неговиот збор, послушни на гласот од Неговото слово! 21 Благословувајте Го Господа, сите Негови воинства, Негови слуги, што ја исполнувате Неговата волја! 22 Благословувајте Го Господа, сите Негови дела, во секое место на Неговото владеење! Благословувај Го Господа, душо моја! Псалм 103 Изменето од AlDra - 05.Ноември.2008 во 16:06 |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве уште едно преубаво ветување кое треба секој Христов следбеник да си го вреже во срцето и секогаш да се потсетува на него, особено во моментите кога лукавиот ќе се обиде да внесе сомнежи дека тој/таа е надвор од Божјата љубов, недостоен за неа или пак отпаднат од неа.
"Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Исус Христос, нашиот Господ."
(Римјаните 8:38-39) |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
старец Софрониј
Кога сме собрани сите заедно, должни сме да бидеме како eден човек, според образот на Троичниот Бог, Кој е само Еден Бог! Ова не можеме да го постигнеме, освен преку примањето на Светиот Дух во себе. Доколку имаме внатрешно безредие на нашите лоши помисли, напорите ќе ни бидат безуспешни. Како да се здобиеме со оваа благодат? Како да живееме, та Бог и Неговиот Свет Дух да се вселат во нас? Треба да бидеме послушни! Само ако постојано внимаваме на нашиот брат, успеваме да создадеме во нас еден вид радар, за да го почувствуваме она што другите го мислат, нивната волја и нивната духовна состојба. Наспроти тоа, без послушание, особено ако прво го бараме нашиот спокој, ќе бидеме одделени од другите и ќе бидеме несложни. Изменето од Maran Ata - 01.Ноември.2008 во 05:32 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Нека се раздвижат планините и нека се потресат бреговите, но Мојата љубов нема да се повлече од тебе, ниту ќе се расколеба Мојот Завет на мирот - вели Господ Кој ти се смилува."
(Исаија 54:10)
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Евангелосе, немам коментар по однос на темава, само имам една (процедурална) забелешка во твоето изразување! И православните и протестантите (како и повеќе други кои не си ги набројал) се христијани. Затоа не го присвојувај терминот „христијани“ само за себе и за твоите истомисленици. Мислам дека не е фер, нели? Би било подобро да кажеш на кои од христијаните мислиш. |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одата на Љубовта Кога би зборувал на сите човечки јазици, па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ќе бидам како гонг што одѕвонува, или кимбал што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да го имам сето знаење, а и така силна вера што и планини ќе преместува, ако љубов немам, ништо не сум. И да го раздадам целиот свој имот, и да го предадам телото да ми изгори, штом љубов немам, ништо не ми користи. Љубовта е долготрпелива, љубезна, љубовта не завидува;
Љубовта не се фали, не се вообразува, не е непристојна, не го бара своето, не се срди, не памети зло; Не се радува на неправда, а се радува на вистината; Се премолчува, во се верува, на се се надева, се поднесува. Љубовта никогаш не пропаѓа, а пророкувањата ќе престанат,
јазиците ќе замолкнат, знаењето ќе помине. Зашто делумно знаеме и делумно пророкуваме, а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното. Кога бев дете, зборував како дете, размислував како дете, расудував како дете;
а кога станав зрел човек, го оставив детинското. Сега гледаме како низ замаглено огледало, нејасно, а тогаш ќе гледаме - лице в лице; Сега знам делумно, а тогаш ќе знам совршено, како што и сум и јас спознаен. А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; а од сите нив, најголема е љубовта. (1 Коринтјаните 13)
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве уште едно убаво ветување од Бог:
"Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ако не беше така, Јас ќе ви кажев, зашто одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас."
(Исус Христос во евангелие по Јован 14:2-3)
п.с. spiros, доколку ти текне на горното Христово ветување да кажеш "ХЕЛАЛУЈАХ", те молам немој да ме цитираш и да спамираш непотребно, туку едноставно напиши "ХАЛЕЛУЈАХ на последниот пост".
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Внеси реплика | страница <1 891011> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |