|
ПОВИК КОН ПОКАЈАНИЕ |
Внеси реплика | страница <1 8910 |
Автор | |||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Свeти Петар Дамаскин
Со покајанието, секогаш можеме да поставиме почеток. Напишано е: ’ако си паднал’ а ти ’стани’ (сп. Изрек. 24, 16). И ако повторно паднеш повторно стани, и нималку не очајувај за своето спасение, што и да се случи. Сѐ додека ти не му се предаваш волно на непријателот, додека твоето трпение му одолева, придружено со самоосудувањето, ќе најдеш спасение. ’Зашто и нас кои некогаш бевме неразумни, непокорни’ вели апостолот Павле, ’Он нѐ спаси, не според праведните дела извршени од нас, туку според милоста Негова (Тит. 3, 3 - 5). Затоа не очајувај на ниеден начин, отфрлајќи ја така Божјата помош, зашто Тој може да направи сѐ што сака. Ти напротив, положи ја својата надеж на Него и Тој ќе направи едно од овие нешта: или преку испитувања и искушенија или на некој друг начин, само Нему познат, ќе го устрои товето обновување; или пак ќе го прифати твоето трпение и смирение наместо подвиг; или заради надежта во Него ќе подејствува милостиво врз тебе на начин за тебе непознат за којшто самиот не си ни свесен, па така ќе ја спаси окованата душа. Само ти не напуштај Го својот Лекар, зашто инаку ќе пострадш бесмислено, со двојна смрт, како оној што не ги познал скриените патишта Господови. |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Св. Јован Лествичник
Покаjaнието е обновување на крштението. Покаjaнието е завет со Бога за изправување на својот живот. Оној кој што се кае е купувач на смирение. Покаjaнието е постојано отфрлување на телесната утеха. Покаjaнието е мисла на самоосудување и грижа за себе си, слоободна од надворешни грижи. Покаjaнието е ќерка на надежта и одрекување од очајот. Оној, кој се кае, е затворник со надеж за помилување. Покаjaнието е примирување со Бога преку извршувањето на добри дела, спротивни на гревовите. Покаjaнието е очистување на совеста. Покаjaнието е доброволно трпение на сите скрби. Оној кој се кае сам си наложува казни. Покаjaнието е силно стеснување на стомакот, длабоко наранување на душата. (Лествица 5:1). "Излезете (Ис. 49:9) и оние, кои што се во адот на покајанието, ќе чујат ли: вие сте простени? Нашите воздувнувања стигнаа ли до ушите Твои, Господи?" Не се ужаснувај ако и секој ден паѓаш и не отстапувај од Божјиот пат, туку станувај мажествено; и, без сомневање, Ангелот, кој што те пази, ќе го има во предвид твоето трпение. Кога раната е сеуште нова и лута, тогаш е удобно да се лекува; но застарените и изоставени рани тешко се лекуваат; зашто за лекувањето тие бараат многу повеќе труд, режење и обгорувања. Многу рани стануваат неизлечиви поради задоцнување; но за Бога се е возможно (Мат. 19:26). (Лествица 5:30). Пред нашето паѓање, бесовите ни Го представуваат Бога како човекољбив, а след паѓањето – жесток. (Лествица 5:31). Според Ориген сите луѓе, дури и најнечестивите и бесовите, кои претрпеле големи маки во огнената геена, на крај ќе се очистат и ќе бидат помилувани. Поради тоа Св. Јован Лествичник предупредува: "Сите, а особено паднатите, треба да се пазат да не ги допуштат во срцето невистините на безбожниот Ориген; зашто неговото скверно учење, кажувајќи ни за Божјето човекољубие, е мошне пријатно за сластољубивите луѓе" (Лествица 5:41). "Но јас Ти го открив својот грев и не го скрив своето безаконие; јас реков: "ќе ги изповедам на Господа моите престапленија", та да може со право и заслужено да биде приложено кон нив и следното после ова: "И Ти ја симна од мене вината на мојот грев" (Псал. 31:5). "Нека се потрудиме да се научиме да ги познаваме Божјите вистини најмногу со пот, а не со просто слово; зашто не зборовите, туку делата треба да ги покажеме при излегувањето од овој живот" (Лествица, стп. 26:31). Изменето од Maran Ata - 30.Септември.2008 во 13:14 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
melhisedek
Сениор Регистриран: 12.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 225 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
pametno i vistinito!!! |
|||||
----------osana--------
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Св.Јован Кронштатски
Покајанието е да разбереш дека во твоето срце има лага. |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||||
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
ОДЛУКАТА ЗА ТВОЈОТ ЖИВОТ Е ВО ТВОИ РАЦЕ
Еднаш едно момче дошло кај својот стар чичко и му рекло:Чичо, честитај ми. Ја завршив матурата. Прекрасно Рекол чичкото. Еве ти 20 марки, купи си за награда нешто убаво. Но, кажими, што планираш сега Сега одговорило момчето, сега ќе студирам.Сакам да станам правник. Убаво, рекол чичкото, а потоаПотоа извесно време ќе бидам судски приправник. Одлично, рекол чичкото, а потоаПосле ќе станам член на окружниот суд. Многу добро, рекол чичкото, а што следи потоаЕ па, тогаш ќе си побарам некоја девојка и ќе се оженам, ќе основам семејство. Супер рекол чичкото. А после Па добро, се надевам после да станам некој славен човек, претседател на окружен суд, или јавен тужител. Одлично, вели чичкото, а што потоа Па добро чичко, младичот почнал да станува нервозен, потоа ќе дојде време и да остарам ида се пензионирам. Многу добро, а што следи потоа Е па, добро, потоа ќе си одберам некој убав плац, ќе си направам куќичка, ќе си насадам јаготки. Добро, вели чичкото, а што потоаМладичот веќе се налутил: После ќе дојде ред да умрам А, така, вели чичкому, а што следи потоа На момчето не му било веќе забавно. Го фатил страв при помислата на смртта. Ќе умрам, а што потоа А што потоа Прашал чичко му. Чичко, одговорило момчето, за ова никогаш не сум размислувал. Како Рекол чичкото, ти си завршил матура и толку ли си глуп, па размислуваш само од денес за утре Зар еден човек, кој од Бог добил разум, не размислува и за иднината Како така Момчето брзо одвратило: Чичко, што има по смртта никој не знае Тоа не е точно, момче мое, рекол чичкото, има Еден кој со сигурнос знае што иде по смртта. Тоа е ИСУС. Тој рекол: Широк е патот што води во пропаст, а тесен е патот што води во вечен живот. По смртта доаѓа Божји суд. Може да се оди во пропаст, но може и да се биде спасен. Морам да ве предупредам дека не е доволно да се испланира животот до гробот. Треба да се запрашате: Што следи потоа Ако имам чифт чевли за поправка, јас не одам кај автомеханичар. Автомеханичарите се добри луѓе, но од чевли ништо не се разбираат. Но кога имам проблем со колата, јас не одам кај чевлар, туку кај авто механичар. Значи, секогаш барам специјалист. Но кога сакаме да знаеме што иде по смртта, се информираме кај незнајковци, или се потпираме на својот “ здрав“ разум. Зар за ова важно прашање – што следи по смртта - Нема да прашаме специјалист А кој е специјалистотКој е стручњакот Има само еден специјалист. Тоа е Божјиот син , кој дојде од другиот свет и кој самиот се спушти во царството на мртвите. Тој умрте на крст и пак оживеа. Тој добро го знае ова и вели: Ти одиш кон пеколотНо можеш да влезеш и во рајот И да се соберат 25 професори и да ми речат: Со смртта се се завршува – јас пак ќе им речам: Секоја чест на вашите големи титули, но вие не сте специјалисти за оваа проблематика. Вие не сте биле од онаа страна на животот, а јас познавам Еден што бил таму: ИСУС. Тој ме учи поинаку. Луѓето денес живеат на свиј ризик, имено, се однесуваат како со смртта се да се завршува, или како да се подразбира дека ќе отидат на небото, под услов да се крстени и да ги погреби свештеник. Но јас ве уверувам дека пеколот ќе врие од луѓе што се крстени и што биле погребани од свештеник. Дали ви е јасно Ние сите, кој порано, кој подоцна, ќе застанеме пред Божјиот суд Пријателе мојата желба е да ти помогнам. Те молам, размисли сериозно за овие предупредувања. Можеби и ти имаш прекрасни планови за твојот живот, но само до гробот. Дали знаеш кога ќе дојде смртта во твојот живот Јас не знам ИСУС ти нуди сигурност не само за овој живот, туку, и за после смртта. Тој дојде од Небото за да умри за твојот грев. Тој не заслужи смрт, но за да не бидеш казнет ти за твоите гревови, Тој ја зеде твојата казна. ИСУС ја победи смртта, гробот не ги осуети неговите планови. Тој воскресна од мртвите и ти нуди живот, во кој гробот и смртта не ќе можат да те разделат од ИСУС. Признај ги твоите гревови и покајсе за нив. Побарај опростување од Бог и моли го да ти помогне да му бидеш послушен. Бог да те благослови. |
|||||
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
СЛОБОДАТА НА ХРИСТИЈАНИНОТ - МАРТИН ЛУТЕР ПРЕДГОВОР Во почетокот на Септември 1520 година, беше објавена булата„ Ehsurge Domine“ со која што папата, на Мартин Лутер му се закани со исклучување од Католичката Црква. Како одговор на тоа, Мартин Лутер на папата му го испраќа ова кратко писмо, во кое што тој накратко ја објаснува содржината на својата оспорувана наука. Во своето писмо до папата, Мартин Лутер за ова писмо вели:„Ова претставува еден мал трактат, во кој што е содржан целиот начин на Христијанското живеење.“ Трактатот „Слободата на Христијанинот“ е од голема теолошка важност и тоа од две причини: Прво, тоа излегува директно од перото на Мартин Лутер, на крајот од развојот на неговата теологија и го претставува неjзиното резиме. Второ, во него е содржана како што Лутер вели: „целата сума, поента или срж на Христијанскиот живот.“ Така овај текст претставува Лутеров одговор, на така често поставуваното прашање:„Што значи тоа, да се биде Христијанин.“ ( Напомена: насловите не се најдуваат во оригиналниот текст, туку се вметнати за полесно најдување низ текстот) УВОД ИСУС За да можиме потполно да разбериме што значи тоа, да се биде Христијанин и како тој стои во слободата која што за него ја задоби и му ја дарува самиот Исус Христос, за тоа и самиот Апостол Павле пишува. Јас ќе ги поставам следните две тези: А. Христијанинот е слободен господар на се и на никого не му е подчинет. Б. Христијанинот е покорен слуга на се и на секого му е потчинет. Овие две тези потполно го изразуваат Павловото мислење:„ Зашто, иако слободен од сите, станав роб на сите, та повеќе од нив да ги придобијам.“ (1 Коринтјаните 9:19 ) „ И не должете никому ништо освен да се сакате еден со друг, зошто оној што го љуби ближниот, го исполнува законот.“(Римјаните 13:8) „ Но кога се исполни времето, Бог го испрати својот Син, Кој се роди од жена и го исполни законот.“(Галатјаните 4:4) За да можиме да ги разбериме овие две противречни тези, за слободата и покорноста на Христијанинот, мораме да имаме на памет, дека секој Христијанин има две природи, духовна и телесна.Во врска со душата, тој се вика духовен, нов внатрешен човек, а во врска со телото и крвта, телесен, стар и надворешен човек. Заради тие разлики во Светото Писмо за него се зборуваат противречни работи, како што јас сега зборував за слободата и покорноста. ВНАТРЕШЕН ЧОВЕК Да го земиме внатрешниот, духовен човек, за да видиме што се подразбира кога се вели дека тој е праведен, слободен и се нарекува Христијанин. Очигледно е дека ништо од надвор, било што и да е, не можи да го направи човекот слободен или праведен. Бидејќи неговата праведност и слобода, а од другата страна неговата злоба и ропство, не се телесни ниту надворешни. Што и помага на душата ако телото е слободно, свежо и здраво, ако јади пие и живее како сака Од друга страна: Што и штети на душата ако телото е заробено, болно и паднато, ако гладува, жеднее и трпи, ако живее како што не и е мило Ништо од тоа не допира до душата да ја ослободи или затвори, да ја направи праведна или лоша.Исто така, ништо не и помага на душата, ако телото облечи света облека, како што прават свештениците и духовниците, ниту ако е во Црквите или Светите градови, ако се занимава со свети работи, ако телесно се моли, пости, богослужи и ги прави сите добри работи кои по телото и во него непрекинато можат да се прават. Нешто сосема друго мора на душата да и донесе и да и дарува праведност и слобода. Бидејќи сите тие работи, начинот на однесување и сите тие дела, сам по себе можи да ги има и да ги прави и еден лош човек и лицемер. Со таквото однесување, луѓето не стануваат ништо друго освен лицемери. Од друга страна: на душата ништо не и штети, кога телото носи не света облека, престојува во несвети места, кога јади и пие, не богослужи, не се моли и ги изостави сите дела кои што ги прават горе споменатите лицемери. Ни на небото, ни на земјата, душата нема ништо по кое што живее, по што е праведна, слободна и Христијанска, освен Светото Евангелие, Божјите Зборови кои што Исус ги проповедаше. И самиот Исус вели:„ Јас сум воскресението и животот, кој верува во мене, и да умре, ќе оживее.“ (Јован 11:25) Исто така:„ Јас сум патот, вистината и животот.“ (Јован 14:6) „ Не само од леб ќе живее човекот, а и од секое слово што излегува од устата на Бога.“ (Матеј 4:4) Мораме да бидеме сигурни дека душата може без се, освен без Божјиот Збор, така што ако го нема Божјиот Збор, со ништо друго не можи да и се помогни. Меѓутоа, кога душата го има Божјиот Збор, не и е потребно ништо друго, бидејќи во Зборот Божји веќе има доволно храна, радост, мир, светло, умешност, праведност, вистина, мудрост, слобода и секакво добро во изобилие. Во Псалмите, посебно во 119 Псалм, читаме како пророкот за ништо друго не жеднее освен за Божјиот Збор. Светото Писмо смета дека најголемата невоља и Божјиот гнев е кога Бог ќе го земе својот збор од луѓето. Од друга страна, тоа не знае за поголема милост кога Бог ќе го испрати својот збор, како што е напишано во Псалмот 107:20 „ Го испрати Своето слово, ги излекува и ги спаси од пропаст.“ Исус не дојде за никаква друга служба освен да го проповеда Божјото Слово. Исто така и апостолите, бискупите, свештениците и целиот духовнички сталеж повикани се и поставени, само заради Зборот Божји, иако сега по црквите поинаку се прави.Ти меѓутоа ќе речеш:„ Кој е тој збор кој што дава толку голема милост, и како треба да го користам“. Одговор: Ништо друго освен проповедта која што Исус ја проповедаше и е запишана во Евангелието. Таа треба да биде таква, и таа е таква, така што преку неа ќе можиш да го слушниш својот Бог, како ти зборува, како целиот твој живот и сите твои дела пред него се ништо, и дека мораш со сето тоа што е во тебе вечно да пропаднеш. Ако правилно веруваш, дека пред Бога си крив, тогаш мораш над себе да очајуваш и да признаеш како се вистински зборовите на пророк Осија:„ Ти пропаѓаш, Израеле, зошто само во мене е твојата потпора.“(Осија 13:9) Но да би можел да излезеш од себе, и од себеси да се ослободиш, т.е. да би можел да излезеш од твојата пропаст, Тој го става пред тебе својот возљубен Син Исус Христос и ти зборува преку својот жив и утешен збор: Предај се со цврста вера и надевај се во Него со радост.На темелот на таа вера, ќе ти бидат простени сите твои гревови и одстранета сета твоја расипаност, а ти ќе бидеш праведен, чист и во мир сите заповеди ќе бидат исполнети, а ти, од се ослободен како што вели апостол Павле во посланието до Римјаните 1:17 „ Праведникот преку верата ќе се спаси.“ Во Римјаните 10.4 се вели: „бидејќи свршетокот на законот е Христос, преку Кого ќе биде оправдан секој што верува.“ Затоа со право теба да постои вежбата за сите Христијани и добро да ги разберат Христовите зборови и со таква вера стално да вежбаат и да јакнат во верата. Бидејќи, како што Исус им зборуваше на евреите во Јован 6.28,29 ни едно друго дело човекот не можи да го направи Христијанин. Кога го прашаа што треба да направат за да вршат дела Божји, Исус им вели:„ Делото Божјо е ова, да поверувате во Оној, Кого го испрати он.“ Отецот единствено него го имаше предодредено за тоа. Затоа вистинската вера во Исуса Христа, е преголемо богатство, бидејќи со себе го носи сето свое блаженство а ја зема сета наша несреќа. Во Марко 16:16 се вели: „ Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен, а кој не поверува, ќе биде осуден.“ Пророк Исаија го виде богатството на таа вера и затоа вели: „Се на земјата Бог ќе доврши и во тоа довршување ќе ја излие правдата како потоп.“ т.е. верата во која се исполнети сите заповеди Божји, изобилно ќе ги оправда сите кои што ја имаат, така што, ништо друго нема да биде потребно за да бидат праведни и чисти. Така зборува и апостол Павле во Римјаните 10:10 „Бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение.“ Но, како тоа само верата може да не направи праведни и без сите дела да даде преголемо богатство, макар што во Светото Писмо се пропишани закони, заповеди, дела, сталежи и начини на однесување? Овдека треба јасно да се согледа и со сериозност да се држиме единствено дека само верата, без сите дела, не прави праведни, слободни и блажени, за што покасно повторно ќе слушнеме.Исто така треба да знаеме дека целото Свето Писмо е поделено на две врсти зборови. На Божји заповеди или закони и на ветувања.Заповедите не учат на многу добри дела и се пропишуваат, но со самото тоа тие не се извршени. Тие упатуваат, но не помагаат, тие не поучуваат што да правиме, но не ни даваат сила за тоа да го направиме.Затоа тие се дадени, за човекот преку тие заповеди да ја согледа својата немоќ да прави добри дела, па да се научи над себе да очајува. Затоа се нарекуваат Стари Завет и сите спаѓаат во Стариот Завет.Така заповедта „ Не посакувај“ докажува дека сите сме грешници и дека нема човек кој што би можел да биде без желба, без разлика колку би се трудел. На тој начин човекот се учи да не полага надеж врз себе, туку да бара помош во друг, за да можи да живее без желба, и така со помош на друг да ја исполни заповедта, што за самиот, му беше невозможно.Исто така , невозможно е да ги исполниме и сите останати заповеди. Кога човекот со помош на заповедите ќе ја спознае и осети својата немоќ, па ќе го опфати страв како да ги исполни заповедите, бидејќи заповедите мора да ги исполни, инаку ќе пропадни, тогаш со сигурност е понижен и во своите очи постанува никој и ништо, тој во себе не наоѓа ништо што би му помогнало да стани праведен. Тогаш доаѓа вториот збор, Божјото ветување и вели: „ Сакаш ли да ги исполниш сите заповеди, да се ослободиш од сите твои лоши желби и гревови на кои ти укажуваат заповедите, тогаш верувај во Исуса Христа. Во Него ти ја ветувам сета моја милост, праведност, мир и слобода. Ако веруваш имаш, ако не веруваш немаш. Бидејќи тоа што ти е невозможно, покрај сите дела што законот ги бара, а тие се многу, само со вера во Христос тоа ќе ти постани лесно и брзо остварливо.“ Јас без воздржување, сето го поставив на верата; кој ја има незе, има се и блажен е; а кој што ја нема, нема ништо. Божјите ветувања го даваат она што заповедта го бара и го исполнуваат она, што заповедите го наредуваат, се да биде Божјо, како заповедта, така и исполнувањето. Тој единствено заповеда и Тој единствено исполнува. Затоа, тоа се ветувањата на Божјиот Збор на Новиот Завет и спаѓаат во Новиот Завет. Овие и сите Божји Зборови се свети, вистински, праведни, миромирисни,слободни и полни со секаква добрина.Према тоа, кој со вистинска вера ќе се наслони на нив, неговата душа потполно со нив ќе се соедини, така што убавината на зборовите ќе стани убавина на неговата душа, а душата со вера во Божјиот Збор ќе биде света, праведна,вистинска, миромирисна, слободна и полна со секаква добрина. Вистинското Божјо дете ќе биде како што во Јован 1.12 пишува: „А на сите што го примија, на сите што веруваа во неговото име, им даде можност да станат синови Божји.“ Од сето ова лесно е да се разбери, зошто верата толку многу можи, така што со незе не можат да се споредат било какви направени дела. Бидеќи ни едно добро дело не можи да се одржи во Божјиот Збор, како што можи верата, и ни едно добро дело не можи да биди во душата,туку само Зборот Божји и верата владеат во душата.Каков што е зборот, таква со вера ќе биде и душата, исто како железото, кое кога ќе се соедини со огнот, станува вжештено како и самиот оган. Гледаме значи, дека на Христијанинот доволна му е верата, и не му е потребно ниту едно дело за да стани праведен пред Бога. Затоа што повеќе не требаат добри дела, со сигурност е ослободен од заповедите и од законот. А ако од тоа е ослободен, со сигурност е слободен. Тоа е Христијанската слобода: единствено верата. Таа прави , не да безделничиме, да бидиме не работници или да го правиме она што е лошо, туку дека никакво добро дело не ни е потребно, за да дојдеме до праведност и блаженство. За тоа сакам подоцна уште повеќе да напишам.Понатаму , со верата стои вака: кој му верува на некого, тој му верува затоа што го смета за праведен и вистински човек. Тоа е најголемата чест која што може човек да му ја искажи на друг човек, како што е од друга страна, најголемо понижување, ако го смета за некорисен, лажливец и лесно умен човек. Исто така е и кога душата цврсто верува во Божјиот Збор. Тогаш Бога го смета за вистински, чесен и праведен, со што се искажува најголема чест која што можи да му се искажи. Бидејќи тогаш му дава за право, му дозволува да биди во право, го воздига неговото име и му дозволува со него да прави што сака, бидејќи не се сомнева дека сите неговите зборови се вистински и праведни. Од друга страна, на Бога не можи да му се направи поголемо обесчестување, тогаш кога во него не се верува. Со тоа, душата го прави Бога неспособен , лажго и лесноумен, така што со такво неверие , колку што можи го негира и во срцето, према своето убедување поставува против Бога некаков идол, како тој да знае повеќе од него. Кога Бог ќе види како душата ја признава неговата вистинитост,со својата вера му искажува почест, тогаш Бог на таа душа и искажува почест, па така, заради таа вера, душта ја смета за праведна и вистинска.Да се признае Божјата вистинитост и праведност е вистински и право; и го прави човекот вистински и прав, бидејќи само на Бога можи да му се препише вистинитост и праведност. Тоа не го прават оние кои што не веруваат, па се мачат и се оптоваруваат, трудеќи се да направат многу добри дела. Сепак, верата не постигнува само толку, за душата да стане еднаква на Божјиот Збор, исполнета со секаква милост, слободна и блажена. Таа исто така ја соединува душата со Исуса Христа, како невеста со нејзиниот младоженец. Од тој брак произлегува, како што вели апостол Павле, Исус и душата стануваат едно тело. Исто така, нивната среќа, несраќа и сите работи стануваат заеднички, така што, она што го поседува Христос, го поседува и верната душа, а тоа што душата го има станува Христово. Христос ги има сите добрини и блаженство.Душата на себе има многу пороци и грев,и тие постануваат Христови. Тука сега започнува радосната размена и такмичење. Затоа што Исус е Бог и Човек кој што никогаш нема згрешено, и неговата праведност е необорлива, вечна и семоќна,кога Тој, по пат на својот венчан прстен, а тоа е верата, ќе ги земи врз себе гревовите на верната душа, и ќе постапи како тој да ги има направено, гревовите мораат во него да бидат проголтани и потопени. Бидејќи неговата необорлива праведност е поголема од сите гревови.Душата значи, станува одврзана од сите свои гревови и од нив слободна и добива вечна праведност од својот свршеник Исуса Христа, и тоа по патот на неговиот свршенички дар, т.е. само на темелот на верата. Не претставува ли ова радосен дом, кога богатиот, племенит и чесен свршеник, се жени за саката, отфрлена и лоша блудница, па ја ослободува од сите свои лоши дела и ја кити со неговите добри дела? Затоа сега е невозможно гревовите да ја осудат, бидејќи сега тие лежат на Христос и во Него тие исчезнуваат. Таа има толку богата праведност, во својот младоженец, што можи да опстани и покрај сите гревови, па макар и тие гревови да бидат на незе. За тоа пишува и апостол Павле во 1 Коринтјаните 15:57 каде вели: „ Да му благодариме на Бога, кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исуса Христа.“ Гледаш ли, зошто на верата со право и се припишува дека ги исполнува сите заповеди, така што без дела станува праведна. Овде гледаш, како само верата ја исполнува првата заповед: „ Почитувај го Бога“.Од глава до петици да си исполнет со добри дела, пак нема да бидиш праведен и нема на Бога да му искажиш почит, а со тоа нема да ја исполниш првата заповед. Бидејќи на Бога не можи да му се даде почит, ако само нему не му се припише вистинитоста и сета добрина, како што тој навистина и е. Тоа меѓутоа, не го прават никакви добри дела, туку единствено верата на срцето. Затоа единствено верата е човечката праведнос и исполнување на сите заповеди. Бидејќи кој ќе ја исполни првата главна заповед, тој сигурно и лесно ќе ги исполни и сите други заповеди. А делата, се мртва работа и неможат да го воздигнуваат и слават Бога, иако можат да се прават на слава и чест на Бога. А ние не бараме нешто, што треба да правиме, како што се делата, туку потребен ни е творецот на делата, кој ги прави делата и е на чест на Бога. Тоа може да биде само верата на срцето, која што е глава и сета целокупност (срж) на праведноста.Затоа науката, дека Божјите Заповеди треба да ги исполниме со дела, е погубна и темна. Напротив,тие како што понатаму ќе слушниме, мораат да се исполнат пред сите дела на верата, а делата следуваат после исполнувањето. За понатаму да можиме да видиме што имаме во Христа, и како вистинската вера е добра работа, потребно е да знаеме како Бог во Стариот Завет и многу порано, ги издвојуваше и за себе ги земаше сите машки првородени од луѓето и животните. Првороденчето било драгоцено и имало две големи предности над сите останатите деца: власт и свештенство или кралство и свештенство. Така детето првороденче, било господар над сите свои браќа, а пред Бога свештеник.Оваа слика покажува на Исуса Христа, кој што е навистина машко првороденче, на Бога Отецот и на дева Марија. Затоа е тој крал и свештеник, но во духовна смисла, бидејќи неговото кралство не е земско; ниту е составено од земски, туку од небески добра, како што се вистината, мудроста, мирот, радоста, блаженството и др. Меѓутоа со тоа не му се одземаат временските добра. Бидејќи само Него му е се подложено на небото, на земјата и во пеколот, макар што не се гледа, бидејќи Тој духовно, невидливо владее.И неговото свештенство не се состои од надворешни обреди и облеки , кои што ги гледаме кај луѓето, туку е во дух, невидливо. Тој пред Бог Отецот, без престанок се зазема за своите, се жртвува самиот себе и прави се што еден вистински свештеник треба да го прави. Тој се моли за нас, како што апостол Павле вели во Римјаните 8:34„ Кој е, што ќе суди? Христос Исус, Кој умре, но уште и воскресна, Кој е од десната страна на Бога, и Кој се застапува за нас.“ Исто така не поучува, но не на надворешен начин, туку на внатрешен, во срцето. Тоа се двете служби, вистински и прави служби на еден свештеник. Така молат и поучуваат и надворешните, човечки свештеници и свештениците кои што поминуваат. Како што Исус има првородство со сета негова чест и достојанство, така тој го подарува на сите свои Христијани, како би можеле по вера, со Христос да бидат кралеви и свештеници. Апостол Петар вели: „ Но вие сте род избран, кралско свештенство.“ ( 1 Петрова 2:9) Така Христијанинот по вера , толку е надмоќен над се, да во духовна смисла, станува господар над се, бидејќи ништо не можи да му наштети на неговото блаженство. Уште повеќе, се мора да му биде подложено и да му се помага да дојде до блаженство, како што Павле поучува во Римјаните 8:28 „ Знаеме дека на оние што го љубат Бога и се призвани по негова воља, се им врви по добро.“ Во 1 Коринтјаните 3:21 се вели : „ Се е ваше...било светот, или животта, или смртта, било сегашното или идното, се е ваше.“ Не се работи за тоа да имаме телесна моќ над сите работи, да ги поседуваме или употребуваме, како луѓе на земјата, бидејќи телесно мораме да умриме и смртта никој не можи да ја избегни. Исто така сме подредени и на други работи, како што тоа го гледаме во Христа и неговите свети. Овде се работи за духовно владеење кое трае и за време на телесното живеење. Со други зборови, што се однесува до душата, јас можам да се поправам преку се, така да смртта и тешкотиите мораат да ми служат и користат за постигнување на блаженство.Тоа е висока и чесна достојност и право семоќно владеење , односно духовно царство. Бидејќи ако верувам, ништо не е толку добро или пак толку лошо, да не би можело да ми служи на добро. Сепак, сето тоа не ми е потребно, но доволна ми е мојата вера. Гледај, каква скапоцена слобода и власт за Христијаните.Затоа сме и свештеници. Тоа е многу повеќе отколку да бидиш цар, бидејќи свештенството ни дава достојанство, да дојдеме пред Бога и да се молиме за другите. Никој друг нема право да застани пред Бога и да се моли за другите. Значи, Исус Христос ни овозможи да можиме еден за друг, духовно да се заземаме и да се молиме, како што свештеникот телесно се заземаше и се молеше за целиот народ. Но кој не верува во Христос, нему ништо не му служи за добро.Тој е роб над се и мора над се да биди незадоволен. На крајот ни неговата молитва не му е на Бога пријатна и не доаѓа пред неговото лице. Кој можи да си замисли чест и висока положба како Христијанинот?По своето царување тој има моќ над сите работи, а по своето свештенство има моќ над Бога, бидејќи Бог го извршува сето она за што тој моли и бара , како што во Псалмот пишува: „ Он им ја исполнува желбата на оние, кои се бојат од Него, ги услишува молитвите нивни, и ги спасува.“ ( Псалм 145:19) До таа чест доаѓа Христијанинот само по вера, а не по било какво дело. Од тоа јасно се гледа дека Христијанинот од се е слободен и над се, така да никакви добри дела не му се потребни, за да биде праведен и блажен, а сето тоа изобилие му го носи единствено верата. А кога би бил толку безумен, па да проба да стани праведен, слободен, блажен или Христијанин по добрите дела, со тоа ќе ја изгуби верата и се друго, како што кучето, кое што во забите носи парче месо, па ќе залае на својата сенка во водата, и месото ќе му падни во водата. Тогаш се прашуваш: „ Каква е тогаш разликата во Христијанството, помеѓу свештеникот и лаикот, ако сите се свештеници? “ Одговор: Не е правилно што зборовите, свештеник, поп, духовен татко и на нив слични; прстанале да ги означуваат сите Христијани и започнале да се употребуваат само за една мала група на луѓе, која сега се нарекува „сталеж на духовници.“ Светото Писмо не прави други разлики помеѓу Христијаните, освен што учените и ракоположените ги нарекува: ministros, servos, oeconomicos т.е. ги нарекува слуги, робови и управители, кои требаат на другите да му го проповедаат Христос, верата и Христијанската слобода. Така Павле зборува во 1 Коринтјаните 4:1 „ И така секој човек нека не смета нас за служители Христови и распоредници на тајните Божји“. Меѓутоа, сега од тие слуги настана таква светска, надворешна, раскошна и владеачка сила и власт, да со незе не можи да се спореди правата световна моќ и изгледа како лаиците да претставуваат нешто друго, а не Христијани. Со тоа е прекинато целото разбирање за Христијанската милост, слобода и вера, а од многуте закони и човечки дела, во потполност станавме робови и нај неспособни луѓе на земјата. Од сето ова можеме да научиме, како не е доволно за Христовиот живот и дело да се проповеда површно, како за некој историски настан, по пат на историски извештај, а да не ги спомнуваме настаните кога за него и не се зборува, а се проповеда духоно право или друг човечки закон и човечка наука.Исто така има и од оние кои него го сожалуваат, со евреите се лутат, или при проповедањето се занимаваат со било какви детски работи. Меѓутоа, Исус мора и треба така да се проповеда, та преку таа проповед во мене и тебе да расти и да се одржува верата.А мојата вера расти и се одржува тогаш, кога ќе ми се зборува ; Зошто Христос дојде, како треба спрема него да се однесуваме, како од него да имаме корист, што ми донесе и што ми подари? Тоа се случува таму каде што правилно се изложува Христијанската слобода, која што од него ја добивме: како сме цареви и свештеници, кои што имаат власт над се, како тоа што го правиме е богоугодно и од него прифатено, како што веќе напишав.Бидејќи, кога срцето на таков начин ќе слушне за Христос, мора од темел да се израдува, да прими утеха, да се наслони на Христа и да го љуби. До тоа не доаѓа по законот и делата. Кој ќе му наштети на такво срце или да го уплаши? Ако го нападни грев или смрт, тоа верува дека Христовата праведност е негова, а неговите гревови не се веќе негови, туку Христови. Гревот мора како што веќе рековме, по вера да се изгуби пред Христовата праведност, а срцето се учи да се спротивставува на гревот, како што вели апостолот Павле во 1 Коринтјаните 15:55-57 „Смрт, каде ти е осилката? Пеколу каде тие победата? Осилката на смртта е гревот, а силата на гревот е законот. Да му благодариме на Бога, кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исуса Христа. НАДВОРЕШЕН ЧОВЕК Со тоа, доволно е речено за внатрешниот човек, за неговата слобода и праведност, на која не и треба никаков закон нити добри дела. Односно, незе би и наштетило, ако некој се реши на таков начин да посака да стане праведен. Сега поминуваме на вториот дел, на надворешниот човек. Овде сакам да им одговорам на сите оние кои што се имаат спотакнато на претходното излагање, па имаат речено, ако е верата се, и ако само таа е доволна да не направи праведни, зошто се заповедени добрите дела?Тогаш можиме да се отпуштиме и ништо да не правиме. Не, драги човеку, не така Така ќе биде само ако си внатрешен човек, ако си станал потполно духовен и внатрешен, што нема да се случи се до судниот ден. На оваа земја можи само да се почни и да се напредува и тоа е се; само на оној свет се завршува. Затоа апостолот зборува за „primitas spiritus“ т.е. првините на Духот. Зарем овде припаѓа она за што зборувавме на почетокот:„ Христијанинот е покорен слуга на се и на секого му е потчинет.“Доколку е слободен не треба да прави ништо, а доколку е слуга потребно е да ги прави сите возможни работи. Сега сакам да видиме како тоа се случува.Човекот внатре, со обзир на душата, доволно е оправдан преку верата, затоа има се што му е потребно, освен што таа вера мора постојано да расти се до оној живот. Па сепак,тој останува во овој телесен живот на земјата и затоа мора да управува со своето тело и да општи со луѓето. Тука почнуваат да бидат важни добрите дела. Овдека не смее, ништо да не се работи, туку со постови, бдеење, работа и со разноврсни стеги кои што прават умереност, телото мора вистински да се тера и да се вежба да биде послушно на внатрешниот човек и вера, така да се вообличи а не да им смета или да им се спротивставува, како што тоа знае ако не го држиме во стега. Внатрешниот човек е едно со Бога, па затоа, поради Христа, кој што толку многу направи за него, радосен и полн со желба, и сето негово задоволство од негова страна е во тоа што сака да му служи на Бога, бесплатно, во слободна љубов.Меѓутоа, тој во своето тело наоѓа непокорна воља која што сака да му служи на светот и да оди по своите желби и похоти. Верата тоа не можи да го трпи, па затоа многу пати ја фаќа за гуша, со намера тоа да го потисни и да го спречи. Така Павле во Римјаните 7:22,23 вели: „ Бидејќи со својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји, но во органите свои гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме прави заробеник на гревовниот закон, кој е во моите органи.“ Исто така во 1 Коринтјаните 9:27 се вели: „ Туку го изнурувам и го поробувам телото, да не би случајно, проповедуваќи им на другите и сам да станам негоден.“ и во Галатјаните 5:24 „Оние пак, кои се Христови, го распнаа телото свое заедно со страстите свои и похотите.“ Но тие дела не смеат да се прават со намера, човекот со помош на нив да мисли, дека пред Бога можи да стане праведен. Верата, која што е единствената човекова праведност пред Бога, а тоа мора и да биде, оваа намера не можи да ја трпи. Делата е потребно да се прават за телото да стане послушно, да се прочисти од сите свои желби, па така да се усмери на тие свои желби, како би ги отстранил. Бидејќи, се додека душата по вера е чиста и го љуби Бога, таа со радост сака и другите работи да бидат така чисти, а најпосле и незиното тело, па така секој заедно со незе да го љуби и прославува Бога. Од тука произлегува, дека човекот заради своето тело не смее да биди без работа. Тој мора да прави многу добри дела да би го совладал. Па сепак, делата не се она добро, по кое што човекот пред Бога станува праведен и чесен, туку тој нив ги прави од слободна љубов, бесплатно, за да му угоди на Бога.Човекот не бара ништо друго, освен да му угоди на Бога, чија што воља со радост сака да ја исполнува и тоа на што подобар начин. Од ова можи секој за себе да си одбере мера и воздржаност при измачувањето на телото. Тој ќе пости, бдее и работи, толку колку што ќе види дека на телото му е потребно за да се скроти неговата желба или похот. Меѓутоа, оние кои што мислат дека со делата ќе станат праведни, не пазат на измачувањето на телото, туку гледаат само на делата, па кога ќе направат многу и големи дела, мислат дека се е во ред и дека ќе бидат праведни.Понекогаш поради тоа, си ги кршат главите и си ги уништуваат телата. Да се посакува без вера, по дела, да се стане праведен и блажен, претставува големо безумие и дава криво разбирање за Христијанскиот живот и вера.За таквото разбирање на делата, сакам да наведам неколку споредби. Делата на Христијанинот, кој што е по чиста Божја милост, бесплатно оправдан, треба исто така да се сватат како делата на Адам и Ева во рајот. Во 1 Мојсејева 2:15 за нивните дела го пишува следното:„ И, земаќи го Господ Бог човекот, кого го создаде, го воведе во градината Едемска, за да ја обработува и пази.“ Адам, Бог го створи праведен и добар, без грев, така да, не по пат на обработувањето и чувањето на градината, Адам мораше да стана праведен и чесен. Но, да не би станал неработник, Бог му дава нешто да работи: да го засадува рајот, да го обработува и чува. Тоа сето беа само слободни дела. Адам не ги правеше за ништо друго , освен да му угоди на Бога. Не ги правеше за да дојди до праведност, која што и пред тоа ја имаше и која што на сите нас ни беше природена. Така е и со делата на еден верник. Бидејќи верникот, по верата, повторно е преместен во рајот и наново роден или створен, па делата не му се потребни да стани праведен. Заповедано му е да прави такви слободни дела , да не би станал неработник, туку со работа да го измачува своето тело и да го чува, како би му угодил само на Бога. Тоа понатаму е слично, како кога еден зареден бискуп ги посветува црквите, или прави било кое друго дело, кое што спаѓа во неговата бискупска должност. Тие дела, не го прават бискуп повеќе, ако претходно не беше зареден за бискуп. Ни едно од тие дела не би му вредело, и сето тоа би било чиста будалаштина. Така и кога Христијанинот, кој што е по вера посветен, прави добри дела, тој по нив не станува подобар, или повеќе „зареден“ Христијанин. Тоа се случува само ако верата расти. Ако предвреме не поверуваше и станеше Христијанин, сите негови дела не би му вределе ништо, туку би биле само глупи, казниви и проклети гревови. Затоа се вистински следните две изреки:„ Добрите и праведни дела никого не го прават добар и праведен човек, туку добар и праведен човек прави добри и праведни дела.“ „ Лошите дела не го прават никого лош човек, туку лошиот човек прави лоши дела.“ Личноста, значи, мора да биди добра и праведна пред сите свои добри дела, а добрите дела следат и излегуваат, од праведната и добра личност. Така и Христос вели во Матеј 7:18 – „Не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови.“ Очигледно е дека плодовите не носат стебла и стеблата не растат на плодовите, туку обратно: Стеблата носат плодови и плодовите растат на стебла. Како што стеблата мора да постојат пред плодовите, и како што плодовите не ги прават стеблата, добри или лоши, туку стеблата плодовите, така и човекот како личност мора да биди добар или лош, пред да можи да прави добри или лоши дела. Неговите дела не го прават добар или лош, туку тој прави добри или лоши дела. Така е и кај сите занаети. Добрата или лоша куќа не го прави никого добар или лош ѕидар, туку добар или лош ѕидар прави добра или лоша куќа. Ниту едно дело не го прави мајсторот онаков , какво што е неговото дело, туку делото е онакво каков што е мајсторот. Така е и со човечките дела: Каков е тој во однос на верата или неверието, такви се и неговоте дела, добри или лоши, а не обратно: какви се неговите дела, таков е и тој, добар или лош. Како што делата никого не го прават верник, така не го прават ни праведен. Наспроти тоа, како што верата го прави човекот праведен, така таа прави и добри дела. Ако делата никого не го прават праведен и ако човекот мора да биде праведен, пред да почни да прави добри дела, очигледно е дека само верата од чиста милост во Христос и неговиот збор, го прават човекот доволно праведен и блажен, така што ни едно дело или заповед не му се потребни на Христијанинот, за да биди блажен. Тој е слободен од сите заповеди и сето што го прави, го прави потполно слободно, бесплатно, не бараќи при тоа своја корист и блаженство, бидејќи тој е веќе сит и блажен по својата вера во Божјата милост и сака да му угоди на Бога. И обратно, на онај кој што е без вера, не му помага ниту едно добро дело, за да стигне до праведност и блаженство. Лошите дела не го прават човекот лош или проклет, туку неверието која што личноста и „ стеблото“ ги прави лоши; па човекот прави лоши и проклети дела. Спрема тоа, кога човекот ќе стане лош или праведен, тоа не почнува со делата, туку со верата. Во тој смисол зборува мудрецот: „ Почетокот на гордоста е оддалечувањето од Господа, кога срцето на човекот ќе отстапи од Создателот негов.“ (Сирах 10:14) И Исус учи дека не треба да се почни со делата кога вели:„ Или, ако насадите добро дрво и плодот ќе му биде добар, а ако насадите лошо дрво и плодот ќе му биде лош, зошто по плодот се познава дрвото.“ (Матеј 12:33) Тој како да сака да кажи: кој сака да има добри плодови, треба да почни со стеблото и него добро да го насади. Така и оној кој сака да прави добри дела, не смее да почни со делата, туку со личноста која што треба да прави добри дела. А личноста , ништо не можи да ја направи добра , освен верата; и ништо не можи да ја направи лоша освен неверието. Навистина, делата го прават поединецот добар или лош пред луѓето, т.е. тие однадвор покажуваат кој е праведен, а кој лош. И Исус вели: „И така по нивните плодови ќе ги познаете.“ ( Матеј 7: 20) Но сето тоа е само привидно и надворешно. Погледот на тоа, ги збунува многу луѓе, кои што пишуваат и учат како треба да се прават добри дела, за да се биде праведен, а притоа во никој случај да не мислат на верата. Така слепо одат по својот пат и еден слепец секогаш води друг. Тие се измачуваат со многуте добри дела, но сепак никогаш не доаѓаат до вистинска праведност. За нив зборува Павле во 2 Тимотеј 3:5 „ Кои изгледаат побожни, а од силата на Бога се одрекле, кои секогаш се учат и никогаш не можат да дојдат до познанието на вистината.“ (вистината на побожноста) Кој не сака да заскита со тие слепци, не смее да гледа само на делата, заповедите и науката за делата. Тој мора над се да пази на личноста, како таа да дојде до праведност. Таа меѓутоа, не станува праведна и блажена по заповедите и делата, туку по Божјиот збор, т.е. по нејзините милозливи ветувања и по верата, така да се сочува нејзината Божествена чест, со тоа што не’ прави блажени, не по нашите дела,туку по својот милозлив збор, бесплатно и од чисто милосрдие. Од сето ова лесно можи да се разбери, во која смисла треба да се отфрлат добрите дела, а во која не; и како треба да се разберат сите науки кои што учат спасение по добри дела. Таму каде што постојат неисправни додатоци и погрешно мислење, дека по делата може да се биде праведен и блажен, тука делата веќе не се добри и треба во потполност да се проколнат, бидејќи тогаш не се слободни и хулат на Божјата милост, каде што единствено по верата човекот го прави праведен и блажен. Тоа делата не го можат, но сепак се трудат тоа да го направат и со тоа ја напаѓаат милоста со незиното дело и чест. Затоа не ги отфрламе добрите дела поради нив самите, туку поради оние лоши додатоци и кривото и изопачено мислење, кое прави добрите дела само да изгледаат добри, кога тоа во стварност не се. Со тоа тие се лажат самите себе и секој друг, како крвожедни волци во јагнешки кожи. Тие лоши додатоци и искривени мислења за делата, не можат да се отстранат таму каде што нема вера. Се додека верата не дојди и не ги разурни, тие се присутни во човекот, кој што сака да биде свет по своите добри дела. Самата човечка природа не можи да ги истера. Дури повеќе, таа не можи да ги препознае, но ги држи за нешто скапоцено и спасоносно. Затоа се случува многу души со тоа да бидат заведени. Добро е да се пишува и да се проповеда за покајанието, исповедта и за задоволствата, но ако не се стаса понатаму до верата, тогаш тоа со сигурност станува сатанско и заведувачко учење. Не смее да се проповеда само едниот, туку двата Божји Зборови. Заповедите треба да се проповедаат , за грешниците да се уплашат, да се откријат нивните гревови, па така луѓето да станат срушени и да се покајат. Но на тоа не смее да се остани. Мора да се проповеда и вториот Божји Збор, ветувањата на милоста, за да се даде поука за верата, без која е напразно проповедањето на заповедите, покајанието и се останато. Постојат проповедници кои што проповедаат каење за направените гревови и милост, но не ги нагласуваат заповедите и Божјата милост на таков начин, за да можи да се научи од каде доаѓа покајанието, а од каде милоста. До покајание се доаѓа по заповедите, а верата доаѓа по Божјите ветувања. Така човекот се оправдува и се издига по вера во Божјиот Збор, откако по пат на страв од Божјите заповеди ќе биде понижен и ќе дојде до само спознавање. Толку општо за делата и за оние дела кои што Христијанинот треба да ги прави спрема своето тело. Сега сакам да зборувам за другите дела кои човекот ги прави спрема другите луѓе. Бидејќи човекот не живее само во своето тело, туку и меѓу другите луѓе на земјата. Затоа во однос на нив, не можи да биди без дела.Тој мора со нив да работи и да разговара, иако ни едно од овие дела не му е потребно за праведност и блаженост.Неговата намера во сите негови дела, према тоа, треба да биди слободна и усмерена само на тоа, со тие дела да им служи и да им помага на другите. Не треба ништо друго да имаме за цел, освен туѓите потреби. Таков е вистинскиот живот на еден Христијанин. Тогаш верата му пристапува на делото со радост и љубов, како што Павле поучува во Галатјаните. Исто така пишува и во Филипјаните 2:1 , откако ги поучи како по својата вера во Исуса Христа ја имаат сета милост и задоволување. Тој понатаму ги поучува и им вели: „ И така, ако во Христа има некаква утеха, ако има некоја утеха во љубовта, ако има општење на духот, ако има некое милосрдие и сострадание, исполнете ја радоста моја: бидете со едни мисли, имаќи една и иста љубов, и бидете еднодушни и едномислени... Не грижете се секој само за себе, туку и за другите.“ Од ова е јасно дека спрема Павловото разбирање на Христијанскиот живот, сите дела треба да ги правиме во корист на нашите блиски. Бидејќи на секого, му е доволна верата негова, а сите други дела и целиот живот му преостанува, затоа од слободна љубов да им служи на ближните свои. За овај негов став , Павле го наведува Исуса Христа како пример и вели: „ Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги имаше Исус Христос.“ Филипјаните 2:5 Иако беше Божји лик и за себе доволно имаше, па така неговиот живот, неговото дело и неговата мака не му беа потребни, за на тој начин да стане праведен и блажен, сепак од сето тоа се одрече, заде лик на слуга и се направи и претрпи, мислеќи при тоа што е за нас најдобро ; па така, иако беше слободен, поради нас стана слуга. И Христијанинот треба како Исуса Христа, својот поглавар, да биде во потполност задоволен со својата вера и секогаш да ја зајакнува. Бидејќи таа е неговиот живот, праведност и блаженство и му дава се што Христос и Бог имаат, како што погоре истакнавме и како што Павле во Галатјаните 2:20 вели : „ А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји.“ Иако Христијанинот е потполно слободен, треба доброволно да се направи слуга и да му помогни на својот ближен. Тој спрема него треба да се однесува како што Бог во Христос, се понесе спрема него. Сето тоа треба да се прави без плата, и да не се жеднее тогаш за ништо друго освен да се угоди на Бога и да се мисли: „ Добро, мојот Бог, мене како безвреден и проколнат човек, без никаква заслуга и бесплатно од чисто милосрдие во Исуса Христа, ми подари целосно богатство, сета праведност и блаженство, така да од сега ништо друго не ми е потребно, освен да верувам дека сето тоа е вистина. Така и јас за таков Татко, кој што ме облеа со своите преобилни добрини,слободно,радосно и бесплатно ќе го правам она што му е угодно, а на својот ближен ќе бидам „ христос“, како што тоа Христос стана за мене и ќе го правам само она што гледам дека му е потребно, корисно и спасоносно, затоа што по вера во Христос имам се и доволно.“ Гледаш , така од верата течи љубов према Бога и уживање во него, а од љубовта слободен, радосен и исполнет со сила живот, за доброволно служење на ближниот свој. Бидејќи како што е ближниот во потреба и потребно му е сето она што ние го имаме, така и ние пред Бога бевме во потреба и потребна ни беше неговата милост. Па така, како што Бог во личноста на Исуса Христа и нас бесплатно ни помогна, така требаме и ние со телото и со неговите дела, да не правиме ништо друго освен да им помагаме на ближните наши. Гледаме значи, колку е возвишен и племенит животот на еден Христијанин. Меѓутоа ,на жалост тој сега во целиот светот не само да е запоставен, туку за него и не се знае и не се проповеда. Во Лука 2:22 читаме дека дева Марија после шест недели отиде во Храмот, како и останатите жени да се очисти спрема Мојсеевиот Закон, иако не беше нечиса, како другите жени и макар што не беше должна да го направи тоа, а не беше ни потребно тоа да го прави. Но таа го направи тоа од слободна љубов, како не би ги понижила другите жени, туку би се поистоветила со сите нив. Исто така и Павле дозволи да се обрежи Тимотеј, не затоа што тоа беше потребно, туку на маловерните евреи да не им даде причина да се спотакнат, или паднат во верата. Тој меѓутоа, не сакаше да дозволи обрежување, кога се инсистираше дека мора да биде обрежан и дека тоа му е потребно за спасение. ( Спореди: Галатјаните 2:3) И Исус, кога од неговите ученици се бараше да платат порез ( Матеј 17:24), расправаше со Петар за тоа, дали царсаките синови се ослободени од обврската да плаќаат порез. Петар одговори потврдно, но Исус сепак го испрати кон морето велеќи му:„ Но за да не ги соблазниме, оди и фрли ја јадицата во морето, и која риба прва ќе ја извадиш, земи ја: и кога ќе и ја отвориш устата ќе најдиш статир, земи го и дај им го за мене и за тебе.“ Тоа е добар пример на оваа наука. Исус се нарекува себе и своите ученици; слободни царски деца, на кои што ништо не им е потребно. Но сепак Тој доброволно се покорува, служи и плаќа данок. Колку што ова Христово дело беше потребно и служеше за неговата праведност и блаженост, толку беа потребни и сите други негови дела и делата на неговите апостоли , за да станат праведни и блажени. Тие се за слободно служење на другите и за нивно поправање. Такви треба да бидат и делата на сите свештеници: секој треба да прави дела според својот сталеж и ред, само затоа на другите да им угоди и да преовладува со своето тело. Со тоа треба да им се даде пример и на другите тоа да го прават, бидејќи и нив им е потребно своето тело да го држат во покорност. При тоа секогаш треба да се пази , да не се настојува со тоа да се стане праведен или блажен, бидејќи тоа можи да се постигни само со вера. На исти начин заповеда и Павле во Римјаните 13:1 и во Тит 3:1 , Христијаните да бидат покорни на земските власти и да и стојат на располагање, но не затоа на тој начин да станат праведни и блажени, туку затоа, доброволно да им служат на другите и на власта, и слободно и од љубов да ја исполнуваат нивната воља. Кој што ова го разбира, слободно можи да се потчини на многуте заповеди и заповедите на папата, бискупот, свештеникот, самостанот, на властите и господарите. Некои неразумни Прелати настојуваат на тоа, дека тие заповеди и закони се потребни за спасение на човекот и ги нарекуваат „ Свети заповеди на Црквата“ , но во тоа грешат. Слободниот Христијанин мисли вака: „ Јас ќе постам, ќе се молам, ќе извршувам се што е заповедено, но не затоа што тоа ми е потребно или затоа што со тоа сакам да станам праведен и блажен, туку затоа што сакам на папата, бискупот, заедницата или на своите браќа да им дадам пример, дека им служам и трпам заради Господа Исуса Христа, како што Тој за мене многу повеќе работи направи и претрпи, што него многу помалку му беше потребно, него ли мене. И ако непријателите веќе прават неправда со тоа што тоа го бараат, мене тоа не ми штети, бидејќи не е против Бога.“ Од ова секој можи да научи да ги расудува и разликува различните заповеди и дела, а исто така, кои Прелати се слепи, а кои мислат исправно. Ако делото не е усмерено на тоа да служи на другите и да се покорува на неговата воља, доколку другиот не бара да се прави нешто против Бога, тоа не е добро Христијанско дело. Затоа се плашам, дека само мал број цркви, самостани, олтари, миси и заветувања се навистина Христијански. Така е и со постовите и молитвите кои што посебно се упатуваат кон светците. Се плашам дека во сето тоа, секој го бара само своето, бидејќи со тоа сака да ги исчисти своите гревови и да стани блажен. Сето тоа доаѓа поради непознавање на верата и христијанската слобода. Многу слепи Прелати ги тераат луѓето да прават такви работи, ги фалат и ги красат со опроштајници (индулугенции), а не ја учат веќе верата. А јас ти советувам: ако сакаш нешто да основаш, да молиш или да постиш, немој тоа да го правиш со намера, да на себе си направиш некое добро, туку тоа направи го слободно, за во тоа да можат да уживаат, и за нивно добро. Тогаш си вистински Христијанин. Зошто ти е твојот имот и добрите дела кои ги имаш, откако го покори своето тело и за него си загрижен, кога ти е доволна верата , по која што Бог се ти подари Гледаш, така мораат Божјите добрини да течат од еден кон друг и да станат заеднички, па така секој да се грижи за својот ближен, како за самиот себе си. Од Христос течат Божјите добра кон нас, бидејќи тој во својот живот толку многу за нас се погрижи, како да беше тој , тоа што бевме ние. Од нас треба да течат према оние на кои им требаат. Тоа мора да оди толку далеку, да пред Бога за својот ближен, морам на коцка да ја ставам и својата вера и праведност, за да му ги покријам неговите гревови. Треба да ги замам на себе и да се делува како да се мои сопствени, како што Исус за нас тоа го направи. Гледаш, тоа е природна љубов, ако е вистинска. А љубовта е вистинска , ако верата е вистинска. Затоа апостол Павле во 1 Коринтјаните 13:5 вели дека љубовта не бара свое, туку добро на другиот. ЗАКЛУЧОК Од сето тоа следува заклучок, дека Христијанинот не живее за самиот себе, туку во Христос и за својот ближен: во Христос по вера, а за ближниот по љубов. По вера се издига горе во Бога. Од Бога по љубов слегува долу, а сепак останува секогаш во Бога и Божјата Љубов. Како што Христос вели во Јован 1:51„ Од сега ќе го гледате небото отворено и ангелите Божји како се искачуваат и спуштаат над Синот Човечки.“ Гледаш, тоа е права , духовна Христијанска слобода, која го ослободува срцето од сите гревови, закони и заповеди. И таа е над секоја друга слобода, како што небото ја надвисува земјата. Нека ни даде Бог, правилно да ја разбериме и да ја држиме ! АМИН 1.) На почетокот на некои свои списи Лутер пишува „ Исус “. Тоа е формален израз за авторитетот, под кој што Лутер ги пишува своите списи. 2.) „ Прелат “ е име за висок црковен достојанственик, како бискуп, опат и слично. 3.) Во Лутерово време католичката црква на народот му продаваше опростување на гревот која ги нарекуваше „Опроштајници“ или „Индулугенции“. За да се познае мудроста и поуката За да се разберат изреките на разумот За да се усвојат правилата на благоразумието Правосудието, судот и правината Да им се даде на простите разумност На младите – знаење и расудување. ( Соломонови Изреки 1:2 – 4 ) Превод: GOSPEL |
|||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
АРХИМАНДРИТ СЕРАФИМ- ЗАБОРАВЕНОТО ЛЕКАРСТВО
Светата тајна Исповед со полно право може да се нарече: “Заборавено лекарство”. “ Целиот свет лежи во зло. Секој од нас отделно е заразен од смртоносната болест наречена грев, но може и да се излекува од таа болест. Лекот е даден! При тоа, тој е и чудотворен! Штом го земеш, оздравуваш! Но ние не посегнуваме по него за да се исцелиме и да ни олесни совеста. Зошто? Бидејќи сме го заборавиле и сме го потцениле.
„Зошто да умирате вие, доме Израилев? - со тага извикува св. Пророк Језекил. Зошто да умирате во вашите гревови, христијани? - со уште поголема тага извикува нашиот искупител Исус Христос. Зарем за вас нема избавување од смртта? Зошто да го радувате непријателот на вашето спасение – сатаната? Зарем Јас во Својата Црква не го востановив семоќното покајание?” „ Јас не ја сакам смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот пат и да остане жив. Вратете се, вратете се од вашите лоши патишта!“ ( Језек.33,11). Покајанието, тој безконечно добар дар, ви е даден: „ Во кој и да е миг од животот и какви и да се гревовите, тоа дејствува со еднаква сила: очистува од секаков грев, спасува се` што прибегнува кон Бога, па дури тоа да е и во предсмртните минути“. За земните болести има земни лекови. За најстрашната болест, наречена грев, семоќниот Небесен Лекар има небесен лек. Тој Лекар е Исус Христос. Бидејќи секој грев претставува нарушување на светиот Божји закон, единствено Бог со Својата прекрасна семоќност може да ги проштева гревовите. Он може да го направи и тоа, гревовите да се излекуваат исто како да не постоеле. „ Гревовите ваши да се и како бакам, - како снег ќе ги побелам: да бидат црвени и како пурпур, - како волна ќе станат бели“ (Иса.1,18 ), ветува Он. Но. За да се случи тоа, од нас бара да исполнуваме еден услов – вистински да се покаеме. „Никој не е толку благ и милостив како Господ, вели свети Марко Подвижник, но и Он не ги проштева гревовите на оној што не се кае“ и „Ние не биваме осудени за мноштвото наши зла, туку затоа што не сакаме да се покаеме“. И така, Господовата семоќност може да ги проштева гревовите на луѓето. Но, погледнете колку е недостижно Божјото милосрдие! Бог ја дал Својата власт за проштевање на гревовите на луѓето – на апостолите и на нивните наследници во лицето на епископите и свештениците! Зошто Бог постапил така? За покајанието, а следствено на него и проштевањето на гревовите, да ни биде уште поблиску, уште подостапно, уште понепречено! “ Примете Дух Свети!“, им рекол Исус Христос на Своите апостоли: „ На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат” ( Јован 20,22 – 23 ). “Се` што сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и се` што разврзете на земјата, ќе биде разврзано на небото“ ( Матеј 18,18 ). Kако се врши проштевањето на гревовите? – со посредство на Тајната Покајание или Исповед. Христијанинот што е обременет со гревови со длабоко покајание во душата и со искрена желба да се поправи, оди кај свештеникот и во душата и во целосно откриена и потполна исповед, му ги открива тајните на своето срце и на својата совест. Свештеникот, кога ќе се убеди во искреното покајание на христијанинот, по соодветните молитви, му ја чита разрешителната молитва: Господ и Бог наш Господ Исус Христос.... Во мигот кога свештеникот простува на земјата, се простува и на небото! Па, зарем има поголема милост од оваа? Ние немаше да поверуваме дека тоа е возможно ако не ни беше кажано од Оној Кој „ не направи грев,ниту, во устата Негова се најде измама „ ( Петр. 2,22 ). Гревот е едно неизмерно зло, со неизмерно тешки последици – вечни маки во адот! А неговото лекување, востановено од Исус Христос е толку лесно! Тоа е едноставно чудесно! Како што на десетмина лепрозни Исус Христос им рекол “ Отидете и покажете им се на свештениците!“ (Лука 17,14 ), и тие откако отишле се очистиле, така, Тој и на нас грешните како да ни вели: “Вие сте болни од духовна лепра?! Не плашете се! Ќе се очистите! Исполнете го само ова: одете и покажете им се на свештениците!“ Ако ја игнорирате Божјата милост,кажете колку повеќе казни ќе заслужиме што за нашето спасение не сме го направиле и она малку што ни е наложено и што било толку лесно! Светата Библија ни раскажува дека војводата на сириската војска Нееман бил болен од лепра. Кога слушнал дека во Израелската земја има еден Божји пророк – Јелисеј,што може да ги излекува со многу слуги и подароци отишол кај него и застанал пред влезот на неговиот дом. Светиот пророк не излегол да го пресретне, туку пратил да му кажат: “ Оди, искапи се седум пати во реката Јордан, и телото твое ќе се обнови, и ќе бидеш чист „ ( 4. Цар. 5,10 ). Кога ги слушнал овие зборови, Нееман се разгневил и рекол: “ Ете, јас мислев, дека тој ќе излезе, ќе застане и ќе го повика името на Господа, својот Бог, ќе ја стави раката своја на местото и ќе ја симне лепрата, а тој ме праќа да се капам во Јордан! Зарем во Сирија немаме подобри реки?!” И си тргнал налутен. Но, слугите му се доближиле и му рекле: „ Оче, да беше ти кажал пророкот нешто тешко, немаше ли да го направиш. А камо ли сега, кога ти рече само: искапи се, и ќе бидеш чист !“ ( 4. Цар. 5,13 ). Зарем ова што е лесно нема да го направиш? Нееман ги послуша слугите свои и се искапил седум пати во Јордан и телото му се исчистило и му се обновило како на мало дете. Колку страшна болест е лепрата! А колку лесно ја очистил Божјиот човек! Зарем на истиов лесен начин не се случува и лекувањето на најстрашната болест – гревот? Нурни се во длабокото покајание и Божјата благодат ќе те очисти од секаков грев! Ќе излезе од духовна бања на Светата тајна Исповед со обновена и чиста душа, онака каква што е душата на детето! Гревот го симна првиот ангел, Деницата, од небото! Гревот го изгони Адам и Ева од рајот! Гревот го предизвика потопот! Тој грев, ни се заканува и нам, вечно да не` оддели од Бога и да не` испрати во бездните на адот за навек. Ако Бог побара од нас,да го раздадеме сиот наш имот на сиромаси, ако Тој побара сиот наш живот да го поминеме во пост или веднаш да се откажеме од сите земни радости и утехи за да се искупиме за нашите гревови и да се избавиме од тешките злокобни последици, дури и тогаш би требало да се согласиме на се`, само да се избавиме од вечните маки во адот кон кои не` влече нашиот грев. А сега погледнете колку лесно спасение ни востановил Бог.” Отидете и покажете им се на свештениците! Исповедајте ги своите гревови пред нив! Покајте се од срце и ќе се ослободите од веригите на злото!“ По сето ова, кој разумен човек би ја игнорирал Исповедта? Ние можеме да ги спасиме нашите души само на два начина: или никогаш да не грешиме, или да се каеме за нашите гревови. Но, бидејќи меѓу луѓето нема таков што не направил грев, ако сакаме да се помириме со Бог, Кого Го гневиме секојдневно со погазувањето на Неговата света воља ни останува само тоа: искрено и чесно да се покаеме. Инаку нема да го видиме лицето Божјо, бидејќи ништо нечисто нема да влезе во светлиот небесен град! |
|||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Архимандрит Лазар Витаниски БОГОХУЛСТВО И ЗАКОЛНУВАЊЕ ВО БОГА Овие гревови често се присутни и кај црковните и побожни луѓе. Ова, пред се, се однесува на богохулното негодување на Бога заради наводниот Негов немилосрден однос кон човекот, заради страдањата што на човекот му изгледаат претерани и незаслужени. Понекогаш тоа достигнува дури до хулење на Бога, на црковните светињи и светите тајни. Тоа често се гледа и во зборувањето на непристојни или отворено навредливи приказни (случки) од животот на свештенослужителите и монасите, во смешно-ироничното цитирање на поедини фрази од Светото писмо или од молитвеникот. Извадок од книгата: ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА Изменето од Tetratka - 29.Септември.2008 во 16:45 |
|||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Tuka mozeme da iskoristime citati , delovi od krnig pouki i slicno ... mnogu e lesno: COPY-PASTE
za pocetok:
|
|||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 8910 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |