![]() |
|
Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 89101112 61> |
Автор | |||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Мишел Платини упати ултиматум до фудбалските челници во Србија, но и до претседателот на државата Борис Тадиќ дека мора да се стави крај на насилството на и вон стадионите. Доколку тоа не се случи репрезентацијата на Србија се соочува со дисквалификација од натпреварувањата под капата на УЕФА, а истото се однесува и на српските клубови. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Серија А губи место во ЛШ, Бундеслигата се утврди како трета
Италијанското фудбалско првенство ќе изгуби една од четирите позиции во Шампионската лига, алармираат медиумите во Чизмата. Како што е веќе познато на Италија и пркосеше одзенање на едно место уште минатиот мај, но тогаш милански Интер го победи Баерн во финалето и ситуацијата остана статус- кво. Меѓутоа оваа сезона работите тргнаа повторно во полза на Бундес лигата, и според ранкингот на УЕФА, сега германската лига е во значителна предност. Имено, секоја година УЕФА прави пресек на бодовите за изминатите 5 години, и се збираат бодовите кои ги оствариле клубовите во УЕФА натпреварувањата – Лигата нашШампиони и Лига Европа. Во овој момент Бундес лигата има значителна предност со коефициент 67,4 во однос на Серија А со 59,9 и доколку работите не се сменат драстично Германија ќе има 4 места во ЛШ, во однос на Италија која ќе има 3 места. Многу фудбалски експерти ширум Европа се противат на ваквото сметање на УЕФА, бидејќи во изминативе 5 години три пати италијанска екипа бил во финале (2005, 2007 и 2010) и два пати италијанска екипа го освоила врвот (2007 и 2010), на сметка на гелманските екипи кои немаат ниту едно полуфинале, и само едно финале (Баерн 2010). Меѓутоа за да нема забуни ќе ви го претставиме принципот на кој УЕФА ги бодува, а потоа и рангира клубовите и лигите во Европа. Коефициентот на бодување во Лигата на шампиони и Лига Европа е ист, така што победа во едното или другото натпреварување носи ист број на бодови. Два бода се доделуваат за секоја победа, а еден за секој нерешен резултат. Меѓутоа крајниот збир се дели со бројот на клубови кои излегуваат од таа лига во Европа. Во случајов сите собрани бодови на германските екипи се делат со 6 (три екипи во ЛШ три екипи во ЛЕ), а сите собрани бодови на италијанските екипи се делат со 7 (четири екипи во ЛШ и три во ЛЕ). Головите постигнати за победа во продолжение не се бодуваат, туку двете екипи добиваат по еден бод. Токму поради ваквиот начин на сметање не мора да значи дека ако некоја екипа ќе стигне до финале или ќе го освои турнирот дека ќе и донесе најмногу бодови на својата земја, бидејќи многу е важно колку победи имала екипата, но и останатите екипи од таа земја бидејќи бодовите се делат. На пример: Во 2007. год Милан ја освојува Лигата на шампионите, за разлика од германските екипи од кои само една (Баерн) доѓа во четврт финалето, но на крајниот пресек Бундеслигата има повеќе поени од Серија А, поради многуте победи на германските тимови во Купот на Уефа. Истиот пример е и минатата година кога Интер ја освои Лигата на шампионите, крајниот пресек е 18.0 спрема 15,4 во корист на Бундеслигата, исто така поради големиот број на победи на германските тимови во Лига Европа. Токму поради ова ваквиот начин на сметање е спорен за многу италијански фудбалски експерти, кои сакаат Лигата на шампионите да се бодува засебно и одделно а не заедно со Лига Европа, бидејќи има земји кои рапидно напредуваат со бодовите токму поради добрите резултати во Лига Европа, како Украина, Русија и Германија и можат да ги загрозат местата на земјите кои играат добро во Лигата на шампиони. |
|||||||
![]() |
|||||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
100 години Хајдук Сплит
Навивачите на тимот од Сплит на полноќ спектакуларно ја прославија 100-годишнината од постоењето на Hajduk. Навивачката група Torcida со стотици сигнални ракети го засјаи небото над Сплит во чест на роденденот на својот омилен тим. Сликите од Сплит го обиколија светот и денес сите се восхитуваат на љубовта која овие навивачи ја имаат за бисерот на Јадранот. Уште вчера по градовите ширум Далмација започнаа подготовките за денешното славје, во катедралите имаше молитви и миси. Колона од безброј возила, обвиени со знамињата на Hajduk, вчера попладнe се упатија кон центарот на Дубровник каде припадниците на навивачката група во 19 часот и 11 минути запалија 300 факели. По оваа фешта долго во ноќта навивачите од цела Далмација се упатија кон Сплит каде денес ќе продолжи славјето Кулминацијата ќе биде вечерва кога во оваа чест во домот на Hajduk-Poljud, ќе заиграат Hajduk и Slavija Prague. И двете екипи најавија сериозен пристап кон играта. Натпреварот ќе биде полн со емоции и оддавање на почести за најзаслужните играчи кои поминале низ редовите на сплитскиот тим. Hajduk во 1913 својот прв интернационален настап го изигра баш против овој тим. NK Hajduk е основан на 13 февруари во 1911 година. Низ цел век на опстојување имаат освоено многу титули: шест титули првак на самостојна Хрватска, 9 пати биле шампиони во првата Југословенска лига, биле шампиони неколку пати во купот на Хрватска, Југослaвија, Бановина Хрватска, имаат и забележителни настапи во купот на UEFA. Познато е и дека “Majstori s mora” биле омилениот тим на Јосип Броз Тито. Како мине времето зборовите испишани на влезот на стадионот Poljud имаат сè повеќе смисла - “Hajduk zivi vjecno”. Хајдук живи вјечно![]() ![]() ![]() |
|||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||||
![]() |
|||||||
stigma04 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
МИНХЕН МОЖНА ДЕСТИНАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАПАЃАЧ Баерн (М) подготви милиони за Пандев Неговите најверни фанови не се единствените кои забележаа дека најдобриот македонски интенационалец, Горан Пандев, ќе нема некоја позабележителна минутажа во дресот на Интер кај новиот тренер, Бразилецот Леонардо. Репрезентативецот на Македонија последните три натпревари во италијанската Серија А, ги проследи од клупата за резерви, а главен виновник за тоа е последната зимска аквизиција на Интер, Џампаоло Пацини, кој полека но сигурно ги освојува симпатиите на бразилскиот стручњак и на сопственикот Масимо Морати. Со голем интерес, таквата ситуација ја следат и челниците на германскиот гигант Баерн (М), кои никогаш не се откажаа од идејата да ги осигураат македонскиот интернационалец. Според последните информации од Германија и Италија, баварскиот гигант го гледа Пандев како идеална замена за ветеранот Мирослав Клосе, а неофицијално Баерн (М) е подготвен веднаш на стартот од летниот преоден рок да испрати понуда не помала од 7 мил. евра. |
|||||||
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Навивачите го избраа Ешли Кол за фудбалер на годината во Англија
|
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Фудбалскиот портал Goal.com направи листа на најдобрите десет трансфери во зимскиот преоден рок, кој беше заклучен во понеделник доцна навечер.Неколку критериуми беа земени во предвид од страна на тимот на goal.com при составувањето на оваа листа. Тоа се квалитетите на играчот, како тој ќе се вклопи во новата екипа и сумата која клубот ја платил за неговиот ангажман.
|
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Македонија У-21 ги доби противниците во квалификациите
![]() - Групата е пред се интересна. Добивме силни и квалитетни репрезентации како Србија и Данска кои се во „Топ-15“ во Европа и важат за едни од најуспешните во младите категории. Можеби не толку звучни имиња, но квалитетни во секој случај и фаворити за првите две места. На нас останува да ги повториме добрите игри од претходниот циклус, но со подобри резултати. Првата и основна цел ни е да собереме најмногу бодови од сите досегашни селекции во категоријата У-21, изјави по извлекувањето македонскиот селектор Бобан Бабунски. Овој квалификациски циклус за евро-шампионатите за играчи до 21 година ќе биде вкупно деветти за македонските фудбалери. |
|||||||
![]() |
|||||||
stigma04 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
ЅВЕЗДАТА НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД НА ГОЛЕМОТО ПЛАТНО Руни има природен талент за Холивуд Вејн Руни би можел да ја прекине фудбалската кариера зашто му се насмевнува успешна актерска, тврдат некои холивудски режисери. Режисерот Алехандро Гонзалес Инариту, чиј филм "Преубаво" со Хавиер Бардем во главната улога е еден од кандидатите за "Оскар", истакна дека Руни би имал голема иднина во Холивуд. - Вејн Руни без проблеми може да глуми во филмови ако тргне по стапките на Ерик Кантона и Вини Џонс. Ќе му понудам улога некогаш, кога ќе биде малку постар и ќе заврши со фудбалот. Тој е природен талент за глума. Пораснал на улица и има борбен дух, кој би можел да му донесе слава на големото платно - изјави Инариту, кој е режисер и на "Вавилон", во кој играше Бред Пит. |
|||||||
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Изменето од емил - 27.Јануари.2011 во 07:26 |
|||||||
![]() |
|||||||
stigma04 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
ОТКАКО ГИ СОБРА НАГРАДИТЕ ЗА 2010 ГОДИНА Меси доби и свој цртан филм Лео Меси е вторпат по ред прогласен за најдобар фудбалер на светот, а неговиот спонзор "Адидас" му посвети цртан филм. Аргентинецот уште еднаш ја надитри конк*ренцијата зашто ја заслужи "Златната топка". Напаѓачот на Барселона ги собра сите поединечни признанија за 2010 година,а од познатиот производител на спортска опрема доби и цртан лик. Во својот спот, "Адидас" прикажува колку луѓе во светот играат фудбал, но дека од сите нив е подобар Лео Меси. |
|||||||
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
|||||||
![]() |
|||||||
stigma04 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
ТОП 5 НЕИСКОРИСТЕНИ ФУДБАЛСКИ ТАЛЕНТИ
Правило е репрезентативниот дрес да биде отскочна штица за кариерата на секој спортист, ама во услови кога европскиот фудбалски пазар е презаситен, до добар трансфер се потешко се доаѓа. Македонските фудбалери се особено нетрпеливи да го напуштат слабото домашно првенство, па трансфери по секоја цена се далеку побројни од оние кои би го зголемиле реномето на нашиот фудбал. Затоа наши таленти неретко завршуваат и се губат во потпросечни клубови и лиги. 1. Горан Славковски Од најмлад дебитант на Интер во Серија А до резервниот тим на германскиот второлигаш Бохум, тоа е сурово надолниот тренд во кариерата на фудбалерот кој беше најавуван како новиот Златан Ибрахимовиќ. Откако Македонија се избори за неговите услуги, 21-годишниот Славковски забележа три настапи за нашата млада репрезентација, а најновите информации кажуваат дека сега бара нов почеток во родната Шведска. 2. Филип Маџовски Како 21-годишен чувар на мрежата на Работнички стигна до дресот со број еден во македонската фудбалска репрезентација, но на трите одиграни средби, сите од квалификациите за СП 2006, прими вкупно десет гола. Сметајќи дека по епизодите во Милано и Вардар ја надраснал нашата Прва лига, Маџовски замина во далечниот Виетнам. Ако на некого му значи нешто, името на клубот е Џонг Там Лонг Ан. 3. Агим Ибраими Не така одамна најдобриот млад фудбалер во Македонија имаше бомбастично деби за националниот тим на пријателската средба со Шпанија, кога веќе градеше интернационална кариера во дресот на Олимпија од Љубљана. Оттаму беше присилен да си оди поради губење на работната дозвола, па се пресели во турскиот суперлигаш Ескишехирспор. И таму не се изнаигра есеноска. 4. Сашко Пандев Поранешниот капитен на младата селекција на Македонија загуби доста драгоцено време од кариерата со раниот трансфер во Динамо Загреб. Таму тешко доаѓаше до место во првиот тим, па за тие пет сезони, главно, беше отстапуван на други екипи (Интер Запрешиќ, Меѓимурје, Работнички, Турново). Прашање е колку трансфер во клуб како Муган може да ја поттурне неговата кариера. Муган, инаку, е од Азербејџан. 5. Зоран Балдовалиев Играчот кој и припаѓа на генерацијата струмички бисери Пандев, Стојков, Попов... никогаш не се трансформираше во стандарден репрезентативец и застана на само четири настапи. Можеби, зашто кариерата го водеше низ втората лига на европскиот фудбал, од Словенија преку Азербејџан, Летонија и Бугарија до Израел, каде што му помогна на Хапоел од Кирјат Шмона да стане прволигаш. |
|||||||
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
|||||||
![]() |
|||||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Тајните на Мурињо се продаваат за 2500 евра
Ricardo Fonseca тврди дека поседува бележник на Jose Mourinho во кој тој ги запишувал тактиките и мислењата за играчите во времето кога го водеше Porto.
Ricardo Fonsecа изјавува дека бележникот му го подарил неговиот татко, кој пак го добил лично од Mourinho. Ricardo 6,5 години го чувал бележникот, но сега решил да ги стави тајните на Mourinho на продажба. Таткото на Ricardo наводно бил колега на Jose, тој ги следел неговите тренерски предавања, но како го добил бележникот не е потврдено. |
|||||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|||||||
![]() |
|||||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Судија доживотно суспендиран поради местење
УЕФА ја потврди доживотната забрана за судење на украинскиот судија Oleg Orehov.
Европската фудбалска федерација го суспендираше Orehov уште минатата година поради влијание на резултатите на неколку натпревари, а сега нивната пресуда и се потврди на Aрбитражниот суд за спорт (CAS) во Лозана. Како еден од натпреварите на кои влијаел Orehov со неговото судење се споменува двобојот од Европа лигата помеѓу Basel и CSKA во ноември 2009 година. На листата за судии на ФИФА тој се наоѓа од 2003 година, а судел и два квалификациски натпревари за Светското во Јужна Африка, вклучувајќи го и натпреварот помеѓу Шпанија и Естонија. |
|||||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Силекс се засилува со Срби Милан Николиќ (28) и Саша Стојановиќ (19) се првите зимски засилувања за Силекс. Двајцата играчи за врска викендов се приклучија на ростерот на кратовскиот прволигаш. Николиќ доаѓа од Слога Петровац, а Стојановиќ од Јагодина, а за неколку дена се очекува да пристигне уште еден класичен напаѓач од Србија. |
|||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 89101112 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |