|
Што се случува со нашето образование? |
Внеси реплика | страница <1 89101112 28> |
Автор | |
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И јас не се сложив со затварањето на темата, но тоа не е за дискусија. За дискусија е фактот што некој тврди дека ние тука поддржуваме плагијати, без притоа да размисли ДАЛИ едно дете од 5то одделение има капацитет да го научи целиот состав на памет и да го напише од збор до збор истиот? Во спротивно не е плагијат, само користење на стурчна литература. А препишувањето е стар занает, треба само добро да се совлада и тоа е тоа. Ако препишат состав не сме ние тука криви, туку крива е наставничката/професорката. Не може еден сиромав идивиди форум да го оправи образованието ни за 0.0000001% ама нека е. |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Орка, никој не ги обвинува децата. Препишувањето постоело одсекогаш. Работата е што ние на форумов официјално го помагаме, охрабруваме и негуваме препишувањето и со тоа потврдуваме дека за нас е валидна норма на однесување и живеење. Јас не му пожелувам никому да се легне под нож на хирургот на кој на ваков начин му помагал да стане лекар. Изменето од Messenger - 12.Ноември.2013 во 20:50 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу радикално ова со укинување на темата за писмените...Ќе заличи на диктатура
Убаво е мислам заради адекватност на темите околу обрзованието,да се имаат тие примери во обзир.Во никој случај нема да замрат линковите од веќе пишаните состави,или уште помалце самото препишување дека ќе го снема.Во секој случај како и линковите од торенти во ред е да се забрани јавно ставање на тие линкови.А дека децата учат од возрасните еве во следниот линк колку да се види дека не тие го измислиле препишувањето. Сакам да пишам,овој тип на членови кои побаруваат писмени се и најмалце виновни,токму тие се бавчата на која треба да се работи за понатаму да не прераснат во ваков тип на академици,професори не дај Боже доктори итн. итн. http://www.fakulteti.mk/news/11-06-30/na_ispiti_so_indeks_i_bubachki.aspx Иако статијава е од 2011 година овој начин на "снаоѓање" не верувам дека е надминат, со оглед дека огласите се полни со овие помагала за полесно совладување на материјалот. А еве како тука нашите си се праат на тошо тоа у Београд така функционирало...Ние бевме позаостанати да да... http://www.fakulteti.mk/news/12-05-12/polagaat_ispiti_so_shpionska_oprema.aspx Изменето од Орка - 12.Ноември.2013 во 20:50 |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..od veke registrirani strucnjaci?I bez pari..!.. Ne sum znael za ova..zimi majka. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За жал, активен дел од тоа што глобално се случува со нашето образование имаме и ние на форумов со објавување писмени состави, есеи и семинарски по нарачка на новорегистрирани членови.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
reforma se sproveduva vo momentov,samo sto kaj nas momentot trae decenii i decenii,taka da i den denes nemame ucebnici po predmetite a ne pak nesto poveke.Zatoa,izgleda nekoi ucilista sto bea spomenati porano deka koristele ucebnici od edna sosedna drzava(za niv na majcin jazik)bile vo pravo.Obrazovanieto e del od kompletnosta na licnosta..zatoa nema zaebancija tuka. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
alekso_2000
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 03.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 523 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne sum vo moznost da komentiram poopsirno , nemam Kirilica , se macham da go sredam kompjuterot , ama prva prilika ke debatirame na ovaa bolna tema !!!
|
|
car's freack
|
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бела на твојот претходен пост ,Наставниците во Македонија се крајно незаинтересирани за учениците ке се потрудам во кратки црти да ти објаснам зошто е тоа така.
Јас сум дипломиран учител, но работам сосема во друга професија и подобро за мене зошто наставниот кадар денес има огромни проблеми. Воспитанието на децата денес е на најниско ниво. Воспитанието се создава прво во домот,а воспитно образовните институции имаат задача да го зголемат квантумот до степен да ученикот постани здрава личност со степен на знаење кој ке биди корисен и за ученикот но и за опшеството во кое живее. Просветните работници не можат да ги учат родителите на децата на основна култура и понашање. Во училиштата доаѓаат шерифи кој вршат притисоци на наставниот кадар да нивното дете биди со просек иако тоа нема ни елементарни знаења на материјалот кој се предава. Крајно мизерни се условите во кои се работи не мислам само на материјални мислам и на кадровската поставеност. Во некои училишта предаваат личности кои не се способни да ги поставиш на тезга да дадат информација за производот а не да извршат трансвер на знаење. Сето тоа е резултат зошто државата е партизирана во секој сегмент со незрел темел од почетокот на осамостојувањето па се до денес. Изменето од Alekxandar - 20.Октомври.2012 во 22:03 |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не бе мамино, не велам дека е многу работа туку , непотребно повторувана работа која го одзема времето кое може и треба да се посвети на децата и подготовки за олеснување. Да не збориме за непотребно потрошен тонер.Мене срце ме боли кога штампам такво нешто и веднаш бројам колку ливчиња ми отишле а можев да ги искористам за некои листови за децата.
пс...оние кои ги спомнуваш ни вака ни така не се засегнати. Правиме муабет за просветни работници кои работат онака како треба. |
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мами, сакаш да кажеш дека наставниците имаат премногу работа?
Наставниците во Македонија (со должна почит кон тебе) се крајно незаинтересирани за учениците...ниту за нивните проблеми .. зборувам во поглед на личните и во поглед на образовните проблеми Никој никогаш не прашува дали детето има проблем да ја совлада материјата...никој никогаш не прашува дали детето баш тој ден не може да одговара усно..а ниту писмено..затоа што си има нешто што му тежи.. И после некој ден кога ќе посака да си ја поправи оценката .. не може. Не му бил денот на наставникот погоден.. Има преголемо самоволие во основното и средното образовани..да сум на место на министерот би ги стегнала уште повеќе наставниците
|
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што се случува во нашето образование убаво опиша преставникот на СОНК (искрено, ме изненади оти дава нормални изјави кои ја познаваат проблематиката, за разлика од оној брадестион пред него кој никогаш не го разбирав, а по секоја средба со него имав притисок 200)
И навистина е така. Еден просветен работник за да одржи час кој трае 40 минути треба да (ако сака да не го казнат): -чим влезе во училница да запише отсутни ученици и да заведе час -па така изгуби 5 до 10 мин. -да пополни разноразни табели со податоци (секогаш исти) барем 2 пати седмично кој нити некој знае зошто некому му требаат и кој ги бара - да направи годишно глобално планирање, иако како такво е дадено од БРО и се штампани како прирачници за сите наставници а ги има и на сајтот на БРО па секој кој му требаат си ги симнува и има пред себе -од тие потоа се прави тематско, во кое се сумираат за темата која ќе се реализира -па од тоа сакале нејкеле се прави седмично за полесно да се изработи дневното и пополни Е-дневникот - па дневното кое има одреден концепт за да задоволи форма на оние од ДПИ оти самиот процес на настава е за децата и добар просветен работник нема да држи до форма туку ке се води по знаењето и разбирањето на децата. -па листа за следење на постигањата на учениците- која нормално дека никогаш не е точна и реална од едноставна причина што секое дете може да се следи на 1 час евентуално 1 ден па додека му дојде ред тоа можеби научило или друго кое знаело заборавило па Е-дневникот приказна за себе. СОНК: Премногу административна работа за образовниот кадар |
|
vivi1
Сениор Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
eden bukvar sa site generaciii...i nema da ima problemi
|
|
vivi
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вечерва ми дојде една комшика “на консултации“ оти во учебникот од кој учи нејзиното дете пишува едно, а во учебникот кој си го купиле за дополнително да учат пишува друго. И кога отворив јас да видам навистина е така. Ако се прочита во учебникот по македонски јазик за 5 одд. кај Севдинска пишува
Не се збирни именки: јато, стадо, рој, група, глутница, клас...затоа што овие именки образуваат множина: пет јата, две стада, многу роеви. Е сега, кај Косара Гочкова пак стои -Меѓу збирните именки сретнуваме вакви:членство,население, мебел,народ, јато, стадо, стока Збрка...збрка...збунка и кај децата и кај родителите направена од авторите кои очигледно не гледаат исто на збирните именки, а рецензентската комисија ги прошла без да проверат. |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Подобри услови за 17 илјади ученици во МакедонијаАна ЈосифоскаПодобри услови за 17 илјади ученици во земјава. 3 милиони евра грант на банката на советот на Европа поради квалитетно инвестирање во образованието. Основното училиште Гоце Делчев е веќе во фаза на обновување.по примерот на ова училиште кое се наоѓа во центарот на главниот град, ќе бидат реконструирани уште 16 основни и средни училишта низ цела Македонија. Целосната обнова ќе биде завршена наредната година. Земјава инаку издвојува 6 насто од бруто домашниот производ за инвестиции во образованието. Политичката или етничката припадност на градоначалникот не е предуслов за обновата на планираните училишта. Во пресрет на зимскиот период, за надминување на проблемот со неплатените сметки за греење на училиштата ќе следат средби на претставниците на министерството за финансии, локалните самоуправи и на засегнатите општини. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Внеси реплика | страница <1 89101112 28> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |