![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 89101112 138> |
Автор | |
BellaGrandma ![]() Сениор ![]() Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Поглед во далечината... мрак...но и светлина.... Седејќи покрај прозорот од нејзината соба принцезата забележа коњ....или можеби беше принцот....тогаш и самата не знаеше... Се приближуваше кон нејзината тврдина... чекор по чекор... успеа да влезе...
А внатре...празнина... Принцезата затворена во своето стаклено ѕвоно, беспомошно сакаше да се приближи до мистериозната личност... Но .. оп...стоп... забранет излез... После денови поминати во негова близина, а сепак толку далеку ... принцезата реши наместо она да излезе..да го пушти странецот да влезе во нејзините одаи ... таму каде што скоро никој не влегол... Поминале денови...недели...месеци... мистериозниот човек не беше повеќе странец.... Полека но сигурно допираше до нејзиното срце... Таа па..неможејќи да го прифати фактот дека човекот што никогаш не го знаела и станува толку близок...несакајќи да го признае тоа што го чувствува рашава да побегне од него.... Далеку...таму каде што никој не ја познава... Таму каде што никој не ја третира како принцеза.... Тоа и и се исполни. Да живее слодобно како секоја нормална девојка... Иако е толку далеку, со мислите е кај него... Навидум незаинтересирана... но не секогаш срцето и разумот се сложуваат...Бегаше, бегаше и бегаше од сопствената сенка...но не успеа... Знаеше дека мора да се врати... А таму ја чекаше токму тој... воопшто непроменет... секогаш насмеан... Потребен беше само еден збор за да се препушти во неговите прегратки... Но и сама знаеше дека патот до срцето на напатеното момче е тежок... Животот не бил праведен... живееле различни животи... посакувале различни работи.. имале различни приоритети...сонувале различни сонови.. Плашејќи се дека ќе биде одбиена, немала храброст да му каже што чувствува... таа... принцезата што многумина би посакале да ја имаат.... Можеше да ја има токму тој да не се обидуваше да ја отфрли од себе...Девојката која што беше подготвена да остави се ... за да биде сакана... Можеби за прв пат во нејзиниот живот се појавува личност што ја почитува и ја гледа на еден поинаков начин ... Начинот кој што таа го сакаше ... зборовите што толку ја погодуваа... моментите што не сакаше никогаш да завршат .... Но тука беше тој... потенцијалниот принц... убеден дека не заслужува да биде во близина на една принцеза... убеден дека не е достоен за девојка од тој ранк ... Личност која што никогаш не би помислила дека би можел да допре принцеза..а не да љуби.... Иако беше полн со љубов, никогаш не го откри тоа... Принцезата чекаше...чекаше...и чекаше....се надеваше дека некој ден токму тој ќе си признае дека не е во право...како да чекаше да каже дека ја сака девојката, а не принцезата....чекаше некој да ја сака поради тоа што е, а не поради тоа што има... Мистериозното момче стана принц... најде друга принцеза.... ја отфрли личноста што го сакаше ... а го сакаше поради тоа што е.... најде друга која го сака поради сите сонови што ги има...сонови кои требаше да ги подели со таа што го сакаше....Сега ги дели со таа што мора... само сон.... :) |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
![]() |
|
NeuroToxin ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 12.Март.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 3 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сите велиме дека болката е чувство...многумина чувството го мешаат со емоции...но не е така. Болката е состојба за која сме свесни дека постои. Ако боли тогаш нешто не штима. Прво иде прашањето, „што боли?“ „колку боли?“ „зошто би ме болело?“ Може да ви кажам нешто...ич не ме боли за ништо, зашто сега баш ме заболе дали светот бил крив или јас грешаам...но ме заболе само едно. Прееска реков ќе дремнам малку, и дремнав. Кога сстанав, што да ви кажам, грлово боли како лушпа од тазе паднат костен на земја да ми застанала баш таму, устава сува...температура до бунило...али најболно е грлово, е тоа најмногу ме боли...кај најде баш сега, а баш немав денес вирозни пациенти, имаше додуша еден оболен, ама он од шуга кутриот мука си имаше... ...И така ви велам јас, навидум одморена, се разбудив од попладневната дремка премалена, си мислам чунки на полноќна журка сум била, сум се препила алкохол и сум се препушила цигари, а благе везе нема, од алкохол ништо нема, немам ни ракија на грло да врзам, а камоли да се очукам, онака чоечки, да се остаам шо би се рекло... Да се навратам на темава...болка...ма што е болка!? Ич не ме боли уво за ништо, што сака нека биде, живот иде даље, вака или онака...здрав или болен...со тебе или без тебе... |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Секогаш
Никогаш никој никому не требал како ти на мене, никогаш не си требала никому како ти на мене, но сепак некогаш ти е малку како некогаш да си требала некому повеќе иако тоа никогаш не било. А нема ни да биде зошто никогаш нема да имаш ваков како мене каков не си имала никогаш. Можеби сум фалбаџија, но ти никогаш не ме фалиш секогаш бараш уште, не ми даваш да застанам се плашиш дека ќе престанам, а веќе не знам ни да застанам секогаш те сакам. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
LIBERTATI VIAM FACERE - Отварање на патот кон слободата
Ars poetica, libertati viam facere sapienti sat, lapsus calami audaces fortuna iuvat. In dies dies diem docet, in spe inter nos nosce te ipsum, ipso facto eo ipso, se ipsum vincere pulcherrima res est quod rarum carum. Поезија, отварање на патот кон слободата за паметниот е доволно, грешки во пишување на храбрите среќата им помага. Од ден во ден денот денот го поучува, во надеж меѓу нас запознај се самиот себе си, со самиот чин со самото тоа, најубавата работа е да се победиш самиот себе се‘ што е ретко е драго. |
|
![]() |
|
NeuroToxin ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 12.Март.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 3 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЈАС и МЕНЕ во подморница!
Вчера се осеќав како виножито, а денес како подморница! Хмммм... од многу високо, до многу ниско а? Сакам да си ја паркирам подморницава на дното и да си лежам таму... никој да не ме види, додека водата ми тежи одозгора! Што убаво, далеку од сите, можам да се дерам колку сакам и никој да не ме чуе! Чудно... горе на површината луѓето лошо реагираат на оние кои гласно размислуваат, одма ти лепат една етикета и ти ставаат печат на чело ЛУДАК ( спремен за у лудница ), пакувај и носи... се плашат од себе, се плашат од тебе, се плашат од мене, се плашат од живите, а се плашат и од мртвите... веруваат во се и во ништо, секаде и никаде, со сите, а сами... ни на небо, ни на земја.... па така и јас денес сум ни на небо, ни на земја... туку под вода, во мојата подморница! Некако е посигурно кога си на дното, знаете? Неможеш да одиш подоле од тоа! Ѓаволот може да стави ѕид околу тебе, ама неможе да стави капак, затоа гледај нагоре! А мене тоа ми остана, само нагоре. Ама денес сакам да сум доле, а за утре ќе видиме што ќе каже сонцето! Сакам да одмарам, додека ја игнорирам вистината. Зашто секогаш постои нешто што не се осмелуваш да го кажеш??? Онака те гребе, те гребе, и таман да го кажеш пак го голташ назад! Како да сакаш да повратиш и си ја голтнеш сопствената повраќаница, зашто знаеш дека и на двата начина не чини. Во првиот случај ќе направиш на некој да му се згади, а во вториот случај сама од себе ќе се згадиш... ама боље сама себе, сакам за мене да си ги чувам моите гадости... да се презаситам со нив... денес ја запознав ЈАС со МЕНЕ. Мислам ќе се здружат, иако до сега беа во војна! Еднаш МЕНЕ и рече на ЈАС дека душата и спие, ама еден ден ќе осети што е тоа болка! ЈАС не се плашеше затоа што повеќе пати има умрено и повторно воскреснато, ама секој пат по ладна стануваше, можеби затоа и војуваа ЈАС и МЕНЕ, затоа што ЈАС постојано се менуваше, со секоја нејзина рана, се изобличуваше по малку, се додека не стана иста како МЕНЕ. А нели викаат дека најмногу се мразат оние кои имаат исти мани, а најмногу се сакаат оние кои имаат исти доблести! Откако ЈАС рече дека се осеќа како Ѓаволот да ја опседнал, МЕНЕ знаеше дека дури сега една од нив ќе мора да исчезне! ЈАС имаше омилена реченица: дека Ѓаволовиот мир е полош од Ѓаволовата војна! Не сакаше да мирува, ама денес убаво се осеќа во подморницата! За малку ќе дозволеше МЕНЕ повторно да и ги отвори раните, ама храбро се соочи со својот најголем непријател, по долго гледање една во друга, сватија дека со тек на време си ги смениле улогите... но тоа го оценија како добро, бидејќи конечно рамнотежата ќе биде постигната! Конечно би можела да се кренам нагоре, кон површината. Додека се качував нагоре размислував за омраза и љубов! Колку се и двете силни... слични, а различни... знаеме сите дека треба многу малку за да се преточат едно во друго! Ама се додека не се соочат меѓу себе, нема да можат да се покажат во вистинско светло како поедници! Размислував и за минатото... Некогаш се плашам што станало од МЕНЕ... ама еве, подморницата исплива... еве еден нов бран... ке му дозволам да ме поклопи, можеби ќе ги излечи раните! Викаат дека секој од нас има одредена "личност" која му ја одредила судбината! Ако успееме да ја одбегнеме, СПАСЕНИ СМЕ! Често наоѓајќи се на различни места, на небото, на земјата и под вода, научив како да се приспособувам на различна температура, висина и длабочина! Решив да не бегам повеќе, моите сончогледи мутираа, сега можат било каде да растат... и на небо ?, и на земја, и под вода, и на мраз, се вртат на сонце, се вртат и на месечина... а раните кои ги имаат, и кои сеуште ќе ги добиваат ... им даваат некоја посебна убавина... некогаш се заљубуваме баш во тоа што другите го оценуваат како неубаво... ако сакаш според маните, тогаш вистински сакаш!!! |
|
![]() |
|
NeuroToxin ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 12.Март.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 3 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ми требаше сила...само малку да се напијам од напитокот...само малку, колку очите свои да ги отворам, да погледнам...да видам...сепак постои живот. Толку скржаво, себично, толку безволно...побегна. Се избриша, се заборави, се уништи и се фрли, го однесе во пеколот, таму да изгори...толку ли ме мразеше...а кој сака жолт лист кој без сила паѓа во дождлива есен на мокриот асфалт од овој град?... никој...сите уживаат во тие есенски прошетки кога газат врз жолтите паднати лисја...твојата нога ме прегази, нејзината штикла се забоде во моето срце, се радувате на лажната среќа, но тишината и самотијата ќе те вратат, ќе те однесат во убавото минато...јас сум таму, но овде ме нема...
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Провокација
Можам да здивнам
добив многу од тебе, па не треба и да претерувам да беше некој друг, каква си немаше ништо да добиеше, но каков сум, мораше да ми се дадеш и повеќе од колку знаеше. Те научив на љубов иако ни јас не знаев, ме провоцираше да ти се посветам повеќе од колку сум мислел дека можам, не ни знаеше дека до толку ме провоцираш само беше таква каква си. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еднаш во милион години
Едноставно пак ми се спие едноставно одсекогаш сакав, кривини и вијугави патишта ме заморуваат нема амортизација тврдо возење исцрпува, а веќе трае бескрајно долго. Едноставно гледам во една точка ветерот нека си дува тоа си е негова работа не ме загрижува. Од многу работи сум поразличен со многу немам што да си кажам не дека сум подобар само сум поинаков. Знам дека во секој камен се крие дијамант секој некаде вреди, но не секаде. Не можам да жалам вселената е предалеку, а и ти понекогаш си галаксија со твои ѕвезди јас со мои, не можеме да се жалиме затоа што еднаш во милион години се доближуваме, но иако е кратко сепак вреди повеќе. |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
car si e car
![]() |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Лесен трк
Искра светлина над тебе лебди секаде те прати лесно те наоѓам ниедна темнина не ми е закана откако знам што сакам. Лесно ми е сега лесен како пердув на врвот боја од душата моја на срцето твое моето име го испишувам. Сигурен сум сега ништо не може да ми те одземе мирот ме носи се’ друго е смешка и пародија шупливи гранки паѓаат пред мене лесно ги прескокнувам, кон искрата светлина се упатувам ветерот фучи околу моите уши никогаш не сум можел да трчам вака брзо. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Единствена женственост
Додека спиеш со усните минувам низ твоето лице и тело гласно издишувам ги растерувам сомнежите како ѓаволчиња се разбегуваат се топат меѓу сенките остануваш осветлена од месечината несомнено си единствена. Насмевка се пружа кон мене не сакам да ја расипам глетката го доближувам прстот меѓу твоите усни за сега сакам само да те гледам. Ги затворам очите појасно те гледам го слушам твоето мирно дишење го слушам тактот на твоето срце слушам нежна музика. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Правецот на кометата
Некои морски бранови зад нив полна месечина, стојам сам. Крајот го нема водата се спојува со вселената ѕвездите се капат небото е чисто, денеска сум тука утре не, а ова ќе остане. Треба да се вратам кај тебе сакав нешто да ти донесам, бар ѕвездени капки, бар малку месечева светлина, а тука полно ја има. Комета се распрсна во правецот каде треба да тргнам, помислив желба нашето да остане, зошто и кометата беше, но веќе ја нема. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Тесна патека
Само гушни ме тоа ми треба се надевам и тебе насмевни се надвор е облачно сонце ми треба ладно ми е на душава просто кажувам не комплицирам. Не можеш ни да замислиш колку сум нежен и кршлив тесна е патеката, а околу провалии во нив нечии заби чекаат само за месо се гладни, таму нема бакнежи. Изморен сум од рамнотежи дај да паднам во твоја прегратка од тебе повеќе да не станам светот е толку страшен а ти си толку мила. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мал ни‘ е
Чекаме исти да бидеме различни сме такви и ќе останеме никој не се откажува од своето ако се откаже навидум е само. Оној дел кој ни’ е ист на почеток само задоволува а потоа оргазмите изостануваат ретки стануваат значи мал ни’ е. Обвинувања затоа што сме такви родени требаше да не’ нацрта некој кој знае што ни’ треба кој требаше да знае кој со кого ќе биде. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 89101112 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |