|
Библиотеки |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | ||||||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 24.Мај.2009 во 11:45 |
|||||
Денеска во составот на Националната и универзитетска библиотека „Свети .Климент Охридски“ во ќе биде отворена нова Дигитална библиотека на Македонија
Дигиталната библиотека е на површина од 3.300 метри квадратни и во неа ќе бидат сместени само ретки збирки кои се книжно културно наследство, како археографската збирка која опфаќа книги и ракописи, ориенталната, ретката периодика и музичката збирка. |
||||||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Одамна не сум посетила....библиотека.....
|
||||||
Evenstar
Сениор Вечен оптимист Регистриран: 09.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3388 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Дај Боже да има се повеќе и повеќе луѓе што читаат... јас откако научив да читам се зачленив во градската библиотека во Охрид... и обожавав да читам... иако и дома имам солидна збирка книги, секогаш одам во библиотека. Признавам дека еден период, кога бев на факултет, го запоставив читањето, ама кога помина тоа, пак се вратив на старите навики... сега сум пак член на градската библиотека во Охрид и мило ми е што можам да видам дека фондот на книги е доста зголемен, што се трудат да им удоволат на читателите. И секогаш читам по неколку книги истовремено, зависи од расположението.
И исто како mamma... поарно ќе ги потрошам парите на добра книга отколку на облека или козметика... тоа го правев додека студирав... секогаш купував книги, без оглед на тоа што тогаш немав време да ги читам, ама сега тоа го надополнувам Изменето од Evenstar - 16.Август.2008 во 12:17 |
||||||
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
|
||||||
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Пред да заминам на одмор појдов до библиотека да се "снабдам со материјал" за на плажа...Не бев воопшто изненадена кога библиотекарката ми кажа дека фондот е речиси испразнет...тоа го приметив пред извесно време и мило ми е што е така:покрај сите удобности и понуди на модерното време-полека ама сигурно се враќаме кон вистинските вредности...
А на плажа...секој втор беше со книга |
||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
...veruvale ili ne...izvor Nova Makedonija...
Изменето од mamamd - 13.Август.2008 во 09:27 |
||||||
Matea
Нов член Регистриран: 07.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 23 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ме нервираат некои од вработените во кавадаречката библиотека.
Со мојата другарка отидовме со надеж дека ќе ни ја дадат "Папата Јована".Кога и ја побаравме на библиотекарката,таа ни се расцрка и ни рече дека сме ненормални затоа што читаме такви години на 13 години.Со другарката ја гледавме зачудено како нешто да не е во ред со неа (Да се дереш у библиотека ејјј ) После една недела отидов во библиотеката со мајка ми,и повторно беше таа библиотекарка на смена.Таа се насмеа љубезно,дури и пољубезно од што очекував од неа.Мајка ми ја побара книгата и библиотекарката и ја даде.Од тогаш не ми прави никакви проблеми со позајмувањето на книгите. |
||||||
● By Me,Myself and Matea ●
|
||||||
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Универзитетска ми е омилена... Има многу од литературата која ме интересира.... Имам поминувано многу саати спремајќи испити таму... владее одлична атмосфера... |
||||||
Eli
Сениор Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Dosega biblioteki imam posetuvano samo za da zeam lektira,i od toa iskustvo so lektirite niedna biblioteka ne ne kao so treba,duri i braka Miladinovci ima samo po 2 primeroka od sekoja lektira,a so da se kaze togas za drugite..za ucenje da ok e,koncentracija i tisina definitivni mozes da dobies,bar ja od toa do sega so go imam videno..
|
||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Треба да се отворат повеќе библиотеки кои ќе работат нон-стоп од 00-24, слично како БраМиладиновци бидејќи не им е на сите библиоритамот од сабајле, има и ноќни птици-читачи и студенти.
Инаку самото тоа што сите седат и учат те влече и тебе да учиш, неверојатна концентрација на енергија! |
||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
... biblioteki so knigi... no i "biblioteki" so "zivi knigi"...covecki sudbini... svetot pravi se ...za da se oslobodi od predrasudi... da se natera covekot da "cita" slushajki...
prezemeno od Nova Makedonija... a i tie prezele od negde... so edna edinstvena cel... da naucime... Библиотека во која може да позајмите муслиман, лезбејка...
Во оваа лондонска библиотека, една сабота беа достапни 26 „книги“, меѓу кои и еден муслиман, доселеник, трансексуалец, вештерка и индиски атеист. Читателите може да ги позајмат „книгите“ на половина час, да ја слушнат нивната животна приказна, да им постават прашања и, барем теоретски, да разбијат некои од нивните предрасуди и да престанат да „судат за книгата според нејзините корици“. Идејата за оваа необична библиотека е на Рони Абергел, дански активист против насилствата, кој досега организирал вакви настани во 12 земји, меѓу кои и во Австралија и во Турција. - Живееме во време кога ни е потребен дијалог. Со дијалогот доаѓа разбирањето, а со разбирањето доаѓа толеранцијата и тоа е мисијата на библиотеката на животот: преку дијалогот да се промовира разбирање и толеранција - вели Абергел. Секако дека има многу дијалог во ова лондонско собиралиште. На една маса бегалец од Руанда му објаснува на еден слушател зошто нелегалните доселеници не може да се отфрлат како товар за државниот буџет или како закана за локалните работни места. На друга маса, едно лице што си го променило полот објаснува зошто се почувствувала биолошки принудена да ја направи таквата измена. Понатаму, индиски атеист и муслиман на „читателите“ им го објаснуваат нивниот поглед кон светот. И тие „книги“ што во моментот не се изнајмени, меѓу кои има вештерка, директор на погребна служба, видовит човек и полицаец, си ги разменуваат приказните во собата одзади, јадејќи сендвичи и чекајќи го нивниот нареден состанок. Сите овие „книги“ се неплатени волонтери, исто како и организаторите, регрутирани за настанот. На влезот, „читателите“ можат да го разгледаат списокот на расположливи „книги“, а потоа кај волонтерските библиотекари да го пријават својот избор. Таа сабота повеќе од 50 луѓе се пријавија и некои книги беа изнајмени речиси цел ден. - Ова досега го имам направено во 12 земји. Во некои места ќе ја проширам идејата и ќе дојдам подоцна за да видам што се случило. Тука обучувам некого да го направи тоа, помагајќи му со првиот настан - вели Абергел, кој е финансиран од Советот на Европа и од Нордискиот совет на министри. Жанрот на „книги“ кои се изнајмуваат варираат од земја до земја и одговорот од јавноста може да биде поучен. На пример, во Британија популарни се муслиманот и поранешниот член на банда. Во Унгарија тоа бил неонацистот. Во некои земји хомосексуалните „книги“ се популарни, но тие се помалку популарни во места како Британија затоа што таму се полиберални и се навикнати на тоа. - Во Унгарија првата година хомосексуалецот не беше воопшто баран, затоа што луѓето не се осмелуваа. Исто така тие не го позајмуваа ниту полицаецот - вели Абергел. Според него, концептот е многу популарен во Австралија, каде што секој месец во Лизмор, Нов Јужен Велс има редовни сесии на библиотеката на животот. - Во Турција само што беше формирана и веќе работи, а на оние во Германија и во Австрија им оди многу добро - додава Абергел, кој вели дека на овој проект потрошил пола од неговото слободно време во изминатите осум години. Сега неговите очи се свртени кон Америка. Според него, наредниот голем чекор е наесен да се почне турнеја во САД. Абергел вели дека би сакал да ги посети заинтересираните колеџи во САД и дека еден датум е веќе букиран во Форт Вејн, Индијана, а оти веќе има интерес и од другите. - Сакам да навлеземе и во бизнисот. Зошто да не отидеме во големите корпорации и да ги повикаме нивните работници на половина час, за малку да им ги прошириме хоризонтите? - прашува Абергел. Тој ги лоцира почетоците на концептот во една петочна вечер во Копенхаген, пред петнаесетина години. Неговиот деветнаесетгодишен пријател бил избоден шестпати. Како одговор на бесмислениот напад, Абергел, кој тогаш и самиот бил тинејџер, заедно со тројца пријатели ја оформиле групата „Запрете го насилството“, чија цел била токму тоа - запирање на насилството. Седум година подоцна групата била поканета на еден настан, што се одржувал на годишниот музички рок-фестивал „Роскилде“. Идејата за библиотеката на животот била родена за време на една средба во јануари 2000 година. Првин, библиотеката имала свои ограноци на фестивалите во Данска, Унгарија и во Норвешка. Но пред три години библиотеката почнала да го шири концептот, и сега повеќе библиотеки на животот се формираат во Европа секоја година. - Ова го гледаме како значајна алатка за промовирање на демократија и на човекови права - изјави Сиље Бергум Кинстен, претставник на Нордискиот совет на министри што го спонзорира концептот. За „книгите“, настанот може да биде ретка можност за да ја кажат нивната страна на приказната. Кери Вајброу, трансексуалец, вели дека „читателите“ биле заинтересирани зошто таа ја направила промената на полот. Таа вели дека ова е шанса да направи мала реклама за 15-те илјади трансексуалци во Британија. - Си го живеам животот и сакам луѓето да го разберат тоа. Доколку само десет од моите читатели го разберат тоа и ги променат нивните ставови, тоа се десет луѓе помалку што ќе бидат фанатични со нивните ставови кон некој кутар стар трансексуалец - констатира Вајброу. Стефан Фишер, училиштен инспектор, вели дека многу научил од другите „книги“ исто како што тој научил раскажувајќи им на „читателите“ за сложеноста на проценувањето на училиштата. - Многу од нашите предрасуди се само работи кои што не ги знаеме и кога еднаш ќе им ги објаснете на луѓето, тие ги разбираат. Научив многу работи за вештерките што претходно не ги знаев - посочи Фишер. Абергел признава дека луѓето на коишто најмногу им е потребен малку дијалог, толеранција и разбирање, не ја користат неговата библиотека. - Луѓето со огромни предрасуди никогаш нема да дојдат во библиотеката на животот. Критиките што пристигнуваат на наша сметка се дека ние им се обраќаме на луѓето кои се без предрасуди. Но и на тие луѓе се уште им е потребна потврда дека се на вистинската патека - додава Абергел. Друга критика е дека „читателите“ нема да ги надминат своите предрасуди со 30-минутен разговор. Читателот Дејвид Семпл вели дека сесиите со погребниот директор и со полицаецот му биле најпросветлувачки, но дека трансексуалната „книга“ помалку го просветлила. - Разговорот беше прекрасен, но се плашам дека се уште имам предрасуди. Се уште ми е тешко да разберам зошто би го смениле својот пол - вели Семпл. The Christian Science Monitor ...predrasudi... ima li toa kaj nas... obrazovanieto treba da se bori so predrasudi... ima li vo nash*te biblioteki knigi koi ne osloboduvaat od predrasudi... imame li predrasudi kon bibliotekite... Svetot odi napred... a nie... |
||||||
kristofer
Сениор Регистриран: 17.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 112 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
jas odev vo biblotkata neznam dali je tamu uste ili ulicata se vika vaka, na kliment oxridski kade sto bese bolnicata stara, devojceto so koje sto sum mi rece ne sme dovolno vreme zaedno, ili biblotekata ili taja, pa ispadna ja ostaviv biblotekata.
|
||||||
vrtyuwged
|
||||||
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Знам дека едно време беше затворена.Паметам бидејќи патев што освен во училиштето,во близина немав друга библиотека. |
||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
... kinoto go zatvorija... bibliotekata seushte raboti.... iako so pomal fond... "tetka Zane" na site deca im gi naoga i im gi cuva lektirite.... barem taka veli edna moja koleshka.... |
||||||
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Се сеќавам на библиотеката во К.Вода што ми беше веднаш до училиштето...Јас едвам осум години...Влегувам и на библиотекарката и’ ја барам "Ана Каренина" (ја слушав мајка ми кога зборуваше за книгата),а таа ми се насмевна и ми ја даде Белото Циганче.
И ден-денес таа книга ми е асоцијација за детството А библиотеката...одамна ја затворија. |
||||||
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |