IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРИЗНАВАЊЕ НА М П Ц
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРИЗНАВАЊЕ НА М П Ц

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 10>
Автор
Порака Обратен редослед
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ПРИЗНАВАЊЕ НА М П Ц
    Испратена: 16.Јули.2007 во 13:16
МПЦ ќе издржи на избраниот пат

Со прогласената автокефалност,на македонскиот народ му се врати тоа што некои се обидуваа да го присвојат, рече поглаварот, архиепископот г.г. Стефан


Ќе издржиме на патот што сме го избрале и Македонската православна црква ќе ја признаат другите православни цркви, изјави вчера поглаварот на МПЦ, архиепископот г.г. Стефан, по литургијата со која во Охрид се одбележа јубилејот четири децении автокефалност.

Според архиепископот, МПЦ прогласила самостојност како што тоа претходно го направиле скоро сите православни цркви.

Во црквата „Света Богородица“ и во Соборниот храм „Света Софија“ во Охрид изминативе два дена се прославуваше одлуката на Црковно-народниот собор со создавањето на МПЦ да се обнови автокефалноста на Охридската архиепископија.

- По две столетија, на македонскиот народ му се врати тоа што некои се обидуваа да го присвојат, си го вративме тоа што ни беше дадено од Бога - Црквата наша Павлова и Климентова, Охридска и Македонска. Црквата ги оправда надежта и вербата и создава нова епоха во својот летопис, покажува дека е вистинска и незаменлива мајка за сите свои чеда - нагласи архиепископот Стефан.

Во беседата посветена на МПЦ, познатиот македонски драмски писател Јордан Плевнеш истакна дека таа прилега на исконската птица Феникс, која се раѓа од сопствената пепел.

- МПЦ денес слави 40 години, а може да прослави 400 години, колку што прославува црквата „Св. Богородица“ во Сливница, Преспа. Би можела да прослави уште еден век повеќе или помалку, од одисејата на македонските браќа, светите Кирил и Методиј. МПЦ слави за да заокружи и да не се арчи на ситно, 2.000 години од влегувањето на Македонија во Библијата еднаш засекогаш преку апостол Павле. Под уставно име не' призна еден од најголемите уметници на сите времиња - Винсент ван Гог, кој немал никаква директна врска со Македонија, но секогаш се радувал на делот од Библијата во кој се спомнува Павле - рече Плевнеш.

На свечената академија, на која присуствуваа претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски, со одличија од прв ред беа наградени полошко-кумановскиот владика Кирил, академиците Цветан Грозданов и Петар Илиевски, скопскиот градоначалник Трифун Костовски и Григорие Гоговски.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 11:28

Исправете ги патеките Божји

СЛАВЕ П. ПРОЈКОВСКИ

Повод: мајското заседание на Соборот на Српската
православна црква

„За да настапи времето на Господ Исус Христо, неопходно беше потребно да се појави оној, кој во пустината викаше: Подгответе го патот Господов и исправете ги патеките Негови (Мт. 3: 3); јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Духот Свет“ (Мк. 1:8). „Нему Му е лопатата во раката Негова и Он ќе го очисти гумното Свое, и ќе го собере житото во амбарот Свој, а плевата ќе ја изгори со неизгаслив оган“ (Лк.3:17); „...Јован, испратен од Бога; тој дојде за сведоштво – да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него. Тој не беше светлина, туку – да сведочи за Светлината. Постоеше вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек што доаѓа на свет“ (Јн. 1: 6-9).

Архиереите во Божјата Црква не се светлината! Тие треба да ја сведочат Светлината!
Вистинската Светлина „го осветлува секој човек што доаѓа“ на светов.

Под претседателство на Негова светост патријархот српски г.г. Павле од 14 до 25 мај е одржано редовното заседание на Соборот на СПЦ, на кое учествувале сите нејзини епархиски архиереи. (Била и Јовановата ПОА како канонски составен дел на СПЦ). Соборот, меѓу другите актуелни прашања што ги разгледувал, побарал „престанок на насилството и подобрување на условите за животот и делувањето на канонската Црква во Република Македонија и создавање предуслови за воспоставување здрав дијалог со тамошната ерархија, која се' уште се наоѓа во раскол со православната црква” (читај со СПЦ).

Оваа информација, сама во себе, содржи тешка и несфатлива контрадикторност. Имено, повикува на поддршка на од нив клонираната ПОА, за во истата реченица да каже дека треба да се создаваат предуслови (допрва, по 40 години м.б.) за воспоставување здрав дијалог со тамошната ерархија. Велат „здрав дијалог“, оти и самите знаат дека ова што го направија до денес како последица на дијалогот – е нездрава работа! Знаат дека на ПОА, за љубов на СПЦ од другите помесни цркви и' е прифатен автономниот статус, како внатрешно прашање на СПЦ. Но, иако не сакаат, сепак, не можат да заборават дека во истата Република Македонија никој жив ПОА не ја препознава како своја, освен роднините и блиските пријатели на ерархијата, новоклонирана заради изнаоѓање модус Охридската Архиепископија, која е историски и канонски темел на МПЦ, да остане во рамките на СПЦ (читај: тронот на свети Климент, како половина трон (полтрон), да биде под тронот на свети Сава - да ми простат светителите што овде ги спомнувам).

Во Македонија сите што и малку имаат чувство за црковните работи сметаат дека логиката на купопродажната јурисдикција е надмината и нема почва за нејзино опстојување, бидејќи православните Македонци се вратија како субјект на историската сцена на Црквата Божја и повеќе не можат да прифатат (никогаш и не прифатиле) да бидат објект за купување и продавање. Ако тоа некому и успеало во времиња кога се игнорирало постоењето на Македонците, сега тоа веќе не е можно. Сега е време да се израмнат однесувањата, да се почувствува покајанието за вршената асимилација врз нив, во името на Црквата, Кралството и големосрпството; време е СПЦ да се откаже од својот историски етнофилетизам, кој на српскиот народ не му донесе ништо добро; време е на Македонците и Македонија да им се подаде рака и да се рече простете, оти еуфоријата од проширувањето на Кралството на СХС ја понесе и црквата, па и таа направи историски грешки. Имено, ако во тие времиња и во таквата кралска Југославија беше, барем со автономен статус, задржан споменот на Охрид и Охридската архиепископија, сега СПЦ и МПЦ не ќе имаа за што да преговараат и да се понижуваат. Оти, ако сега им треба некаква ПОА, зошто уште во 1920 година не ја устроија или зошто тоа не го направија уште во 1945 година, кога во Македонија соборски се побара устројување на Црквата. Значи, конфликтните прилики, па и самото именување расколнички, ги создаваше и создава СПЦ веќе неподносливо долго време. Должна е да објасни зошто хиротонијата на Јован Вранишковски беше за нив прифатлива, а кон другите архијереи го продолжи игнорирањето само заради статусот, формалниот термин автокефалија и измислениот проблем за името Македонија, македонски, Македонци.

СПЦ и сега јавно не' убедува дека ја признава македонската нација, иако нема политички надлежности за тоа. Таа треба само да собере сили, да ги согледа политичките, државни и национални реалности во кои живеат и двете цркви, па да донесува ставови и одлуки од областа и во функција на Црквата. Градењето односи меѓу двете земји е надлежност на нивните влади, а не на црквите. А црквите, ако не можат да ги помагаат, можат барем да не ги одмагаат тие процеси. Признавањето на Р. Македонија е надлежност на Р. Србија, која тоа и го стори, а не на Српската црква, која и ставот на сопствената држава не го испочитува. Оттаму, на СПЦ ништо не ќе и' значи и доделувањето на МПЦ „Орден на Република Македонија“од претседателот Бранко Црвенковски, но грдо ќе биде ако Р. Србија продолжи да финансира клонирани парацрковни институции на просторот на РМ, кои можат легитимно да делуваат само во рамките и надлежностите на СПЦ.

СПЦ, од времето на кралството па до денес, ете, води неуспешна национална политика, иако Србија секогаш имаше државни структури што си ја вршеа работата. Значи, црквата не може да води политика и да наметнува политички решенија. Таа, па која и да е од помесните цркви, сакала или не, мора да ги следи, а не да ги диригира. Таквите диригирања се покажаа погубни и за Македонија, и уште повеќе за Србија. Кој ли ќе ги изброи непотребните жртви и каква ли утеха може да им даде на оштетените мајки, сопруги, дечиња, на кои им останаа само гробови...

И мораме да се прашаме: зошто СПЦ сее само раздори и крвопролевања, расколи и шизми, а не љубов и разбирање?! Зошто ја убива кај другите самосвеста за нивното постоење, а самосвеста за српстовото ја издигна до култна вредност и тоа, каков апсурд, на штета на Србите? И пак ќе се прашаме: што остана од онаа Љубов, на која Христос не' повика? Без внатрешно преумување и пресоздавање на СПЦ никакво црковно прашање не можеше и не ќе може да разреши – ниту македонско, ниту црногорско, ниту пак пеќско, оти гордоста секогаш се искачува до врвот, а потоа треснува стрмоглаво, како оној што го обележа превечниот пад и повлече војска на Сатаната. Такви војски на православните Срби и Македонци не им се потребни. Такви битки од своите црковни великодостоинственици не бараат, ниту посакуваат нивните верници.

Понижувањата со клонирани експерименти во православието се непознати и оттаму – туѓи! А жедни се верниците и на двете цркви, жедни се, пред се', за љубовта на своите архијереи, жедни се за нивното меѓусебно разбирање и следба на Исус Христос, а не за некакви тајни и непринципиелни договарања или игнорирања. Жедни се за Христа и Духот Свет, оти се веќе изморени од странпатиштата на кои се поведени од времето на предбалканските војни и, еве, тоа трае до денешни дни. И како да одбегне човек од мислата дека апостолските преемници (владиците) не создаваат отпадништво, кога ги задушуваат своите верници, а тие изигруваат (бело)светски василевси? Господо архијереи – подгответе го патот Господов и исправете ги патеките Негови! На тоа сте повикани и заради тоа сте што сте, и пред две илјади години, и денес! Не бидете плева на Гумното Божјо, кое е Црквата!

(Авторот е протоѓакон, секретар на Архиепископскиот црковно-просветен совет и главен и одговорен уредник на „Весник”, службено гласило на МПЦ)

Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2007 во 16:39
еј, си изнаплаудиравте, ама во весник пишуваше АНАТЕМА, па ај смејте се уште малце, па после ќе се обрукате ептен ко ќе ви залепам линк...LOLLOLLOLLOL
Кон врв
Vlade Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 193
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vlade Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2007 во 14:17
Originally posted by здраво здраво напиша:

izgleda protestantite , sakaaat premnogu da ne gledaat kade sto se anatemisuvame---pa pocna i da im se pricinuva. 

ama anatemi----nema!           sem  na ereticite od sv oci i vselenskite sobori---pa i od samiot BOG.!



ClapClapClap
ClapClap
Кон врв
здраво Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај здраво Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2007 во 14:12
izgleda protestantite , sakaaat premnogu da ne gledaat kade sto se anatemisuvame---pa pocna i da im se pricinuva. 

ama anatemi----nema!           sem  na ereticite od sv oci i vselenskite sobori---pa i od samiot BOG.!

Кон врв
Vlade Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 193
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vlade Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2007 во 14:04
Nema anatema, ima rascinuvanje od svestenicki i episkopski cin. Toa e oficijalnoto. Vo vesnicite kolku se sekavam nikade ne pisuvase deka nekoj nekomu mu frlil anatema.
Кон врв
здраво Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај здраво Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2007 во 20:43
takva rabota ne postoi!  nikoj na nikogo nema frleno anatema.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2007 во 11:30
Јован за МПЦ, а и СПЦ за МПЦ...поточно како што они ги нарекуваат „расколниците“
Кон врв
здраво Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај здраво Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2007 во 10:57
koga, toa?   i za kogo?


takvo nesto ne postoi.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2007 во 14:32
сакаш да кажеш дека немало анатема, но неодамна таква анатема прогласи и СПЦ официјално, ако не се лажам...
Кон врв
здраво Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај здраво Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2007 во 13:32
znam --no toa ne e tocno!   dokolku postoese bilo kakva anatema , toa ke bese napisano na pismeno i jas , ke vi ja prezentirav.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2007 во 13:20
во весник пишуваше анатема...
Кон врв
здраво Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај здраво Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2007 во 13:10
nikoj nikogo , ne go anatemisal!   toa se zborovi na novinarite i .......znaes koj se se provlekuva......  

ZNACI ANATEMA NIKOJ NA NIKOGO NEMA DADENO, megjusebni kritiki -da.


Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2007 во 13:07
Абе реков дека се СЛОЖУВАМ со тебе... Само дали така размислуваат твоите „шефови“, бидјеќи читам дека ЈОван ги анатемисувал овие од синодот, а они него... А тоа воопшто не е во склад со ова што на ЗБОРОВИ го проповедаш и ти...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.