|
Се од тиква |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Декември.2020 во 09:43 |
Есенски колач со тиква и крем сирењеСостојки
Мирис на есен со плодовите кое ова годишно време ни ги нуди се почуствува и во мојата кујна.Сите сме по дома љубители на тиква најчесто не ми останува за да ја употре**м во торта, се јаде веднаш печена или варена. Сочноста и мирисот на овој колач ги воодушеви моите домашни кои веќе напишав дека чоколадата мора да биде барем малку застапена. Подготовка. За темно тесто. Рерната ја загреваме на 180степени. Силиконскиот калап или тавче со димензии 20*20 го премачкуваме со путер.Путерот омекнат го матиме заедно со шеќерот и екстрактот од ванила. Ги додаваме јајцата едно по едно. Посебно ги соединуваме брашното,какао,мелените лешници,цимет и сол и ги мешаме заедно со смесата со путер. За жолто тесто. Во посебен сад ги матиме со шпатула сите состојки за жолтото тесто. Во силиконското тавче ја сипуваме темната смеса, премачкуваме со пире од тиква и на крај ја сипуваме жолтата смеса. Печеме половина час до 45мин. проверете со чепкалка дали тестото се лепи на неа или не. Доколку не се лепи исклучете ја рерната и оставете го колачот во неа уште 15мин. Извадете го и оставете убаво да се излади. Декорирајте со шлаг крема. Забелешка Во составот може да се стави било какво јаткасто овошје следниот пат ќе ставам и суво гројзе или урма. Добар апетит!!! Изменето од Valerija - 16.Декември.2020 во 09:45 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рецепт за колачиња со тикваПрекрасната есен е тука, а сигурно би сакале да уживате во неа заедно со вкусни колачиња! Потребни состојки:
За глазурата:
Начин на подготовка:
Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 19:57 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одличен есенски десерт - вкусни колачиња од тикваСлавица е љубител на убава храна и готвење, а нејзините вкусни рецепти може да ги најдете на нејзиниот Инстаграм профил @fresh_fine_divine. Со нас сподели рецепт за вкусни колачиња од тиква. Боите на есента често ја разгалуваат душата... Најавуваат нова сезона полна со различни вкусови. Шетајќи по зелениот пазар, наидов на тезга, на која примамливо беа наредени дел од плодовите на есента. Веднаш знаев дека за денес ќе подготвам колачиња од тиква. За овој рецепт ни се потребни:
Подготовка:
Се надевамe дека ве инспириравме да влезете во кујна и да направите магија за вас и вашите блиски. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Совршен есенски десерт – сладок колач со тиква, путер и чоколадо, зачинет со циметДодадете го мирисот на цимет и добивање дом кој мириса на пекарница и десерт кој ќе го снема за неколку минути од чинијата. Потребни состојки:
Начин на подготовка:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Леб од тиква
Крем супа од тиква
Блага пита со тиква, која не се пече
Изменето од Valerija - 01.Октомври.2020 во 11:20 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колач со фил од тикваСостојки Тесто 175гр брашно 1/2лажичка сол 14гр шеќер 115гр путер (ладен) 1 голема лажица ладна вода Фил 3 јајца 425гр пире од тиква 110гр кафеав шеќер (може и бел) 1 лажичка цимет 1/2 лажичка ѓумбир мелен 1/4 лажиче каранфилче 1/2 лажичка сол 120мл слатка павлака 50гр бадеми/лешници/ореви 50гр шеќерПодготовка на тестото Во блендер се става брашното, солта и шеќерот и се миксираат, потоа се додава путерот кој треба да е ладен и исечкан на коцкички и повторно се микса. На крај се додава ладна вода но по малку, јас додадов една голема лажица и го измиксирав. Треба да се добие смеса на тесто. Потоа се витка тестото во фолија и се става 1 час во фрижидер. Одкако ќе помине 1 час се вади тестото и се сука кора и се става во плехче. (тестото е за помало плехче) Подготовка на филот Сите состокји ( Јајцата, пирето од тиква, кафеавиот шеќер, зачините, слатката павлака) се матат во сад со миксер додека не се добие хомогена смеса. Во посебен сад се мелат лешниците и шеќерот. Потоа врз тестото се ставаат мелените лешници и шеќер, ако сакате може и помалку да ставите и врз нив се става филот. Се пече во веќе загреана рерна на 190Ц 45-55 минути. Најдобро е кога се служи оладено барем некој час во фрижидер. Пријатно јадење |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колач со тикваСостојки 1 + 1/2 чаша пире од тиква 2 јајца 1/2 чаша масло 1/4 чаша кисело млеко/јогурт/павлака 1 + 3/4 чаши брашно 2 лажички сода бикарбона 1 чаша шеќер 1 лажичка цимет 1/2 лажичка ѓумбир во прав 1/2 лажичка кардамон 1/4 лажичка мелени каранфилчиња или 3-4 целиСо доаѓањето на есенската сезона дојде време кога можам да експериментирам подолго во кујната и да ја замирисам цела куќа со најразлични зачини. Колачот или мафините во која форма и да одберете да го испечете ќе ви ги разгали сите сетила. Плус, одличен е за искористување на преостаната тиква. 3 поголеми парчиња тиква ги лупиме и ги вариме со малку вода или доколку сакате побрза варијанта може да ја ставите во сад во микробранова со неколку лажици вода. Сварената тиква ја пасираме со алатка за пире, доколку сакате повеќе текстура на тиква пасирајте ја со вилушка, така ќе останат покрупни парченца низ колачот. Пасираната тиква ја оставаме малку да се олади. Во оладената тиква ги додаваме двете јајца, киселото млеко и маслото и мешаме со жица за матење. Настрана ги соединуваме брашното, содата, солта, шеќерот со зачините. Ја додаваме смесата со тиква и мешаме со шпатула. Мешаме внимателно и полека, да не се преактивира глутенот и лебот да ни стане тежок. Намастуваме калапи, во мојот случај смесата беше доволна за една векна и 6 мафини од сетот Бејкуар на Делимано. Смесата ја ставаме во калапите, одозгора можете (а и не морате) да додадете јатки, семиња или темно чоколадо во мојот случај. Се пече на 175 степени, без вентилатор. Мафините се готови за 20тина минути. Поголемиот колач го прекриваме со фолија после 20минути и печеме до 40-45 минути. Проверувајте на стандардниот начин со чепкалка за заби. Овој колач е неверојатно мек и сочен, одличен за десерт или појадок или со чаша кафе. Забелешка Рецептот е многу флексибилен дури и малку да утнете со мерките нема да се примети. Доколку тиквата е поблага шеќерот ќе ви биде доволно, доколку не е додадете уште 1/4 од чашата. Рецептот може да го пробате и со благ портокалов компир (батат), може да замените дел од тиквата со банана. Ова се верзии веќе испробани од мене, бидејќи колачот брзо стана фаворит кај домашните, па се пече на неделна основа. Добар апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Необичен колач со тикваСостојки 125гр. путер 125гр. шеќер 3 јајца 250гр. брашно 3 лажички какао 1/2 лимон(сок) 2 лажици прашок за пециво 1 ванилин шеќер прстофат сол 300гр. пире од тикваПутерот го матиме заедно со шеќерот. Ги додаваме јајцата едно по едно додека не се соединат. Полека додадете ги сите состојки и замесете тесто. Оделете третина од тестото во окригла тава ставете го остатокот од тестото. Премачкајте го со пире од тиква и врз неа изронете го остатокот од тестото. Печете на 200 степени половина час,послужете со шеќер во прав или по желба со топка слатка павлака. Добар апетит!!! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пита од тиква – слатка и сочнаНаправете го омилениот есенски десерт, кој сигурно го обожавате! СОСТОЈКИ:
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Уживајте! Изменето од Valerija - 01.Декември.2019 во 22:42 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Компот од тикваСОСТОЈКИ:
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Уживајте! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки Тесто 250 гр пире од печена тиква 100 мл масло 200 мл топло млеко 1/2 коцка квасец 1,5 лажиче сол 1/2 лажиче шеќер 650-700 гр брашно За премачкување по потреба путер по потреба кујнски конец за формирање на тиквината 6 бадеми за дршките за тиквинатаПред да се започне со месење на тестото тиквата изблендирајте ја да стане помазна. Потоа ставете ја во сад за месење. Додајте ги и останатите состојки за тесто освен брашното. Брашното постепено додавајте го и месите додека добиете изедначено мазно, меко тесто. Покриено оставете го да скисне околу 30 минути. Потоа премесете го и поделете го на 12 дела. Од секој дел оформите топче. Преврзете го со кујнскиот конец 4 пати за да се добијат 8 делчина, како што ќе исечеме јаболко. При врзувањето не треба многу да стегате бидејќи со киснењето конецот малку ќе навлезе во тестото. Наредете ги во плех со хартија за печење и премачкајте ги со изматетено јајце. Рерната вклучете ја да се загрее на 180 степени и за тоа време ќе скиснат. Ставете ги да се печат околу 25 мин. Кога ќе ги извадите премачкајте ги со путер, оставете ги да подоладат и извадете го конецот. Конецот најпрво исечете го на средина од горната и долната страна на лепчето каде се вкрстува. Конците извлечете ги внимателно (за да не се распаднат формираните делчиња) од долната страна на лепчето. Наредете ги во чинија за сервирање и на секое во средината ставете му по пола бадем како рачка на тиквината. --Ако немате толку време за врзвење, одврзвење направете си и обични колачина или кифлички. Лепчинава се превкусни и меки како душа. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 1 пак. готови кори 1,2 кг пире од тиква (мускатна) 200 гр шеќер 100 гр гриз 2 јајца 1 капсула арома во прав со вкус на ванила 1 лажиче цимет 50 мл маслоСите состојки за филот убаво измешајте ги. Доколку користе се поцврсти се редат по 3, ако се потенки и повеќе. Секоја кора со четче се премачкува со масло и кисела вода измешани во ист сооднос (одприлика по 50-70 мл од секое). Со лажица на почетокот на 3те наредени кори се става фил и потоа се ролаат. Се редат во подмачкано тавче, се премачкуваат со маслото и газираната вода и се попрскуваат со уште некоја лажица масло плус (или уште подобро можи да ги премачкате со разматено јајце и масло), па се печат на 200 степени додека не поруменат одозгора и на допир бидат тврди. Кога малку ќе подоладат, се попрскуваат со шеќер во прав, се сечат на парчина и се служат. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки Тесто 600гр. брашно 1 лажичка сол 1 лажица шеќер 50мл. зејтин на врв на нож квасец прстофат сода 350мл. вода за премачкување маргарин и зејтин (2/3 према 1/3) Фил 800гр. рендана тиква 400гр. урми (мелени) 100гр. сецкани ореви 3 пакетчиња ванилин шеќер сок и кора од 1 лимон 100мл. вода по потреба/вкус шеќерТиквата сама по себе е десерт, особено печена тиква =) Скоро секој ден ја има дома се додека не помине сезoната. Се решив малку да побегнам од стандардната верзија на пита со тиква и да ве почастам со овој супер рецепт. 1. Од состојките за тесто замесете меко нелепливо тесто. Понатаму процедурата е како и за секоја пита. Дали ќе поделите на топчиња, па ќе премачкувате со маргарин и зејтин или како полжавче или на било кој друг начин на кој подготвувате пита оставам на вас. Ви требаат 2 кори, за горе и доле. Поразличен е начинот на сечење, за да изгледа како што изгледа. 2. За филот урмите, сокот и кората од лимонот ставете ги во тенџере на оган и постепено мешајте за да омекнат. Додавајте вода се додека не се добие мека смеса налик на паста (не треба да биде водеста) па така количината на вода ќе варира до максимално 100мл. Потоа додадете ја ренданата тиква и оревите и убаво измешајте за да добиете изедначена смеса. Ако сакате поблаго додадете дополнително и шеќер (јас не додадов затоа што урмите се доволно благи). 3. Од едното купче со корички растегнете поголема кора (не многу тенка) и ставете ја на плехот во кој ќе печете. Земете дел од филот и направете прстен 4-5см од крајот на кората и мала топка фил во средината (на сликите подолу). Краевите од долната кора премачкајте ги со малку вода, па прекријте со другата кора од горе. Со нож оформете убава форма (во мојот случај малку елипсовидна) па краевите притиснете ги со вилушка за убаво да се спојат. Потоа почнувајќи од кругот во средина до надворечниот крај сечете парчиња со дебелина до 3см (кругот во средина останува цел). Секое парче свртете го со филот кон горе. Премачкајте убаво со маргарин и зејтин и ставете да се пече во загреана рерна додека добие убава боја. Оставете малку да се излади па послужете. Добар апетит =) *Од наведените количини направив 2 пити, таа што ја гледате и уште една во форма на зелник со иста големина. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки Бисквит 350гр. брашно 200гр. путер или маргарин (ладен) 100гр. шеќер во прав 1 јајце Фил 500гр. тиква 50гр. омекнат путер или маргарин 2 жолчки 100гр. кафеав шеќер 1 1/2 лажица густин 100гр. бело чоколадо 1/4 лажиче ѓумбир во прав 1/2 лажиче цимет во прав 2 белкиЕсен без тиква? Незамисливо! Убавината на овој зеленчук е што може најразлично да се подготвува. Десерти, предјадења, главни јадења, пити....изборот на рецепти со тиква е огромен, а овојпат јас се решив за оваа вкусна торта со тиква. Подготовка 1. Најнапред подгответе го тестото. Во еден сад ставете ги сите состојки за тестото и замесете меко тесто. По потреба додадете сосема малку брашно за да можете од тестото да оформите топка. Замотајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер да одстои најмалку 30 минути. За тоа време подгответе го филот. 2. Тиквата излупете ја и исчистете ја. Исечкајте ја на коцки и ставете во едно тенџере со малку вода да се динста додека не омекне. Кога ќе е готова, ставете ја во цедалка да се исцеди убаво од вишокот течност и потоа испасирајте ја. 3. Вклучете ја рерната да се загрева на 180° 4. Жолчките, шеќерот, ѓумбирот и циметот кратко изматете ги со миксер. Додадете го путерот и густинот и матете додека убаво да се соедини. На крај додадете ја и тиквата, кратко промешајте и ставете на кратко во фрижидер. 5. Тава со пречник од 26см. премачкајте ја со путер. Ставете го тестото внатре и со прстите распоредете го по целата површина од тавата, оформувајќи раб со висина од 3см. Избоцкајте го тестото со вилушка на повеќе места и ставете да се пече 10 минути. 6. Белките изматете ги во цврст снег и со шпатула за тесто измешајте ги во смесата со тиква. Оваа смеса ставете ја врз печеното тесто и ставете да се допече уште 35-40 минути. Тортата е готова кога одозгора ќе добие убаво кафено-златеста боја и филот ќе биде печен. Украсете ја со стопено бело чоколадо или шеќер во прав, а можете и со матена слатка павлака. Најдобро е за филот да користите Хокаидо тиква или некоја друга сорта на тиква која при динстањето нема да се распадне. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |