|
Ролат |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Декември.2020 во 21:03 |
Шарен „Жирафа ролат“: Креативен рецепт за уживање на целото семејство!Отидете на диво „кујнско сафари“ преку подготовката на шарен „жирафа“ ролат. Овој десерт ќе стане вашиот омилен рецепт. А, еве и како да го подготвите: Потребни состојки:
Начин на подготовка:
Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 21:04 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Брз ролат – Совршен десерт за ненајавени гости, кога немате ништо, освен јајца во ладилникотСекој од нас се нашол во ситуација да се соочи со ненајавени гости, а да немаме ништо од посебно приготвена храна дома, а токму следниот рецепт за златен брз ролат е совршеното решение за оваа цел! 5 јајца
Начин на подготовка
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки За декоративните линии 1 белка 30 гр шеќер 30 гр путер 20 гр брашно зелена прехрамбена боја За кора 2 јајца 60 гр брашно 60 гр шеќер прстофат сол За фил 150 гр бело чоколадо 150 гр слатка павлака 1 лажица ментол екстракт зелена прехрамбена боја 3 коцки чоколадо 100 гр слатка павлака 5 гр желатинПодготовка 1. Ја вклучуваме рерната да ни се загрее на 170 степени. 2. Најпрво треба да ја направиме смесата за декоративните шари. 3. Сите состојки ги ставаме во еден сад и ги соединуваме со миксер. Смесата ја ставаме во кесичка на која ќе и го отсечеме ќошот или пак во шприц со кој може да се прават тенки линии. 4. На хартија за печење цртаме декорации по желба. Хартијата ја превртуваме и ја ставаме во тавче со 27х27 димензии во кое ќе го печеме ролатот. Истискуваме од смесата и ги формираме шарите. 5. Тавчето го ставаме во замрзнувач. За тоа време ја правиме смесата за кората . 1. Ги двоиме белките од жолчките, жолчките ги матиме со шеќерот заедно, па го додаваме брашното. 2. Ги матиме белките да се зацврстат и со шпатула со лесно промешување ги соеднуваме со смесата од жолчки. 3. Го вадиме тавчето со шарите од замрзнувач и ја распоредуваме смесата врз нив. 4. Печеме околу 10 минути, ама секоја рерна различно пече па внимавајте да не ја препечете кората. 5. Откако ќе се испече, ја оставаме 2-3 минути да излади и потоа ја тргаме хартијата за печење, ама повторно во истата хартија ја роламе кората во ролат. Подготовка на фил 1. Павлаката ја загреваме до вриење, ја тргаме на срана и во неа го додаваме белото чоколадо, ментол екстрактот и прехрамбената боја. Мешаме до растопување и изедначување на смесата. 2. Желатинот го растопуваме во 2-3 лажици вода, па го ставаме на ниска температура на рингла да се растопи. 3. 100 мл слатка павлака ја матиме до згуснување, ама не премногу, лесно да биде изматена. 4. Кон неа ја додаваме скоро изладената смеса од бело чоколадо и растопениот желатин. Матиме до соединување и згуснување. 5. Врз кората го распоредуваме филот и рендаме чоколадо врз него. Го завиткуваме ролатот и го оставаме да се стегне филот. Сечеме парчиња по желба. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки За тесто 5 јајца 5 лажици шеќер 5 лажици брашно 1 лажица какао 1 пакетче прашок за печиво сок од 1 мандарина За фил 400 мл млеко 6 лажици шеќер 1 пакетче прашок за пудинг од ванила 1 лажица нишесте (или брашно) 1 жолчка 150 гр маргарин 7-8 мандариниВо овој рецепт мандарината игра улога на декоративен вкусен додаток, а може е и кралица на рецептот. Подгответе го и кажете. Подготовка: Матете ги јајцата и шеќерот најмалку 10 минути до кремаста структура. Брашното, какаото и пецивото измешајте ги да нема грутчиња или поминете ги низ сито и со најмала брзина на миксерот, вмешајте ги во изматените јајца. На крај со рака или алатка исцедете една мандарина и кратко поминете со миксерот да се соедини. Смесата излијте ја во обложен плех од шпоретот со пек хартија и печете на 170С 15тина минути. Печената кора извадете ја од хартијата и замотајте ја во влажна пацета во ролат. Додека се загреваат 300 мл млеко и 5 лажици шеќер, во останатото млеко и шеќер растворете го пудингот, нишестето и жолчката, па додадете ги во загреаното млеко и сварете густ крем. Префрлете го кремот во друг сад за полесно да лади и додадете го маргаринот, па со миксер изматете до кремаста структура. Премачкајте ја кората со кремот насекаде. На почетокот наредете ги излупените мандарини цели и внимателно завиткајте во ролат. Оставете го најдобро преку ноќ на ладно да отстои пред да го исечите на парчиња. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најлесниот и брз десерт без печење, која ја надмина и популарната бисквитна тортаДесертите имаат неверојатна моќ: Да ве развеселат дури и во најлошиот ден, кога ништо не ви оди по планот. Особено супер е, доколку веќе имате нешто вкусно во домот, па така ќе го заштедите патот до продавница. За денес ви откриваме рецепт како да приготвите неодолив десерт на најбрз и на најлесен начин. Станува збор за чоколаден ролат, за кој ќе немате потреба ниту да ја вклучувате рерната. Брз и лесен чоколаден ролатПотребни состојки
Начин на подготовкаСомелете ги чоколадните бисквити и потопете ги во 80 мл млеко. Следно, растопете ја чоколадата на водена пареа и измешајте добро. Во длабок сад, додадете го омекнатиот путер, шеќерот и маскарпонето и 30 мл млеко. Измешајте ги добро состојките, додека не добиете мазна смеса, без меурчиња. На работната површина, поставете фолија, а врз истата поставете ги бисквитите, покријате одозгора повторно со фолија и користејќи сукало, бисквитите претворете ги во мазен правоаголен слој. Следно, отстранете ја фолијата и премачкајте го бисквитниот слој со претходно добиениот фил. Складирајте го направениот десерт обвиткан во фолија, во ладилникот да отстои 5 часа. По 5 часа, извадете го десертот од ладилникот, внимателно отстранете ја фолијата и декорирајте ја неговата површина по ваша желба. Пријатен апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За него секогаш чувам резерва пакетче бисквити во кујната“ – Најомилениот брз ролат, кој се приготвува во ладилникот, наместо во рернатаШто е подобро за за летните денови, од добро изладен десерт, кој не ви бара да ја вклучувате рерна на овие високи температури. Овој бисквитен ролат се приготвува премногу лесно, а на вкус е свеж и умерено сладок. Најтешкиот дел е тоа што ќе мора да почекате малку повеќе време додека десертот се лади во ладилникот, а еве како да го приготвите истиот: Потребни состојки
Начин на подготовка1. Сомелените бисквити полејте ги со 80 мл пресно млеко. Растопете ја чоколадата на пареа и потоа додадете и измешајте ја во бисквитното тесто. 2. За подготовка на кремот потребно е во длабок сад да го измешате путерот, шеќерот, маскарпонето и преостанатото количество млеко, сè додека не добиете добро соединета смеса. 3. Во калап поставете хартија за печење и додадете го врз истата бисквитното тесто. Со раце или лажица добро оформете ја смесата, така што истата е потребно да биде со рамномерна дебелина насекаде. 4. Намачкајте го тестото со кремот и внимателно завиткајте го ролатот, заедно со хартијата. Потоа, поставете го ролатот во ладилникот и оставете да отстои добри 5 часа. 5. По вадењето од ладилникот, отстранете ја хартијата и декорирајте по ваша желба. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НАПРАВЕТЕ СОВРШЕН РОЛАТ ОД ЈАГОДИ И ВАНИЛА НА ЕДНОСТАВЕН НАЧИН! (РЕЦЕПТ)Ако сакате да ги изненадите своите најмили или гостите кои ви доаѓаат прв пат, подгответе го овој едноставен ролат од јагоди. Јагодите и ванилата гарантираат фантастичен вкус на овој одличен десерт. Состојки: 3 јајца, 5 лажици брашно, 5 лажици бел шеќер, 100 милилитри млеко, малку сол, лажичка екстракт од ванила, 5 лажици џем од јагоди, 100 милилитри слатка павлака. Подготовка: Измешајте ги жолчката и шеќерот, додадете брашно, екстракт од ванила и млеко. Во таа смеса измешајте и три белки и малку сол. Мешајте со гумена или дрвена лажица во една насока и три пати додавајте белки, како би останал што повеќе воздух во бисквитот. Во голем калап за печење ставете хартија за печење и распоредете го бисквитот. Печете од 5 до 7 минути во рерна загреана на 180 степени. Бисквитот не смее да се препече, инаку ќе пука во текот на виткањето. Откако ќе завршите со печење, на топлиот бисквит намачкајте џем од јагоди и тенок слој слатка павлака.
Свиткајте го внимателно одвојувајќи го од хартијата за печење. Оставете на ладно да се стегне. На готовиот ролат истурете шеќер во прав. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dave’s Kitchen: Лиснат ролат за секоја приликаБрз рецепт што ќе ве спаси во сите оние ситуации кога ви се најавиле гости, а немате време да приготвите нешто за нив. За помалку од половина час ќе имате готово и превкусно мезе, кое ќе им се допадне на сите. Потребни состојки:
Начин на подготовка: Изменето од Valerija - 24.Март.2019 во 21:34 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Око ролат Состојки 6 јајца 6 лажици шеќер 6 лажици брашно 1 кесичка печиво 1/2 лажица какао темен фил 125гр. мелени ореви 50гр. вода 2 лажици шеќер 2 редици чоколадо светол фил 1 пудинг ванила 1 лажица брашно 300мл. млеко 180гр. маргарин 100гр. шеќер во прав 1 кесе шлаг пена(биен по упатство)За кората се бијатјајцата со шеќерот, се додава брашното помешано со печиво. Една третина од смесата се остава во друг сад и се става какао. Се тура во плех над хартија прво жолтиот, па веднаш до него кафеавиот дел и се печи на 200. Испечен се завива во малку навлажнета крпа одделен од хартијата претходно. По кратко време се одвиткува, се завива во сува крпа за да не прими многу влага и да стои како наживен(народски кажано). Најпрво се подготвува светлиот дел од фил. За него е потребно повеќе време сметајќи го притоа и ладењето. Од состојките за светол фил се вари крем од пудингот, брашното, млекото и се лади. Настрана се бие маргаринот со шеќер во прав, па се спојуваат. За темниот фил се попаруваат мелените ореви со заблажената зовриена вода, се меша константно и во топло се става чоколадото да се истопи. Овде јас додавам во малку ладен дел и 2-3 лажици од светлиот фил, ми дава посебен вкус иако во оригиналниот рецепт ги нема. Се одмотува кората се става по должината на кафеав дел од кората кафеав фил, а на жолтиот дел светол фил, но ќе требаат 2-3 лажици од него настрана да се остават за да се премачка одозгора. Конечно се вие во ролат, се премачкува на тенко фил и најгоре секогаш додавам шлаг, повторно по мој избор, а вам како ви е по замисла. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гауда ролат со крем сирење Состојки 14-16 листови гауда полнење 8-10 зелени маслинки фил 2 варени јајца 1 варен морков 200гр крем сирење,може по вкус да биде и со зачински билки 1 лажиче сенф 1/4 лажиче мелен бибер 100гр пилешка шунка малку солДекоративен и вкусен солен ролат. Прво го подготвуваме полнењето. Во сад ги соединуваме сецканите јајца, сецканата шунка, морков, сенф, бибер, сол, крем сирење. Убаво изедначуваме. Оставаме во фрижидер на 15 минути. Во плех ставаме хартија за печење. Врз неа ги распоредуваме парчињата кашкавал, при тоа по малку да се преклопуваат меѓу себе. Јас наредив 4х4 парчиња Го ставаме плехот во загреана рерна, многу кратко, на една до две минути, колку само гаудата да омекни. Го вадиме од рерна и заедно со хартијата и ја преместуваме на работната маса. Сега филот рамномерно го нанесуваме врз кората од гауда. На почетокот редиме зелени маслинки со пиперче. Завиткуваме убаво ролат. Го оставаме во фрижидер да се стегни. Потоа сечеме на парчиња и послужуваме. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
2 локум ролати Состојки Локум ролат со кокос и желе 1/2 кг локум 200 гр кокос за фил 100 гр желе бомбони 100 гр орев или лешник, бадем 100 гр суво грозје Ролат со локум и сусам 1/2 кг локум 300 гр сусам За првиот ролат, локумот, кој се препорачува да е пресен убаво се измесува со кокосот. На најлонска фолија се расплескува во кора, која се филова со исечкано желе, потпечени и издробени ореви или што и да изберете и натопено суво грозје во малку вода и рум (кое на сликата е изостанато). Се витка во ролат и се остава во фрижидер добро да се стегни. За вториот ролат, сусамот го потпекуваме и потоа го измесуваме со локумот. Обликуваме форма на ролат и оставаме да се стегни во фрижидер. Добар апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Брз чоколаден ролат со банани Направете брз и вкусен чоколаден ролат со банани. СОСТОЈКИ:
ПОДГОТОВКА:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ролат со палента Состојки За палентата 375гр. палента 1,5л вода 1 лажица групна сол 2 јајца За филот 150гр. мелено месо 1 кромид 150гр. печурки од конзерва 150гр. кашкавал попотреба сол и црн пипер попотреба сечкан магданос Потребно ќе ви биде уште 150гр. кашкавал 100гр. мортадела попотреба масло за јадење1. Сварете ја палентата според упатството на кесичката. Единствена разлика или плус што јас направив е тоа што откако ја сварив палентата додадов две матени јајца и размешав додека е уште топла. Тоа ми помогна палентата да стане по компактна и лесна за мотање во ролат. 2. Додека палентата малку се подизлади вие во меѓувреме спремајте го филот. Во тава на огнан сечкниот кромид и мелното месо попржете додека кромидот не омекне .Тргнете ја тавата од оган и додајте го ренданиот кашкавал. 3. Мортаделата исечете ја со машина на многу тенки ленти. Распоредете ја мортаделата на хартија за печење( како на дополнителните слики) .Врз мортаделата распоредете ја палентата а врз неа додајте го филот и формирајте ролат со помош на хартијата за печење. Исто со помош на хартијата преврлете го ролатот во тава за печење и така со хартијата печете го ролатот во загреана рерна 15 на 200 степени. 4. Извадете го ролатот од рерната и внимателно со помош на хартијата ролатот префрлете го во друга тава за печење обложена со хартија за печење. Старата хартија отфрлете ја а врз ролатот нарендајте го останатиот кашкавал и повторно вратете го во рерната уште 5 минути за да се разлее кашкавалот. Ролатот пред послужување сечете го со остар нож, знаеме сите дека палентата е доста деликатна зато внимателно префрлете парчиња од ролатот во чините за сервирање. Буон апетито! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Декоративен ролат со мелено месоСостојки 1 Дел: 500 гр мелени пилешки гради 1 јајце 1 рендан кромид 1 кришка леб (само мекиот дел потопен во вода) 1 лажица мешан сув зачин 1/2 лажичка мелен бибер 2 Дел: 500 гр мешано мелено месо (говедско со свинско) 1 рендан кромид 1 лажичка мелен црвен пипер 1 лажица мешан сув зачин 1 лажичка мелен бибер 3-4 лажици лебни трошки 6 моркови за средината на ролатотЕ, оваа рецепта ми е од Бубе и Дејан. Бубе е братучетка на мојот сопруг, ама повеќе ми е како пријателка. Морав да ги пишам двајцата, затоа што Бубе ми го кажа рецептот, ама знам и дека Дејан многу сака да се вртка во кујна, па и тој најчесто го прави ролатот. Ролатов не е сложен за подготовка, а што би рекол Деки, „можеш да си ставиш што сакаш во него“. Јас се одлучив за оваа варијанта со морков. 1. Морковите ги вариме, ама да не бидат преварени. Пилешките гради ги мелеме во сечко и ги додаваме останатите состојки. 2. Во меленото мешано месо исто така ги мешаме сите останати состојки. 3. Го расплескуваме прво мешаното мелено месо на најлонска фолија, па потоа пилешкото мелено месо. За да ни биде рамномерно распоредено може месото да го покриеме со фолија и со сукало да поминеме врз него. Исто со двете меса. 4. На почетокот од ролатот ги редиме морковите. Почнуваме внимателно да го виткаме ролатот. 5. Ролатите ги ставаме во алуминиумска фолија и ги печеме на 200 степени, додека да почне да зацрвенува месото. Во тавчето во кое ги печеме, добро е да ставите малку вода за да не ви загорат. При крај на печењето отворете ја фолијата, за да се зацрвени месото. Ролатот е декоративен и вкусен и може да го направите за некоја празнична или домашна прослава. Од оваа доза излегуваат два ролати. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |