|
Торти и колачи што не се печат |
Внеси реплика | страница 123 16> |
Автор | ||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 09.Април.2020 во 20:42 |
|||||||
Јафа колачот е апсолутен хит на интернет: Брзо се припрема, а состојките ги имате домаВанеса, својот рецепт го споделила во Фејсбук групата “Rate My Plate”, а многумина се јавиле и напишале дека тој има одличен вкус и брзо се припрема. Сè што ви треба за овој колач е по 100 грама путер, шеќер и брашно, две јајца, една лажица прашок за пециво, желе од портокал и една чоколада за готвење или темна чоколада. Ако сакате сами да направите желе од портокал ќе ви треба 5 грама желатин во листови, два портокали, лажица шеќер и лажица цимет. Најпрвин изматете ги јајцата, путерот, шеќерот, брашното и прашокот за пециво, а добиеното тесто ставете го во кружен калап и печете на 180 Целзиусови степени од 7 до 9 минути, односно додека не добие златножолта боја и не биде меко на допир. Извадете го од рерна и оставете да се излади. Желето од портокал можете да го направите сами така што во сад со ладна вода ќе го потопите желатинот. Во меѓувреме, во процедениот сок од два портокали додајте лажица шеќер и цимет и ставете на тивок оган да зоврие. Гответе 5 минути. Откако ќе го тргнете од оган, во садот додадете ги листовите желатин, добро промешајте и оставете да се излади. На средина од тестото ставете го желето, а рабовите нека останат празни. Стопете ја чоколадата за готвење и со неа прелијте ја целата торта. Оставете да се |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Чоколадно чудо без печење, готово за 5 минути, а се состои од само 3 состојкиДесертот готов за 5 минути, не е потребно да се пече, а истиот може уште веднаш да го приготвите, бидејќи ќе ви бидат потребни само 3 состојки, а ќе можете да уживате во оригинален чоколаден вкус! Чоколадно чудо без печењеПотребни состојки
Начин на подготовкаСтопете ја чоколадата заедно со путерот. Мешајте ги состојките, додека не добиете мазна текстура т.е смеса. Следно, додадете го кондензираното млеко и отстранете го садот од оганот. Добиената смеса се поставува во силиконски калапи за наменети токму за вакви десерти и се калапите заедно со чоколадната смеса се поставуваат во ладилникот да отстојат неколку часа. При консумирањето, по желба, декорирајте го десертот со овошје. Кондензирано млекоДоколку немате слатко кондензирано млеко, истото може да го приготвите на следниот начин: Поставете 1 литар кравјо млеко во тенџере и ставете го истото да се вари на средна температура, додека неговото количество не се намали двојно. Потребно е постојано да мешате, за да не дојде до загорување на млекото. Потоа додадете 1 ванила и 150 гр шеќер и мешајте уште неколку дополнителни минути. Отстранете го тенџерето од оганот и веќе ќе го имате готовото потребно 400 мл млеко. Пред да го употребите во подготовка на десертот, истото треба да биде ладно. Изменето од Valerija - 23.Ноември.2019 во 09:10 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Бразилски десерт без печење: Чоколадна торта со редени бисквитиPavê е бразилски десерт кој најчесто претставува слоеви од фил и бисквити, а оваа чоколадна торта е токму таква. Оваа чоколадна торта редена со бисквити ќе ви стане омилен десерт за сезоната пролет-лето. Се подготвува лесно, не треба да се пече и се служи ладна - идеална за овој период. Неодоливо вкусна и се топи во уста! Потребни состојки:
Начин на подготовка:Измешајте ги кондензираното млеко со какаото и ставете ги на среден оган. Додадете го путерот и темното чоколадо и мешајте додека смесата не почне да се одлепува од тавчето. Додадете ја слатката павлака и мешајте додека смесата не се соедини. Оставете малку да се олади. Во сад, ставајте наизменично слој фил па слој чоколадни бисквити. Одозгора наросете со чоколадни трошки и оставете во фрижидер најмалку 3 часа. |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Dave’s Kitchen: Превкусна торта без печењеОва е рецепт за превкусна торта со ресана без печење, готова за само 10 минути. Се што е потребно се неколку состојки и супер друштво со кое што ќе ја споделите. Потребни состојки:
Начин на подготовка: |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Dave's Kitchen: Супер вкусна и брза торта без печењеЗа сите оние мигови кога немате време за приготвување комплицирани рецепти, а сакате нешто благо, Dave’s Kitchen ви препорачува да го испробате овој рецепт. Потребни состојки:
Начин на подготовка: |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Крем колач со јагоди (без печење)Состојки 3 пакувања пишкоти (3х21 парче) ~ 300 гр малку млеко (за пишкотите) Фил од јагоди 500 гр јагоди 6 лажици шеќер 500 мл млеко 5 лажици густин 2 пакетчиња ванилин шеќер 200 мл слатка павлака За одозгора 200 мл слатка павлака Користени Делимано произПрво подгответе го филот. Јагодите испасирајте ги и ставете ги со 3 лажици шеќер да провријат. Не им треба долго, мах 5 минути на јак оган да бидат. Густинот растворете го малку млеко, а остатокот млеко со 3 лажици шеќер и ванилиниот шеќер ставете ги да зовријат. Сварете крем со густинот и покријте го со пластична фолија за да не фати коричка. Оставете ги да се оладат и кремот и јагодите. Изладената слатка павлака изматете ја, па додавајте постепено од кремот со густин, постојано мешајќи со миксер. На крај додадете ги и јагодите и убаво измешајте. Пишкотите потопувајте ги млеко (набрзина, да не впијат премногу млеко) и наредете ги 7х3 во еден ред. Премачкајте со 1/2 од филот. Наредете уште еден ред пишкоти, па втората половина од филот. Изматете ја и останатата слатка павлака и премачкајте го целиот колач. Пријатен апетит! |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Страчатела чискејк (без печење)Состојки Подлога 250 гр. мелени бисквити 130 гр. стопен маргарин 75 гр. шеќер во прав 100 мл. (+- по потреба) газирана вода Крем 250 мл. слатка павлака 200 гр. крем сирење 175 гр. шеќер во прав 100 гр. чоколадо за готвењеБрз, лесен и многу вкусен страчатела чискејк без печење. 1. Соединете ги сите состојки за подлога. Газираната вода додавајте ја по потреба, додека смесата убаво да се хомогенизира. Може да ја замените со еден цеден портокал, некој друг сок или млеко. 2. Соединетата смеса натапкајте ја рамномерно во калап за печење или во друг соодветен сад (кој вам ви одговара). Калапот ставете го во фрижидер додека да го подготвите кремот. 3. Крем сирењето се мати до соединување со шеќерот во прав. 4. Слатката павлака се мати во друг сад на страна, сосема цврсто. 5. Се соединуваат состојките од двата сада, се ренда чоколадото и се додава, па се меша убаво се. 6. За да го изрендате убаво целото чоколадо, а да не ви остануваат ќошиња кои е речиси невозможно да се дорендаат, користете ноже за лупење компири. Ако сакате целата количина чоколадо изрендајте ја во кремот или пак оставете дел за декорирање. 7. Кремот се нанесува врз смесата од бисквити, се израмнува убаво и така подготвениот десерт се остава во фрижидер барем еден час да се стегне убаво. 8. Се сече на парчиња по желба и се послужува. |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Бисквит колач со лешнициСостојки 800 гр. какао бисквити 300 мл. млеко 2 ванили Фил 180 гр. путер 250 гр. шеќер 2 пудинга од ванила 2 лажици густин 4 жолчки 500 мл. млеко 200 гр. лешници 100 гр. чоколада Прелив 4 белки 3 лажици шеќер 1 шлаг крем од ванилаНајпрво се подготвува филот. Во посебен сад се матат жолчките, се додава 1/3 од млекото за филот и се додава пудингот и густинот, убаво се промешува да се растопи. Шеќерот се става во сад на тивок оган (постојано се меша) да се карамелизира. Откако ќе се добие светло кафена боја се истура остатокот од млекото за филот. Откако ќе се растопи карамелот во млекото и млекото ќе зоврие се истура предходно растопениот пудинг со жолчките и густинот.Се вари со постојано мешање, додека убаво да се густи и се добива густ крем. Се трга на страна, се меша одвреме наврем и се додава чоколада за готвење да се растопи додека е топол кремот. Јас ставив пола бела, пола црна чоколада. Кога ќе се олади кремот, се мати и путерот и се додава во кремот, на крај се додаваат и мелените печени лешници. Со тоа филот е готов. За кора на колачот користев црни бисквити со какао. Во 300мл. млеко се додаваат 2 ванили, се промешува да се растопи. И во млекото се натопуваат бисквитите една по една и се редат во првоаголен плех. За првата кора употребив 25 бисквити. Откако се наредат првиот ред бисквити се премачкуваат со пола од филот, па се редат и втор ред бисквити потопени кратко во млеко како и првиот ред и се става и другата половина фил. Најгоре се става и трет ред бисквите. За прелив на колачот се матат белките со шеќерот и се додава и шлаг крема од ванила за да биде постегнат преливот. Се декорира по желба. Се остава на ладно да се стегне. Откако ќе се стегне можат да се сечат парчиња. Овој колач е лесен за правење, нема печење на кори, а излегуваат многу парчиња. На секого му го препорачувам!!! |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Potrebni se 5 min
Banani,melen keks,prax seker i mrvici vo boja sareni. So bananite ,keksot i sekerot se pravi smesa,se formiraat bombici se se dekoriraat so sareni mrvici. Po zelba i meleni orasi |
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Највкусниот чоколаден чизкејк: Фантастичен колач без печење, готов за само 20 минути!Состојки за подлогата: 150 грама бисквити, 100 грама путер и 2 лажици какао . Состојки за кремот: 300 грама чоколадо за готвење, 500 грама крем сирење или маскарпоне, 200 грама шеќер во прав и 250 милилитри слатка хопла. Иситнете ги бисквитите и измешајте ги со претходно стопениот путер и какаото. Зависно од калапот што го поседувате, ако тоа е потребно обложете го со хартија за печење, па врз хартијата нанесете ја смесата за подлога од путер, бисквити и какао. Бисквитите може да ги иситните и во блендер, мелница за кафе и ореви, или едноставно да ги ставите во кеса и потоа да ги “исчукате” со сукало, се додека не добиете смеса налик на прав. Со миксер сматете ја слатката хопла, додадете го крем сирењето или маскарпонето, шеќерот во прав и растопеното млако чоколадо (внимавајте чоколадото никако да не биде премногу жешко). Добро измешајте ја смесата додека да добиете хомохена текстура, па потоа истата прелијте ја врз подлогата од бисквити. Оставете ја вака подготвената торта во ладилник, и тоа најмалку 6 часа додека убаво да се стврдне. Совет плус: Од чоколадо може да направите и глазура, па потоа со неа да ја прелиете тортата, а парчињата од тортата би било одлично ако ги послужите со парче од омиленото овошје, или пак парчиња ореви, лешници или бадеми. |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Исечкајте ги или искршете ги бисквитие на поголеми парчиња. Обликувајте по желба. Ставете во фрижидер добро да се излади и бисквитите да ја впијат течноста. Разматете ја слатката павлака и украсете го колачот. Оставете го колачот добро да се излади, послужете и уживајте! Изменето од Valerija - 04.Март.2017 во 15:28 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Потребни состојки:
Подготовка:3. На крај декорирајте со искршени колачиња. 4. Откако ќе биде готова ставете ја тортата во фрижидер во текот на ноќта. 5. Пред да ја послужите, можете дополнително да ја декорирате со стопен путер од кикирики. Изменето од Valerija - 17.Февруари.2017 во 11:50 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Dave’s Kitchen: Торта со ресана без печењеДобро познатата торта со ресана која се подготвува многу брзо и што е најважно, е без печење! Вклучете го целото семејство оваа недела во подготовката, најмногу на тоа ќе се израдуваат најмладите.
Исечкајте ги ресаните на четири дела и попарете ги со топлото млеко и путер. Потоа додадете ги исечканите ореви и малку рум. Добиената смеса се обликува во вашата омилена форма. Давор о |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Изменето од Valerija - 04.Јуни.2018 во 10:39 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Внеси реплика | страница 123 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |