IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - За злоупотребата на Светото Писмо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За злоупотребата на Светото Писмо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака Обратен редослед
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: За злоупотребата на Светото Писмо
    Испратена: 17.Април.2013 во 19:59


Originally posted by Messenger Messenger напиша:

... Така си го заработува спасението од минатите гревови и си го резервира десното место од Бога во Царството Божје. ...



   
Чедата БОЖЈИ немаат потреба да го заработуваат своето спасение и место, бидејќи тоа е незаслужен (милостив) дар на Небесниот ОТЕЦ и Цар!    




   


Се’ што е вон Милоста БОЖЈА е ѓубре!





















Изменето од spiros - 17.Април.2013 во 20:26
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2013 во 19:26
Zlatnik, 

ти си лицемерен, надувен, егоист, зелен, против Бога, десна рака на Ѓаволот, изгубен... доколку 100% не се сложуваш со вредностите на некој кој се заредил зад некакво верување или убедување.

И затоа тој некој ќе си ја наметне крстоносната руба и постојано ќе ти виси на вратот плукајќи те на секој твој коментар за да те потсетува дека ти си во криво, а тој е во право и да ги спасува останатите луѓе од твоето негативно влијание.

Така си го заработува спасението од минатите гревови и си го резервира десното место од Бога во Царството Божје. 

намигнување




Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2013 во 17:59
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Ante scriptum. За да дојдам до саканата цел која се однесува на темава, сакам на почетокот да дадам едно мало објаснување за подобро да бидам разбран.

________

Којзнае колку пати досега сме гледале анкети на американци во кои доаѓа до израз нивната наобразуваност, познавања од разни области ... и, да не редам понатаму, за да не бидам погрешно сфатен.

Отсекогаш сум се прашувал на кого му е поубаво? Дали на тие кои ама буквално абер немаат за светот околу нив (а не пак за пошироко) но имаат пари и живеат безгрижен живот или на тие кои имаат сестрани познавања, но поради сплет на субјективни и објективни околности, немаат пари и живеат мизерен живот?

Нашиот народ измислил убава поговорка: „Прост народ–силна држава“.

Иако звучи парадоксално, во горенаведениов пример за американците, тоа ептен доаѓа до израз. Токму поради тој факт тие се најразвиена земја во светот.

Зошто го велам ова?

Едноставно, за разлика од огромната маса „обични“ смртници, постои и една многу, ама ептен многу паметна и образувана група луѓе кои се на власт и управуваат со државата (а богами и со светот). И тие паметни, образувани но и бескорпулозни и немилосрдни луѓе во намерата да стекнат енормни богатства и моќ, се стремат да ги задоволат основните животни потреби на „остатокот“, овозможувајќи им доволно пари за убав и лагоден живот, се со цел да „седат“ мирно, да не се занимаваат со други работи, да не се интересираат што се случува околу нив.

Во оваа нивна намера сесрдно им помага и црквата, која пак од своја страна врши додатен притисок врз населението, со тоа што цврсто гo држи во претходно воспоставената и добро разработена догма – вербата во бог! Да не бараме докази за оваа соработка меѓу световната и духовната власт. Доволно е само да го спомнам доларот и познатото:„IN GOD WE TRUST“! Токму во овој факт се гледа злоупотребата на светото писмо. Ова е суштината на верата во бог – држење на народот под контрола и во покорност.

А тој, народот, со сите негови претходно наведени карактеристики, без притоа подлабоко да размисли, ја прифаќа соодветната вера во бог и ќе се нафрли на секого кој во очи ќе им го каже ова, притоа сметајќи дека со тоа ќе се одбранат себеси (сопственото, индивидуалното его).

Ах, само да се свесни кого навистина бранат!

Како што се шири влијанието од материјално развиениот запад (Америка) на овие простори, се почесто се јавуваат луѓе кои во своето незнаење не ја согледуваат гл ... смешноста на своите изјави.





Пред да ти се придружам во критиката кон лицемерите кои поради егоизмот и парата се одкажале од БОГА и верата, ајде да погледнеме малку во нас и да видиме дали можеби омразата кон од тебе споменатите е само една пројекција на нашата сенка за која (сеуште потполно) не сме свестни?    


Што се работи за америка како држава и најголема сила (царство) на планетата земја, за жал навистина таа се’ повеќе и повеќе станува гнездо и центар на многу антихристијански движења и души, но сепак да не заборавиме дека и таква каква што е, се’уште е поарна од многу земји кадешто правото на слободен верски избор воопшто нее дадено, а зборот presumption of innocence не само што е стран збор, туку е несфатлив поим за многу држави и култури!


Гледано од оваа перспектива, сепак Светото Писмо во америка нее само злоупотребувано, туку и - слава БОГУ - до некаде и правилно употребувано!



Поздрав


п.с. Нити една исламистичка (кураишка) или атеистичка (комунистичка) земја - кадешто се’уште има смртна казна и нема право на слободен верски избор - неможе да се пофали дека е во поглед на слободата и човековите права поарна од америка, иако таа (засигурно) се’уште е далеку од Царството БОЖЈЕ и Неговата правдина!


   



Изменето од spiros - 17.Април.2013 во 18:21
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Pica pica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pica pica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2013 во 10:57
da be zlaten
"Јас" Сум Господ, твој Бог
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2013 во 09:50
A?хипнотизиран
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Pica pica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pica pica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2013 во 21:46
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:



Поставуваш вакви прашања?! Му се
потсмеваш на Меси, а очигледно имаш некои нејасни работи. Да,
да, знам. Нема ова да го прифатиш и ќе најдеш соодветни зборови да ме негираш
(или недај боже да ме нападнешголема насмевка).

Златник,не го спомнувај марсовецот..
Се надмина себеси со зелени постови.



Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Религија
сама по себе не значи исклучиво верување во бог. Тоа е многу поширок поим кој
неправедно е присвоен и наметнат од страна на теолозите.

Јас
можам да речам дека сум религиозен, бидејќи:

Исто така,и "јас" е предмет на верување!

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Верувам во материјални работи: пари, машини,


И тие веруваат во тебе.

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Верувам во идеолошки работи: пријателство, љубов ...

"Јас" не сака да биде осамен.

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Верувам дека ќе ме разбереш што се обидувам да ти
кажам...намигнување

Како не,одлично те разбирам.

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Има луѓе кои веруваат во бог и тие
се нарекуваат теисти. Но, исто така
има луѓе кои не веруваат во бог, тоа се атеисти.


Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Се чудиш и се смееш на Меси кога
вели дека атеистите веруваат дека постои изворот и го бараат.

Да!
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Па зарем не е така? Или можеби ти
под поимот барање на „изворот“ подразбираш исклучиво барање на бог?!

Сакаш да кажеш "јас" така?
Секој човек во себе го има тој извор,потрагата по Бог е потрага по самиот себе,ама оние кој се цврсто убедени во своето постоење не се бараар себеси,туку бараат потеклото на верувањето пручувајќи ги сите верувања,религии,догми,филозофии без притоа да чуствуаат страв или казна.Едноставно бараат и веруваат дека еден ден ќе најдат соодветно објаснување прифатливо со здрав човечки разум,од каде све тргнало,за подоцна истото да се подели.

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Точно, атеистите се тие кои бараат,
кои сакаат да дознаат се што е, што било и, врз основа на откриените појави,
добиените резултати, да претпостават што би можело да биде. Спознанието не доаѓа веднаш и тие тоа го знаат, но и покрај тоа упорно продолжуваат понатаму. Затоа денес сме на ова технолошко ниво.

Аха,токму поради тоа технолошко ниво,пред да откриете ќе се самоуништите.
(се мисли на поимот човек)
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


За разлика од нас атеистите, теистите
ја немаат таа мака да го бараат изворот. Тие нема што да бараат. Ним веќе им
кажале и тие веќе си знаат кој е изворот. И што уште ќе бараат?

Немаат потреба да бараат,бидејќи знаат дека иворот е најголемото порклество кое може да ги снајде,па подобро да веруваат и да се плашат од истото отколку да станат проклети и проколнати.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Ете, ова се последиците од
злоупотребата на светото писмо – стремење кон „американизирање“ на целата
популација.
   
Да,"ЈАС" стана голема закана за светот.
А ти во што рече дека веруваш..

Изменето од Pica pica - 15.Април.2013 во 21:47
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2013 во 20:23
Zlatnik, добре дојде назад.

Очекувај совршените и сезнајните, кои Бога го оковале во догми, го омеѓале меѓу кориците на обљубените цитати и кои во джебот го носат изворот уште од времето на своето раѓање, да те попрскаат со света водичка и така да те избават од ѓаолот и да те направат истомисленик, верник на единствената чиста, вистинска, непобитна, безгрешна, вечна и лично од Бога сертифицирана вера.

Уживај. да





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2013 во 19:51
 Fala mu na "boga" da prochitam neshto navistina vistinsko намигнувањеда
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2013 во 19:46

Ante scriptum. За да дојдам до саканата цел која се однесува на темава, сакам на почетокот да дадам едно мало објаснување за подобро да бидам разбран.

________

Којзнае колку пати досега сме гледале анкети на американци во кои доаѓа до израз  нивната наобразуваност, познавања од разни области ... и, да не редам понатаму, за да не бидам погрешно сфатенсреќа.

Отсекогаш сум се прашувал на кого му е поубаво? Дали на тие кои ама буквално абер немаат за светот околу нив (а не пак за пошироко) но имаат пари и живеат безгрижен живот или на тие кои имаат сестрани познавања, но поради сплет на субјективни и објективни околности, немаат пари и живеат мизерен живот?

Нашиот народ измислил убава поговорка: „Прост народ–силна држава“.

Иако звучи парадоксално, во горенаведениов пример за американците, тоа ептен доаѓа до израз. Токму поради тој факт тие се најразвиена земја во светот.

Зошто го велам ова?

Едноставно, за разлика од огромната маса „обични“ смртници, постои и една многу, ама ептен многу паметна и образувана група луѓе кои се на власт и управуваат со државата (а богами и со светот). И тие паметни, образувани но и бескорпулозни и немилосрдни луѓе во намерата да стекнат енормни богатства и моќ, се стремат да ги задоволат основните животни потреби на „остатокот“, овозможувајќи им доволно пари за убав и лагоден живот, се со цел да „седат“ мирно,  да не се занимаваат со други работи, да не се интересираат што се случува околу нив.

Во оваа нивна намера сесрдно им помага и црквата, која пак од своја страна врши додатен притисок врз населението, со тоа што цврсто гo држи во претходно воспоставената и добро разработена догма – вербата во бог! Да не бараме докази за оваа соработка меѓу световната и духовната власт. Доволно е само да го спомнам доларот и познатото:„IN GOD WE TRUST“! Токму во овој факт се гледа злоупотребата на светото писмо.  Ова е суштината на верата во бог – држење на народот под контрола и во покорност.  

А тој, народот, со сите негови претходно наведени карактеристики, без притоа подлабоко да размисли, ја прифаќа соодветната вера во бог и ќе се нафрли на секого кој во очи ќе им го каже ова, притоа сметајќи дека со тоа ќе се одбранат себеси (сопственото, индивидуалното его).

Ах, само да се свесни кого навистина бранат!

Како што се шири влијанието од материјално развиениот запад (Америка) на овие простори, се почесто се јавуваат луѓе кои во своето незнаење не ја согледуваат гл ... смешноста на своите изјави.

Originally posted by Pica pica Pica pica напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Секогаш сум велел дека атеистите во суштина се најрелигиозни. Тие не се венчаат за ниту една догма и постојано се во потрага по изворот.

Postojano se vo potraga..!???

Po shto bre Mesi,po izvorot?

Sigurno shtom tolku tragaat po izvorot,
veruvaat deka postoi.

Navistina bile najreligiozni,ovie ateisti.

Ееее pica pica! Поставуваш вакви прашања?! Му се потсмеваш на Меси, а очигледно имаш некои нејасни работи. Да, да, знам. Нема ова да го прифатиш и ќе најдеш соодветни зборови да ме негираш (или недај боже да ме нападнешголема насмевка).

Религија сама по себе не значи исклучиво верување во бог. Тоа е многу поширок поим кој неправедно е присвоен и наметнат од страна на теолозите.

Јас можам да речам дека сум религиозен, бидејќи:

-          Верувам во материјални работи: пари, машини,  ...

-          Верувам во идеолошки работи: пријателство, љубов ...

-          Верувам дека ќе ме разбереш што се обидувам да ти кажам...намигнување

Има луѓе кои веруваат во бог и тие се нарекуваат теисти. Но, исто така има луѓе кои не веруваат во бог, тоа се атеисти.

Се чудиш и се смееш на Меси кога вели дека атеистите веруваат дека постои  изворот и го бараат.

Па зарем не е така? Или можеби ти под поимот барање на „изворот“ подразбираш исклучиво барање на бог?!

Точно, атеистите се тие кои бараат, кои сакаат да дознаат се што е, што било и, врз основа на откриените појави, добиените резултати, да претпостават што би можело да биде. Спознанието не доаѓа веднаш и тие тоа го знаат, но и покрај тоа упорно продолжуваат понатаму. Затоа денес сме на ова технолошко ниво.

За разлика од нас атеистите, теистите ја немаат таа мака да го бараат изворот. Тие нема што да бараат. Ним веќе им кажале и тие веќе си знаат кој е изворот. И што уште ќе бараат?

Ете, ова се последиците од злоупотребата на светото писмо – стремење кон „американизирање“ на целата популација.

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Pica pica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pica pica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2013 во 19:25
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Како што ти реков порано, твоето верување и твоетo разбирање за тоа што се религија и извор не мора да се споделени со другите.
Според тоа, твоето потсмевање, твоите прашувања и твоите чудења остануваат во рамките на твојот светоглед. 
Во секој случај, благодарам што го споделуваш со нас. среќа

nishto Mesi,poveli I drug pat
I tebe isto,
ti blagodram sto dojde od drug svet i go poseti ovoj svet za da spodeluvash so nas vakvi zeleni...



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2013 во 18:22
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:



Во мојот прв пост ја спомнав демагогијата во контекст на манипулирањето со луѓето т.е. како сретство кое вернициите кои освен што практикуваат одредена религија, со своите постапки (проповеди, предавања, дискусии ...) сакаат истата да ја прошират врз што е можно поголем број луѓе.

Следниве твои цитати претставуваат уште една потврда за мојот претходно искажан став дека демагогијата е еден од методите на ширење на една религија, начин кој со замајување на народот со одредени реторички заврзлами, вртења во круг, сепак на крајот завршуваат со основната поента – моето е најдобро и затоа најдобро е да се приклониш кон мојата вера. Сето друго е невистина, лага, лажно верување, лажни, непостоечки богови. (Зарем и во библијата не пишува дека ќе се појават лажни пророци?!)

Повторно велам, ти и овојпат користиш демагошки методи бидејќи од една страна негираш дека си рекол за твојата религија дека е единствената вистинска религија:



За веднаш потоа, во истата реченица, да дојде до израз сјајот и величенственоста на методот за кој зборувам:



Со други зборови, не ти, туку „вечното Евангелие“ е тоа кое ова го вели. Ти само го пренесуваш тоа што ти си го прифатил од него, па сакаш да кажеш дека религијата чија „мудрост“ и „милост“ е произлезена од таткото бог, а олицетворена во господ Исус Христос, е онаа вистинската, „единствената“, „точната“, „совршената“! Дали сега јас (или некој друг кој има прифатено некоја друга, погрешна религија), треба да ги прифатам овие зборови на божјото евангелие искажани преку тебе со кои се негираат, потценуваат другите религии т.е. дека сите други религии се „невистински“, „лажни“, „несовршени“ ... и да се „мавнам“ од нив?
И самиот твој пост скриптум говори за ова што досега го велам.



Според ова твое кажување, за тебе (вас) секој кој не верува во вашиот бог е „атеист“. Бидејќи атеист буквално значи човек кој не верува во бог, тоа подразбира дека тие кои веруваат во „секој друг бог“ за вас се празноверци.
Ти и верниците од твојата деноминација (како впрочем сите други верници од нивните деноминации), не ги признавате правата на другите да си живеат во нивната заблуда т.е. да си веруваат во тоа во што тие сакаат да веруваат.

И кој после ова може да рече дека светото писмо не се злоупотребува?



Да, сфаќам дека јас како атеист, за разлика од припадниците на разните верски деноминации кои се обвинуваат и не се признаваат меѓусебно (освен се разбира декларативното), имам поголем праг на толеранција и ги почитувам сите кои си веруваат во тоа што мислат дека е исправно. Јас никому не сум му го оспорил неговото убедување, на никого не сум му рекол дека е на погрешен пат во откривањето на вистината.
Токму оваа моја животна филозофија е преточена во максимата искажана во мојот потпис.

Р.Ѕ. А ти го сфаќаш ова што го реков?





Златен златнику, мислам дека добро знам што повторно се обидуваш да ми кажеш, исто како што знам дека твоето сфаќање се темели на големо недоразбирање.

Јас - како и сите мои браќа и сестри - никогаш и никаде немам кажано (нити пак некогаш ќе кажeм/е) дека лично сум или дека веќе сум Ја достигнал полнотата на Совршената Вистина, Која е лично БОГ, Чија надприрода е Совршена Љубов и Која лично пред 2000 години на чудесен начин ни се покажа во Исус Христос !

Јас жалам за вашето недоразбирање и вашата (животонепријатна) толеранција кон сите оние што учат и практицираат спротивно од учењето и праксата на Исус, но во ниеден случај несакам да ви го угрозам вашето неодтуѓиво право да живеете во својата заблуда!

Еден ден сите ќе се разбудат за полнотата на надприродната Љубов БОЖЈА во Христос, но дали тоа будење ќе биде правовремено и доволно како компензација на консеквенците на дотогашната заблуда?


                                                                  









Изменето од spiros - 15.Април.2013 во 18:33
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2013 во 17:03
Како што ти реков порано, твоето верување и твоетo разбирање за тоа што се религија и извор не мора да се споделени со другите.

Според тоа, твоето потсмевање, твоите прашувања и твоите чудења остануваат во рамките на твојот светоглед. 

Во секој случај, благодарам што го споделуваш со нас. среќа











Изменето од Messenger - 15.Април.2013 во 18:06
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Pica pica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pica pica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2013 во 15:09
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Секогаш сум велел дека атеистите во суштина се најрелигиозни. Тие не се венчаат за ниту една догма и постојано се во потрага по изворот.

Postojano se vo potraga..!???

Po shto bre Mesi,po izvorot?

Sigurno shtom tolku tragaat po izvorot,
veruvaat deka postoi.

Navistina bile najreligiozni,ovie ateisti.

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2013 во 13:58
Секогаш сум велел дека атеистите во суштина се најрелигиозни. Тие не се венчаат за ниту една догма и постојано се во потрага по изворот.

А за некои други... што да кажам....тие со самото раѓање во некоја вера по автоматизам стануваат вистински, точни и совршени. А тоа во секој момент ќе ти го "докажат" со некој цитат и сликичка. И не дај боже со најдобри намери да се обидеш да им укажеш на нешто... веднаш ќе те исплукаат како надувен, самољубив, со индивидуaлен и колективен егоизам... с'е по ред, онака "вистински", "точно" и "совршено".





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,235 секунди.