|
Почина Претседателот Киро Глигоров |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
ljoce
Сениор Регистриран: 24.Мај.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 197 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 14.Јануари.2012 во 10:48 |
Иако беше Комунист(Атеист) ...
БОГ да му прости!!! |
|
Се што било,поминало и се што ќе биди ќе помини.
|
|
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Боже каква некрофилија еј |
|
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Очигледно е дека “има премногу идеи“ па се забега во “лицитација“ Името на Глигоров ставено на лицитација |
|
ANITKA111
Сениор Регистриран: 06.Септември.2011 Статус: Офлајн Поени: 608 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
neka pociva vo mir
|
|
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Би ве замолил да се држите до темата. Овде се оддава почит кон Киро Глигоров и се даваат идеи од типот на онаа за именување на објекти по него и слично. Доколку сакате да дискутирате за неговите дела, неговите грешки и правилни потези, би ве замолил да отворите нова тема. Насловот на темата е "Почина претседателот Киро Глигоров".
Изменето од pHp - 13.Јануари.2012 во 11:38 |
|
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога би се прашувал Јас....би го извадил Александар со Букефал а на тоа место би го стави Киро Глигоров...не за друго, туку да пукнат душманите....
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Tokmu taka! |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сум начисто дали ми се допаѓа или не идејава. Јас сум повеќе некоја улица да го носи неговото име или некоја образовна институција. За мене поразбирливо името на некој од бардовите на културата (да речеме некој од починатите композитори или оперски пејачи) да го носи името, отколку на починатиот ни прв ретседат. Но, нејсе има попаметни глави па нека размислат. Не ме бендисува стихијноста.
СДСМ: Македонската опера и балет да се именува по Киро ГлигоровИзменето од mamamd - 11.Јануари.2012 во 22:14 |
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ице Христоманов? Да не помешал нешто авторов Повреден беше телохранителот Илчо Теовски а минувачот е Христо Христоманов кој за жал исто така почина. Не дека за ситници се фаќам, ама тука го доведувам во прашање професионализмот на авторите. Ице потсеќа на Илчо иако и за Христо може да се рече Ице (не велам не) Но колку е дозволено во еден сериозен текст новинарите (колумнисти, новинари - без разлика) да импровизираат? Не е ова некој стрип или Еднооки па ќе се зезаме со народот. Може требаше револтот мој да го пишам во темата за новинарите, ама бидејќи е во контекст со Киро Глигоров и атентатот сепак тука му е место! |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
До Претседателот Глигоров Ерол Ризаов Со време ќе бидеме многу погорделиви кон Вашето историско дело Првиот текст во Новата 2012 година Ви го посветувам Вам почитуван претседателе Глигоров. Престанувате да и' пркосите на природата и на биологијата. Тоа го одлучивте наполно спокоен и сосема свесен дека веќе си го заземате своето заслужено место во историјата. Со време и ние, а особено оние што доаѓаат ќе бидеме многу погорделиви со Вашето дело како прв претседател на независна и слободна Република Македонија, но и за многу други работи што ги направивте за својата Татковина и за својот народ. Историјата е тука непогрешлива, кој колку сака сега нека брише и нека допишува, науката ги става работите таму каде што им е местото. Некогаш за тоа треба повеќе време. Кај Вас тој процес е почнат од поодамна и ќе трае, се надевам, без можности некој да го попречи.Почитуван Претседателе, кога кој било човек ќе наполни 90 години, фер е кон него да се однесуваме со посебен респект и внимание. Но, кога првиот претседател на една држава за неколку месеци ќе влезе во 96. година од животот и е наш современик, но и на повеќе генерации македонски страдалници, кога е современик и директен учесник на големи историски настани, ред е тоа внимание да биде изразено на еден посебен начин како кон една историска институција на државноста, како кон голем државник, како кон татко на нацијата. Вие тоа внимание од граѓаните го добивате не како култ на личност, ниту од страв, ниту од лицемерство, туку исклучиво како почит и уважување, како среќа и придобивка што бевте на чело на државата во нејзините најтешки мигови и што дадовте огромен придонес за осамостојување на Република Македонија. Огромна е Вашата заслуга што независноста на Македонија е стекната без ниту еден испукан куршум и без ниту една жртва. Распадот на Југославија беше проследен со големи трагедии, најголеми по Втората светска војна на европскиот континент. Илјадници жртви, опустошени градови и села, големи преселби и напуштање на родните огништа беа драматичните слики од нашето најблиско соседство, од некогаш нашата заедничка татковина кои го обиколија светот и оставија вечни рани на овие простори. Со Вашите мудри одлуки, заедно со Вашите соработници успеавте Македонија да ја тргнете настрана од оваа голгота. Единствено Македонија доби независност без ниту една жртва на своја територија. Македонски жртви имаше само на боиштата низ Југославија. Тогаш злогласната Југословенската армија замина од Македонија со Договор како од суверена држава на кој стои Ваш потпис. Останува како историска порака Вашата реченица: „Сето тоа железо не вреди ниту еден човечки живот“, алудирајќи на оружјето што го однесе ЈНА. Таа реченица Ве вбројува во современите европски држaвници. Да, почитуван Претседателе, ќе погрешев, имаше и жртви. Првата цел бевте Вие. Атентаторите добро процениле, удрија во тогаш најсилната македонска брана на новата држава. Удрија во Вас со цел да се спречи независноста и да се предизвика дестабилизација. Во една од најголемите енигми во поновата историја на Македонија - атентатот врз Вас загинаа и вашиот возач Александар Спировски и еден случаен минувач Ице Христоманов. Вие таа тешка повреда како медицински феномен ја пребродивте и успеавте да заокружите еден значаен период од независноста на Република Македонија. Почитуван Претседателе, ако граѓаните на Македонија Ви оддаваат голема почит и ја прифаќаат со радост секоја средба со Вас, нашите партиски елити на власт кои не успеваат да ја надминат границата на обични политичари си ја огрешија душата од Вашето монументално дело. Не собраа храброст да ги прерипаат партиските тараби и да Ви оддадат заслужено признание и уважување, не само Вам, туку преку почитта кон Вас да се воздигнат и себе си и Татковината. Иако со ништо не им попречивте во нивното владеење, со ниту еден збор, во последните години често Вашите достигнувања ги злоупотребуваат и минимизираат заради нивните дневнополитички потреби во битката за власт. Последен таков пример е нашиот најсилен адут пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Привремената спогодба за која толку кал фрлија врз Вас. Денес, почитуван Претседателе, подготвени се и молат да бидеме примени во НАТО и во ЕУ со референцата Поранешна Југословенска Република Македонија. Ама не не' сакаат ниту со тоа име. А кога Вие го направивте тоа пред речиси две децении, без малку го прогласија за предавство. Се' уште има жешки глави кои не знаат што значи да си надвор од ОН како ничија и сечија земја. Почитуван Претседателе, ја имав таа чест да работам повеќе интервјуа со Вас и да бидам повеќепати во Ваша близина кога се донесуваа крупни одлуки за иднината на Македонија. Една од тие е нашиот прием во ОН 1993 година. При неколку значајни посети на Русија, Турција, Америка... секогаш Вашата мудрост и искуство ги пленеше големите државници. Го гледав со гордост тој респект кон еден претседател на мала држава кој кинисал со достоинство и мудрост да бара правда и место под сонцето за својата татковина. Видов како ја одбивте сугестијата на Клинтон „дали сте размислувале за трет мандат“. Рековте „тоа е противуставно“, со интонација која не трпи приговор. Претседателе Глигоров, јас знам зошто од Вашата блиска политичка околина имаше луѓе на кои им пречевте и кои сакаа да Ве изолираат, а ги знам и мотивите на Вашите политички противници да Ве минимизираат. Време е кога сите заедно, при живе, треба да ја симнеме капата пред Вас. (Текстот е пишуван во неделата попладне, првиот ден од Новата 2012 година, неколку часа пред да почине претседателот Глигоров)
|
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
RIP Mr. President.
|
|
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Gligorov beshe prviot pretsedatel na nezavisna Makedonija i kako takov e neddeliv del od makedonskata istorija.
Ova treba da se prifati bez obzir dali toa ni se dopagja ili ne. Temava e otvorena po povod negovoto pochinuvanje i doblesno e komentarite i replikite da se odnesuvaat na toa. Dokolku sakate da diskutirate shto stori Gligorov za Republika Makedonija odite na podforum Istorija kade shto imate soodvetna tema Киро Глигоров (1917-2012). Tamu diskutirajte i elaborirajte kolku shto sakate. Изменето од Messenger - 04.Јануари.2012 во 16:09 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Neznam zosto sekogas se naogja po nekoj sto frustraciite mora da gi isturi na sekoja tema i da ja upropasti sekoja ponatamosna diskusija... Osobeno na tema kade sto se iskazuva pocit na pokoen covek da vletas kako padobranec, ne so cel da diskutiras tuku da ja dokazes teorijata deka "samo covekovata glupost i vselenata se beskrajni"... I zgora na toa da tvrdis deka si vernik...ccccc Изменето од Ninja 35 - 04.Јануари.2012 во 23:15 |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zeksi последна опомена!
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |