IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Великиот Пост - синаксар
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Великиот Пост - синаксар

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака Обратен редослед
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Великиот Пост - синаксар
    Испратена: 12.Март.2010 во 22:42
Св. Теофан Затворник за Постот

“Не го осквернува човекот она што влегува во устата, туку она што излегува од устата, тоа го осквернува човекот.”(Мат. 15:11)

Господ не го вели ова затоа што не го одобрувал постот или затоа што го сметал постењето за непотребно – навистина, Самиот Тој постел и ги научил Своите ученици да постат и воспостави пости во Неговата Света Црква. Тој тоа не го рекол за да го отфрли постот. Туку Тој тоа го вели за да не’ научи дека кога постиме, не треба себеси да се ограничуваме само малку да јадеме и да избегнуваме готвена храна, туку и да се воздржуваме од желбите и страсните склоности на душата. Ова, се разбира, е најважно. Постот, пак, служи како моќно средство за остварување на ова.

Основата на страстите е во плотта; кога плотта е истоштена, тогаш се поткопува крепоста на страстите и таа се руши. А да се победат страстите без пост би било чудо, подобно на тоа да бидеш опфатен од пламени и да не изгоруваш. Оние, кои одвишок ја задоволува својата плот со храна, сон и одмор, како да задржи нешто духовно во вниманието и своите намери? Да се откине од земјата, да влезе во созерцание на невидливите нешта и да се стреми кон нив за него е исто толку тешко, колку за стара, истоштена птица да се дигне од земјата.

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2010 во 22:12

НЕДЕЛА ОД ТРЕТА СЕДМИЦА НА СВЕТИОТ ПОСТ

Крстопоклона
 
СИНАКСАР 
 
Стихови:
На крстот сета земја нека му се поклонува, Преку него таа научи да Ти се поклонува Тебе, Слове.
 
Во оваа трета недела од постот, празнуваме поклонување на чесниот и животворен крст од овие причини: бидејќи за време на четириесетдневниот пост на некој начин и ние се распнуваме, умртвувани од страстите, паѓајќи во униние имаме чувство на жалост, ни се предлага чесниот и животворен крст за да не поткрепи и утврди и утеши, потсетувајќи не на страдањата на нашиот Господ Исус Христос. Ако нашиот Бог се распна заради нас, колку ли повеќе треба ние за Него да се трудиме, олеснувајќи ги нашите болки со предлагањето на страдањата Господови и со сеќавање и надеж на славата на крстот? Како што нашиот Спасител се искачи на крстот и се прослави, така треба и ние да правиме, та со Него и да се прославиме, иако нешто и жално претрпуваме. И друго: како оние што минуваат долг и тежок пат и, заморени, ќе најдат некое лиснато дрво со сенка, седнуваат под него да се одморат, па остоатокот од патот го минуваат како млади, така и сега во ова посно време и тежок пат и подвиг, светите отци ни го посадија на средината (од постот) живоносниот крст, кој ни дава олеснување и освежување, за да можеме остатокот од патот полесно да го минеме. Или, како што при доаѓањето на царот му претходат некои знаци, а потоа и самиот тој доаѓа, радувајќи се и веселејќи се на победата, со него се веселат и неговите послушници, така и нашиот Господ Исус Христос, сакајќи да ја покаже победата над смртта и слава-та што ќе дојде по воскресението, го испрати напред Својот скиптар, царското знамение - животворниот крст, за да не освежи и зарадува, и да не подготви да Го примиме самиот Цар и, како светол победник, да Го прославиме. Средината од светата Четириесетница е слична на горчливиот извор (1 Мој. 15, 22-25): како што божествениот Мојсеј во него стави дрво и водата ја направи слатка, така и Бог Кој не преведе преку духовното Црвено Море, со животворното дрво на чесниот и животворен крст, со постот во Четириесетницата ја осладува горчливоста и не утешува како оние во пустината се додека не не воведе во духовниот Ерусалим со Своето воскресение. Или, бидејќи крстот се именува и е дрвото на животот, тој е она дрво на животот што беше засадено среде рајот. Така и божествените отци го засадија крсното дрво среде Четириесетницата, потсетувајќи не и на Адамовото лакомство и на неговото ослободување со сегашново (крсно) дрво; оти, вкусувајќи од него, не само што не умираме, туку и оживуваме.
Со неговата сила, Христе Боже, запази не и нас од искушенијата на лукавиот, и удостој не да се поклониме на Твоите божествени страдања и на живоносното воскресение, откако светло ќе го минеме четириесетдневното поприште, и помилуј не, како единствен добар и Човекољубец. Амин.

Изменето од Tetratka - 07.Март.2010 во 22:14
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2010 во 22:07
НЕДЕЛА ОД ВТОРА СЕДМИЦА НА СВЕТИОТ ПОСТ
посветена на св. Григориј Палама
 
СИНАКСАР Стихови:
Големиот и светол проповедник на Светлината, Изворот на светлината сега навистина го води кон незаодната Светлина.
 
Овој син на божествената и незаодна светлина, навистина вистински Божји човек и чудесен слуга и служител на божествените (тајни), потекнуваше од Азија, од пресветли и славни родители кои се трудеа да го украсат своето дете со наука и добродетели, не само надворешниот и сетилен човек, туку уште повеќе внатрешниот, оној што не се гледа. Бидејќи го загуби својот татко уште на најрана возраст, неговата мајка, и него и неговите браќа и сестри, ги хранеше и упатуваше во законот Божји и во свештените писанија, а ги испраќаше и при учители да ја учат и надворешната мудрост. Со живоста на неговата природа тој ја помеша и ревноста кон учењето, за кусо време ја придоби рационалната мудрост така што, кога имаше дваесет години, бидејќи земните работи ги сметаше за полажливи од сонот, тој се потруди да се искачи кон причината и изворот на секоја мудрост, односно кон Бога, и целосно да Му се посвети преку еден посовршен живот. Затоа тој и ја откри на мајка си својата набожна намера и големата љубов кон Својот Бог и разгорената желба за Бога. Тој открил дека и таа веќе подолго време ги има истите чувства и дека се радувала на тоа од истите причини како него.
Веднаш потоа мајката ги собра своите деца околу себе, радосно велејќи: „Еве ме мене и децата мои што ми ги даде Бог". Таа ги испита нивните мисли што се однесува на до-брото и им ја откри намерата на големиот Григориј. А тој, откако им упати поучни зборови, успеа, за помалку време отколку што е потребно, да ги убеди и да поттикне и кај нив слична љубов како неговата да го следат во неговото бегство од животот во светов. Тогаш тој го раздели своето богатство на бедните, според Евангелието, доброволно се одрече од царските привилегии и почести, за да Го следи Христа. Својата мајка и сестри ги смести во еден женски манастир, а браќата ги зеде со себе и отиде на Гората Атонска. Меѓутоа, на браќата им советува да одат во различни манастири, бидејќи не беше можно да живеат достоен живот за Бога останувајќи заедно едни со други. Самиот тој се покори на еден чудесен човек, по име Никодим, кој живееше во безмолвие предавајќи Му се на единствениот Бог. Кај него се научи на секоја заповед, на секоја добро-детел, на смирение на душата. По неговото заминување при Господа, откако во текот на едно тајно откровение се увери во застапништвото на Сечистата Богородица и во нејзината непобедлива помош, тој помина неколку години во Големата Лавра. Потоа, со зголемена ревност и со еден позрел дух, од љубов кон безмолвието, тој замина од Лаврата и се повлече во осамеништво. Зголемувајќи ја својата љубов и сакајќи да биде секогаш со Бога, тој се предаде на најстроги подвизи. Воздржувајќи ги целосно своите чувства преку истрајна молитва, откако својот ум го издигна кон Бога, се посвети на непрестајна молитва и на божествени созерцанија, и уредувајќи го својот живот на најдобар начин, со Божја помош ги победи демонските напади; со сеноќни стоења и со реки од солзи, стана избран сад на даровите на Духот Божји и имаше чести боговидени-ја. И, чудна работа, дури и кога премина во Солун поради отоманските напади, и кога отиде во скитот во Верија и, по потреба да посетува еден или друг град, понекогаш и со некој граѓанин разговараше, дури ни тогаш не ја напушти точноста со која тој го водеше начинот на својот живот.
Откако тој за малку години ги очисти совршено и телото и душата, на повик Божји тој ја прими големата благодат на свештенството, и како нетелесен или, така да се рече, како да беше надвор од себе, тој ги служеше божествените тајни, гледајќи само да ги допре душите на оние што го гледаа. Тој беше навистина голем, и секој што живееше според Бога во него препознаваше носител на Духот. Дури и на оние што гледаа надворешно, тој им изгледаше како да има моќ против демоните, способен да ги избави оние што беа подложени на нивните стапици и лукавства, да родат плодови дрвја неродни, да предвиди иднина, а беше украсен и со други дарови и плодови на Божествениот Дух. Бидејќи, ако практикувањето на добродетелите е во наша власт, не ни е туѓо ни паѓањето во искушенија; без нив нема ни усовршување, ниту покажување на верата во Бога (бидејќи само желбата и практиката на доброто го прават човекот совршен, кој живее по Бога).
Дека овој голем светител среќавал чести и бројни искушенија, треба да прифатиме, и на тој начин ни се покажува навистина совршен. А оние работи, кој ум може да ги сфати, кој збор може да ги изрази овие до-тогаш нечуени сплетки ковани од лутиот непријател, поткажувањата и клеветите на новите непријатели на Бога против него, борбите што мораше да ги води за вистинс-ката вера во текот на дваесет и трите години, кога тој од страна на неговите непријатели претрпе најразлични маки и неволи? Бидејќи италијанскиот ѕвер, калабриецот Варлаам, кој се потпираше на надворешната (земна) мудрост и, во суетата на своите сопствени помисли, мислејќи дека знае се, започна една ужасна кавга против Црквата Хрис-това и против нашата благочестива вера и против оние што цврсто се придржуваа за неа. Тој безумно тврдеше дека општата благодат на Отецот и Синот и Светиот Дух и светлината на идниот век, онаа во која праведниците ќе светат како сонце и којашто и Христос однапред ја покажа кога засветли на Гората (Тавор), најпосле и сите сили и енергии на Триипостасното божество, и се она што на некој начин се разликува од суштината Божја, се соз-дадена твар. Што се однесува, пак, до оние кои, сообразно со вистинската вера, оваа божествена светлина ја сметаат за несоздадена, како и секоја сила и енергија која излегува од Бога, со помошта на долги говори и расправи, сметајќи дека ова не припаѓа на ниту едно ново природно својство на Бога, тој ги именуваше двобошци и многубошци, како што тоа го правеа, кога зборуваа за нас, Евреите, како и Савелиј и Ариј.
 
Поради ова, божествениот Григориј, како пресветол застапник и поборник за верата, и како оној што пред сите се бореше за неа во првиот ред, беше наклеветен и, испратен оц Црквата, тој пристигна во Константиновиот град. Тогаш набожниот цар Андроник IV Палеолог, како заштитник на верата, свика свештен собор. На него беше присутен и Варлаам кој ги изложи своите заблудени мислења и обвинувања против приврзаниците на православието. Но великиот Григориј, исполнет со Дух Свети и облечен во непобедливата сила одозгора, ја затвори оваа против Бога отворена уста и докрај го посрами и, со боговдахновени зборови и списи, во прав ги претвори трњето на неговите ереси. Не можејќи да го поднесе поразот, овој противник на набожноста побегна кај Латините, откаде што и дојде. Веднаш потоа, на соборот, Григориј го изобличи и оној што се именуваше „Поликиндин", што значи: „оној што претставува мноштво опасности" (игра на зборови за Акиндин, чие име значи „без опасности") и неговите списи ги мина како низ сито со своите побивачки говори. Но оние што беа заразени од таа болест, не престанаа така лесно да се борат против Црквата Христова. Соборот, а и самиот цар, им се спротивставија со голема сила. Григориј, потврден со Божја волја пред сите, се искачи на архиепископскиот престол и стана пастир на светата Црква во Солун. За православната вера, храбро и трпеливо, тој поднесе уште побројни подвизи од претходните. Бидејќи лукавите наследници на Акиндин и Варлаам, кои колку што беа бројни толку се покажаа и неподносливи, нивните постапки како на диви ѕверови, нивните мислења и нивните списи, и тоа не само еднаш или двапати или трипати, туку и многу пати, не само за времето на еден цар или патријарх, туку и за времето на три последователни скиптри, и исто толку патријарси, и во текот на собори кои е тешко да се набројат, со помошта на говори и боговдахновени списи, тој им се спротивстави на многу начини и, најпосле, ги победи. Некои останаа непоправливи, не сметајќи го за ништо горниот суд, и така продолжија. Се уште има остатоци од ереси кои бесрамно се креваат против светите што ги победија, да не зборувам и за дрскиот род јудејски кој и до сега има непријателство против Христа. Ете, накратко, вакви се и толку се бројни победите на великиот Григориј против нечестивите.
Бог, на неискажливи начини, го испраќа за учител и на исток: како старешина, го испраќа од Солун во Константиновиот град да ги смири разните цареви. Земан е и од Агарените и држен цела година, страдалнички одејќи од место во место и од град во град и смело проповедајќи го Хрисовото Евангелие: едни утврдувајќи ги и советувајќи ги, згора и молејќи ги да останат во верата оние што се колебаа, и кои имаа некои недоразбирања и барања во врска со она што им беше предлагано, богомудро утврдувајќи ги, а на некои им даваше и исцеленија. Не пропушташе многу-пати да зборува и на други неверни, како и на покајани христијани кои отпаднале и пристапиле кон другите и со себе ги влечеле и нашите за промислата Божја во врска со воплотувањето на Господа нашиот Бог и за почитувањето на чесниот крст и на светите икони. Зборуваше и за Мухам-еда и за многу од нив предложени барања, при што, едни му се восхитуваа, а други покажуваа непријателство и креваа раце против него, дури и маченички ќе завршеше ако по Божја промисла не беше поштеден. Така великиот (Григориј) беше ослободен од христољубивите и бескрвниот маченик пак се врати при своето стадо. Покрај другите бројни и големи дарови и првенства што ги имаше, тој се украси и со раните Христови и, по примерот на Павле, беше многупати во немаштија.
 
Да покажеме и некои од неговите особини: на прво место кроткоста и смирението (но не кога станува збор за Бога и за Божјата наука, бидејќи за нив беше и поборник), незлобивост и не помнење зло, ревност во правењето добро според силите, трпеливост и великодушност во однос на неволјите што наидуваа, воздржување од телесни сласти и лажна слава, помагање на бедните; имаше до крај бла-годатно трпение и безмолвие, страдалнички борејќи се против страстите и демоните. Така и еретиците ги изгони далеку од Црквата Христова, и православната вера со збо-рови и списанија ја разјасни и со нив, како со печат, сето Божествено писмо го запечати, живеејќи по примерот на многу светии.

Откако своето стадо апостолски и богоугодно го водеше тринаесет години, и со своите поуки нивните нарави ги подобри, кон небесните огради се упати, и стана, така да се рече, општ добротвор на сите православни, живи и идни, тој премина кон другиот живот, откако поживеа се на се шеесет и три години. Својот дух го предаде во рацете на Бога, а своето тело - го остави на своето стадо просветлено и прославено, како света реликвија, сочувано во Солун, за да светли таму и да биде прославено како скапоцена ризница и наследство, бидејќи Христос, преку чудеса, на верните кои секојдневно приоѓаат, им дава исцеленија од секоја болест. За тоа историјата не малку ни раскажува.
Преку неговите молитви, Боже, смилувај се и на нас. Амин.
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 20:27
Неколку работи и за   Литургија на Претходноосветените Дарови 
од Протојереј Александар Шмеман
 
Од сите литургиски правила кои се однесуваат на Великиот пост, едно е од одлучувачка важност за неговото разбирање и, бидејќи е специфично за Православието, претставува, во многу случаи, клуч за разбирање на православното литургиско предание. Се работи за правилото кое забранува служење на Света Литургија во текот на неделите на постот. Јасно е наведено: Светата Литургија во никаков случај не може да се служи за време на постот од понеделник до петок — со еден исклучок — на празникот Благовештение, доколку се падне во овие денови. Во среда и петок има посебна Вечерна служба на причестување: се нарекува Литургија на Претходноосветените Дарови.

Значењето на ова правило до таа мера е заборавено, што во многу парохии не се почитува, особено во оние кои биле изложени на латинско и западно влијание, па се продолжило со секојдневно служење на „приватни” и „заупокоени“ Литургии во текот на целиот Пост. А таму кадешто правилото се држи, не е направен никаков напор да се надмине формалното придржување на „прописот“ и да се разбере неговото духовно значење, длабоката логика на Великиот пост. Затоа, важно е, детално да го објасниме значењето на ова правило кое ја надминува рамката на Великиот пост и ја објаснува севкупната литургиска традиција на Православието.

Во општи црти, тука имаме израз и примена на еден битен литургиски принцип: несовпадливоста на Евхаристијата со постот. За да го разбреме значењето на овој принцип, не смееме да почнеме со постот, туку со Евхаристијата. Во Православното Предание, коешто во ова мошне се разликува од евхаристиската теологија и пракса на западниот католицизам, Евхаристијата секогаш имала свечен и радостен карактер. Таа е, пред сѐ, Света Тајна на Христовото доаѓање и присутноста помеѓу учениците, па заради ова е прослава — во сосема реална смисла — на Неговото Воскресение. Навистина, доаѓањето и присутноста на Христа во Евхаристијата, за Црквата се „доказ“ на Неговото Воскресение. Тоа е радоста на запалените срца на Апостолите кога, на патот за Емаус, Христос им се покажал, во „прекршувањето на лебот“; тоа е вечниот извор на „експерименталното” и „егзистенцијалното” знаење на Црквата за Воскресението. Учениците не го виделе вистинското Воскресение, па сепак, веруваа во него, не затоа што некој на тоа ги научил, туку затоа што го виделе воскреснатиот Господ. Кога „вратата беше затворена”, Тој се појавил помеѓу нив и учествувал во нивниот обед.

Евхаристијата е исто доаѓање и присутност, истата радост, и „разгореност на срцата“, истото нерационално, но и апсолутното знаење дека воскреснатиот Господ се покажува во „прекршувањето на лебот”. Таа радост е толку голема, што за раната Црква денот на Евхаристија не бил еден од обичните денови, туку бил Господов Ден — ден кој е над времето, затоа што во Евхаристијата веќе се согледува Царството Божјо. Самиот Христос на Тајната Вечера им кажал на своите ученици дека им го дарува Царството за да можат да „јадат и пијат во Неговото Царство“. Евхаристијата, бивајќи присутност на воскреснатиот Господ, Кој се вознел на небото и седи од десната страна на Отца, е учествување во Царството коешто е „радост и мир во Духот Свети“. Причестувањето е „храна на бесмртността“, „небесен леб“, а приближувањето до Светата Трпеза е вистинско вознесение на небото. Така, Евхаристијата е празник на Црквата, но уште подобро Црквата како празник, како радување во Христовата присутност, како учествување во вечната радост на Царството Божјо. Секогаш кога Црквата служи Евхаристија, таа е „дома“ – на небото; таа се вознесува таму каде што Христос се вознел, за да можеме да „јадеме и пиеме на Неговата Трпеза во Неговото Царство...“ Така можеме да разбереме зошто Евхаристијата не се совпаѓа со постот, бидејќи постот, како што ќе видиме понатаму — е главен израз на Црквата кога е во состојба на патешествие, и тоа само додека е на својот пат кон Царството Небесно. А „синовите на Царството“ — вели Христос — „не можат да постат додека Женикот е со нив“.

Па зошто тогаш, ќе праша некој, се дава Причеста во деновите на постот на Литургијата на Претходноосветените Дарови? Дали тоа се противи со горенаведениот принцип? За да одговориме на ова прашање, треба да го разгледаме вториот аспект на православното разбирање на Причестувањето, неговото значење како извор на сила, која ги одржува нашите духовни моќи. Ако Светата Причест, како што видовме, е исполнување на сите наши подвизи и напори, цел кон која се стремиме, крајната радост на нашиот христијански живот, таа е исто така по неопходноста извор, и почеток на нашиот духовен напор, божествен дар, кој ни овозможува да знаеме, да сакаме и да се стремиме кон „посовршено заедничарење во невечерниот ден“ во Царството Божјо. Зашто, Царството, иако е дојдено, иако доаѓа во Црквата, треба да биде исполнето и во својата совршеност и пројавено на крајот на времето кога Бог сите нешта ќе ги исполни со Самиот Себеси. Ние тоа го знаеме и однапред во тоа учествуваме. Ние сега учествуваме во Царството кое ќе дојде, имаме претчувство и предвкус на славата и блаженството, но сè уште сме на земјата, и нашето севкупно земно битисување е долг и често мачен пат кон крајниот ден Господов. На овој пат, потребна ни е помош и поддршка, сила и утеха, зашто „кнезот на овој свет“, сè уште не се предал. Напротив, знаејќи дека Христос ќе го победи, тој подготвува последна и жестока битка против Бога, за да се оттргне од Него колку што е можно повеќе. Оваа битка е толку тешка, а „вратата адова“, толку моќна што и Самиот Христос ни говори за „тесниот пат“, и дека малкумина се оние кои можат по него да одат. Во оваа борба, нашата главна помош се Телото и Крвта Христови, таа „насушна храна“, која духовно нѐ одржува, и без оглед на сите искушенија и опасности, нѐ прави да бидеме Христови следбеници. Откако сме ја примиле Светата Причест ние се молиме:

„...дај овие дарови да ми бидат и мене за исцелување на душата и телото, за одгонување на секој противник, за просветување на очите на срцето мое, за мир на душевните мои сили, за вера непосрамена, за љубов нелицемерна, за исполнување со премудрост, за сочувување на заповедите Твои, за умножување на божествената Твоја благодат, за здобивање со Твоето Царство... Да не ме изгориш, Творче мој, туку продри во моите членови и состави, во утробата, во срцето... Та како од Твојот дом, со влегувањето на причеста, како од оган да бега секој злотвор, секоја страст...“

Ако Великиот пост и постењето значат засилена борба, тоа е — според Евангелието — затоа што сме соочени со злото и со сите негови сили, па затоа потребна ни е помошта и силата на тој божествен Оган. Во тоа е смислата на посебното причестување со однапред осветените Дарови т. е. Дарови осветени на Евхаристијата претходната недела кои се чуваат во олтарот за причестување на верниците во среда и петок навечер.

Во посните денови не се служи Евхаристија затоа што нејзиното служење е непрестано зголемување на радоста, меѓутоа, во Црквата постои непрестана присутност на плодовите од Евхаристијата. Исто како што „видливиот“ Христос, се вознесе на небото па сепак е невидливо присутен во светот, или Пасхата која се слави еднаш годишно, а нејзините зраци го осветлуваат севкупниот живот на Црквата, или Царството Божјо кое ќе дојде, но сепак е веќе помеѓу нас, истото е и со Евхаристијата. Како Света Тајна и славење на Царството Божјо, како Празник на Црквата таа не се совпаѓа со постот и не се служи за време на Великиот пост. Како благодат и сила на Царството кое веќе делува во светот, како наша „насушна храна” и оружје во нашата духовна борба, таа е во самиот центар на постот, таа е навистина, небесна манна која нѐ одржува во животот за време на нашето патување низ пустината на Великиот пост.

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 20:24

Молитвата на св. Ефрем Сирин кој секојдневно по неколку пати се чита за време на богослужбата и за време на светата четириесетница е дел од домашното молитвено правило на христијаните со коментар и поука на :

Протојереј Александар Шмеман

Молитвата на св. Ефрем Сирин

Господи и Владико на мојот живот, дух на мрзеливост, безволност, властољубие и празнословие не давај ми.

Дух на целомудрие, смирение, трпение и љубов, дарувај ми, на твојот слуга.

Да, Господи Цару, дарувај ми да ги согледувам моите прегрешенија и да не го осудувам мојот брат, зашто Си благословен во вековите на вековите. Амин.

Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 12:12

Не му послужија на созданието богомудрите како на Створителот, туку огнената закана мажествено ја сотреа и радувајкисе пееја: Превоспеан од оците Господе и Боже благословен си.

Те воспеваме повикувајки: Радуај се колеснице на сонцето духовно, лоза вистинита зрелиот грозд што го подига кој вино точи веселејќи ги душите на оние кои со вера те слават.

Ти која лекарот на сите луѓе го роди, радувај се Богоневесто, ти жезол таинствен цветот невенлив што го расцвета: радувај се владетелке со радоста твоја се исполнуваме и живот наследуваме.

Благоглаголивите немоќни се во јазикот Владетелке да ти песнословат зашто повисоко од серафимите си се вознела раѓајќи го царот Христос, него моли го од секој а болест да не избави сега, нас кои верно ти се поклонуваме.

Те фалат оние кои на крајот му се приближуваат и со љубов ти повикуваат: радувај се кондак во кој со прсот татковски се напиша словото, чиста него моли го во книгата на животот да бидат напишани слугите твои богородице.

Ти се молиме ние слугите твои и ги приклонуваме колената на срцата наши, приклони го увото твое чиста, дај ни спас од бедата во која постојано сме пропаднати и сочувај го народот твој од секое демонско пленување Богородице.

Децата благочестиви во печката рождеството Богородично ги спаси, тогаш овој настан целата вселена ја поттикна тебе да ти пее. Воспејте ги делата Господови и превознесувајте го сите векови.

Во утробата твоја словото го прими сеносителото во себе го носеше и со млеко го доеше оној кој вселената со мана ја храни, чиста нему му пееме: Воспејте ги делата Господови и превознесувајте го во сите векови.

Мојсеј во капината ја позна великата тајна на твоето рождество, децата го изобразија ова откровение сред огинот стоејќи и несогорувајќи, нераспадлива света дева, затоа те воспеваме тебе во сите векови.

Порано со прелест согорени сега во риза нераспадлива се облековме преку рождеството твое и во мрак гревовен ние потонатите светлина видовме на светлината живеалиште Богородителке затоа те воспеваме тебе во сите векови.

Мртвите низ тебе оживуваат зашто животот ипостасен го роди оние кој неми беа благоглаголиви постануваат, прокажаните се очистуваат, болните се исцелуваат, множествата на бесовите поразени биваат, Дево спасение човечко.

Ти која на светот спасението му го роди со кое од земјата на висините вознесени биваме радувај се себлагословена, покров и сила тврдина и крепост на оние кои пеат чиста, воспејте ги делата Господови и превознесувајте го во сите векови.

Секој секој земнороден со духот просветен нека заигра, нека слави битието на безтелесните умови, почитувајќи ја свештената слава на Богомајката и нека воспева: радувај се себлажена Богородице чиста секогаш дева,

радувај се ти повикуваме ние верните кои низ тебе причесници во радоста вечна постанавме, од напаст избавине и од варварско пленување, од секаква друга мака и од секоја грешка Богородице, што ги напаѓа луѓето грешни.

Просветување и сила наша си, затоа ти воспеваме: радувај се ѕвезда незалезна која на светот великото сонце му го носи, радувај се едемот заклучен го отвори чиста, радувај се сосад зашто мирото неисцрпно кое на тебе излеано беше го прими.

 Да застанеме благо во домот на нашиот Бог и да повикаме: радувај се владетелка на светот, радувај се Марија Господарка наша, радувај се единствена непорочна и добра меѓу жените, радувај се столб огнен кој човештвото кон возвишен живот го водиш.

Гулабице која милостивиот го роди радувај се секогаш дева на сите преподобни похвало, радувај се на страдалниците овенчание, радувај се на праведните боженствено удобрение и на нас верните спасение.

Поштеди го Боже наследството твое и сите наши гревови презри ги сега имајќи ја за молителка онаа која на земјата безсемено те роди и заради великата милот по која повела Христе во човечки образ да се облечеш.
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 12:09

Благодарен Канон

Ќе ја отворам устата моја и таа со Дух ќе се исполни и слово ќе и принесам на Царицата мајка, силно ќе торжествувам и воспевајќи се радувам на твоите чудеса.

Христова Книга одухотвортена, запечатена од Духот, великиот Архангел Чиста, гледајќи те возглаголи: Радувај се на радоста пристаниште,  заради кое прамајчијската клетва се разреши.

Адамово обновување радувај се, девo богоневестo, адoво усмртување, радувај се Сенепорочна, палата на Царот на сѐ, радувај се престоле огнени на Седржителот.

Цвет несовнелив радувај се, единствена расцветана Јаболкнице благомирисна, радувај се ти која благомирисот го роди, Царот Единствен. Радувај се Марија спасение на светот.

Ризница на чистина радувај се заради која од падот наш станавме, радувај се слаткомирисен крин владетелка, кој на верните им мириса, ти кадило благомирисно и миро скапоцнено.

Твоите песнословци Богородице, жив и неисцрпен извор, во собор духовен утврди ги со божествената твоја слава со венци на славата удостој ги.  

Ти која Класот божествен го подигна, нива неорана остана. Радувај се трпеза продуховена која лебот животен во себе го смести, радувај се непресушен извор на вода животна Владичице.

Јунице, Која непорочниот Јунец за верните Го роди, радувај се радувај се Агнице, Агнецот Божји што го роди кој гревот сесветски на себе го зеде, радувај се очистилиште топло.

Радувај се единствено најсветло утро кое Христа како сонце Го носиш, живеалиште на светлината, радувај се ти која мракот го урна и мрачните бесови сосем ги одгна.

Радувај се единствена порта низ која Словото дојде и горницата и вратата адска Владетелка со рождеството твое ги скрши, радувај се божествена врата на спасените, Богоневеста.

Седејќи во слава на Престолот Божествен во облаци лесни со нераспадливи стапки дојде Исус Пребожествениот и ги спаси оние што воспеваат: Слава ти Христе на Силата Твоја!

Со глас пеачки дева тебе ти пеам севоспеана: Радувај се, гора густа и богата со Дух, радувај се свеќник и стомно полна со мана која сетилата на благочестивите ги блажи.

Очистилиште на светот, радувај се пречиста Владетелка, радувај се лествица која од земјата сите благодатно ги возвишува, радувај се мост кој навистина од смрт кон живот ги преведува сите кои Те воспеваат.

Ти која Небесата ги надвисуваш, радувај се ти си на земјата темел и утробата твоја пречиста небремено носи. Радувај се порфир со царска сила, трновиот венец божествен со крвта твоја се натопи.

Н
а тебе која неракоплетениот венец го исплете за светот, ти песнословам воскликнувајќи: Радувај се Дева, сите не пазиш и не засолнуваш, во тебе наоѓаме сила и света заштита!

Се ужаснаа сите од Божествената слава твоја зашто ти Марија Дева во утробата твоја го имаше Бог на се и го роди вечниот Син давајќи мир на сите кои те воспеваат.

Радувај се пренепорочна, ти која патот на животот го роди, кој светот го спаси од потопот греовен. Радувај се богоневеста, слишание и глагол страшен, радувај се, во тебе Владиката на сето создание престојуваше!

Радувај се, Пречиста, сила и засолниште човечко, место на слава сесвета, на адот умртување, пресветла брачна одаја. Радувај се радост на ангелите, радувај се помошничка на оние што верно ти се молат.

Радувај се Владетелка огнообразна колесница на Словото, духотворен рај сред кој расте дрвото Господово на животот, чија сладост ги оживотворува оние кои со вера се причестуваат и кои на пропадливоста и се покорени.

Со силата твоја осилени верно ти воспеваме: Радувај се сила на сите цареви, ти преславна и милозвучна за која славно се зборува, гора непресечена, радувај се длабочина неизмерна!

Радувај се пречиста, пространо вселување на Словото, сосад кој бисерот божествен го произведе. Радувај се со Бог надумно помирување на сите кои секогаш те блаженствуваат Богородице.

Овој Божествен и сечесен празник празнувајќи го богомудри, на богомајката со раце да и заплескаме. Од неа родениот Бог Го славиме!

Постела несквернета на Словото, извор на сечие обожување, радувај се пречиста на пророците поука, радувај се на апостолите удобрение.

Од тебе роса зароси гасејќи го пламенот многубожечки затоа ти воспеваме: Радувај се руно одухотворено кого Гедеон го предвиде.

Еве тебе дева те повикувам, биди пристаниште на нас кои сме расколебани и затишје на нашите беспатиа бурни, и штит од секоја соблазна.

Извор на секоја радост, облагодати ја помислата наша да ти повикуваме: Радувај се капина несогорлива, облак пресветол кој верните непрестано ги осенува.

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 23:25
Moderatorot razmisluva kako normalen chovek. Negovata pozicija na forumov ne menuva nishto vo negovoto razmisluvanje... nitu pravi da protezhira nekoi veruvanja ili da bide specijalno kritichen prema drugi.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 23:08
“Na onoa shto go spomnavme nekolku komentari porano i koi ti gi otfrli zatoa shto, iako se dobri za bilo koja druga chovechka disciplina (nauka, filozofija, logika, psihiologija,) ne se dobri za teologijata“. изненадување..........збунетост

“Pa, jasno e sega zoshto ne se dobri - zatoa shto ne prifakjaat "umetnichka kreativnost" kako fakt.“.......газење%20од%20смеење
 
“OK, ne e vazhen mojov komentar... prodolzhi so postiranjeto na delata, verojatno nekogo navistina go interesiraat i veruva vo niv.“
 
ИНТЕРЕСНО Е КАКО РАЗМИСЛУВА ЕДЕН МОДЕРАТОР....
п.с.
не мора да ми го бришиш коментаров - па може да продолжам со тоа во што “некој можеби верува“.... а се коси со човечките принципи...голема%20насмевка
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 22:46
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Primerot mi beshe tokmu stavanjeto konkretni zborovi vo usta na Bogorodica i angelite. So vreme, lugjeto gi slushaat i chitaat ovie umetnichki dela i pochnuvaat da veruvaat deka bile konkretni vistinite sluchki.

Јас верувам дека е така - тоа за мене “индирекно“ се нивни зборови...

Od ova se plashev... za zhal izleze vistina. Izmislenite zborovi, staveni so ustata na karakterite koi nikogash ne gi izgovorile, stanuvaat vistina za onie koi reshile da sledat nekoja vera i doktrina. So ova kazhuvash deka za tebe ne e vazhno dali toa e NAVISTINA recheno (ochebijno e deka e izmisleno), tuku edinstven kriterijum e deka ja sledi doktrinata koja si reshil bez pogovor da ja sledish.

Problemot e deka toa go mislele i onie koi go formirale Hristijanstvoto. Tie ne odele spored faktite, tuku spored usvoenata doktrina. Pa spored toa, celta stanala doktrinata, a ne faktite od zhivotot.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

I problemot so vakvoto "kreativno tvorenje" e shto toa postoelo od prvite denovi po Isusovoto raspetie. Zatoa denes ne se znae shto e vistinski istorijski fakt, a shto legenda kreativno "inspirirana od Svetiot duh" kako prethodno postiranoto delo. Prifakjanjeto na vakvite dela, zatoa shto se vo duhot so prifatenata doktrina, pokazhuvaat deka teologijata sozdava nekoj svoj svet vo koj si stanuva cel samata za sebe.

За “целта сама за себе“ може имаш право - затоа се нарекува вера (но верата има и факти....и чуда и е “жива материја“)

[/QUOTE]

Problemot e shto tie "fakti" i "chuda", kako shto vidovme pogore, ne se nishtio drugo tuku "kretativnost" shto e vo unison so doktrinata, pa zatoa se zemeni kako verodostojni argumenti.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Zatoa ne me chudi koga za razbiranje na doktrinata i dogmite se bara otfrlanje na opshtoprifatenite chovechki vrednosni normi i nivna zamena so novosozdadeni teoloshki konstrukcii. Kolku shto toj teoloshki svet stanuva s'e pogolem i pobogat so novosozdadenite dela, tolku povekje se distancira od realnosta na chovekovo bituvanje.

Би прашал : што е opshtoprifatenite chovechki vrednosni normi i nivna zamena so novosozdadeni teoloshki konstrukcii.збунетост 

од кога постојат и на што се базирани, на што се темелат човечките норми?
[/QUOTE]

Na onoa shto go spomnavme nekolku komentari porano i koi ti gi otfrli zatoa shto, iako se dobri za bilo koja druga chovechka disciplina (nauka, filozofija, logika, psihiologija,) ne se dobri za teologijata.

Pa, jasno e sega zoshto ne se dobri - zatoa shto ne prifakjaat "umetnichka kreativnost" kako fakt.

"Case closed", shto bi rekle kaj mene.

OK, ne e vazhen mojov komentar... prodolzhi so postiranjeto na delata, verojatno nekogo navistina go interesiraat i veruva vo niv.
   
Изменето од Messenger - 21.Февруари.2010 во 22:58
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 20:33
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Primerot mi beshe tokmu stavanjeto konkretni zborovi vo usta na Bogorodica i angelite. So vreme, lugjeto gi slushaat i chitaat ovie umetnichki dela i pochnuvaat da veruvaat deka bile konkretni vistinite sluchki.
Јас верувам дека е така - тоа за мене “индирекно“ се нивни зборови...
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

I problemot so vakvoto "kreativno tvorenje" e shto toa postoelo od prvite denovi po Isusovoto raspetie. Zatoa denes ne se znae shto e vistinski istorijski fakt, a shto legenda kreativno "inspirirana od Svetiot duh" kako prethodno postiranoto delo. Prifakjanjeto na vakvite dela, zatoa shto se vo duhot so prifatenata doktrina, pokazhuvaat deka teologijata sozdava nekoj svoj svet vo koj si stanuva cel samata za sebe.
 
За “целта сама за себе“ може имаш право - затоа се нарекува вера (но верата има и факти....и чуда и е “жива материја“)
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Zatoa ne me chudi koga za razbiranje na doktrinata i dogmite se bara otfrlanje na opshtoprifatenite chovechki vrednosni normi i nivna zamena so novosozdadeni teoloshki konstrukcii. Kolku shto toj teoloshki svet stanuva s'e pogolem i pobogat so novosozdadenite dela, tolku povekje se distancira od realnosta na chovekovo bituvanje.
 
Би прашал : што е opshtoprifatenite chovechki vrednosni normi i nivna zamena so novosozdadeni teoloshki konstrukcii.збунетост 
 
од кога постојат и на што се базирани, на што се темелат човечките норми?
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 18:05
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Знаеш дека “доктрина“ се создава со историски аргументи - тоа се вика “откровение“ и нормално е да има почеток и крај во времето.
 
Јас и ти може да соноваме доктрина - но прашање е на што се темели нашата доктрина, на кои аргументи и факти...?

Sigurno, pa tokmu zatoa zavrshiv so zborovite:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

A togash se postavuva prashanjeto - kakva logika pravi seto toa ako ne mozheme da vrshime sporedba so eden reperen opshtoprifaten sistem? Po kakva osnova kje se kvantificira, valorizira i verificira bilo koja doktrina? Na osnova na shto tvrdish deka tokmu tvojata vera e podobra od drugite koga ne dozvoluvash da bide sporedena spored zaednichki kriterijum so ostanatite?

Velish:

Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Зашто и ова што сега го дискутираме не нова оргинална работа произведена од нас, но сепак не е нова зашто се базира на “историја“..., затоа работите во Црквата се “старо-нови“ ...

Она што е во црквата “ново“ - тоа се базира на други работи предходно, ги допилнува, ги разјаснува и сл. ; затоа тоа е “старо-ново“

Samo zatoa shto nekoi novokomponirani tvorbi za osnova zemaat stari usvoeni dogmi ne znachi deka po avtomatizam generiraat nekakvi argumeti i fakti.

Primerot mi beshe tokmu stavanjeto konkretni zborovi vo usta na Bogorodica i angelite. So vreme, lugjeto gi slushaat i chitaat ovie umetnichki dela i pochnuvaat da veruvaat deka bile konkretni vistinite sluchki.

I problemot so vakvoto "kreativno tvorenje" e shto toa postoelo od prvite denovi po Isusovoto raspetie. Zatoa denes ne se znae shto e vistinski istorijski fakt, a shto legenda kreativno "inspirirana od Svetiot duh" kako prethodno postiranoto delo. Prifakjanjeto na vakvite dela, zatoa shto se vo duhot so prifatenata doktrina, pokazhuvaat deka teologijata sozdava nekoj svoj svet vo koj si stanuva cel samata za sebe.

Zatoa ne me chudi koga za razbiranje na doktrinata i dogmite se bara otfrlanje na opshtoprifatenite chovechki vrednosni normi i nivna zamena so novosozdadeni teoloshki konstrukcii. Kolku shto toj teoloshki svet stanuva s'e pogolem i pobogat so novosozdadenite dela, tolku povekje se distancira od realnosta na chovekovo bituvanje.

Изменето од Messenger - 21.Февруари.2010 во 19:18
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 12:41
Денес е НЕДЕЛА ОД ПРВА СЕДМИЦА НА СВЕТИОТ ПОСТ
СИНАКСАР
Стихови:
Иконите беа непристојно исфрлани; Се радувам гледајќи го (враќањето на) нивното пристојно почитување.
Во овој ден, Прва недела од светиот пост - Недела на Православието, или издигнувањето на светите и чесни икони, Црквата Христова го прими празну-вањето на она што се случи за време владеењето на Михаил и блажената царица света Теодора, и светиот патријарх константинополски Методиј. А тоа стана вака: кога по Божјо допуштање царската власт ја приграби Лав (III) Исавријанец, кој пред тоа беше чувар (пастир) на магариња и свињи, а црковната управа ја зеде светиот патријарх Герман, веднаш овој (патријархот) беше повикан од оној (царот) кој му рече: „Слушај, владико! Мене ми се чини дека светите икони во ништо не се разликуваат од идолите, затоа нареди што поскоро да ги изнесат одовде. Ако тие се вистински ликови на светители, нека ги кренат повисоко, за да не би, валајќи се во гревови, да ги осквер-нуваме секогаш кога ги целиваме". Патријархот, пак, го одвраќаше царот од таквата зла помисла, велејќи му: „Зар ти, цару, не си слушнал како побесне некој си по име Конон, кој бил против иконите"? А царот му вели дека тогаш тој бил се уште млад. Но бидејќи патријархот не сакаше да се покори и да го послуша, царот го прогони, а на негово место го постави својот едномисленик Анастасиј. И така тогаш почна гонење против иконите. Се зборува дека тој порано негувал таква омраза против Евреите, кога тој се уште бил сиромав, кога ги пасел магарињата и кога му било претскажано од некој маѓепсник дека ќе биде издигнат на царско достоинство.
По него царската власт ја зеде (неговиот син) Константин Копроним кој продолжи уште пожестоко да ги гони иконите. И што треба да се каже! Колку и кави беззаконија изврши овој (цар)?! Но и тој заврши мошне срамно. По него за цар беше поствен неговиот син Лав (IV), но и тој водеше лош живот (продолжи да ги гони иконите). По неговата смрт (780), власта ја презеде (неговата сопруга) Ирина со нејзиниот (помал) син Константин. Тие, поучени од светиот патријарх Тарасиј, го свикаа Седмиот (вселенски) собор и светата Црква повторно ги доби своите икони. По нив, власта ја зеде Никифор (I). Потоа Ставрикиј, а по него Михаил Рангаве кој ги почитуваше божествените икони. Михаила го наследи ѕверообразниот Лав (V) Ерменин кој, измамен од некој злочестив монах, почна ново гонење против иконите. И пак Црквата Божја беше нагрдена. Него го наследи Михаил (II), а Михаила го наследи неговиот син Теофил кој продолжи со гонењето на иконите. Овој Теофил предаде на различни мачења мнозина од светите отци. Против чесните икони тој издаде указ во кој бараше: секој оној што во градот крева бунт, нема да дочека многу денови. По дванаесетгодишно такво владеење, тој се разболе. А царицата Теодора (неговата сопруга), кога заспала, на сон ја видела Пречистата Богородица, како го прегрнала Предвечниот Младенец, окружена од пресветли анели, кои го биеја и понижуваа нејзиниот маж Теофил. Кога неа ја напушти сонот, и кога Теофил си дојде малку на себе, тој повика: „Тешко мене, бедниот: јас сум биен поради светите икони". Веднаш потоа царицата ја положи врз него иконата на Богородица, молејќи и се со солзи. По ова, Теофил, кога виде некого од оние што стоеја наоколу, како носи надбедреник, побара од него и го целиваше (надбедреникот). И веднаш потоа, устата која зборуваше против иконите, и грлото кое бесрамно зеваше, се врати на поранешната состојба, и се ослободи од бедата и неволата што го држеше и заспа, откако исповеда дека добро ќе ги почитува светите икони. Потоа царицата ги извади од своите ковчези светите и чесни икони за да ги целива, и го учеше и Теофила да ги почитува со сета душа.
По малку време Теофил си замина од овој живот, а Теодора ги повика оние што беа во прогонство и во затворите и им заповеди да живеат слободно. Јован беше симнат од патријаршискиот престол, како и Анис кој поскоро беше поглавар на вражалците и началник на бесовите отколку патријарх. А на престолот дојде Христовиот исповедник Методиј кој порано пострада многу и жив беше ставен во гроб. Во врска со ова, се случи некаква божествена посета на Јоаникиј Велики кој се подвизуваше на гората Олимп: великиот испосник Арсакиј дојде при него и му рече: „Бог ме испрати при тебе, да одиш при преподоб-ниот маж Исакиј Затворник во Никомидија и од него да научиме која е волјата Божја и што е прикладно за Него-вата Црква". И, кога дојдоа кај препододбниот Исакиј, од него слушнаа: Така вели Господ - ете, се приближи крајот на непријателите на моето (ликовно) изобрзување. Затоа отидете кај царицата Теодора и при патријархот Методиј и речете им вака: остави се што не е свето и така ќе ми принесеш жртва со ангелите, почитувајќи го мојот образ (лик-икона) и крстот. Кога го слушнаа ова, тие веднаш дојдоа во Константиновиот град и кажаното му го пренесоа на патријархот Методиј и на сите Божји избраници. Собрани заедно, тие отидоа при царицата и најдоа дека таа е покорна на се ова, бидејќи таа беше благочестива и богољубива. Веднаш потоа царицата ја извади иконата на Богородица што ја носеше обесена на вратот и, пред сите присутни, ја целива велејќи: ако некој не и се поклонува на оваа (икона) и со љубов не јацелива, не како служење (оо Аатрштчкш), не како на богови (оох ш бѕои), туку како на икони (образи), поради љубовта кон првообразите (архетиповите), да биде проколнат (анатема). А тие се зарадуваа со голема радост. За возврат, таа побара од нив да се молат за нејзиниот маж Теофил. Тие, пак, кога ја видоа нејзината вера, иако се откажуваа, сепак се покорија, бидејќи светиот патријарх Методиј, откако ги собра сите луѓе, клир и архијереи, отидоа во големата Божја црква. Меѓу избраните од нив беа овие: Великиот Јоаникиј од Олимп, Арсакиј и Навкратиј, и учениците на Теодор Студит, и великиот Теофан и Те-одор написан, и исповедниците: Михаил Староградец и сингел, и многу други направија сеноќен молебен на Бога за Теофил, при што сите се молеа со солзи со продолжено молење. Ова го направија во првата седмица од постот, собрани заедно со царицата Теодора и со други жени и со други луѓе.
 
Додека се случуваше сево ова, во петокот наутро на сон и се стори дека се наоѓа кај некој крсен столб и како некои минуваат по патот шумно и виде како тие носат разни орудија за измачување; меѓу нив беше воден врзан и царот Теофил, со рацете врзани назад; бидејќи то позна, и таа тргна со оние што го водеа. Кога стигнаа до бакарната врата, имаше натприродно видение, некој маж како седи пред иконата Христова, кого го поставија спроти Теофила. Тој одвај ја отвори устата и рече: „Жено, голема е твојата вера; разбери дека, заради твоите солзи и вера, како и заради прозбите и молењата на моите слуги, и на моите свештеници, му давам прошка на твојот маж Теофил". Потоа им рече на оние што го водеа: „Одврзете го и предадете го на неговата жена". А таа, кога го зеде, замина веселејќи се и радувајќи се. Веднаш потоа и сонот ја остави. Ова го виде царицата Теодора. Патријархот, пак, Методиј, по молитвите и молењата што ги направи за него, зеде нова хартија, ги напиша на неа имињата на сите цареви еретици, вбројувајќи го меѓу нив и Теофила, и сите ги положи под чесната трпеза. Во петокот и тој виде некој голем и страшен ангел како влегува во храмот и, кога дојде при него, му рече: „Услишано е молењето твое, епископе, и царот Теофил доби прошка, немој повеќе за ова да Му здодеваш на Бога". А тој, за да провери дали видението е вистинско, се симна од своето место, ја зеде хартијата, ја развитка и, за големо чудо, најде дека името на Теофила е избришано од Бога. Кога дозна за ова царицата, таа многу се зарадува и му прати порака на патријархот да ги собере во црквата сите луѓе со чесни крстови и со свети икони, за да им се оддаде почит на светите икони и да бидат известени сите за новото чудо. Наскоро сите се собраа во црквата со свеќи. Дојде и царицата со синот. Таму направија литија со светите икони, со божествените и чесни крстови и со свештеното и божествено Евангелие, па излегоа дури и до големото игралиште, викајќи: „Господи помилуј". И така, откако пак се вратија во црквата, отслужија Божествена Литургија.
На овој начин беа повторно востановени светите и чесни икони од гореспоменатите свети мажи, кои за нив проповедаа благочестиво и правилно ги славеа. А против-ниците и нечестивите и оние што не ги почитуваа светите икони, беа отфрлени и на проклетство предадени. От-тогаш овие свети исповедници определија ова свештено торжество да се извршува секоја година, за да не се случи некогаш пак да паднеме во истото злочестие.
Неизменлив образу (иконо) на Отецот, по молитвите на Твоите свети исповедници, помилуј не. Амин.
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 12:32
Знаеш дека “доктрина“ се создава со историски аргументи - тоа се вика “откровение“ и нормално е да има почеток и крај во времето.
 
Јас и ти може да соноваме доктрина - но прашање е на што се темели нашата доктрина, на кои аргументи и факти...?
 
Затоа христијанската доктрина е сеопфатна и опфаќа период пред и после Христа и таа “доктрина“ поткрепена со “вера“ сведочи пред се како историска реалност, а потоа како личен избор...
 
Значи јас и ти ако основаме доктрина, ние сме “нововерци“... затоа ние христијаните пред се се повикуваме на Свештеното Писание, Светото Предание, историјата на црквата, “Христијанството“ пред и после Христа, и уште многу други такви примери, за да не бидеме “новотари“ и да не измислуваме нови работи...
 
ако правилно бидам разбран - тоа не означува дека човек не треба да “не твори“ и да не биде креативен, а напротив...
 
Зашто и ова што сега го дискутираме не нова оргинална работа произведена од нас, но сепак не е нова зашто се базира на “историја“..., затоа работите во Црквата се “старо-нови“ ...
 
Она што е во црквата “ново“ - тоа се базира на други работи предходно, ги допилнува, ги разјаснува и сл. ; затоа тоа е “старо-ново“
 
Ако човек се замара со философски размислување, тогаш се гледа деке работата не е проста и лесна. Затоа простодушната вера и покорноста кон просветлените личности од историјата (светителите и божјите угодници,) е најдобро.Простодушноста и послушанието, т.е. простата и нелицеверна вистинска вера спасува...
 
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,625 секунди.