![]() |
|
Венко Марковски- жртва на политиката или не? |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 8> |
Автор | ||
Ташко ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2012 Локација: МАКЕДОНИЈА Статус: Офлајн Поени: 217 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 28.Август.2012 во 09:11 |
|
По старите шеми на КГБ сопругите на некои од поумните луѓе по целиот источен блок (каде еден од најверните сателити на СССР беше токму Бугарија) беа врбувани да ги држат "на линија на службата" и строго да ги контролираат своите сопрузи.
Ќе и ги извадат ли сега и на неа мозокот и срцето за да и ги чуваат во некое депо во тегла, според "стара бугарска традиција"? http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1699CC07D61A92419B0E7108D021AF3C |
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Почина Филимена Марковска - сопругата на Венко Марковски. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ете што разправат неговите внуци: ... Во 1965-та Венко Марковски се преселува во Бугарија конечно. Под личното покровителство по нарачка на Тодор Живков пишува книгата "Крвта вода не станува" - одговор на тритомната "Историја на македонскиот народ". Ова е една од нај темелните истражуване на македонското прашање. Книгата е напишана во 71-ва, издадена е 10 години подоцна, и целиот тираж е уништен во склад, пак по желба на Тодор Живков. "Всушност Живков користеше Венко Марковски како скриен адут - смета Вени Марковски. - Во политичката интрига на сложените односи меѓу Софија, Белград и Москва, Венко Марковски беше оружјето што ту се вадеше, ту се сокриеше." Неговиот внук смета дека ненадејното академско звање, дадено на Венко Марковски во 1979 година, како и прогласувањето на академикот за херој на НРБ подоцна, е одговор на влошените односи со Југославија. ...Вени не е во спротивност кога му велам дека на стари години дедо му се попрочу со доста текстови кои веќе б'каха од искрени глупости. Таква беше пример песната му "Чернобил", посветена на нуклеарната несреќа во СССР. "Тој веќе беше болен од рак, кога издадоа книгата. направија го за да го зарадуваат, но не сфатија дека му прават услуга мечешка" - вели Вени. Вени говори за Венко Изменето од чоли - 09.Февруари.2011 во 17:55 |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
![]() |
||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Април 1986, да не дава Господ...
![]() |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Чоли, во делото "Голи Оток - Остров на смртта" воопшто не може да стане збор за старечко слабоумие, или склероза. Точно се сеќава на секој затвореник, независно дали бил од Македонија или не, на троцкистите, на резолуцијата на Информбирото, на апсењата во Македонија. Не може човек со проблеми со меморијата да го памети сето тоа. |
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во краjот на своjот живот Венко Марковски е страдал от старческо слабоумие. Дури jако му се подигравали заради некакви стихове односно атомната катастрофа во Чернобил (1985 г. мислам). Ете:
![]() ...де што познат зрнал, повлекол го во книжарницата да му подари токушто излезлото дело на Венко Марковски. И за да скршеи твърдоглавиот скептицизам на познатите, лукаво велеше: "Ќе се пукнеш од смеа", бараjки ги за ракавот во книжарница, додека уште се ошашавени и им купуваше малата тематска стихозбирката "Чернобил". Чернобил По надоле има стиховете - тие звучат странно на бугарски... На македонски незнам как ке звучат, ма маj са непреводими. Изменето од чоли - 09.Февруари.2011 во 17:28 |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Венко можеби во четириесеттите години не знаел каков свушност бил Сталин, но, неговото дело "Голи Оток- Остров на смртта" е завршено во 1980 година, кога веќе дури и врапците на гранките знаеле за делата на Сталин. Доказ за тоа е пленумот на КПСС, одржан во времето на Хрушчов, на кој Сталиновиот начин на владеење е осуден. Сите земји освен Северна Кореја го прифатија тоа. А Венко Марковски дури во своето дело го глорификува и Сталиновиот начин на справување со троцкистите. Треба ли да те потсетам како завршија Троцки и неговите следбеници? Колку и да се обидуваш да го браниш Венко, едно е јасно и поткрепено со докази, а тоа е дека неговото делување било насочено кон ширење на социјализмо во неговата сталинистичка верзија. А начинот на кој се справиле со него е токму начинот кој тој го поддржувал во справувањето со троцкистите. Што барал - тоа си добил. Поддржувал деструктивни идеологии - од таквите и доживеал голгота. Не случајно е кажано дека кој живее од меч, од меч и ќе умре. Изменето од Македон - 09.Февруари.2011 во 16:52 |
||
![]() |
||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Македон, тука малку ги мешаш времињата. Сталинистите во тоа време не можеле да знаат што правел Сталин. Исто така и многу Германци го сметале Хитлер за светол лик бидејќи не знаеле што всушност прави. Но знаеме дека Тито особено справедливо и демократски се однесувал со „сталинистите“.
![]() |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Колега, наше е да делуваме против заблудите, зарем не? А една од современите заблуди е токму ликот и делото на Венко Марковски. Сепак, мора да се разбере дека неговото делување е политичко и најмалку национално. Марковски бил типичен сталинист. Никој не тврди дека немало репресии во комунизмот, ама сталинистите најмалку имаат право да бараат нешто и да тврдат, кога, Сталин, кого го нарекуваа "таткото на народите", самата титула кажува многу нели, знаеме како се справувал со неистомислениците. А поддршката и заштитата дадена од Бугарија е нормално нешто. Сепак, Бугарија беше сталинистичка држава определен период, а не треба да се заборави дека токму благодарение на Сталин, Бугарија се извлече од територијални отстапки на Париската мировна конференција, а и успеа да ја задржи Пиринска Македонија. Кога ќе можам, ќе ги постирам и мислењата на Венко Марковски за Сталин. Ќе се шокираш кога ќе ги прочиташ, верувај ми. |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ајде прочитај ја оваа изјава и онаа на Филимена Марковска и спореди ги. Султана го брани бугарскиот карактер на делувањето и пишувањето на Венко пред војната, додека Филимена настојува да докаже и покаже дека Венко Марковски е првиот македонски современ поет и дека и Кочо Рацин учел од него. А самиот Кочо Рацин, творел на македонски. Убаво вели Султана Марковска дека Венко бил уапсен во 1949 година. А знаеме дека тоа се случило поради неговото прифаќње на резолуцијата на Информбирото. Во спротивно, немало да чекаат до 1949 година, доколку тој навистина делувал така како што тврди ќерката, но не и мајката. |
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Изjава на Султана Венко Марковска
|
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Браво за линкот колега,но немој да мислиш дека сите овие кои пишуваат против ова не го знаат тој доказ.На нив не им одговара таквиот поглед,замисли да станала Бугарија поделена како што е Македонија,замисли колку издаици и предавници,нови благородници и мислители ке има во секоја покраина посебно!
Тоа е природен процес,секаде со право се пишува дека оној што губи има право да се лути,во случајот Венко Марковски изгубил тој лично при што морал да се адаптира на моментот и да делува онака како што делувал по неговата преселба.Не е дека немало пресии во комунизмот по војната,но сепак се си има своја граница а Венко не постигнал ама баш ништо со преминување на границата,од Српски станал Бугарски слуга и ништо повеке! ![]() |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Почитуван колега, во право си целосно. ![]() Статија на Венко Марковски во месечното списание "Македонска мисла" во издание на Македонскиот научен институт, октомври, Софија, 1945 година Прво, како што може да видиме од датумот, Венко Марковски, сеуште пишувал и творел кон крајот на 1945 година, бидејќи ова писание му е од октомври, 1945 година. Не само што пишувал и творел, туку бил и доста ценет. Со тоа паѓаат во вода сите негови, а и на неговите приврзаници, дека се побунил против некаква србизација, или против новата македонска азбука. Доколку било така, немало да пишува кон крајот на 1945 година, напротив, ќе бил в затвор. А како што може да видиме во статијата, тој дури и го фали македонскиот јазик и го смета за врвно достигнување на македонскиот народ по неговото ослободување. Истотака се изјаснува и за односот на Македонија кон Бугарија и другите земји. Како што може да се прочита, тој е крајно негативен. Дури и ги обвинува за фалсификат. А за да биде фијаското поголемо, тој дури и се гордее со НР Македонија, но и со Југославија, па и делото на Јосип Броз-Тито, надевајќи се, ни повеќе, ни помалку на зголемување на југословенското влијание во македонската култура. Зарем тоа личи на македонски Бугарин, или на човек кој тогаш се борел против Југославија? Секако дека не. Како што говорев и поназад, а за што и оваа статија е доказ, неговите неволји воопшто не се поврзани со Македонија, туку со Информбирото и неговиот сталинизам. Неговите неволји почнале дури во 1948 година, кога ја прифатил резолуцијата на Информбирото во однос на КПЈ. Секој што може, нека ја прочита книгата "Голи Оток - Остров на смртта". Таму ќе ги најде сите пофалби за Сталин и за СССР, воздигнувајќи го Сталин до небесата, нарекувајќи го борец за вистината и нарекувајќи на неговата смрт планетарна трагедија. А тоа дело е пишувано во 1980 година. Тоа говори доволно. А кога се ова ќе се спореди со неговите пишувања во делото "Крвта вода не станува", станува јасно неговото делување и пишување. А тоа најмалку е делување на човек кој стои цврсто зад својот национален идентитет. Единствено цврст е неговиот сталинизам и љубовта кон Сталин и СССР. Токму затоа и бил прогонуван. Јасно е веќе се. Уште еден мит падна. |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Oва е обидот на Венко да се оправда пред јавноста, под притисок на власта секако. А како што може да се види, она што го глорификува насекаде, Резолуцијата на Информбирото, а кое било најголем проблем за нормализирање на односите меѓу него и КПМ, не е ниту спомената. |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |