|
Законот и Евангелието |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | ||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 18.Јули.2009 во 20:27 |
|
,,1 Во времето додека Павле и Барнаба беа во сириска Антиохија, имаше неколку луѓе дојдени од Јудеја што им говореа на новообратените христијани од нееврејско потекло дека, ако не се обрежани според обичајот оставен од Мојсеј, не можат да бидат спасени. 2 Павле и Барнаба не се согласија со ова, па дојде до голема расправија. Затоа се договорија, Павле, Барнаба и неколкумина од нив да појдат кај апостолите и старешините во Ерусалим и да се посоветуваат во врска со ова прашање. 3 Така испратени на пат од црквата минуваа низ Феникија и Самарија, и патем застануваа да ги посетат христијаните. Во текот на тие посети подробно им раскажуваа дека и луѓе што не се Евреи се обраќаат кон Бог. Со тоа многу ги израдуваа тамошните христијани. 4 Кога Павле и Барнаба стигнаа во Ерусалим беа примени од тамошната црква, од апостолите и старешините. Им раскажаа за се што Бог направи преку нив. 5 Но станаа неколкумина што порано биле фарисеи, а сега беа христијани, па рекоа дека е неопходно сите новообратени што не се Евреи да се обрежат и да им се нареди да го спроведуваат Мојсеевиот Закон. 6 Апостолите и старешините се собраа, за да го разгледаат ова прашање. 7 По една долга расправа, стана Петар и им рече: „Луѓе, браќа, вие знаете дека уште од првите денови Бог избра другите народи токму од мојата уста да ја слушнат Радосната вест и да поверуваат. 8 Бог, Кој ги познава човечките срца, потврди дека ги прифаќа и неевреите со тоа што им го даде Светиот Дух, како и нам. 9 Тој не направи никаква разлика меѓу нас и нив. Ги исчисти и нивните срца преку вера. 10 Зошто сега вие не го прифаќате начинот што Бог го одбра и врз вратовите на нееврејските христијани ставате јарем, кој ниту нашите предци, ниту ние не можевме да го носиме? 11 Ние веруваме дека спасението и за нас и за нив е преку дарежливата благонаклоност на Господ Исус.“ 12 Тогаш сите што беа собрани замолкнаа и ги слушаа Барнаба и Павле како раскажуваат за многубројните видливи докази и чуда што Бог ги направи преку нив меѓу нееврејските народи. 13 По нив проговори Јаков: „Луѓе, браќа, слушнете што ќе ви кажам! 14 Симон Петар ви објасни како самиот Бог најнапред се погрижи да придобие Свои луѓе и од другите, нееврејски народи. 15 Тоа е во согласност со претскажувањата на пророците, кои ги запишале Божјите зборови: 16 ,Подоцна ќе се вратам и ќе го обновам паднатиот шатор на Давид, урнатините ќе ги поправам 17 така што остатокот од човештвото, меѓу кои се и сите нееврејски народи кои Јас сум ги повикал да бидат Мои, ќе можат да Го најдат Господа.‘ Вака рече Господ, 18 Кој уште пред векови ни ги објави овие нешта. 19 Затоа јас сметам дека не треба да им отежнуваме на луѓето од нееврејско потекло кои решиле да се свртат кон Бог. 20 Да им напишеме само да не јадат месо што е принесено како жртва на идоли, да се пазат од блуд, да не јадат задавени животни и да не консумираат крв. 21 Зашто овие закони од Мојсеј се проповедаат секоја сабота по еврејските синагоги во сите градови.“ 22 Тогаш апостолите, старешините и целата црква во Ерусалим решија да изберат луѓе и да ги испратат во сириска Антиохија, заедно со Павле и Барнаба за да им ја пренесат оваа одлука. Одбраа двајца од водачите на црквата: Јуда, наречен Барсаба, и Сила. 23 Ним им го предадоа следново писмо: “Од апостолите и старешините, ваши браќа од Ерусалим, до христијаните од нееврејско потекло во Антиохија, Сирија и Киликија. Поздрави до вас! 24 Слушнавме дека кај вас дошле луѓе одовде и, без да добијат од нас никакви упатства, ви издавале разни заповеди, со што многу ве вознемириле. 25 Затоа, откако постигнавме согласност по ова прашање, избравме луѓе што ќе ги испратиме кај вас, заедно со нашите сакани Барнаба и Павле, 26 луѓе што Му ги посветиле своите животи на нашиот Господ Исус Христос. 27 Ги испраќаме Јуда и Сила, кои и усно ќе ви го објаснат ова што ви го пишуваме. 28 Светиот Дух и ние решивме да не ве оптоваруваме со други бремиња, освен со овие неколку нешта, што се неопходни: 29 да не јадете месо што е принесено како жртва на идоли, да не консумирате крв, да не јадете задавени животни и да се пазите од блуд. Доволно е да се придржувате до овие упатства. Бидете поздравени!“ (Дела Апостолски 15:1-29) Дека Павловите посланија се дел од Светото Писмо потврдува и следниве стихови: ,,15 Ценете ја трпеливоста на нашиот Господ, бидејќи таа дава можност што повеќе луѓе да се спасат. За тоа ви пиша и нашиот сакан брат Павле, воден од мудроста што Бог му ја дал.16 Тој за ова пишува во сите свои писма. Во тие писма има и работи што се тешки за разбирање, па некои неуки и неутврдени луѓе ги извртуваат, како што извртуваат и други делови од Светото Писмо. Така самите ќе се уништат. (2Петрово 3:15,16) |
||
Вера, надеж, љубов
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Diskusijata sto se razvrza po otvorenata tema e povrzana so Zakonot i Hristijanstvoto. Mozhebi samo izgleda deka izlaga nadvor od nejzinite ramki...
Vo sekoj sluchaj, za da bidat site chelnovi zadovolni, kje gi razdelam komentarite so druga tema - Hristijanstvoto i svetovniot zhivot Изменето од Messenger - 14.Јули.2009 во 03:15 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас не знам уште колку пати ќе треба да повторам, ама ајде се надевам дека ќе сфатите.
ТЕМАВА Е ЗА МОЈСЕЕВИОТ ЗАКОН И ЕВАНГЕЛИЕТО, А НЕ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАКОНИ И ЕВАНГЕЛИЕТО. ГИ МОЛАМ МОДЕРАТОРИТЕ ДА ИНТЕРВЕНИРААТ ПРИ СЕКОЕ ОДВЛЕКУВАЊЕ НА ДИСКУСИЈАТА ВО ДРУГА НАСОКА. |
||
Вера, надеж, љубов
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Izvini, no izgleda jas nemozham da se snajdam vo dosega navedenite citati... dali mozhesh da gi navedesh ushte ednash drugite citati, koi ne se od Pavle, a preku sekoe somnenie ja potvrduvat Pavlovata interpretacija? |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Темата не беше насочена да одговори на тоа прашање. Дискусијата тргна во погрешна насока и почнавме да збориме за граѓанскиот закон а не за Мојсеевиот Закон што беше и мојата главна идеја. Дека воведот во темава не е ексклузивно Павлова доктрина потврдуваат и други цитати од Светото Писмо. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
OK, koga vekje utvrdivme deka nemozhe da postoi funkcionalno svetovno hristijansko opshtestvo, da mineme na teorija...
Izneseniot stav na vovedniot komentar na temava, potkrepen podocna so citati od Noviot Zavet, jasno pokazhuva deka toj se temeli na interpretaciite na Pavle. Postojat li drugi citati od Noviot Zavet, od Isus ili drugite apostoli, koi bi bile ednoznachni so vekje navedenite ? |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Би сакал оваа дебата да биде теолошка а не општествена. Хамза, Христијанството нема за цел да се поистовети со државата. Црквата и државата постојат паралелно.
|
||
Hamza
Група Регистриран: 12.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 72 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...
Изменето од Hamza - 13.Јули.2009 во 00:16 |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Штета што така ги разбираш нашите коментари... Ниту моите, ниту на Месинџер коментарите не се со цел да се зборува за хомосексуалност или за справување со прекршувањето на законите... Зборуваме за практичната примена на Законот. И уште нешто(што го поставив малку погоре) - еднаквоста на гревовите (и нивната казна) во Новиот Завет. Изменето од zidarski - 07.Јули.2009 во 06:56 |
||
Do what is right, come what may...
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Оваа тема ја замислив како место каде би можеле да дискутираме за држењето на Божјиот Закон и за Евангелието, а не за тоа како Христијаните ќе се справуваат со луѓето кои ги прекршиле граѓанските закони, или пак како дискусија за хомосексуалноста. Се надевам дека дискусијата ќе тече во посакуваната насока.
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зидарски, не би сакал овде да се распливуваме, сепак темата овде е Законот и Евангелието, па би препорачал дискусијата за хомосексуалноста да ја продолжиме во таа тема.
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Меси зар не го прочита почетокот од овој пост? Зар не реков дека кога човек ќе поверува дека Исус умрел место него ќе биде исполнет со Светиот Дух? Влијанието на Духот не е сеопшто, туку само во верниците. Но и кај верниците не е подеднакво силно. Тоа зависи од верникот и од неговата отвореност кон Бога. Да не излезе дека зборувам моја филозофија еве ти и цитати:
,,Грешните телесни похоти се противат на дејствувањето на Светиот Дух, а Светиот Дух се противи на дејствувањето на грешните телесни похоти. Овие две сили се борат една против друга. Тоа значи дека нема да можете да правите се што ќе посакате.’’(Галатјаните 5:17) ,,Тие што Му припаѓаат на Исус Христос, ја имаат распнато својата грешна телесна природа, заедно со нејзините необуздани желби и страсти. ’’(Галатјаните 5:24) |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајде точно да видиме што вели Светото Писмо, а не да вадиме делумни цитати...
(1Коринтјани 6) 9 Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјото Царство? Не измамувајте се! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци), 10 ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото Царство. Светото Писмо е јасно - не се прави никаква разлика меѓу блудниците, хомосексуалците, прељубниците, мекушците, крадците, лакомците, пијаниците, клеветниците, крадците. Ниту еден од нив нема да го наследи Божјето Царство. Но - никаде не вели дека ќе одат в затвор, дека треба да се праќаат на психијатриски третмани, дека треба да се лечат со терапии... Напротив... дава многу едноставен лек за сите нив: (1Коринтјани 6) 11 И некои од вас беа такви. Но, се измивте, и се осветивте, и се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос и во Духот на нашиот Бог. Значи - грешниците (некои од луѓето на кои им се обраќа биле такви!) - се измиле, се осветиле и се ОПРАВДАЛЕ во името на нашиот Господ Исус Христос... Како што гледате - овој стих е веднаш по двата стиха во кои се набројуваат различните видови грешници. Уште повеќе - погледнете што вели самиот Бог во Јован 8: 7 Но бидејќи и натаму Го прашуваа, се исправи и им рече: „Кој е од вас безгрешен, нека прв фрли камен врз неа!” Болдираниот текст е битен заради две работи. Прво - затоа што е директно обраќање од Бога (Христос) да не судиме наместо Него. Второ - затоа што ги поистоветува гревовите! Не вели - Кој од вас не направил блуд, нека прв фрли камен. Вели - Кој од вас е БЕЗГРЕШЕН. Без никакви гревови. Без блуд, содомија, пијанство, разбојништво, клеветништво....... Давиде - идејата дека за секој грев има различна казна, само докажува дека казните се граѓански, но не и Божји. Затоа што Божјата Казна е само една - неприпаѓање кон Царството Божје, односно Негово ненаследување. Алдра, токму така - ако сме го наследиле моралниот дел од Законот, кој пред се се содржи во 10-те заповеди, тогаш следи дека прељубата е "потежок" грев од хомосексуалноста, затоа што таа е спомната како една од заповедите. Ова го велам само споредбено, затоа што сепак, гледаме од Новиот Завет, дека сите тие гревови се поистоветени и казната за сите нив е една. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
I kade gi gledash tie raboti vo sekojdnevniot zhivot? Deka posle Isusovoto raspetie Duhot vo site lugje proizveduva onoa sto Zakonot ne mozheshe? Lugjeto i natamu se istite kako sto bea i porano. Isto dobri, sto loshi, isto lazhat, kradat, ubivaat, izneveruvaat... pokazhi mi eden chovek vo koj Duhot vlegol i napravil takvo chudo. Jas do sega nemam sretnato nitu eden takov chovek. Da, znam nekoi koi stanale podobri od toa sto bile porano, deka se smirile, deka povekje ne se tepaat, ne pijat, ne se kockaat, no sepak so toa samo im se priblizhile na onie "normalnite" sekojdnevni lugje koi ni najmalu ne gi smetame kako chudesno preporodeni od Duhot. Ako duhot vlegol vo nas i pravi chudo sto nemozhe Zakonot da napravi, togash jas vo lugjeto ne gledam takvo chudo. Mene s'e mi izgleda kako redovna normalna sostojba. Sega vo sto e rabotata? Dali ovaa sekojdnevna sostojba e taa chudesnata koja ja sozdal Duhot koga vlegol vo lugjeto? Dali Pavle mozhebi ne bil vo pravo koga go propagiral ova veruvanje ako sudime spored onoa sto sekojdnevno go gledame okolu nas? Dali Duhot ne raboti podednakvo silno na sekogo? Mozhebi lugjeto reshavat dali kje mu dozvolat na Duhot da vleze vo niv? Ako e taka, togash dali za takvite i natamu treba da vazhi Zakonot...? Ako treba, togash zoshto ne go koristime? Ako ne treba, togash sto kje pravime so niv ? Ako go koristime, dali toa kje bide vo celost ili samo parcijalno? Ako e parcijalno, koj kje odredi koi delovi kje gi koristime, a koi nema? |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |