|
Слики од убави места во МК |
Внеси реплика | страница 123 11> |
Автор | |
sikter
Сениор Регистриран: 01.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 650 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 27.Март.2014 во 00:41 |
poubavo....zdravje!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија низ очите на Myrthe, опишано на блогот fiddleflower.wordpress.com
„Некаде помеѓу сонот и случајноста, решивме да ја откриеме Македонија. Сакавме да биде авантура, па затоа земавме само два билети за автобус, два куфери, се фативме за рака... и една малечка книга за како да зборуваме македонски. Патувањето помина одлично и ни се допадна погледот низ прозорецот кој постојано се менуваше. По 30 часа спиење, читање и разговори со различни луѓе од различни земји, пристигнавме во Белград. Сакавме да стигнеме до Македонија колку што можемепобргу, па започнавме да се распрашуваме како да го изведеме тоа. Само 1 час подоцна се качивме во автобус кој одеше до Скопје и имавме уште 6 и пол часа пат. Беше октомври и ноќта брзо дојде. Бевме гладни и изморени... Што ќе јадеме вечер? Каде ќе преноќиме? Ништо не можев да видам низ прозорецот од темнината и постојано се прашував како изгледа Македонија преку ден... Тогаш автобусот застана. Конечна дестинација. 10 часот навечер и добредојде на скопската автобуска станица. Одевме... Една мала пекара беше отворена. Нарачавме нешто вкусно и прашавме за мала помош. Побаравме место каде би можеле да преноќиме. Нема проблем! Неколку минути подоцна пристигна нашето такси. За само неколку евра нè однесе до пристојно и не прескапо место. Ни се чинеше како прекрасна авантура! Такси возачот беше пресреќен со неговите патници од Франција што започна да пее и да вози побрзо од вообичаено. Ни изгледаше (во најмала рака) поднапиено. Конечно бевме пресреќни што пристигнавме во хотелот. Ја прифативме собата од едноставна причина што очајно сакавме да преспиеме на мек кревет. Беше недела и имаше гласна забава до нас. Заспавме со звукот од Donna Summer. Сонцето изгрева рано над Скопје. Додека лежевме во кревет не можевме да се одлучиме дали сонуваме или навистина сме тука. Одлично беше чувството да го откриваш главниот град на Македонија. Градот ни посака енергично добредојде. Се заљубив во чаршијата каде што можете да купите сè, започнувајќи од антиквитети, па сè до локални овошја и зеленчуци. Јадевме македонска шопска салата на тераса. Јас пиев чаша македонско вино, тој шише македонско пиво. Животот е прекрасен! Наредното утро сакавме да го напуштиме градот и сите ни кажаа дека имало автобус на секој час. Се спакувавме и нетрпеливо чекавме на автобуската станица. Тргнавме на пат кон Охрид за да го видиме едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа. Прекрасен поглед низ прозорецот! Планини, овчари, овци и кучиња... Туристичката агенција во Охрид беше затворена. Нема проблем! Една девојка нè праша дали ни треба соба... Ја следевме и преноќивме во нејзината куќа 4 вечери. Нè пречека топло и пријатно. Охрид е одличен. Езерото е прекрасно, луѓето се пријатни и храната е вкусна! По посетата на главниот град и познатото езеро, дојде време за посета на селата низ Македонија. Луѓето кои ги прашавме, рекоа дека нема автобус за таму каде што сакаме да одиме.. Интересно... И навистина се заглавивме - во Ресен! Малечко гратче во близина на Преспанското Езеро, каде што всушност сакавме да одиме. Побаравме такси возач кој ќе нè однесе до блискиот хотел. Воедно, единствениот кој работи во овој дел од годината. Такси возачот беше симпатичен и пријатен, но изгледа нè сметаше за богати туристи. Ни даде број од хотелот, па од таа страна една млада девојка ни понуди соба. Но, не ни одговараше. Такси возачот сега нè однесе до најблиското село и ги распраша локалните станари за слободна соба за преноќевање. Еден човек кој работеше на покривот на неговата куќа го зема телефонот и ни пронајде сместување кај негов пријател. Се сместивме во апартман со поглед кон езерото. Имавме исполнето време покрај Преспанското Езеро. Беше тивко и прекрасно. Ни го покажаа и најблискиот локален супермаркет. Луѓето беа повеќе од гостопримливи. Но, тогаш дојде време да си одиме. Го фативме првиот автобус, рано изутрина и назад кон Ресен. Од село во град. Од Ресен во Битола! Тоа беше љубов на прв поглед! Прекрасно место, уште попрекрасни луѓе! Пронајдовме одличен апартман во самиот центар и ужувавме во убавините на градот и чаршијата. Од град, кон друго езеро. Дојран, нашата крајна дестинација пред да се вратиме дома. Автобусот нè донесе до најблискиот хотел, но ние упорно одевме за да пронајдеме приватно сместување... Одлично искуство! Беше ноември и сè уште имаше 26 степени. Сонцето грее секој ден и на македонското знаме не му треба никакво објаснување! Македонците се како сонцето! Јас сум заљубена во нив!“ |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најубавите градби во Македонија (Трет дел)Сигурно една од најубавите образовни градби во Македонија. Изградбата започнала во 1908 година, а градена е по фотографија на една француска зграда во неокласичен стил. Инвестицијата за изградба на оваа зграда е од охриѓанецот Ејуп Сабри. Самата зграда има многу намени, била турска управа, војничка касарна, општина, училиште со интернат и многу други, се до 20-тите години од минатиот век, кога започнала зградата да ја врши функцијата која има и во денешно време, средно училиште. Во 1936 биле изгорени најгорните два ката, кои по реновирањето повторно се изградени, и е вратен стариот изглед на оваа прекрасна градба. Палатата на плоштадот Македонија, во нашиот главен град, е изградена во 1926 година, по проект на архитектот Драгутин Маслаќ. Изградена е по нарачка од српскиот фармацевт Владислав Ристиќ, кој палата ја користел како деловен простор, во долните катови, додека во горните катови, живеела фамилијата Ристиќ. Зградата е една од ретките градби во центарот на градот, која го преживеа земјотресот во 1963 година. Денес, палатата е деловен комплекс. Една од најголемите средновековни градби на овие простори. Изградена е по мисијата на светите браќа Св. Кирил и Методиј, додека во некои извори, се вели дека е изградена во времето на архиепископот Лав, од 1035 до 1056 година. Првобитно имала само една голема купола, додека во 14-от век било доградено и предворјето, со што се добива прекрасна целина. Во 15-от век, од страна на Отоманците, црквата била претворена во џамија, каде што иконостасот бил покриен со вар, биле издигнати минариња и одстранет олтарот. Во 20-от век, започнало реставрирање на самата црква и враќање на стариот сјај, и со тоа е вратен изгледот кој може и денес да го сретнеме, во оваа прекрасна катедрала.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најубавите градби во Македонија (Втор дел)Најпознатото обележје на нашиот главен град. Симболот на Скопје, кој е неизбежителен дел при посета на градот. Преку
Шарената Џамија во Тетово е можеби најживописната градба, изградена во Македонија. Меѓу народот е позната како
Овој архиелошки локалитет, се наоѓа во |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најубавите градби во Македонија (Прв дел)Исто познат како |
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Oblasta narecena Kuklista - Kratovsko |
|
Macedonian85
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 28.Август.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пред некој ден слушајно разгледував една веб страна на англиски за туризам и патувања, и случајно видов дека има некои работи и за Македонија. Сликите што се изберени се супер, а има и доста пишувано.
Линк од македонските дестинации На Фејсбук страната има доста и македонци така да претпоставувам дека македонец ја правел ама како и да е, вреди да се поддржи. Изменето од Macedonian85 - 28.Август.2011 во 05:49 |
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лешочки манастир
На 8 километри оддалеченост од градот Тетово, на југоисточното подножје на Шар Планина, лежи селото Лешок. Сместено во прекрасен природен амбиент, збогатен со чистиот планински воздух, селото со своите исклучително поволни климатски карактеристики е едно од најпријатните и најздравите места во Македонија. Од тие причини, веќе педесетина години, таму постои болница за градни болести. Во т.н. Горно Лешочко маало, на надморска височина од 610 метри, се наоѓа познатиот Лешочки манастир, во чиј комлекс постојат црквите Свети Атанасиј и Света Богородица, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век. Со неговото доаѓање од Света Гора, во 1818 година, обновени се манастирските конаци, основана е манастирската библиотека, а Лешок прераснал во книжевен и просветен центар. Манастирските конаци денес се реновирани, располагаат со сместувачки капацитети и особено се погодни за летен манастирски туризам. До манастирот постои редовна, на секој половина час, автобуска линија Тетово-Лешок. |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чеплес и Бабуна магнет за туристи
Папрадиште, Чеплес, Богомила, Нежилово се дел од понудата која остава простор секој да си најде место какво што посакува Неповторливата убавина на велешки Азот посетителите може да ја почувствуваат преку повеќето објекти што изминативе години регионот го направија актуелен и привлечен за гостите. Овој предел во секое годишно време носи скапоцени моменти на средби со природните убавини, вклопени во несекојдневни пејзажи. Етнокуќа во Бистрица На неколку километри пред Богомила се наоѓа селото Бистрица. Таму е сместена етнокуќа која постои пет години со повеќе од 300 старински предмети. Тие се ретки и вредни бидејќи некои од нив датираат и од пред два века или, пак, дел повеќе ги нема, исчезнале. Сместено во поранешното основно училиште, музејот е на крајот од селото со убав поглед кон соседна Богомила и регионот на Азот. Овој музеј, редок за наши услови, е основан од здружението на граѓани „Разбој“. Музејската збирка се состои од носии, разбој, софра, врчва, бочва, килими и многу други мали но значајни предмети кои биле во секојдневна употреба од нашите предци, а сега времето ги исфрлило. Соколовец |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Убава збирка на слики од монографијата Amazing Macedonia во slideshow
|
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
so kakov entuzijazam e ova kazano mislis za Pariz stanuva zbor.....
|
|
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Село Селци
Селото Селци се наоѓа на северозападниот дел на Струшка Малесија на надморска височина од 1050m. Се наоѓа на околу 35 км одалеченост од градот Струга, патот е асфалтиран со тоа што само 7км пат до селото е земјен пат. Во негова близина на околу 2km се наоѓа и селото Буринец. Овие две села ги дели само Слаилска река. Селци се наоѓа од десната, додека Буринец од левата страна на Слаилска река која се влива во Црн Дрим. За време на Илинденското Востание во 1903год. Старата црква Свети Никола била запалена и изгорена. За неа селчани раскажуваат дека имало фрески на Цар Самоил, на кралот Волкашин, Крале Марко и архиепископот Јован Охридски. Сегашната Селската црква го носи името Свети Никола и е единствена црква кај нас која е изградена во руски стил, и исто така е единствената црква од време турско изградена на две скалила повисоко од тогашните џамии. Селска слава на селото е Свети Никола, а исто така се слави и празникот Свети Атанасиј (Танасовден) зимен. Поради тоа што овие два празника спаѓаат во зимскиот период, а и поради непристапноста до ова село во зимски услови селчани се собираат и прославуваат на втори Август, за денот Илинден. Инаку Селци е богато со вода и во самото село постојат повеќе чешми и извори. Селци е печалбарско село, а селчани се познати како добри пекари. Исто така вредно е да се спомене дека од ова Малесиско село потекнуваат и нашите двајца големи дејци Војдан Чернодрински и Арсениј Јовков. Ова село е викенд село и во него повеќе не живее никој. Селото изобилува со бујна вегетација и убава природа и најдобро е да се посети во секој период од годината бидејќи во секое време недопрената природа има да ви го прикаже најдоброто.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Водопадот на Длабока река
Водопадот на Длабока река се наоѓа на масивот Кораб под Мала корабска врата, на кањонот на Длабока река. Водопадот се напојува од снеговите што се топат и од мали извори под Мал кораб. Затоа препорачливо е да се посетува во месеците мај, јуни и јули.До овој водопад се пристигнува од селото Нистрово. С. Нистрово се наоѓа на патот меѓу Маврово и Дебар, одејќи по тој пат се врти десно на местото каде Рибничка река се влива во реката Радика. По напуштањето на патот Маврово - Дебар, се оди 1,7 км покрај Рибничка река и се доаѓа на мост после кој има раскрцница и се врти во десно. После вртењето по патот се доаѓа до с. Нистрово (вкупно 5,3 км од свртувањето на патот Маврово - Дебар до с. Нистрово), пред кооперацијата (која не работи) се остава возилото.
Од с. Нистрово се тргнува кон с. Жужње кое е напуштено, по селски пат и се стигнува за околу 40 минути. Кај с. Жужње се избира по кој пат ќе се оди кон водопадот. Едниот пат е по течението на реката, а другиот по патека која оди под врвот Кабаш. Ако се оди покрај реката тогаш потребно е да се движите на десната страна на реката, се оди по ливади. По околу 40 минути кањонот се стеснува, првин се влегува во борова шума, а потоа во букова. Патеката е добро обележана (со црвена боја). После вкупно 90 минути пешачење од с. Жужње потребно е да се премине на левата страна на реката, нема мост но има паднати дрвја од лавина, кои служат како мост. Потоа првите петсто метри нема патека заради лавината, се оди покрај река по маркација. По 10 минути се наидува на патека и се движите по неа околу 40 минути. Потоа пак се преминува на десната страна на реката користејќи се со паднати дрвја, тука пак се наидува на широка патека. Се продолжува по букова шума и по 10 минути кањонот се отвора и во далечина се појавува Водопадот на Длабока река. Од Доколку не сакате да се враќате по истиот пат тогаш може да се искористи патеката под врвот Кабаш. Прво од самиот водопад се оди покрај реката 10 минути од десна страна по течение на Длабока река, се појавува широка патека која се ве води по ивицата на самата шума, после 30 минути пешачење се наоѓате под самиот врв Кабаш (цело време се искачувате). Под Кабаш патеката врти лево и влегува во ниска шума, се спушта цик-цак, потоа влегува во букова шума, за 40 минути пристигнувате до една ливада, тука патеката врти лево и влегува во висока букова шума (наидувате на дрвја на кои се напишани имиња), патеката се спушта полудесно, после 15 минути наидувате на големи ливади, на ливадата нема потреба да се движите по средината и право надоле на крајот на ливадата побарајте маркација. Кога |
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jas bev 2006 ta tuka |
|
Внеси реплика | страница 123 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |