IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Остров Закинтос
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Остров Закинтос

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Остров Закинтос
    Испратена: 08.Април.2014 во 16:33
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Originally posted by емил емил напиша:

Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Го најдов на Фејсбук постирано, па за песната го ставам. Инаку куп лудацизамисленост


 

ако Закинтос го посетуваат истите девојки како од спотот може и да се замислам за лето 2015 мечтаење

Не знам Емил, прашај гисмеење

А оваа година каде?голема насмевка
 

Созопол трепкање
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 15:18
Originally posted by емил емил напиша:

Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Го најдов на Фејсбук постирано, па за песната го ставам. Инаку куп лудацизамисленост


 

ако Закинтос го посетуваат истите девојки како од спотот може и да се замислам за лето 2015 мечтаење

Не знам Емил, прашај гисмеење

А оваа година каде?голема насмевка


Изменето од evangeline - 08.Април.2014 во 15:19
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 15:10
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Го најдов на Фејсбук постирано, па за песната го ставам. Инаку куп лудацизамисленост


 

ако Закинтос го посетуваат истите девојки како од спотот може и да се замислам за лето 2015 мечтаење
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 15:04
Го најдов на Фејсбук постирано, па за песната го ставам. Инаку куп лудацизамисленост


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 16:50

Најдобрите плажи на Закинтос

Најдобрите плажи на Закинтос
Прекрасниот јонски остров Закинтос е едно од најубавите места за одмор во Грција. Пред да отпатувате таму, прочитајте кои се најдобрите плажи кои едноставно мора да ги посетите…

Каламаки

Долгата песочна плажа Каламаки се одликува со чиста и плитка вода, а се работи за релативно потивка плажа од онаа во Лаганас, попогодна за семејства и за луѓе кои сакаат да уживаат во мирот додека се на плажа. Единствена негативна страна е тоа што авионите прелетуваат од и кон аеродромот токму преку оваа плажа. Но, од друга страна, поради фактот што плажата се наоѓа во заштитена зона, водените спортови не се дозволени.

Лаганас

Лаганас е плажа која е позната како центар на забавите. Се наоѓа во залив долг 9 километри, кој е речиси во целост прекриен со песочно пространство. Сепак, и покрај импресивната должина, оваа плажа може да стане пренатрупана во летниот период, кога сите сакаат да фатат место токму на Лаганас.

Геракас

Според туристите кои го посетиле Закинтос, ова е најубавата плажа на целиот остров. Во непосредна близина на оваа плажа живеат загрозените желки, па поради тоа не се дозволени водени спортови и исто така, посетите се забранети од зајдисонце до изгрејсонце (предвидени се казни за прекршителите). Но, мирната, песочна плажа со кристално бистра вода дефинитивно вреди да се посети, доколку сакате да искусите барем неколку часа потполн мир и хармонија со (речиси) недопрената природа.

Навагио

Плажата Навагио може да се посети само со турите со бротчиња. Таа стана многу популарна поради приказната за засуканиот брод во заливот и, особено во летниот период, е посетена од многу луѓе. Но внимавајте – и покрај фактот што пејзажот е фантастичен и претставува едно од најфотографираните места во Грција, водата е прилично студена, дури и во врвот на летната сезона, поради подводните струи, така што е малку веројатно дека ќе можете подолго да останете во вода.

Аргаси


Плажата во Аргаси е долга околу 1 километар, со ситна песок и повеќе мали заливчиња кои даваат посебна атмосфера. Местото е многу популарно, поради тоа што е релативно блиску до главниот град, Закинтос (околу 5 километри); но и затоа што нуди забава преку ден (шанкови на плажа, водени спортови од најразличен вид, забави итн.), како и во вечерните часови (барови, таверни, ресторани итн.).

Ксигија

Се работи за мала и симпатична плажа, на крајот од многу стрмен пат, која се наоѓа на северо-источниот дел од Закинтос. Непосредно до плажата постои подводен извор на сулфур, поради што се чувствува умерен мирис. Но, освен тоа, плажата Ксигија е беспрекорно убава и ќе ви овозможи едно доста автентично искуство.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 10:18

Зошто Закинтос?

Зошто Закинтос?

Сѐ уште се двоумите каде да го поминете долго очекуваниот одмор? Доколку една од потенцијалните дестинации ви е прекрасниот јонски остров Закинтос, еве неколку причини зошто да отпатувате токму таму…

Закинтос, познат уште и како Занте, претставува возбудлива дестинација за летните одмори. Овој остров ви нуди можности за креативни, опуштени и авантуристички одмори, нешто што ќе ги задоволи вкусовите и на оние што сакаат мирен, семеен одмор, но и на оние што се во потрага по нешто необично, романтично, забавно…

silhouette-island-seychelles-wallpaper-1280x800

Закинтос претставува центар на забавите во целиот јонски регион на Грција, брегот на островот е обвиен со преку 130 километри прекрасни плажи, централната маса е прекриена со неверојатно бујна вегетација која ги одмара очите и ги полни градите со чист воздух, но покрај тоа, постојат уште десетици причини зошто да тргнете кон Закинтос:

- Закинтос е местото каде што се гнездат морските желки карета, кои се заштитен вид. На неколку плажи во близината на Василикос ќе имате уникатна можност да ги погледнете нивните гнезда.

careta careta

- Сместувачките капацитети на овој остров ги нудат сите погодности на модерното време, а не го загрозуваат балансот на природата. Како ретко каде, Закинтос нуди совршен спој на урбаното и дивото, нескротеното.

bohali3

- На островот се наоѓаат огромен број споменици и археолошки наоѓалишта, кои сведочат не само за сјајниот антички период, туку и за бурното средновековие, кога Закинтос се наоѓал под власт на Венеција.

- Жителите на Закинтос имаат огромна почит кон уметноста и културата, прифаќајќи ги за своевиден начин на живот, а сето тоа се пренесува и во односот кон туристите.

47497240

- На Закинтос се изградени голем број цркви и манастири во уникатно опкружување, места кои ги мамат сите верници, но и луѓето кои уживаат во природните убавини.

- Засуканиот брод на плажата Навагио е една од најпопуларните туристички атракции во цела Грција и можеби најфотографираното место во оваа земја.

panagiotis-on-zakynthos-island-greece

- Закинтос изобилува со уникатна флора. Специфичните цвеќиња кои виреат на островот оддаваат специфичен сладок мирис некаде по зајдисонцето.

K. Lomvardou Ave (Strada Marina), Zakinthos, Ionian Islands, Greece

- Закинтос е можеби последното место во Грција, каде што е зачувана авентичноста на таверните. Неретко, таму можете да видите како келнерите ја прекинуваат работата, земаат гитара и започнуваат да ги забавуваат гостите, како во старите добри времиња.

zakynthos-portul




Изменето од Valerija - 25.Февруари.2014 во 10:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2013 во 04:46
Originally posted by BellaGrandma BellaGrandma напиша:



Ako ispustiv nesto, prasaj...

 
Наполно ме задоволува отговорот . Јас само сакав да споредам грчката евтинија со еден од поскапите бугарски места за одмарање Созопол каде ќе одам во средината на август . Така како што видов 500-600 евра са наполно доволни за во Грција ,толку колку сум и јас спремал за Созопол за 7 дена 700 евра плус уште 120 за спиење и 40 евра за пат отивање и враќане . 

Благодарам 
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2013 во 00:06
Pa za toa sto sum platila znam kolku sum platila, ne treba mnogu mozok za da zapamtis sto si kupil ti kolku cinelo
Sekoj den sok, cips, nekoe kolace i po nekoja praska od supermarket, plus kafe sok ili pivo za lezalka, posle edna salatka i dovolno e do rucek...za rucek druga pesna....

A vaka after party dovolno mi se 2 koka koli po skopskive kafici...mene mesto ne me drzi
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
aurelianus Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 202
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aurelianus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2013 во 23:19

i ti,se ova pogore ...mislam cenite,gi zapamti?изненадување

garant sega uzivas vo domasen ambient i bogami ubavo se odmaras.намигнување

8"
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2013 во 13:00
Vo princip all inc odam samo koga planiram penzionerski odmor zatoa sto retko koi hoteli ke ti ovozmozat lunch paket ako ne rucas..a nie setavme po plazi po zelki po ostrovi itn.. Greota e da odis do tamu a nisto da ne vidis, a ima sto da se vidi Taka da za all inclusive konceptot ne znam..
Apartman za dvajca imase krajot na juni od 20 do 50 evra ako odi covek vo sopstvena rezija...
Cenite na gradskata plaza...
Pivo na plaza od 2 do 5 evra, sok od 2-3 evra, svezo cedeniot 4, kafinjata skoro site po 3 evra, milksejk 3-4 evra , ovosna salata 3,5 - 5 evra, klub sendvici po 4-6 evra (so kompircinja neli..) sadoled 1,5 evra topce, konjak votka i takvi slicni 3-4 evra...ama toa ne se pie na plaza   

Po drugite plazi, onie sto gi spomnav deka se odi so avtobusi lezalkite se 3-4 evra.po covek, a onoa krevetceto sto go iznajmuvavme e 12 evra ama ne znam dali dozvoluvaat povekje od 3 lica..
Tamu cenite se poskapi... Klub sendvic 7 evra, kafeto slicno okolu 3 evra, tost 3evra, cheeseburger 8,7 a hamburger 8 i nesto...sladoled mora 3 topcinja za 4,5 evra, pivoto od 4evra za 330ml pa nagore..

Hranata vo Laganas po prodavnicite ...
1,5 4kroasani, 2,2 evra lebot, od 1,5 evra nagore za sreden cips, maslinovo maslo 8+ evra za litro, soncogledovo 2-3 evra, kolacinja od onie Oreo 1,5 evra i nagore, slicni na niv a pogolemi po 1,2 do 1,8, koka kola od 1,5 litri grcka e 1,6 evra a 2litri bugarska e 1,7 e, praski 3+ evra, cresi 4+, voda 6 sisinja od 1,5 do 1,8 evra..sladoled od 1,5 evra nagore...


Po fast food edno giro 2-3 evra, so limenka sok e 4, parce nikakva pica 1,5 margarita a drugite po 2 evra ama ne se ubavi, porcija giro so sok 5 evra, cheeseburger obrok 7 evra..
Po restoranite ima kompletno meni od 13 evra po covek so eden pijalok i hrana po izbor, edno predjadenje i edno glavno jadenje... Inaku porcija jagnesko ili svinsko e od 8 evra nagore, cenite se do kaj 15 evra..predjadenjata od 3 evra nagore, pijalocite 3-4-5 evra...

Skuter za iznajmuvanje 15-20 evra, kola od 35 nagore.....najdobri se onie so polno osiguruvanje, skuterite i onie na 4trkala ne podlezat na polno osiguruvanje..

Navecer vo kaficite i klubovite eden shot 1evro, 1jager 2evra, kokteli od 2 za 5 evra nagore...seceni pijaloci 3-4 evra, moze i 5 zavisi sto..
Inaku pijackite im se ocajni, napraveni od najniska klasa alkohol, razredeni i ne gi biva...


Nie emil ne si skrativme nisto, pojaduvavme vo soba, jadevme nadvor, ne se prepivme, se iznasetavme i bi rekla deka ako saka covek da jade nadvor, da odi po razlicni plazi, da iznajmuva lezalki, 1 ili dve ekskurzii da bukira ke mu trebaat 500 evra plus aranzmanot....ako saka da si gotvi doma ke pomine i so 250-300



Ako ispustiv nesto, prasaj...

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2013 во 05:11
После сетотоа кажано колку пари потроши за една недела таму и дозволи ли си се’ што душата ти сакаше или мораше да се откажеш от нешто што си сакала да си купиш или изјадеш примерно . 

Какви се цените на пивото на плажа и на двојната водка со кола или сок во дискотекиве ? 

Кажи и колку се цениве за смештајот за двајца со 1 или 2 деца до 7 години . 

И за олинклузивот ако може да кажеш 3-4 збора затоа што не сум слушнал убави работи за него и дали е така .


Изменето од емил - 09.Јули.2013 во 05:18
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2013 во 03:27
Ако ме служи меморијата оваа е црквата што преживела...Свети Дионисиј




Островот во форма на желка, Маратониси




Ете ја најсликаната плажа Navagio




Креветчињата од кои не ни се станувашецрвенеење


Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2013 во 03:05
Ајде да споделам мое мислење за Закинтос..

Од Скопје до Лаганас се патува околу 16 часа +/- и за оние што не можат да спијат во автобус е измачување! Добро дремнав на враќање ама веќе не знаев ни кај се наоѓам од неспиење..

Кога веќе ќе стигне човек во Килини си мисли дека на крајот на светот дошол, а од таму до Занте има уште 70-80 минути возење со траект..
Главниот град не ме воодушеви нешто посебно, ме потсети на Воден со сите тие улички како лавиринт, просечно плоштадче, по некоја црквичка од која што едната преживеала кој знае колку земјотреси и тоа е тоа. Многу кафичи по главната улица, цени глава боли од читање..
Од таму до Лаганас има околу 7-8 километри, се стигнува прилично брзо..

Лаганас не е ништо посебно, една долга улица и сите клубови поредени по неа. По сите споредни улички се наредени апартмани и хотелчиња, ретко по некој и на главната улица..
Градот е полн со британци, всушност изграден е од нив после катастрофалниот земјотрес па некако си се чувствуваат како дома, а и никој не смее да им писне. Деца од по 15-18 години 24/7 со пластични чаши во раце се журкаат..демек. Ретко нешто трезно да се начека после 22 часот, а ако има тоа сигурно не е од британците. Лаганас има прилично добра градска плажа, со многу кафичи и таверни. Лежалките се во просек по 7 евра со две пијачки или 5 евра без пијачка. Доста е плитко па треба одење и одење кон длабокото додека се стигне до некоја пристојна длабочина за пливање.

Има и други плажи до кои се оди со автобус, има бесплатни автобуси до Ст.Николас и Банана бич, а таму мораш да си платиш 2 лежалки за да добиеш фискална за бесплатен превоз за назад. Инаку такси од таму до Лаганас е неверојатни 30 евра, а има преку сила 15км (испробано ова со таксито за жалне)
Цените по останатите плажи се доста повисоки од нормалните, не знам што се замислуваат еден чизбургер го плативме 8.70 евраглупчо.

Има и други туристички места, пример Аргаси и за разлика од Лаганас местото е многу мало, претежно за семејни луѓе, ама има еден гооолем минус, плажа скоро и да нема.  Предност е што до овие убавите плажи е само 4-5 км па може да се отиде до таму..
Аргаси е поблиску до главниот град, мислам 3-4 км е...
Цените се дупло повисоки од кај нас во супермаркет, доматите на пример 1.8 евра, а краставиците 30-36 денари парчелутина

Navagio плажата е нешто што мора да се види, 25 евра е турата до таму и е целодневно измачување. Целата западна страна на островоржт е карпи и нема ама баш ништо да се види. Такви пештери, онакви пештери..бла бла..

Во близина на Лаганас се наоѓа Агиос Состис и приватното островче Камео. 4 евра влез по човек, лежалки нема и цело е карпи и камења. Голем минус, само изгледот му чини..
Агиос Состис па, е мало селце во продолжение на Лаганас, ништо посебно..

Каламаки е исто така едно од туристичките места на Закинтос..Не е ни од далеку големо колку Лаганас ама мислам дека има поубава плажа.  Тука над глава ќе ви поминуваат авионите пред да слетаат, аеродромот е на километар-два од плажа..


Лаганас и покрај сите негативности е прилично убаво место за одмор, ама ако се собере група млади и заедно да шетаат по кафичите и дискотеките, инаку како нас само двајца малку тешко.
Градот се буди прилично касно, ретко нешто пред 8 да отвори. Ама убаво е наутро за шетање по плажа додека ни пиле не прелетува..

Голем минус за вакви како мене што јадат месо е што месарница не видов, а по супермаркетите не се продаваше ништо од месо. Само еден супермаркет (Експрес) на километар и повеќе од плажа имаше по нешто свежо мевце и ќе ти се одјаде кога ќе стигнеш до таму...и ќе помислиш кој пат те чека за назад по тоа жешко...


И тоа е тоа..

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2013 во 11:53
pogled od kameo island kon maratonisi




banana beach

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.