IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Дебелина кај децата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дебелина кај децата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака Обратен редослед
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Дебелина кај децата
    Испратена: 15.Јули.2010 во 13:18

Не сум била гојазно бебе и дете ама стално сум била покрупна за разлика од другите деца, оти многу милував да си лапкам. Пред  и за време на пубертетот почнав многу да се дебелеам и важев за дебело девојче во основно. После нагло ослабев со диети и чуда и имав нормална тежина се до пред неколку години, НО тежината полека почнав пак да си ја накачувам низ годините, секоја година по кило-две и сега пак сум дебела. А дебелината е далеку од здрава, дали за деца дали за возрасни. Ја отежнува работата на срцето и е предизвикувач на многу други болести како срцеви заболувања и повишен крвен притисок.

Нема правило дека ако некој бил дебел како мал дека цел живот ќе биде истиот или ако е било слабичко дете дека никогаш нема да биде дебел возрасен.
Физичката конституција и метаболизмот се исто така пресудни.
Сакам да кажам доколку детето е склоно кон дебелеење а тоа е воочливо уште од мали нозе треба да му се овозможи да се занимава со физички активности кои ќе помогнат при согорување на калориите и намалување на масните наслаги, да го подобрат и забрзаат метаболизмот.
Не знам колку е точно дека дебелината е генетски наследна но знам дека одредени склоности на организмот се сигурно наследни ама начинот на живот и исхранатата играат многу поголема улога.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
Џо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Каубоец

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Џо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 17:40
Ја како мал дебел...
Почнав некаде во 4то со рекреативно пливање...
Играв баскет секој ден...
И ослабнав и тоа многу, морав нова гардероба да купам ., сеа пак сум нафрлил некое килце али неможе да се каже дек сум дебел...

Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima



Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 17:35
И едно истражување...



-Интензивната физичка активност е поефикасна од активноста со понизок интензитет во напорите за зачувување на виткоста и здравјето на кардиоваскуларниот систем на децата, се вели во заклучокот од студијата спроведена на шведскиот Институт Каролинска.

Дебелината и лошата кардиоваскуларна кондиција се големи проблеми кај децата ширум светот, а физичката активност е докажан лек за двата проблема, смета доктор Михаел Сјестрон, кој го предводел истражувањето.

За да истражат колку интензитетот на физичката активност влијае на дебелината и состојбата на кардиоваскуларниот систем на децата, шведските експерти во текот на четири дена со направата наречена акцелерометар ја мереле активноста на 780 деца на возраст од 9 и 10 години.

Утврдено е дека децата кои секој ден имале физичка активност повеќе од 40 минути, имале помалку телесни маснотии и подобра кардиоваскуларна кондиција од оние кои интензивно физички трошеле само 10 до 18 минути дневно.

Шведските експерти признаваат дека интензивната физичка активност можеби е тешка задача за дебелите деца и на оние со вишок килограми. Затоа препорачуваат таквите деца на почетокот да имаат умерена активност. Со текот на времето  децата постепено треба да ја зголемуваат активноста, како и нејзиниот интензитет и траењето;

-Швајцарската фармацевтска групација Рош Холдинг на Меѓународната конференција за дебелина во Сиднеј објави дека нејзиниот лек за слабеење ксеникал може да безбеден начин да им помогне на адолесцентите да ослабат.

Со споредување на резултатите на дебели деца на возраст од 12 до 16 години, кои во текот на една година употребувале ксеникал, и нивните врсници кои добивале плацебо, е утврдено дека оние во првата група изгубиле значително повеќе килограми. Притоа е констатирано дека најмногу ослабеле и значително ја намалиле својата телесна маса адолесцентите кои најрано почнале да реагираат на третманот со ксеникал, што не зависело од нивната возраст, ниту од полот, ниту од етничката припадност.

Дебелината е најчест проблем кој се однесува на исхраната на децата и адолесецентите во развиените земји и е поврзан со зголемениот ризик од здравствени проблеми, како што се висока содржина на маснотии во крвта и дијабетес тип 2. Претставници на Рош Холндинг тврдат дека ефикасноста и безбедноста на ксеникал е докажана со многу клинички испитувања во кои биле вклучени над 30.000 пациенти.

Лекот дејствува на тој начин што спречува еден дел од маснотиите од храната да се свари и апсорбира во организмот; 

-Девојчињата кои се дебели во раниот пубертет се изложени на зголемен ризик од хиперандрогенемија, состојба во која се регистрира ненормално високо ниво на стероидни хормони, како што се тестостерон и андростерон, утврдиле американските научници. Тие хормони се одговорни за развој на некои машки карактеристики, но што е уште посериозно, и за синдромот на полицистични јајници, состојба што се одликува со неплодност, дебелина и неуреден менструален циклус, соопштија експерти од Универзитетот во Вирџинија.

Истражувачите го проучиле односот на тежината, хормонската слика и фазата на пубертет на 76 девојчиња на возраст од 7 до 17 години, од кои 41 биле дебели. Кај дебелите девојчиња е констатиран 2,1 пат повисоко вкупно ниво на тестостерон и 3 пати повисоко ниво на слободен тестостерон, додека нивото на глобулин било за 50% пониско.

Експертите сметаат дека докторите, како и родителите на дебелите девојчиња треба да бидат свесни за тие закани и оти тоа треба да биде дополнителен поттик да се намали или барем одржува на исто ниво тежината на женските деца во адолесценцијата; 


Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 17:33
Дебелината во Македонија

Децата се здебелуваат зашто уште од мали нозе се учат да седат пред телевизор или пред компјутер и да грицкаат соленки или чипсови, објаснува д-р Димитривска. Во училиште, пак, тие се испраќаат без да појадуваат, па јадат брза храна и пијат газирани пијалаци. „Најлесно на родителите им е на децата да им дадат пари за да си купат сендвич од блиската сендивичарница, кој најчесто е масен и со кечап и мајонез и затоа се најнездрави", вели д-р Димитровска, која ја објаснува една од причините зошто децата од рана возраст се здебелуваат. Затоа, смета д-р Димитровска, со превентивата против дебелината, која е сж поголем здравствен, но и општествен проблем, треба да се почне уште во семејството. Според Димитровска, децата треба да се учат во училиште да понесуваат од дома подготвен сендвич или пак овошје, на пример јаболко. Или, пак, во училиштата да се делат такви ужинки, кои нема да бидат скапи и со калории доволни за нивната возраст. Во спротивно, зголемената тежина лошо ќе се одрази на нивното здравје. Истражувањата покажуваат дека дебелите деца се со трипати поголем ризик да имаат покачен крвен притисок, кој се развива во подоцнежните години и кој може да биде фатален во возрасните години.
-------
Од ден на ден килограмите растат и стануваат сж поголем ризик за појава на други заболувања, како на пример срцевите, болести на коските, дијабетес, па дури и некои видови рак. А, голема штета е кога нашето подрачје изобилува со овошје и зеленчук да се следи мода во исхраната, зашто, според Димитровска, само доброто здравје е во тренд, а се друго е реклама.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2010 во 23:20
Gee people, slow down!
Баш се слатки дебели дечиња.
Како што ќе растат, ќе се топат килограмите.
 
па и не е баш така Тиги
имам неколку пријатели кои го делеа твоето мислење ама децата им пораснаа ама со дебелината сеуште се борат...како растат така станува пострашно и поризично
дебелината штети и на сите органи, не станува збор само за  надворешниот изглед
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2010 во 21:52
Тиги..слатки се дебелите деца...ама оние малку дебелките...знаеш што мислам...



ама не како на сликава





Знаеш ли колку се големи шансите тие дебелки деца да имаат последици од дебелината? Проблеми со срцето...останатите органи...

Генетиката можеби влијае...но најмногу влијаат родителите...
Ти си тоа што јадеш...значи како ќе се исхрануваш
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2010 во 21:33
Gee people, slow down!
Баш се слатки дебели дечиња.
Како што ќе растат, ќе се топат килограмите.

Инаку, голема улога игра и генетскиот материјал.
Ако таткото и мајката се дебели, големи се шансите дека и детето ќе биде дебело. Дури и еден од родителите да е таков, детето има генетски предизпозиции за гуц-гуц дебелеење.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2010 во 15:01
Проблеми со штитната жлезда кај подебелите деца

Дебелината кај децата може да ги смени структурата и функцијата на штитната жлезда, орган на вратот што ослободува хормони од клучно значење за метаболизмот. Според досегашните студии, нарушувањата на штитната жлезда може да доведат до дебелина, но нова италијанска студија сугерира дека дебелината во некои случаи може да предизвика нарушена функција на штитната жлезда.

„Нашата студија покажува дека промените на функцијата и структурата на штитната жлезда се вообичаени кај дебелите деца и можеби ја откривме поврзаноста“, вели авторот на студијата, д-р Џорџо Радети од Регионалната болница во Болцано, во соопштението на Ендокринолошкото здружение. „Пронајдовме врска меѓу телесната маса и нивоата на хормони од штитната жлезда, што сугерира дека вишокот масти можеби има улога во модификацијата на тироидното ткиво“.

Радети и неговите колеги испитуваа 186 деца со прекумерна тежина и дебели деца речиси три години. Нивоата на тироидниот хормон кај децата и тироидните антитела беа мерени и испитувани со ултразвук. Тироидните антитела се присутни кај луѓето со автоимуна болест на штитната жлезда Хашимото тироидитис, при што Т-клетките на имуниот систем ја напаѓаат тироидата.

Резултатите од испитувањата со ултразвук кај 73 деца укажуваа на Хашимотова болест, но кај ниту едно од нив немаше тироидни антитела. „Резултатите од ултразвук се малку мистериозни“, вели Радети. „Сепак, тие сугерираат на постоењето слаба воспалителна состојба, за која е познато дека е карактеристична за дебелина“.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2010 во 14:53
Епидемија на дебелина кај децата


Стапката на дебелина кај децата трикратно се зголеми во последниве две декади. Калоричната, мрсна и солена исхрана кај aмериканските деца, во комбинација со сериозен недостаток од физичка активност, предизвика 25% од децата под 10 години да имаат висок холестерол, висок крвен притисок или некој друг причинител за срцево заболување.

Новиот извештај издаде сурово предупредување дека, доколку продолжи овој тренд, животот на децата ќе биде пократок од тој на нивните родители. Екстремното намалување на калориите не е препорачливо за децата, туку се препрачува балансирана исхрана со природна храна и намалено внесување масти.

Најголемиот предизвик е да се пронајде начин како да се направи нешто што ќе биде хранливо, а во исто време и доволно вкусно за да ја задоволи детската желба за слатки.


Факти за дебелината:


Некои страшни статистики:
25% од изедениот зеленчукот во САД се пржени компирчиња.
Во 1957 година, хамбургерот имал 210 калории, сега тој хамбургер е поголем - 618 калории.
Дебелината кај децата поттикнува дијабетес, висок крвен притисок, срцеви заболувања и мозочни удари.
Во 1969 година, 80% од децата спортувале секој ден, денеска тој број е намален на 20%.
До 17-та година, просечно дете потрошило повеќе време во гледање ТВ, отколку во одење на училиште.



ГОЛЕМАТА вистина за дебелината кај децата

Училиштата се груби програми за спорт, рестораните нудат суперголеми порции, а децата ги заменуваат игрите со топка, со видеоигри и интернет. Не е чудо што цели петнаесет проценти од децата во САД се дебели!

Друг факт за дебелината е тоа што дебелите деца, дури и ако ослабат, веројатноста да бидат дебели и кога ќе станат возрасни, е голема.

Денес, колективниот проблем на САД со дебелината е поврзан со 300,000 смртни случаи секоја година, предизвикани од болести како дијабетес и срцево заболување. Вистината е, дека тоа е далеку од убава слика.

Подмолните грицки

Многу нови производи за грицкање и ужина, се пакувани само за децата. Тие се со светли бои и се „забавни“ за јадење. Тие се со тренди облици кои одговараат на филмските и ТВ-темите. Но, најлошиот дел е тоа што, тие всушност се промовираат како добар извор на витамини и минерали! Компаниите за грицки сега можат да додадат неколку здрави состојки - и веднаш! - брзата храна се маскира како здрава храна и родителите мислат дека купуваат нешто што е добро за нивните деца. Училиштата, исто така, ги складираат овие детски пакувања со лажна хранливост во автомати. Не е чудно тоа што децата не можат да разберат зошто не можат да ги закопчаат нивните каиши - родителите и учителите мислат дека овие грицки не само што се добри, туку се и одлични.

Влезете во реалноста. Пакуваната, преработена храна, може да има витамини и минерали кои се додадени во неа, НО, она што навистина го добивате, е мал процент од тоа што навистина ви треба. Навистина, кога продуктот има неограничен живот на полиците, колку може да биде добар за вас? Адитивите и конзервансите, во најголем дел ги заменија драгоцените хранливи состојки.

Свежата, природна храна, земена директно од Мајката Природа, е единствениот начин за детето навистина да ги добие потребните хранливи состојки. Но, ние само се залажуваме доколку мислиме дека нашите деца доброволно ќе јадат нешто што нема добар вкус.



Три едноставни чекори: Вашите деца нека бидат среќни и здрави

Да се соочиме: децата се безмилосни. Да се биде дебело дете, скоро сигурно е дека е болно. Облеката на другите деца е мала. На часот по гимнастика е засрамувачки. Пријателите се ретки. Другите деца се злобни.

Ако вашето дете е едно од 30% кои се или со прекумерна тежина или е на граница да стане такво, еве неколку совети кои треба да се сфатат сериозно:

1. Соочете се со фактите.
Ако вашето дете добива на тежина во текот на две години, тоа не е детска фаза. Разговарајте со вашиот семеен доктор за правење план за губење на тежината и за здрава исхрана.

2. Јадете како семејство - на трпезата.
На тој начин може да гледате што јаде секој и да ги упатувате децата во јадење на добро балансирани оброци. Дури и ужинките треба да се јадат седејќи. Храната изедена набрзина, брзо ќе се заборави.


3. Исклучете го ТВ и компјутерот и посветете се на здрави активности како: возење велосипед, одење, пинг понг, куглање - бидете креативни. Тоа исто така, е одличен начин за уште подобро да ги запознаете своите деца.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2009 во 19:49
Леле луѓе...како е можно оваизненадување
Во класот од брат ми само неколку дечиња се слаби. Ги гледам на сликата од крај-година и си се чудам.... Се жали малиов, сите чупиња дебели, ниедна не му се бендисувала од класотвртење%20со%20очи
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2009 во 08:26
kaj mene se slabiгрицкање%20ноктине%20знамa sakam debelki da se malkuголема%20насмевка
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2009 во 09:05
Светските искуства за се подебели деца- а со тоа е по болни и со промени во здравствената состојба како да с епренесува и кај нас. За жал кај нас за овој проблем некако се зборува само кога се одбележува некоја светска манифестација. Така изминатата недела во рамките на Детската недела се актуелизираше проблемот со воспитната запоставеност, злоупотреба на децата. Деновиве на прагот на Светскиот ден на храната станува актуелно дебелината кај децата и нездравата исхрана. Дали само тогаш треба да с еактуелни проблемите врзани за грижата за децата.
Секое трето дете во градинките е дебело
Брзата храна подалеку од училиштата


Изменето од mamamd - 10.Октомври.2009 во 09:16
Кон врв
Izzi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
BRAINIAC

Регистриран: 18.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4475
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 19:45
во тоа дали детето ке ти биде дебело или слабо голема улога игра метаболизмот.

читав негде дека луѓето се делат на 3 групи :

-бавен метаболизам (полнички)
-брз метаболизам (слаби)

...и третите не ми текнува кои беа


јас лично сум во втората група.мислам дека јадам дури и повеќе од потребното,ама физички сум активен и дефинитивно имам брз метаболизам.

можеби ова е случајот и со твоето дете голема%20насмевка
Кон врв
doncevaliljana Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај doncevaliljana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2008 во 18:59
ne se soglasuvamso toa deka debelo dete e zdravo dete,neznam od kade e i citatot.bez razlika dali si debel ili slab treba da si zdrav.zdravjeto nikogas ne se sodrzi vo izgledot i dokolku se zeme vo predvid deka dene debelinata e veke bolest se odi na toa deka generaciite sto sledat treba da se zdravi a ne debeli,duri kaj bebeinjata se gleda da odat vo tezina najmnogu do 700g mesecno so cel da ne odgleduvame debela i bolna populacija.-denes e pogoolem brojot na bolni od Visok kr.pritisok,dijabet..koi se debeli vo odnos na licata so normalna tezina.zakl:decata si jadat onolku kolku sto trosat i najubavo si znaat sto im treba,ne treba da se forsiraat vo ishranata ili da se merat so drugi deca.sekoj za sebe e prikazna,samo vnimavajte sto jade deteto,najdobra e zgotvenata hrana,pred se ovosje i zelencuk,izbegnuvajte fast food,cips...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.