Испечати | Затвори го прозорот

Дебелина кај децата

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=11682
Датум на принтање: 26.Ноември.2024 во 06:11
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Дебелина кај децата
Постирано од: riba
Наслов: Дебелина кај децата
Датум на внесување: 21.Јануари.2008 во 21:38
Велат „дебело дете е здраво дете“. Но дали е баш така?
Децата на моите пријатели се полнички, а моето иако се обидувам правилно да го хранам е слабо.Па почнав да се прашувам каде грешам. Во што се состои исхраната на вашето дете?



Коментари:
Постирано од: Eli
Датум на внесување: 28.Јануари.2008 во 21:35
Nemam deca mlada sum..no imam citano mnogu za ovaa tema..mislam deka e pogresna taa izjava deka debelo dete e zdravo dete..tocno e deka decata vo periodot na razvoj treba da se hranat poveke,no toa ne znaci deka treba i da se preteruva..se treba da e umereno i normalno mnogu da se sportuva..a za vaseto dete ne bi trebalo da se sekirate..takov e verojatno negoviot organizam,a i moze treba da pocekate mozebi so tek na vreme ili vo tekot na pubertetot ke se popolni onaka pravilno kako sto treba..se zavisi od metabolizmot na covekot..Vo ishranata najmnogu da bidat zastapeni ovosjeto i zelencukot,mesnite i mlecnite proizvodi koi sodrzat kalcium..se iznafilozofirav bre


Постирано од: devojka21
Датум на внесување: 29.Јануари.2008 во 16:30
toa zavisi kolkavo e vaseto dete
malite bebinja dokloku imaat normalen zdrav razvoj treba da se debelki i da imaat zaseci
 


-------------
Life is beautiful


Постирано од: seka
Датум на внесување: 29.Јануари.2008 во 16:36
Originally posted by riba riba напиша:

Велат „дебело дете е здраво дете“. Но дали е баш така?
Децата на моите пријатели се полнички, а моето иако се обидувам правилно да го хранам е слабо.Па почнав да се прашувам каде грешам. Во што се состои исхраната на вашето дете?


Sto mislis ti kako majka? Dali tvoeto dete e zdravo? Bez gledanje na drugi deca? Znaci dali ima volja za igra, dali se smee, dali trckat, dali e aktivno?

Mojata 3 godisna kerka, jadet se toa sto jademe i nie... znace ne kuvame specialno za nea! Gledam da e zdrava hrana... Imam sreka sto koga e gladna sama si kazuva... ceto i mi kazuva deka saka toa i toa da jadet... isto imam i sreka sto ne e po cokolada, bonboni i takvi raboti...ne bi rekla deka e debela, no ne bi ni rekla deka e slaba... vazno mi e da osekam jas kako majka deka taa dobro se custvuva.... Ne e teram nikogas so sila da jadet... Mleko na primer ne mi piese cela godina... nikako ne i davav, se dodeka ne mi pobara sama...

Ne se sekiraj tolku... Majciniot oset ti kazuvat dali tvoeto dete e zdravo i pravo ili dali nesto mu fali...


Постирано од: snegulka
Датум на внесување: 06.Март.2008 во 12:35

Како можат родителите да ги поттикнат децата да јадат здрава храна?
На многу родители им е тешко да им го ограничат на децата количеството на слатки, мрсни ужини и готова брза храна, особено кога децата велат дека нивните другари смеат да ги јадат тие јадења. Еве неколку идеи како да постапите:
  • Не ги забранувајте сосема овие јаде.а и не ги нарекувајте "лоши" - идејата дека работите се "лоши" или забранети ги прави уште попожелни. Кажете им јасно дека овие јадења се добри понекогаш, но не секој ден.
  • Набавете разновидна здрава храна дома. Вклучете ги тука разните видови леб, ориз, тестенина и друга храна од житарици, сув грашок и грав, зеленчук, овошје и умерено количество на млечни производи со намалени маснотии, посно месо, месо од живина без кожа и риба.
  • Избегнувајте јадења со "скриени" маснотии. Како и јадењата што се очигледно мрсни (пример: месо со салото што може да се види, или јадења испржени во маснотии), други јадења како месени теста, колачиња и благи бисквити, исто така содржат многу маснотии.
  • Охрабрете ги децата да "поткаснуваат" храна што е здрава и содржи целулоза - како леб, леб со суво овошје во него или овошје, на тој начин што ќе бидат лесно достапни на масата или на дофат во кујната. Децата, обично, го јадат тоа што можат да го видат. Ако има кутија со благи бисквити или чипс на кујнската маса, тоа ќе јадат - но ако има грозје или банани на масата, тие тоа ќе го јадат.
  • Обидете се да ги убедите децата да појадуваат на утро. Одење на училиште со празен стомак значи дека најверојатно ќе ужинаат чипс или благи работи подоцна. Подобро е денот да се почне со житарици, овошје и млеко, леб со сирење, јогурт и овошје или со она што останало од вечерата, на пример. Нема време за појадок? Дадете им да јадат нешто по пат.
Бидете активно семејство
Смислете начини како да бидете физички активни заедно, како на пример:
  • Играње со топка во дворот, в парк или на плажа
  • Одење заедно на пешачеvе
  • Или, најдете спорт или друга физичка активност во која што сите ќе уживате - пливање, возење велосипеди, изнајмување чамец и веслање, кампирање.
Организирајте ги децата да бидат во постојано движење
Ограничете го времето што децата го поминуваат пред компјутерот или телевизорот. Најдете други интереси во кои тие ќе уживаат, а кои ќе ги прават да бидат поактивни. Ако не се интересираат за тимски спортови, можеби ќе уживаат во драма, танцување, боречки вештни, или кревање тегови на пример.
Ако е можно, нека одат пеш на училиште наместо да ги носите со автомобил (можеби ќе можете да се организирате со другите родители од соседството да се менувате кој ќе ги придружува децата пеш до училиштето). Дајте им задолженија околу домаќинството - и пофалете ги за помошта.

Бидете самите добар пример
Родителите кои се физички активни и сакаат разновидна здрава храна, имаат помала шанса нивните деца да имаат проблем со килажата.


-------------
http://www.glitter-graphics.com">


Постирано од: butel2
Датум на внесување: 11.Март.2008 во 00:03
Originally posted by riba riba напиша:

Велат „дебело дете е здраво дете“. Но дали е баш така?
Децата на моите пријатели се полнички, а моето иако се обидувам правилно да го хранам е слабо.Па почнав да се прашувам каде грешам. Во што се состои исхраната на вашето дете?



Debeloto dete ne mora da e zdravo dete. Mojot pomal sin sega ima 8 godini, no i koga bese i bebe i sega jade dosta kolicinski, no seto toa go trosi.

Inaku jade sve sto jademe nie, nema posebno meni , sepak jade dosta ovosje i ne e bas nekoj ljubitel na blagi raboti.


Постирано од: nena34
Датум на внесување: 11.Март.2008 во 00:08
Sin mi ima 11god i 29-30kg edvaj.Trnira basket , visok e i celiot e muskulcinja.Nejade kolicinski no toa sto go jade e pravilno , barem po moe.Nejade gricki retko jade cokoladi od malo go nauciv taka , pa kako rezultat na toa nema visok na kg. ama e da cuknam vo drvo idealno zdravo dete .Zatoa ne mu ja misli mnogu za tezinata vazno e sto vnesuva a ne kolku.Pozdrav


Постирано од: BidiFit
Датум на внесување: 12.Март.2008 во 23:51
Ако целото ваше семејство има убави навики,се храни здраво и во фрижидерот нема ништо друго освен здрава храна тогаш и детето ќе го јаде истото. Ќе биде здраво и правилно ќе се развива во таквата средина.

-------------
http://www.bidifit.com.mk - http://www.bidifit.com.mk


Постирано од: Didi
Датум на внесување: 13.Мај.2008 во 10:23
Mislam deka poslabite decinja se pozdravi za razlika od debelite deca,bebinjata sto se odgledani vo sise t.e piele vestacko mleko se sekogas podebeli,dodeka onie bebinja koi piele majcino mleko sekogas se pozdravi i po imnuni,mnogu e vazen nacinot na ishrana i sto poveke vitamini da konzumiraat decata.


Постирано од: Didi
Датум на внесување: 13.Мај.2008 во 10:23
imuni*


Постирано од: doncevaliljana
Датум на внесување: 04.Јуни.2008 во 18:59
ne se soglasuvamso toa deka debelo dete e zdravo dete,neznam od kade e i citatot.bez razlika dali si debel ili slab treba da si zdrav.zdravjeto nikogas ne se sodrzi vo izgledot i dokolku se zeme vo predvid deka dene debelinata e veke bolest se odi na toa deka generaciite sto sledat treba da se zdravi a ne debeli,duri kaj bebeinjata se gleda da odat vo tezina najmnogu do 700g mesecno so cel da ne odgleduvame debela i bolna populacija.-denes e pogoolem brojot na bolni od Visok kr.pritisok,dijabet..koi se debeli vo odnos na licata so normalna tezina.zakl:decata si jadat onolku kolku sto trosat i najubavo si znaat sto im treba,ne treba da se forsiraat vo ishranata ili da se merat so drugi deca.sekoj za sebe e prikazna,samo vnimavajte sto jade deteto,najdobra e zgotvenata hrana,pred se ovosje i zelencuk,izbegnuvajte fast food,cips...


Постирано од: Izzi
Датум на внесување: 06.Јуни.2008 во 19:45
во тоа дали детето ке ти биде дебело или слабо голема улога игра метаболизмот.

читав негде дека луѓето се делат на 3 групи :

-бавен метаболизам (полнички)
-брз метаболизам (слаби)

...и третите не ми текнува кои беа


јас лично сум во втората група.мислам дека јадам дури и повеќе од потребното,ама физички сум активен и дефинитивно имам брз метаболизам.

можеби ова е случајот и со твоето дете голема%20насмевка


-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 09:05
Светските искуства за се подебели деца- а со тоа е по болни и со промени во здравствената состојба како да с епренесува и кај нас. За жал кај нас за овој проблем некако се зборува само кога се одбележува некоја светска манифестација. Така изминатата недела во рамките на Детската недела се актуелизираше проблемот со воспитната запоставеност, злоупотреба на децата. Деновиве на прагот на Светскиот ден на храната станува актуелно дебелината кај децата и нездравата исхрана. Дали само тогаш треба да с еактуелни проблемите врзани за грижата за децата.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=744EA88EFBA14946BB73CE5321D61FA9 - Секое трето дете во градинките е дебело
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=97A49D8E661636428F9C7CAB6A7DCA6A - Брзата храна подалеку од училиштата


-------------


Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 13.Октомври.2009 во 08:26
kaj mene se slabiгрицкање%20ноктине%20знамa sakam debelki da se malkuголема%20насмевка


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 15.Октомври.2009 во 19:49
Леле луѓе...како е можно оваизненадување
Во класот од брат ми само неколку дечиња се слаби. Ги гледам на сликата од крај-година и си се чудам.... Се жали малиов, сите чупиња дебели, ниедна не му се бендисувала од класотвртење%20со%20очи


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 06.Јули.2010 во 14:53
Епидемија на дебелина кај децата


Стапката на дебелина кај децата трикратно се зголеми во последниве две декади. Калоричната, мрсна и солена исхрана кај aмериканските деца, во комбинација со сериозен недостаток од физичка активност, предизвика 25% од децата под 10 години да имаат висок холестерол, висок крвен притисок или некој друг причинител за срцево заболување.

Новиот извештај издаде сурово предупредување дека, доколку продолжи овој тренд, животот на децата ќе биде пократок од тој на нивните родители. Екстремното намалување на калориите не е препорачливо за децата, туку се препрачува балансирана исхрана со природна храна и намалено внесување масти.

Најголемиот предизвик е да се пронајде начин како да се направи нешто што ќе биде хранливо, а во исто време и доволно вкусно за да ја задоволи детската желба за слатки.


Факти за дебелината:


Некои страшни статистики:
25% од изедениот зеленчукот во САД се пржени компирчиња.
Во 1957 година, хамбургерот имал 210 калории, сега тој хамбургер е поголем - 618 калории.
Дебелината кај децата поттикнува дијабетес, висок крвен притисок, срцеви заболувања и мозочни удари.
Во 1969 година, 80% од децата спортувале секој ден, денеска тој број е намален на 20%.
До 17-та година, просечно дете потрошило повеќе време во гледање ТВ, отколку во одење на училиште.



ГОЛЕМАТА вистина за дебелината кај децата

Училиштата се груби програми за спорт, рестораните нудат суперголеми порции, а децата ги заменуваат игрите со топка, со видеоигри и интернет. Не е чудо што цели петнаесет проценти од децата во САД се дебели!

Друг факт за дебелината е тоа што дебелите деца, дури и ако ослабат, веројатноста да бидат дебели и кога ќе станат возрасни, е голема.

Денес, колективниот проблем на САД со дебелината е поврзан со 300,000 смртни случаи секоја година, предизвикани од болести како дијабетес и срцево заболување. Вистината е, дека тоа е далеку од убава слика.

Подмолните грицки

Многу нови производи за грицкање и ужина, се пакувани само за децата. Тие се со светли бои и се „забавни“ за јадење. Тие се со тренди облици кои одговараат на филмските и ТВ-темите. Но, најлошиот дел е тоа што, тие всушност се промовираат како добар извор на витамини и минерали! Компаниите за грицки сега можат да додадат неколку здрави состојки - и веднаш! - брзата храна се маскира како здрава храна и родителите мислат дека купуваат нешто што е добро за нивните деца. Училиштата, исто така, ги складираат овие детски пакувања со лажна хранливост во автомати. Не е чудно тоа што децата не можат да разберат зошто не можат да ги закопчаат нивните каиши - родителите и учителите мислат дека овие грицки не само што се добри, туку се и одлични.

Влезете во реалноста. Пакуваната, преработена храна, може да има витамини и минерали кои се додадени во неа, НО, она што навистина го добивате, е мал процент од тоа што навистина ви треба. Навистина, кога продуктот има неограничен живот на полиците, колку може да биде добар за вас? Адитивите и конзервансите, во најголем дел ги заменија драгоцените хранливи состојки.

Свежата, природна храна, земена директно од Мајката Природа, е единствениот начин за детето навистина да ги добие потребните хранливи состојки. Но, ние само се залажуваме доколку мислиме дека нашите деца доброволно ќе јадат нешто што нема добар вкус.



Три едноставни чекори: Вашите деца нека бидат среќни и здрави

Да се соочиме: децата се безмилосни. Да се биде дебело дете, скоро сигурно е дека е болно. Облеката на другите деца е мала. На часот по гимнастика е засрамувачки. Пријателите се ретки. Другите деца се злобни.

Ако вашето дете е едно од 30% кои се или со прекумерна тежина или е на граница да стане такво, еве неколку совети кои треба да се сфатат сериозно:

1. Соочете се со фактите.
Ако вашето дете добива на тежина во текот на две години, тоа не е детска фаза. Разговарајте со вашиот семеен доктор за правење план за губење на тежината и за здрава исхрана.

2. Јадете како семејство - на трпезата.
На тој начин може да гледате што јаде секој и да ги упатувате децата во јадење на добро балансирани оброци. Дури и ужинките треба да се јадат седејќи. Храната изедена набрзина, брзо ќе се заборави.


3. Исклучете го ТВ и компјутерот и посветете се на здрави активности како: возење велосипед, одење, пинг понг, куглање - бидете креативни. Тоа исто така, е одличен начин за уште подобро да ги запознаете своите деца.


-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 06.Јули.2010 во 15:01
Проблеми со штитната жлезда кај подебелите деца

Дебелината кај децата може да ги смени структурата и функцијата на штитната жлезда, орган на вратот што ослободува хормони од клучно значење за метаболизмот. Според досегашните студии, нарушувањата на штитната жлезда може да доведат до дебелина, но нова италијанска студија сугерира дека дебелината во некои случаи може да предизвика нарушена функција на штитната жлезда.

„Нашата студија покажува дека промените на функцијата и структурата на штитната жлезда се вообичаени кај дебелите деца и можеби ја откривме поврзаноста“, вели авторот на студијата, д-р Џорџо Радети од Регионалната болница во Болцано, во соопштението на Ендокринолошкото здружение. „Пронајдовме врска меѓу телесната маса и нивоата на хормони од штитната жлезда, што сугерира дека вишокот масти можеби има улога во модификацијата на тироидното ткиво“.

Радети и неговите колеги испитуваа 186 деца со прекумерна тежина и дебели деца речиси три години. Нивоата на тироидниот хормон кај децата и тироидните антитела беа мерени и испитувани со ултразвук. Тироидните антитела се присутни кај луѓето со автоимуна болест на штитната жлезда Хашимото тироидитис, при што Т-клетките на имуниот систем ја напаѓаат тироидата.

Резултатите од испитувањата со ултразвук кај 73 деца укажуваа на Хашимотова болест, но кај ниту едно од нив немаше тироидни антитела. „Резултатите од ултразвук се малку мистериозни“, вели Радети. „Сепак, тие сугерираат на постоењето слаба воспалителна состојба, за која е познато дека е карактеристична за дебелина“.


-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 07.Јули.2010 во 21:33
Gee people, slow down!
Баш се слатки дебели дечиња.
Како што ќе растат, ќе се топат килограмите.

Инаку, голема улога игра и генетскиот материјал.
Ако таткото и мајката се дебели, големи се шансите дека и детето ќе биде дебело. Дури и еден од родителите да е таков, детето има генетски предизпозиции за гуц-гуц дебелеење.

-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 07.Јули.2010 во 21:52
Тиги..слатки се дебелите деца...ама оние малку дебелките...знаеш што мислам...



ама не како на сликава





Знаеш ли колку се големи шансите тие дебелки деца да имаат последици од дебелината? Проблеми со срцето...останатите органи...

Генетиката можеби влијае...но најмногу влијаат родителите...
Ти си тоа што јадеш...значи како ќе се исхрануваш

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 07.Јули.2010 во 23:20
Gee people, slow down!
Баш се слатки дебели дечиња.
Како што ќе растат, ќе се топат килограмите.
 
па и не е баш така Тиги
имам неколку пријатели кои го делеа твоето мислење ама децата им пораснаа ама со дебелината сеуште се борат...како растат така станува пострашно и поризично
дебелината штети и на сите органи, не станува збор само за  надворешниот изглед


-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 14.Јули.2010 во 17:33
Дебелината во Македонија

Децата се здебелуваат зашто уште од мали нозе се учат да седат пред телевизор или пред компјутер и да грицкаат соленки или чипсови, објаснува д-р Димитривска. Во училиште, пак, тие се испраќаат без да појадуваат, па јадат брза храна и пијат газирани пијалаци. „Најлесно на родителите им е на децата да им дадат пари за да си купат сендвич од блиската сендивичарница, кој најчесто е масен и со кечап и мајонез и затоа се најнездрави", вели д-р Димитровска, која ја објаснува една од причините зошто децата од рана возраст се здебелуваат. Затоа, смета д-р Димитровска, со превентивата против дебелината, која е сж поголем здравствен, но и општествен проблем, треба да се почне уште во семејството. Според Димитровска, децата треба да се учат во училиште да понесуваат од дома подготвен сендвич или пак овошје, на пример јаболко. Или, пак, во училиштата да се делат такви ужинки, кои нема да бидат скапи и со калории доволни за нивната возраст. Во спротивно, зголемената тежина лошо ќе се одрази на нивното здравје. Истражувањата покажуваат дека дебелите деца се со трипати поголем ризик да имаат покачен крвен притисок, кој се развива во подоцнежните години и кој може да биде фатален во возрасните години.
-------
Од ден на ден килограмите растат и стануваат сж поголем ризик за појава на други заболувања, како на пример срцевите, болести на коските, дијабетес, па дури и некои видови рак. А, голема штета е кога нашето подрачје изобилува со овошје и зеленчук да се следи мода во исхраната, зашто, според Димитровска, само доброто здравје е во тренд, а се друго е реклама.


-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 14.Јули.2010 во 17:35
И едно истражување...



-Интензивната физичка активност е поефикасна од активноста со понизок интензитет во напорите за зачувување на виткоста и здравјето на кардиоваскуларниот систем на децата, се вели во заклучокот од студијата спроведена на шведскиот Институт Каролинска.

Дебелината и лошата кардиоваскуларна кондиција се големи проблеми кај децата ширум светот, а физичката активност е докажан лек за двата проблема, смета доктор Михаел Сјестрон, кој го предводел истражувањето.

За да истражат колку интензитетот на физичката активност влијае на дебелината и состојбата на кардиоваскуларниот систем на децата, шведските експерти во текот на четири дена со направата наречена акцелерометар ја мереле активноста на 780 деца на возраст од 9 и 10 години.

Утврдено е дека децата кои секој ден имале физичка активност повеќе од 40 минути, имале помалку телесни маснотии и подобра кардиоваскуларна кондиција од оние кои интензивно физички трошеле само 10 до 18 минути дневно.

Шведските експерти признаваат дека интензивната физичка активност можеби е тешка задача за дебелите деца и на оние со вишок килограми. Затоа препорачуваат таквите деца на почетокот да имаат умерена активност. Со текот на времето  децата постепено треба да ја зголемуваат активноста, како и нејзиниот интензитет и траењето;

-Швајцарската фармацевтска групација Рош Холдинг на Меѓународната конференција за дебелина во Сиднеј објави дека нејзиниот лек за слабеење ксеникал може да безбеден начин да им помогне на адолесцентите да ослабат.

Со споредување на резултатите на дебели деца на возраст од 12 до 16 години, кои во текот на една година употребувале ксеникал, и нивните врсници кои добивале плацебо, е утврдено дека оние во првата група изгубиле значително повеќе килограми. Притоа е констатирано дека најмногу ослабеле и значително ја намалиле својата телесна маса адолесцентите кои најрано почнале да реагираат на третманот со ксеникал, што не зависело од нивната возраст, ниту од полот, ниту од етничката припадност.

Дебелината е најчест проблем кој се однесува на исхраната на децата и адолесецентите во развиените земји и е поврзан со зголемениот ризик од здравствени проблеми, како што се висока содржина на маснотии во крвта и дијабетес тип 2. Претставници на Рош Холндинг тврдат дека ефикасноста и безбедноста на ксеникал е докажана со многу клинички испитувања во кои биле вклучени над 30.000 пациенти.

Лекот дејствува на тој начин што спречува еден дел од маснотиите од храната да се свари и апсорбира во организмот; 

-Девојчињата кои се дебели во раниот пубертет се изложени на зголемен ризик од хиперандрогенемија, состојба во која се регистрира ненормално високо ниво на стероидни хормони, како што се тестостерон и андростерон, утврдиле американските научници. Тие хормони се одговорни за развој на некои машки карактеристики, но што е уште посериозно, и за синдромот на полицистични јајници, состојба што се одликува со неплодност, дебелина и неуреден менструален циклус, соопштија експерти од Универзитетот во Вирџинија.

Истражувачите го проучиле односот на тежината, хормонската слика и фазата на пубертет на 76 девојчиња на возраст од 7 до 17 години, од кои 41 биле дебели. Кај дебелите девојчиња е констатиран 2,1 пат повисоко вкупно ниво на тестостерон и 3 пати повисоко ниво на слободен тестостерон, додека нивото на глобулин било за 50% пониско.

Експертите сметаат дека докторите, како и родителите на дебелите девојчиња треба да бидат свесни за тие закани и оти тоа треба да биде дополнителен поттик да се намали или барем одржува на исто ниво тежината на женските деца во адолесценцијата; 




-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: Џо
Датум на внесување: 14.Јули.2010 во 17:40
Ја како мал дебел...
Почнав некаде во 4то со рекреативно пливање...
Играв баскет секој ден...
И ослабнав и тоа многу, морав нова гардероба да купам ., сеа пак сум нафрлил некое килце али неможе да се каже дек сум дебел...



-------------
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima





Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 15.Јули.2010 во 13:18

Не сум била гојазно бебе и дете ама стално сум била покрупна за разлика од другите деца, оти многу милував да си лапкам. Пред  и за време на пубертетот почнав многу да се дебелеам и важев за дебело девојче во основно. После нагло ослабев со диети и чуда и имав нормална тежина се до пред неколку години, НО тежината полека почнав пак да си ја накачувам низ годините, секоја година по кило-две и сега пак сум дебела. А дебелината е далеку од здрава, дали за деца дали за возрасни. Ја отежнува работата на срцето и е предизвикувач на многу други болести како срцеви заболувања и повишен крвен притисок.

Нема правило дека ако некој бил дебел како мал дека цел живот ќе биде истиот или ако е било слабичко дете дека никогаш нема да биде дебел возрасен.
Физичката конституција и метаболизмот се исто така пресудни.
Сакам да кажам доколку детето е склоно кон дебелеење а тоа е воочливо уште од мали нозе треба да му се овозможи да се занимава со физички активности кои ќе помогнат при согорување на калориите и намалување на масните наслаги, да го подобрат и забрзаат метаболизмот.
Не знам колку е точно дека дебелината е генетски наследна но знам дека одредени склоности на организмот се сигурно наследни ама начинот на живот и исхранатата играат многу поголема улога.


-------------
Beauty fades, dumb is forever



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk