|
Берово |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | |||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 31.Март.2015 во 05:55 |
||||
За тоа како го добило Берово своето име, постојат две верзии. Според првата, тоа го добило своето име по името на некој си сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот меѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека му припаѓала на овој сточар. Според втората верзија која е поверојатна името Берово произлегло од тоа што луѓето се береле(се собирале) на тоа место. Се поставува прашањето од каде се берело населението. Па од старите населби во месноста Туртела, Селцаа, Рибница,Раздоло, Клепало, Добри Лаки и други, а подоцна и од другите Малешевски села. Ако се прашувате каде можете да се прошетате доколку престојувате во Берово има по нешто за сите. Доколку сте љубител на чистиот воздух не заборавајте да направите обиколка околу беровскиот бисер – прекрасното езеро, кое е недалеку од градот околу 15 минути со автомобил и уште толку пеш. Ќе бидете фасцинирани од тишината и спокојот кои ќе ви ги овозможи една ваква прошетка. Потоа можете да заминете на кафе во најблискиот хотел, или да се спуштите во разгледување на женскиот манастир и да останете во негова непосредна близина за да пробате беровско сирење. За малкумина е познато дека оној кој пробал од ова сирење, повторно се вратил за да го вкуси. Дури и Франција на големо увезува од него за да ја збогати својата светки позната кујна. Тука се и вкусните кафеани каде што се служи совршена скара по пристапни цени, како и кафулиња со шмек на топлината на градот и топлиот пречек на Беровчани. За жал Берово е еден од градовите од истокот кој што трпи голем одлив. Како што раскажуваат и самите жители на градот се повеќе млади луѓе се селат во Скопје или во странство поради недостиг од работа и финансии. Берово има огромен потенцијал да се претвори во нашето Банско (каде ние најмногу заминуваме во текот на зимата) и е идеална дестинација во која може да се создаде голем туризам и да се привлечат инвестиции, затоа што тука навистина има што да се види и да се ужива во магијата. |
|||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Еве една репортажа од ИДИВИДИ порталот за Берово...
Берово - Швајцарија на БалканотВо источниот дел од Македонија, на надморска височина од 670 до 1050 метри, во подножјето на Малешевските планини е сместена нашата „мала Швајцарија“. Токму вака тамошните жители, но и многубројните посетители ја нарекуваат Малешевијата, област во која природата истурила едно чудо благодети, природни убавини од кои застанува здивот. Богатство од борови, дабови и од букови шуми, чиста река, прекрасно езеро, безброј цвеќиња и и лековити чаеви и најголема концентрација на кислород во воздухот на подрачјето на целиот Балкан. Поради тоа, велат жителите, во овој крај нема анемични луѓе. За само една недела, секој што има среќа да го вдишува беровскиот воздух може да ги удвои црвените крвни зрнца. За пушачите пак, велат тие наполу на шега, веднаш би требало да се воведат казнени такси. За разлика од летувањето на море кое, за жал, со себе го носи ризикот од штетното дејство на сончевите зраци, летувањето во Берово знае да биде многу корисно и продуктивно, дури и за тие со најлоша дијагноза. Природните убавини ќе ви ја вратат физичката сила, а манастирите и црквите лоцирани во околината ќе ви помогнат да си го најдете душевниот мир. Свети Архангел Михаил Беровско Езеро Абланица |
|||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Малешевци во туристичка трескаВо регионот на Малешевијта има повеќе пензионери од вработени, но затоа многу природни раритети привлечни за странците. Токму затоа во туризмот се гледа можност за економски просперитет.
Братот и сестрата Бетински, по 4 децении поминати во Чикаго, се враќаат во родното Берово со инвестиција во хотел на месноста Кукута, во близината на нивниот семеен имот. Александра и Дамјан велат дека од ова место ги чуваат спомените од Малешевијата. „Детските спомени се најсилни, како дете сум бил тука и тоа иницираше...сега одлучив да се вратиме тука, ако сме заработиле нешто тука да потрошиме, да пренесиме искуства“, вели Дамјан Бетински, иселеник. „Приврзани сме кон Берово и горди сме што сме Беровчани“, вели неговата сестра Александра Бетинска. Беровско езеро- вистинско градилиште Освен иселениците Бетински и самите беровчани иднината ја гледаат во туризмот. Во регионот каде има повеќе пензионери од вработени ( 3300 пензионери наспроти 3000 вработени), а невработени има најмногу околу 4000, малашевци ги зафати туристичка треска. Се инвестира во туристички капацитети, а населбата кај Беровското езеро стана вистинско градилиште. И Александар Лазаревски на имотот покрај езерото врши адаптација на објектот за да може да сместува туристи, а со тоа да го подобри семејниот буџет, а земјоделецот Владо Панговски го стави своето бачило на месноста Клепало на 1400 метри надморска висина, во функција на алтернативниот туризам.
„Планираме да направиме отворен ресторан за да се хранат туристите“, вели Александар Лазаревски. „ Па доаѓаат од секаде, од цел свет и по 50 гости на еден ден, им даваме природна храна, баници, се’ еколошки чисто“, вели Владо Панговски. Туризмот- нова перспектива Во семејството Панговски никој не е вработен, сите се ангажирани на бачилото, тие сфатиле дека алтернативниот туризам може да донесе и добра заработувачка. Со природните раритети што ги има, здравата и чиста средина, питомите Малешевски планини, но и традицијата која љубоморно ја чуваат со генерации, Малешевијата стана примамлива за туристите кои бегајќи од глобалниот тренд на урбанизација и висока технологија се враќаат назад во природата за да го осетат исконското во неа. Холанѓани, Американци, Израелци, гости од соседството- сите дошле да ја почувствуваат Малешевијата. Тоа дава шанса за развој на туризамот нудејќи нова перспектива на заборавениот регион, во кој нема ниту еден стартешки капацитет, ниту аеродроми, железница, ниту автопати. Поттикнување на инвестициите во туризмот Општината која освен природните раритети нема друга шанса за економски прогрес, со нула денари за комуналии за изградба на туристички капацитети лови инвеститори. „За сите инвеститори кои ќе градат туристички објекти, сите се ослободени од комуналии. Нула денари, во индустриската зона , нема плаќање на комуналии, во старт, инвеститорите без трошоци, тоа е и за странски и домашни туристи“, вели градоначалникот на Берово Драги Наџински. Берово веќе има три хотели, 4-иот во Пехчево е во изградба, располага со 50-тина приватни вили кои се издаваат на туристи. Најавите за отворање на рудник за бакар во Пехчево, турската инвестиција во фабриката за селотејп „Белема“ , дава скромна надеж за жителите дека Малешевијата ќе им даде шанса на нивните деца да останат во родниот крај. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Изменето од емил - 30.Август.2011 во 14:45 |
|||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Празнување проткаено со пагански обичаи
Даниела Трпчевска БЕРОВО - Минка Џонлиќ, Босанка, мултинструменталистка и вокалистка, престојува деновиве во Берово со колегите од Словенија. Во градот кој полека заживува и се полни со гости од земјава и од странство, таа ги правеше последните подготовки пред настапот со својот македонски колега - кавалџијата Сашо Митев на вториот фестивал „Етноплоштад“ во Берово. Музикологот Џонлиќ го доживува престојот во регионот како музичка храна, можност за размена на искуства и дружба со своите колеги. „Добрата клима и музичкиот дух кај овдешниот народ многу ме привлекува. По секое гостување се враќам побогата, оти ова е можност да разменам искуства со македонските колеги, да научам повеќе за македонската култура и беровската традиција“, вели Џонлиќ. Таа заедно со групата „Џембабе“ од Словенија учествува на етнофестивалот во Берово, како дел од словенечкото Здружение на креативни луѓе во културната сфера (ЗУЛК), кое е партнер на фестивалот „Етноплоштад“. Севдалинките и ромските изведби на Џонлиќ, како и настапите на уште 250 музичари и танчари од десетина земји, кои се навраќаат на етнокорените и ги негуваат автентичните звуци и танци, три дена ќе ечат низ Малешевијата. Познатата македонска етногрупа „Монистра“, романскиот фолклорен ансамбл „Карпати“, танчарките Мари Лор, Ксенија Вискет, Паола Блентон и Дебора Гарсија, фолклорни ансамбли од Америка, Франција, Србија, Полска и од Бугарија се само дел од уметниците кои ќе се појават на големата сцена под ведро небо во Берово. Шпанската, романската, полската и ромската музика придружена со звукот на кавалот, боливудските танци и африканската музика, фламенкото и традиционалната словенечка музика, етнозвуците и самбата, зачинети со зурли и тапани повикуваат на дружба на најголемиот етномузички хепенинг во живописното Берово. Празнувањето на кое се испреплетуваат најразлични звуци, традиции, култура и фолклор, започна вчера. Очекувањата се дека над 20 илјади гости ќе продефилираат низ градот уживајќи во етнозвуците и надалеку познатите малешевски специјалитети кои можат да се дегустираат на саемските штандови поставени во центарот на градот. Традиционални пити и тестенини што ги подготвиле вредните раце на домаќинките, беровско сирење и други млечни производи, планински мед, природни сокови од шумски плодови, еколошка храна, но и сувенири, ракотворби и уникатни ракотворби можат да се најдат на штандовите што мамат со своето шаренило и понудата. Прославата ќе доживее кулминација утре, кога традиционално ќе се одржи големиот собир во кругот на црквата „Света Богородица“, на излезот од градот, на пат кон Беровското Езеро. Во 140 котли од по 100 литри ќе се готви храната, која како к*рбан се дели на многубројните посетители, кои специјално за овој ден со години навраќаат во Малешевијата. „За празникот Богородица во градот е вистинска врвулица. Нема место каде да се помине. И сите овие денови е раздвижено поради етнофестивалот и горештините, од кои сите бараат спас во свежата клима покрај езерото“, велат мештаните. Тие како да живеат за овие неколку дена празнување, кои заборавениот крај го претвораат во една од најпосетените дестинации во земјава. „Масовната посетеност на паганскиот обичај во Берово, со кој на празникот Богородица се дели к*рбан, ни даде идеја проектот кој започна пред седум години, ’Малешевијата на дланка‘, да го збогатиме и со музички содржини, покрај саемската презентација на производи од регионот. Годинава очекуваме над 20 илјади гости кои ќе уживаат во етномузиката и изложбата за чалгиите во Музејот во Берово. Сите овие три сегменти го сочинуваат фестивалот „Етноплоштад“, кој особено поради големиот број изведувачи (над 250) е најмасовен проект“, вели градоначалникот на Берово, Драги Наџински. Според него, крајната цел е сите посетители да ги видат различностите во етномузиката, „но сите тие на крај да бидат причина да се споиме заедно во една мирољубива Европа“. Светот во мало ќе биде застапен во наредните три дена во Берово. Има голем интерес за манифестацијата, но Општината признава дека нема капацитет да направи мегаломански хепенинг. „Фестивалот е инструмент за промоција на регионот и за развој на туризмот. Берово располага со ресурси за развој на туризмот. Ако се има предвид дека станува збор за регион со 265 сончеви дена во годината, пријатна клима, чист воздух, и луѓе со питом менталитет, и сето тоа збогатено со фестивалските денови и богатата традиција, Берово може да стане дел од туристичка мапа на Балканот. Мислиме дека ја одбравме вистинската индустриска гранка, која е фабрика без оџак и ќе придонесе за развој на регионот“, вели градоначалникот на Берово. Градот, кој располага со ограничен број капацитети, е претесен да ги прими сите намерници. Се бара кревет повеќе, а хотелите, мотелите и викендичките се предвреме закупени. „Да имавме уште 100 легла, и тие веднаш ќе беа издадени, оти расте интересот за престој во Берово, особено во текот на август“, вели Владо Мишовски, менаџер на хотел „Манастир“, најрепрезентативниот комплекс во градот. Тука доаѓаат и гости од странство кои остануваат и по десетина дена да уживаат во пријатната клима, убавините на Малешевските Планини, но и во прошетки крај езерото. Додека седиме во ресторанот на хотелот, на чие средиште расте орев и се извишува над објектот држејќи ладовина, Мишовски објаснува дека од година на година расте бројот на гости, особено од Холандија и од Полска, кои доаѓаат за да пешачат по Малешевските Планини. „Со цел да го продолжиме и да го осмислиме нивниот престој во Берово, означивме пешачки патеки и почнавме да го користиме бачилото кое се наоѓа на 1.450 метри надморска височина. Секој викенд организираме тури, кои се посебна атракција. Во бачилото се служи еколошка храна, која сами ја произведуваат, и специјалитети, како што се јагне во фурна, беровско сирење, компир и слатко од шумски плодови“, раскажува нашиот соговорник. Гостите кои престојуваат во хотелот „Манастир“ имаат можност да уживаат во базенот на отворено, сауната и спа-центарот, а во ресторанот се подготвуваат највкусните традиционални јадења, исклучиво во бакарни садови. Туристичката понуда на регионот ќе се збогати и со изградба на етносело во месноста Кукута, каде што повратници од странство градат бунгалови и спортски терени со автентичен изглед. Беровската неоткриена убавина наскоро се очекува да блесне во полн сјај и со отворањето на комплексот „Аурора“, кој личи на луксузно планинско село. Изградбата на десетината објекти кои скалесто се поставени на планината над Беровското Езеро е при крај. „Берово е се' уште неоткриена убавина и нашиот објект ќе даде импулс да се развие општината. Планинскиот туризам станува се' поатрактивен, што беше една од причините за изградба на овој комплекс. Градиме луксузен објект со многу содржини, кои ќе ги задржат туристите да престојуваат повеќе од неколку дена во Берово“, вели сопственикот на туристичката агенција „Аурора“ од Скопје, Славчо Сирачевски. Овде на 1.150 метри надморска височина веќе од идната година се очекува гости од странство и од земјава да уживаат во неверојатниот поглед кој се протега на Беровското Езеро и околината. Виножитата се редовна глетка над браната, која ги разделува езерото и кањонот. Беровското Езеро се наоѓа на околу 1.000 метри надморска височина и е вистинска оаза за спас од горештините. Затскриено е во бујна борова и дабова шума, а околината изобилува со разни растенија, шумски плодови и лековити билки. Езерото е порибено и често вљубениците во риболовот доаѓаат тука да го најдат својот мир и да фатат добар улов. Покрај езерото има бунгалови, одморалиште и вили што се најмуваат. „Лани имавме регистрирани околу 400 легла, додека годинава бројката е зголемена на 1.000. Мештаните сфатија дека туризмот е гранка која обезбедува егзистенција и сега ги преадаптираат викендичките за сместување гости. Но, се' уште се чувствува дефицит од сместувачки капацитети и покрај тоа што од неодамна функционира хотелот ВИП, а градот го има и најрепрезентативниот објект – хотелот ’Манастир‘“, вели градоначалникот Наџински. Но, месното население и посетителите се жалат на лошата инфраструктура и бараат подобрување на патната мрежа со цел да се олесни пристапот со сместувачките капацитети и до езерото. „Доволни се милион евра за да се смени амбиентот околу езерото и околината да добие сосема нов лик и поголема атрактивност. Потребно е барем малку да се вложи во инфраструктурата и осветлувањето на патеките за прошетки околу езерото“, коментираат посетителите. Според градоначалникот, Општината е во фаза на изготвување детален урбанистички план за туристичката населба околу езерото, а во план е и доградба на колекторски систем, како и осветлување на патеките околу езерото и облагородување и уредување на просторот, кое треба да започне идната година. (Д.Т.) Џип-сафари и откривање на тајните водопади Сите посетители кои деновиве патот ќе ги донесе накај Берово ќе имаат шанса да го посетат женскиот манастир „Свети Архангел Михаил“,кој датира од 18 век, или да прошетаат околу Беровското Езеро и да ги истражуваат убавините на Малешевските Планини, со џип–сафари турите. Љубителите на природата во близината не Пехчево кај Равна Река можат да ги посетат неколкуте водопади кои се каскадно поставени во планината. На седум километри од Берово, пак, се наоѓа селото Ратево, каде што во 1906 година во Гарагановата куќа престојувала Мис Стон. Секоја година на 20 јануари овде се одржува познатиот карневал „Бамбурци“, кога со традиционално маскирање со животински кожи и со звуци на ѕвона и прапорци се истеруваат лошите сили во почетокот на новата година. Во Музејот на Град Берово моментно посетителите имаат ретка можност да се запознаат со душата на беровската чалгија, преку 36 фотографии, инструменти и носии карактеристични за беровскиот крај и поврзани со чалгаџиството од пред 50-ина години http://utrinski.com.mk/?ItemID=162230902A27BA4CAE08F24C60F9E9B7 Spored mene Berovo, Vevcani , Krusevo i Dojran se narednite top turisticki destinacii vo Makedonija , a poradi negrizata, voobrazenosta i kontinuiranoto unistuvanje Ohrid za zal se poveke ja gubi popularnosta kako kaj domasnite taka i kaj stranskite turisti. |
|||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Беровско езеро Изменето од bijonse1 - 11.Февруари.2010 во 18:08 |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ратевски Карневал БамбурциОпштина Берово и здружението „Ратевски бамбурци“ го организираа Ратевскиот карневал На 20 јануари секоја година живописното и револуционерно малешевско село Ратево, место на многу културни збиднувања низ историјата на Малешевијата, ги поздравува сите дојденци во Ратево од каде и да се. На овој голем православен ден Св. Јован Крстител, светец најголем меѓу сите светци, бидејќи го крстил нашиот месија и спасител Исус Христос, секое лето Господово, без прекин, скоро 10 векови се одржуваат ратевските бамбурци. Никој од ратевци не памети од кога почнал да се одржува овој ритуал, кој постепено прераснува во карневал со меѓународни димензии и кој од година в година привлекува сѐ поголем број посетители, Нeговото одржување не го спречуваат ниту силните ветришта и виулици, дождови и снегови или што би рекле ратевци, и во време и невреме ратевските бамбурци се одржуваат и со тоа опстоиле толку долго колку и историјата на самото село. За вековното опстојување на карневалот заслужни се маските изработени од природна кожа од животни-овни, кози, овци, и рогови и перја, надополнети со звуците на металните ѕвона со кои ги истеруваат лошите и зли духови и болестите кај луѓето и добитокот. |
|||||
bodeti
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 606 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
Milaa
Сениор unique Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1523 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Уф бре Бодети,ако ти го посетуваш Берово двапати во годината,не има и такви кои го посетуваме двапати у месецот,се среќеваме со луѓето кои живеат таму,не по аеродроми,во Берово се среќеваме
|
|||||
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |