IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ЕДИНСТВОТО ВО ЦРКВАТА И КАКО СЕ РАЃА ЕРЕС
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЕДИНСТВОТО ВО ЦРКВАТА И КАКО СЕ РАЃА ЕРЕС

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
Автор
Порака
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ЕДИНСТВОТО ВО ЦРКВАТА И КАКО СЕ РАЃА ЕРЕС
    Испратена: 27.Јуни.2007 во 21:04
Текстот е истовремено и одговор на прашањето на Аџија

Цитирај
АЈДЕ, ова нема храбри да одговорите...
Можеби следново:

КОГА ЧОВЕК ЌЕ ДОЈДЕ ДО ОТКРИВАЊЕ, КАКО ЌЕ ЗНАЕ ДЕКА ТОА Е ОД СВ. ДУХ А НЕ ОД ЛАЖНИОТ?



Со Божја помош јас ќе се обидам иако мислам дека за повеќето православни ова и не е некое тешко прашање.

    Човек со личниот однос кон Бога може да доаѓа до сознанија и откровенија. Директно учи од Бога. Степенот на сознанијата зависи од искреноста на односот и од големината на барањето на верникот. „Кој бара ќе најде, кој тропа ќе му се отвори“. Сепак наместо Светиот дух може она што го доживува како откровение да биде од друг небожји дух. Искусниот повеќе знае да го испита тоа, но и најискусните паѓаат во прелест. Затоа испитувањето го врши Црквата како заедница на верните водена од Светиот Дух.

    Црквата започнала со осенувањето од Светиот Дух на Соборот на Апостолите. Во тој момент Светиот Дух го „дефинирал“ духот на верата во кој верниците треба да пребиваат за да бидат водени по патот на вистината. Восхитени со даруваниот Свет Дух Дух на верата тие веднаш излегле надвор, проповедале и силата на нивната говорна проповед, но и проповедта на Духот кој зборувал од самата нивна појава била толку голема што веднаш привлекле неколку илјади верници. Тоа е педесетница, Духовден, денот на почетокот на новозаветната Црква. И таа од таму се шири со нови христијански верници. Секој што влегува во Божјата Црква влегува во тој Божји дух, Дух на верата. И со текот на времето зависно од вложувањата се повеќе е даруван и опфатен како дел од таа Божја Црква од истиот почетниот Свет Дух.

„Јас сум вистинска лоза, Мојот Отец е лозарот.“

    На својот пат верникот повремено треба да се консултира со Црквата за своите сознанија и објави. Ако нешто може да има опасни последици веднаш се консултира со Црквата. За верникот, Црквата е другиот верник. Контактот со друг верник од истата вера е како тој човек да контактирал со целата Црква.  Другиот верник како верник кој пребива во Духот на верата бидејќи самиот не обземен од духот на откривањето ќе има добра подлога да процени дали доживеаното, објавеното, откриеното е складно со верата. Врз основа на тоа ќе му даде став. Ако не е сигурен ќе прашаат трет поискусен, па свештеник,  монах, духовни старци т.е. ќе ја консултираат целата заедница на верните Црквата.

Испитувајте ги духовите

Се испитувајте, за доброто држете се!


    Духовното искуство на другиот кој добил други духовни дарови го открива недостатокот кај првиот. Другиот верник комуницира со други верници и целата Црква го вклопува сознанието во себе. Комуникацијата на верникот со Црквата може да биде и кога тој чита Православна литература и други форми на контакт на поединецот со внатрешното богатство на Црквата и при таа ситуација тој врши консултација на своите откривања со вкупното откровение на Црквата, како Црквата на живите така и Црквата на починатите верници. Врши консултација што значи и не мора веднаш целосно да прими. За она што не се согласува разговара со други и меѓусебно се решава проблемот. Тоа ја прави соборноста на Црквата.

„зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив.“

„Испитувајте се сами себе дали сте во верата! Сами испитувајте се! Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас? Освен, само ако сте недостојни.“

„и испитувајте се што Му е на Бога угодно!“

„Се испитувајте, за доброто држете се!“


    Таму каде што постои соборност во „собрани во Мое име“ на Црквата таму постои единство. Така што проблемот на еретизмот и на обманата е спротивноста на принципот на Соборноста во Духот Божји т.е. индивидуализмот на човекот. Истакнувањето на сопствениот авторитет над авторитетот на заедницата на верните Црквата.

    Ако откровението на верникот е лажно тоа ќе биде стопирано некаде од другите верници? Најчесто уште на почетокот при првите разговори со верниците, т.е. консултација со Црквата. Зошто тогаш некои ереси не биле стопирани уште во зачетокот? Пак е проблемот во злоупотреба на авторитетот. Одреден човек стекнал некаков добар авторитет и луѓето почнале да му веруваат без испитување. Оние кои потпаднале под силата на нечиј индивидуален авторитет ќе бидат поведени во обмана заедно со оној кој има ментално и духовно влијание на нивните ставови. Тоа лажно учење, сознание, откровение ќе биде отфрлено од другите, но оние чија волја потпаднала под волјата на авторитетот ќе му веруваат на
за нив „големиот“ авторитет. Наспроти тенденциозните атеистички и еретички напади за авторитарноста на Црквата, токму слободата на волјата во испитувањето го обезбедува единството на Црквата, а спротивното од соборноста,  индивидуализмот го создава модерниот атеизам и еретизмот.

Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо; ако те послуша, си го придобил брата си;
ако ли не те послуша, поведи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор;
ако ли, пак, не ги послуша и нив, кажи й на црквата; па, ако и црквата не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и митник

    Всушност и силата на ереста може да се пресмета со силата на авторитетот на оној кој западнал во ерес се додека не се потроши авторитетот. Така некој кој нема силен авторитет ќе го запрат најблиските со кои контактира, ако западне во индивидуализам, сам ќе остане во прелест. Доколку не се покае и покори на Црквата - заедницата на верниците ереста ќе заврши со него. Ако веќе стекнал авторитет врз некои луѓе,  тогаш кога ќе потпадне самиот од обмана, оние кои се со волја подложна на неговиот авторитет ќе бидат следбеници и поддржуватели на прелеста. Ако имал локален и регионален авторитет пример (поп Богомил) ќе ги заведе оние кои му веруваат на неговиот авторитет и тоа трае до неколку децении, може да фати и некој век. Ако има глобален авторитет првообманетиот, како Ариј, Ориген ереста и глобално ќе се прошири и ќе трае како зараза неколку века по што се стабилизира позицијата и полека стагнира. Едноставно авторитетот кој врши опресија на слободните волји на луѓето по тоа прашање се троши. Луѓето веќе не му веруваат на стара слава.

4.  Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене.
5.  Јас сум лозата, а вие прачките; и кој што е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; оти без Мене не можете да направите ништо.
6.  Ако некој не остане во Мене, ќе биде исфрлен надвор, како прачката, и ќе се исуши; а такви ќе ги соберат, и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат.

    Ако има така да речам севселенски авторитет како со Римокатоличката ерес ќе трае со милениуми. Римокатоличката Црква се индивидуализира го напушта принципот на соборност од останатите помесни Православни Цркви на Едната Соборна Православна Црква. Уште пред расколот на каноските собори таа настапува индивидуалистички. Одлуките кои во целост важат за сите селективно ги бира кои ќе ги почитува кои не. Бара посебни покани, посебно издвојување и уважување на нејзиното мислење со еден збор индивидуалистички се наметнува во Соборот на верниците. Тоа ги води во создавање на самообмана т.е. појава на еретички учења најпрво со (филиокве) и нивно одвојување од Соборната (Католичанска) Православна Црква.
Ставовите засновани не на слободната волја на заедницата на верниците туку на пресијата „Јас знам“ порано или подоцна го зголемува внатрешниот бунт на потиснатите волји. Наметнатиот авторитет слабее. Протестантите го отфрлаат Римокатоличкиот авторитет со тоа што создаваат свој личен индивидуален авторитет. Меѓутоа самите не можат да основаат Соборна Црква, бидејќи Соборната Црква ја формира Господ. Ако излегле од мртва црква како што самите го обвинуваат римокатолицизмот како можат да формираат жива.

6.  Ако некој не остане во Мене, ќе биде исфрлен надвор, како прачката, и ќе се исуши; а такви ќе ги соберат, и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат.

Лозата е Црквата и може да биде Една. Отпаднатата прачка се суши и како што од живот, живот се раѓа, од умрено, живот не се ствара. Лабараториски р'кулец не р'ти. Црквата е оформена и постои. Во нејзе може да се влезе, а не да се формира. Учењето може да се стекне и да се додаде, а не догмите одново да се градат. Но наместо да влезат во Црквата Божја створија разни цркви со разни свои толкувања со експлозија од индивидуализми и авторитети што повлекуваа луѓе под себе.

Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене.


Изменето од sard - 27.Јуни.2007 во 23:12
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2007 во 21:16
Sard. зошто повторно му посветуваш тема на Аџија?
Опсесија ли ти е Аџија? Smile
Зошто не му одговори на прашањето на Аџија таму каде што он ти го постави?
Зошто мора да отвараш нова тема за секое прашање?
 
Ако имаш нешто аргументирано и јасно да кажеш на темите, кажи, а не само да ги вртиш темите настрана од нивниот топик и кога ќе се заплеткаш одма да отвараш нови теми.
Извини ако претерав малку, ама дај маклу и ти поработи на случајов.
Поздрав!
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2007 во 21:32
и мрмотот ја виткаше чоколадата во фолија.... Geek
зошто знаев дека ке напише дека сите од НИВ се одвоиле Confused
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2007 во 21:36
Ова прашање беше поставено на различни места. Најпрво јас пред некој месец му го поставив ова прашање на Аџија повеќе пати. Ама тој како и многу пати не го одговори. Потоа во слична форма Аџија прашуваше што ни гарантира дека денешното учење во МПЦ утре нема да биде ерес во темата Крштевање бебиња, потоа повторено, потоа ти се повика во истиот топик на тоа прашање, па Аџија го постави во некоја друга тема.  Едноставно се токмев од порано да го одговорам. А Аџија го внесов бидејќи и самиот побаруваше храбар кој ќе се обиде да го одговори прашањето.
За опсесијата за Аџија. Аџија навистина ми стана интересен бидејќи ми отвори нови непознати простори за тоа како човек може да биде свесен за лагата, да живее во неа и да негира секоја вистина до најочигледната.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2007 во 21:41
Мислам дека со моето изнесено гледиште за начинот на откривање кога нешто доаѓа од Св. Дух а кога од некој лажен дух ќе се сложат и православните верници, барем тоа го очекувам од оние со поголемо познавање на доктрините на Православието.
Дали може некој друг да даде поинаков одговор од искажаното гледиште за тоа како се утврдува објавата Божја од лажните објави?

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2007 во 22:31
„Ќе ме побарате и ќе ме најдете ако ме побарате од се срце“
Ако од прво се откажуваме никогаш нема ни да го најдеме Бога.

Да знам дека се консултирате со поискусни и истовремено со тоа вршите негација на протестантскиот принцип:
Библијата е единствениот извор на верата во Бога
Библијата сама се толкува, не ти треба никој да ти ја толкува (реакција на Римокатоличкиот авторитет во толкувањето)
Светиот Дух секому лично целосно се објавува и самопотврдува

Едноставно неприродното правило Библијата сама се толкува, Светиот Дух сам си потврдува морате да го напуштите па се консултирате. Ама консултацијата не завршува до крај затоа што доследно извршената консултација ќе оформи цврста црква и хиеарархија каква што протестантизмот негираше, па позицијата не е ни ваму ни таму одлична за паѓање во прелест.


Изменето од sard - 27.Јуни.2007 во 22:46
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2007 во 22:47

Разликување на Дух од дух најдобро се прави преку призмата на Божјиот Збор - Библијата.
Таа е 100% сигурна и маестралното во неа е тоа што откако еднаш ќе ја провериме, таа е проверена за секогаш и не мора да се грижиме потоа за нејзината веродостојност, туку слободно можеме да ја користиме како наш духовен компас во овој огромен лавиринт од "духовни" учења - ереси.


Библијата вели дека Божјиот Збор е остар меч кој продира длабоко во внатрешноста на човекот до раздвојување на духот од душата.
Ако сакаме да видиме дали некој дух (проповед на човек, учење на некоја "црква", организација или сл.) зборува Божји зборови, најдобро е да го измериме/споредиме тоа учење со Божјиот Збор - Библијата.

Доколку тоа учење е спротивно на Библиското учење и доколку нештата што ги проповеда се работи за кои Христос и Апостолите не збореле и не ги практикувале, тогаш е јасно дека тоа е демонско учење - ерес.

Но доколку тоа учење е во согласност со Божјиот Збор и ако се вклопува во праксата на првата христијанска заедница (Христос и Апостолите), тогаш можеме да бидеме сигурни дека тоа е учење од Светиот Дух.

Нормално, имајќи предвид дека црквата е најотворената институција и дека во неа може да влезе кој сака, ние секогаш треба да бидеме будни за ересите и секогаш да ги отстрануваме со помош на Божјото Слово.
Ако сме затекнати во некоја "црква" која ги преминува границите за "поправка", поточно ако увидиме дека Христос не е глава на таа самонаречена "црква" - таквата треба да ја напуштиме и да си опбараме здрава, библиска и Христова Црква.


Изменето од EvAngelos - 27.Јуни.2007 во 22:49
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2007 во 23:02
Цитирај Разликување на Дух од дух најдобро се прави преку призмата на Божјиот Збор - Библијата.

Таа е 100% сигурна и маестралното во неа е тоа што откако еднаш ќе ја провериме, таа е проверена за секогаш и не мора да се грижиме потоа за нејзината веродостојност, туку слободно можеме да ја користиме како наш духовен компас во овој огромен лавиринт од "духовни" учења - ереси.


Ако човек биде воден според своето рацио, бидејќи секој има свое рацио, секој ја толкува различно Библијата. Се постигнува единство во толкувањето ако толкувањето се врши според Духот на верата оној кој ја осенил Црквата уште пред да биде напишана Библијата. Преку истиот Дух била напишана, преку истиот Дух може да биде толкувана. Црквата го има Духот за толкување, а не поединецот. Тогаш наместо еден папа како неоспорен авторитет во толкувањето добиваме секој човек станува папа.

Цитирај Библијата вели дека Божјиот Збор е остар меч кој продира длабоко во внатрешноста на човекот до раздвојување на духот од душата.
Јасно е дека не секој кој ја прочитал поради таа голема сила на Библијата автоматски станал верник.

Цитирај Ако сакаме да видиме дали некој дух (проповед на човек, учење на некоја "црква", организација или сл.) зборува Божји зборови, најдобро е да го измериме/споредиме тоа учење со Божјиот Збор - Библијата.

 Умот со ум. Духот со Дух се мери.

Цитирај Доколку тоа учење е спротивно на Библиското учење и доколку нештата што ги проповеда се работи за кои Христос и Апостолите не збореле и не ги практикувале, тогаш е јасно дека тоа е демонско учење - ерес.

Кој ќе суди? Кој ќе цени дали е ерес?

Цитирај Но доколку тоа учење е во согласност со Божјиот Збор и ако се вклопува во праксата на првата христијанска заедница (Христос и Апостолите), тогаш можеме да бидеме сигурни дека тоа е учење од Светиот Дух.

Кој ќе суди? Само Бог може да знае каква била првата христијанска заедница. Ние луѓето ќе треба да веруваме на прекажување. Впрочем верата не стои туку се развива.

Цитирај Нормално, имајќи предвид дека црквата е најотворената институција и дека во неа може да влезе кој сака, ние секогаш треба да бидеме будни за ересите и секогаш да ги отстрануваме со помош на Божјото Слово.
Ако сме затекнати во некоја "црква" која ги преминува границите за "поправка", поточно ако увидиме дека Христос не е глава на таа самонаречена "црква" - таквата треба да ја напуштиме и да си опбараме здрава, библиска и Христова Црква.

Во секој случај друга Црква не може да биде Христова и веднаш треба да се отфрли бидејќи Христови Цркви нема многу туку ЕДНА и сега за сега очигледно е Која е Таа.


Изменето од sard - 27.Јуни.2007 во 23:16
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2007 во 23:32
Ќе реплицирам (EvAngelos) со црвено...
 
Originally posted by sard sard напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Разликување на Дух од дух најдобро се прави преку призмата на Божјиот Збор - Библијата.

Таа е 100% сигурна и маестралното во неа е тоа што откако еднаш ќе ја провериме, таа е проверена за секогаш и не мора да се грижиме потоа за нејзината веродостојност, туку слободно можеме да ја користиме како наш духовен компас во овој огромен лавиринт од "духовни" учења - ереси.


Ако човек биде воден според своето рацио, бидејќи секој има свое рацио, секој ја толкува различно Библијата. Се постигнува единство во толкувањето ако толкувањето се врши според Духот на верата оној кој ја осенил Црквата уште пред да биде напишана Библијата. Преку истиот Дух била напишана, преку истиот Дух може да биде толкувана. Црквата го има Духот за толкување, а не поединецот. Тогаш наместо еден папа како неоспорен авторитет во толкувањето добиваме секој човек станува папа.

Кој ја толкува правилно Библијата? Вартоломеј или Папата? МПЦ? СПЦ? или ГПЦ?

Зошто Исус "протолкува" дека нема човек роден од жена кој се издигнал над Јован Крстител, а православните "толкуваат" дека има - Марија?
 
Точно е, секој има свое рацио, па и попчето. Од каде ќе занеш дека неговото рацио е водено од Светиот Дух? А што ако ти каже работи што се спротивни на Библијата? А што ако ти ја протолкува 2та Божја Заповед наопаку "Прави си икони, целивај ги и поклонувај им се" Smile
 

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Библијата вели дека Божјиот Збор е остар меч кој продира длабоко во внатрешноста на човекот до раздвојување на духот од душата.
Јасно е дека не секој кој ја прочитал поради таа голема сила на Библијата автоматски станал верник.

Ама ако му дозволел и ако не му се противел, ќе станел. Исус вели: Светлината дојде во светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината и се скрија во неа, затоа што делата им беа зли.

Значи не е до интелигенцијата кој ќе ја свати Евангелсакта порака, туку до ставот на срцето.
Исус вели: Оној кој е од вистината, го слуша Мојот глас.
 


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Ако сакаме да видиме дали некој дух (проповед на човек, учење на некоја "црква", организација или сл.) зборува Божји зборови, најдобро е да го измериме/споредиме тоа учење со Божјиот Збор - Библијата.

 Умот со ум. Духот со Дух се мери.
 
Многу мудро, штета што Соломон го заборавил да го напише во Поговорките.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Доколку тоа учење е спротивно на Библиското учење и доколку нештата што ги проповеда се работи за кои Христос и Апостолите не збореле и не ги практикувале, тогаш е јасно дека тоа е демонско учење - ерес.

Кој ќе суди? Кој ќе цени дали е ерес?

Божјиот Збор преку оние кои го имаат тој духовен дар во локалната црква!


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Но доколку тоа учење е во согласност со Божјиот Збор и ако се вклопува во праксата на првата христијанска заедница (Христос и Апостолите), тогаш можеме да бидеме сигурни дека тоа е учење од Светиот Дух.

Кој ќе суди? Само Бог може да знае каква била првата христијанска заедница. Ние луѓето ќе треба да веруваме на прекажување. Впрочем верата не стои туку се развива.

Точно, Бог знае, но Бог сакал и човекот да знае и затоа ни го направил Новиот Завет, евангелијата, делата апостолкси, посланијата, од каде совршено можеме да видиме каква била првата христијанска заедница.

 



Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Нормално, имајќи предвид дека црквата е најотворената институција и дека во неа може да влезе кој сака, ние секогаш треба да бидеме будни за ересите и секогаш да ги отстрануваме со помош на Божјото Слово.
Ако сме затекнати во некоја "црква" која ги преминува границите за "поправка", поточно ако увидиме дека Христос не е глава на таа самонаречена "црква" - таквата треба да ја напуштиме и да си опбараме здрава, библиска и Христова Црква.

 

Во секој случај друга Црква не може да биде Христова и веднаш треба да се отфрли бидејќи Христови Цркви нема многу туку ЕДНА.

А зошто православната црква во 1054 год ја отфрли Мајката Црква - Католичката, изврши раскол и си создаде нова (ВТОРА!) црква во Цариград? LOL

Христос вели: Лицемере, извади си ја гредата во окото, па потоа ќе можеш подобро да ја видиш раската во окото на туѓиот.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 01:15
Се радувам што конечно се најде еден ХРАБАР (иако не и достоен) да одговори на поставеното прашање, иако во погрешна тема, заради некаква си своја цел... но еве, нека му биде... иако тоа издава страв...

Најдов МНОГУ нелогичности, а уште пострашно, најдов МНОГУ анти-христијански пораки во „одговорот“. Ќе почнам скромно, но полека ќе ги разобличуваме сите...

Христос рече: Одете по сите народи и учете ги на тоа што ЈАС ви го заповедав.

Христос никаде не и дал задача на црквата таа да одлучува што и како треба да се проповеда, да одржува концили, да црта икони, да наплаќа за свеќи или за доброволен прилог, да менува, додава и изменува, туку да го проповеда КАКО ШТО ТОЈ им заповедал. А Светото Предание Христово го имаме запишано од тие апостоли. Значи тука нема никаков маневарски простор оставен на црквата. Таа има јасна и едноставна задача: да го проповеда Христа и Неговото учење. А не учењето на светите оци, на Вселенските Собори, на Патријархот овој или оној. Ние не сме посредници на Господ, туку негови амбасадори, негови сведоци...

Дури зборот црква не се ни спомнува во Новиот завет. Се користи грчкиот термин еклесио (ек-од; калео-повикан), значи повиканите, собраните... Тука нема никаков збор за институции, згради, хиерархии, парламенти или посредства. Станува единствено збор за повиканите да го следат Христа. Тоа е црквата.

Затоа црквата е најмалку „место“ како што ти тоа го прикажа. Црквата е тело, динамичка материја - Христовите верни чеда. Затоа секогаш кога ќе кажеш „Св. Дух ја вдахновува Црквата“, имај на ум дека тука се зборува за „повиканите“, за СИТЕ ЛУЃЕ собрани под Христовиот Крст. Нема тука ни збор за некаква виша каста на свештеници кои на нас неуките ќе ни го отворат рајот. НИЕ сме црквата. Нас Св. Дух не вдахновува. И НИЕ СМЕ тие што го отелотворуваат Неговото учење, го слушаат Неговиот Збор и ја проповедаат Неговата порака...
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 02:48

Axi>Дури зборот црква не се ни спомнува во Новиот завет. Се користи грчкиот термин еклесио (ек-од; калео-повикан), значи повиканите, собраните... Тука нема никаков збор за институции, згради, хиерархии, парламенти или посредства. Станува единствено збор за повиканите да го следат Христа. Тоа е црквата.

Matej 16,18. A Jas tebe ti velam: *ti si Petar i +na toj kamen }e ja izgradam crkvata Svoja, i vratite na pekolot nema da ja nadvladeat.
*Jovan 1,42; +Efes.2,20;

Matej 18,17. ako li, pak, ne gi poslu{a i niv, ka`i и na crkvata; pa, ako i crkvata ne ja poslu{a, toga{ neka ti bide toj kako neznabo`ec i mitnik.

Matej 23,17. Bezumni i slepi! [to e pogolemo, navistina: zlatoto ili crkvata, koja go osvetuva zlatoto? 18. Isto taka velite: Ako nekoj se zakolne vo `rtvenikot, ni{to ne e; no, ako nekoj se zakolne vo darot {to e na nego, vinoven e.

19. Bezumni i slepi! [to e, navistina, posveto: darot ili *`rtvenikot, {to go osvetuva darot?
*2.Moj.29,37;

21. i koj se zakolne vo crkvata, se kolne vo nea i vo Onoj, Koj `ivee vo nea;

Лука 2,47. Falej}i Go Boga bea omileni kaj site lu|e. A *Gospod sekoj den ja umno`uva{e Crkvata so onie {to sakaa da se spasat.
*Dela 5,14; 11,24;

Eve ja crkvata kako HRAM - ZGRADA,  kako ПАРЛАМЕНТ - СОБОР КОЈ ОДЛУЧУВА и како  ЕКЛЕСИЈА - ЗАЕДНИЦА НА ВЕРНИ.

Ова е само дел да пишувам понатаму?Wink

Баш ме интересира  ова како го толкувате:

Дела 13,1. *Vo Antiohijskata crkva ima{e nekoi proroci i u~iteli, kako: Varnava i Simeon, nare~en Niger, Lucij Kirineecot, i Manil, odgledan so Iroda чetvorovlasnikot, i Savle.
*Dela 6,6;

Можеби Помесна црква?

Дела 14,23. Pa, otkako im rakopolo`ija sve{tenici za - sekoja crkva, se pomolija so post, i gi predadoa na Gospoda, vo Kogo bea poveruvale.

А овој е убав за да се види односот и авторитетот на апостолите и останатите членови на Црквата:

Дела 15,22. Toga{ apostolite i stare{inite so celata crkva najdoa za dobro da gi izberat me|u sebe Juda, nare~en Varsava, i Sila, lu|e istaknati me|u bra}ata, i so Pavla i Varnava da gi pratat vo Antiohija.









Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
rome Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 492
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rome Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 02:50
bravos bronhi taka je
Zaljubena vo Hristos nashiot Edinstven Spasitel
Кон врв
Реакт Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Мај.2007
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Реакт Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 09:26
Originally posted by аџија аџија напиша:

Се радувам што конечно се најде еден ХРАБАР (иако не и достоен) да одговори на поставеното прашање, иако во погрешна тема, заради некаква си своја цел... но еве, нека му биде... иако тоа издава страв...

Најдов МНОГУ нелогичности, а уште пострашно, најдов МНОГУ анти-христијански пораки во „одговорот“. Ќе почнам скромно, но полека ќе ги разобличуваме сите...

Христос рече: Одете по сите народи и учете ги на тоа што ЈАС ви го заповедав.

Христос никаде не и дал задача на црквата таа да одлучува што и како треба да се проповеда, да одржува концили, да црта икони, да наплаќа за свеќи или за доброволен прилог, да менува, додава и изменува, туку да го проповеда КАКО ШТО ТОЈ им заповедал. А Светото Предание Христово го имаме запишано од тие апостоли. Значи тука нема никаков маневарски простор оставен на црквата. Таа има јасна и едноставна задача: да го проповеда Христа и Неговото учење. А не учењето на светите оци, на Вселенските Собори, на Патријархот овој или оној. Ние не сме посредници на Господ, туку негови амбасадори, негови сведоци...


Кој е татко на лагата? А оној кој лаже е негов син! Каде Црквата вели дека учи нешто свое, различно од Христа???

Дури зборот црква не се ни спомнува во Новиот завет. Се користи грчкиот термин еклесио (ек-од; калео-повикан), значи повиканите, собраните... Тука нема никаков збор за институции, згради, хиерархии, парламенти или посредства. Станува единствено збор за повиканите да го следат Христа. Тоа е црквата.

Ти одговори Бронхи. Па дури и роме му кажа браво?! Ама во Светото писмо не се спомнува ниту зброт морал, етика, религија, компјутер, модератор.... Па зарем тие нешта не постојат???

Затоа црквата е најмалку „место“ како што ти тоа го прикажа. Црквата е тело, динамичка материја - Христовите верни чеда. Затоа секогаш кога ќе кажеш „Св. Дух ја вдахновува Црквата“, имај на ум дека тука се зборува за „повиканите“, за СИТЕ ЛУЃЕ собрани под Христовиот Крст. Нема тука ни збор за некаква виша каста на свештеници кои на нас неуките ќе ни го отворат рајот. НИЕ сме црквата. Нас Св. Дух не вдахновува. И НИЕ СМЕ тие што го отелотворуваат Неговото учење, го слушаат Неговиот Збор и ја проповедаат Неговата порака...

И сега, какви се овие контрадикторности??? Има или нема Црква? Ако има - што е? Ако нема -  рамисли пред да кажеш дека не постои!  Еден куп прашања има за тоа што е и каква е Црквата, ама на нив може да одговори само оној кој е член на Црквата. Оној кој не е -  ниту може, ниту знае!



Без коментар
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 09:52

Реакт, дали ти го читаш постот пред да реплицираш на истиот? Smile

Ако од тоа што Аџија ти го објасни ти не свати што е, а што не е Црква, навистина тешко ќе се разбереме овде на форумов.
Ајде пробај препрочитај го уште еднаш, полека, се си пишува, и што е Црквата, и што не е Црката, и кој ја сочинува итн.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.