IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Вафли
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вафли

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Вафли
    Испратена: 15.Мај.2018 во 15:59
Колку ги сакате вафлите?среќа

Вафли

Вафли
Состојки
20 лажици шеќер
400 мл зејтин
400 мл млеко
40 лажици брашно
2 пакетчиња ванилин шеќер
1 пециво
8 јајца

Во сад за матење ги ставаме јајцата и шеќерот и добро ги уработуваме. Го додаваме зејтинот, млекото, добро промешуваме, На крајот го додаваме брашното во кое претходно е додадено пецивото и ванилата. 
Со бркалка добро промешуваме за да не ни останат грутчиња од брашното. Апаратот за вафли го вклучуваме на 3 или зависно од јачината на вашиот, подмачкуваме со малку маргарин на почетокот. За времето на печење ќе оцените сами или околу 5 минути. Можете да ги споите со мармалад или крем, а вкусни се и така.
Овој рецепт ни е одомакинет и често се прави во мојот дом. Овојпат ги правеше ќерка ми .Од оваа смеса излегуваат многу вафли,а ако сакате можете да направите половина доза.
Ви посакувам добар апетит.




Изменето од Valerija - 15.Мај.2018 во 16:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 16:01
Чоколадни вафли со брусница
Чоколадни вафли со брусница

Состојки
4 јајца
6 лажици кафен шеќер
180 мл јогурт
150мл масло
6 лажици млеко
19-20 лажици брашно
1 пециво
1 полна рака сува брусница
1 лажица полна со врв какао
1 ванила
топки сладолед од шумско овошје, за послужување

Во еден сад ги ставаме јајцата, ванилата и кафениот шеќер и матиме со миксер 1-2 минути.
Во еден сад ги соединуваме пецивото, просеаното какако и брашното.
Во садот со изматени јајца ги додаваме млекото, јогуртот, маслото.
Лесно соединуваме, па ги додаваме сувите состојки.
Ја додаваме и сувата брусница.
Убаво ја изедначуваме смесата.
Го загреваме апаратот за вафли.
Ставаме од прилика по 2 полни лажици и оставме да се печат по неколку минути.
Ги вадиме на решетка да се изладат.
По желба ги сервираме со топки сладолед од шумско овошје.
До колку се за носење, за ужинка, се консумирааат со чоколадно млеко.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 16:03
Вафли со рум

Вафли со рум

Состојки
4 јајца
120гр шеќер
1 пакетче ванилин шеќер
200гр путер или маргарин омекнат на собна температура
350гр брашно
1/2 пакетче пециво
200мл вода
1 лажица рум

Јајцата заедно со двете врсти на шеќер изматете ги убаво, смесата да осветли и да се згусне. Додадете го путерот или маргаринот и продолжете со матење. Брашното измешајте го со пецивото па половината додадете ја кон јајцата. Продолжете со матење. Налејте ја водата и остатокот од брашното со пецивото. На крај ставете го и румот и убави изматетете за да се спојат сите состојки. Ќе добиете густа смеса.
Апаратот за вафли заграјте го на умерена тепература, ставајте од смесата врз површината и печете вафли.
Во зависност од тоа каков апарат користите, премачкајте со зејтин пред да ставите од тестото да се печи, се разбира доколку ви лепи површината за печење, а и времето на печење си зависи од самиот апарат.
Готовите вафли наросете ги обилно со шеќер во прав и послужете ги со вам омиленото слатко или чоколаден прелив.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 16:13
Меки вафли

Меки вафли
Состојки
За тесто
4 јајца
200 гр шеќер
2 ванилин шеќери
200 мл масло
200 мл млеко
1 пециво
500 гр брашно
За пудинг
1 пудинг од ванила
400 мл млеко
3-4 лажици шеќер
За шлаг
1 пакетче шлаг
125 мл млеко
Слатко од боровинки, џем или мармалад по желба
Меки галети или вафли... ги обожавам. Во услови на „одмор“ можете да ги подготвите и од вечер, затоа што го задржуваат вкусот и тексурата, со тоа што ќе ги мачкате утредента. Инаку и самостојно да се јадат се одлични.

Предноста кај овие меки галети е брзата подготовка. Сите состојки ги ставате во еден сад и ги матите со миксер, а може и рачно. Потоа на апаратот за вафли истурајте по лажица или две и печете, вие најдобро си го знаете како ви работи апаратот, па не би можела да ви кажам временски колку би ги печеле. И уживајте...

Моите беа дегустирани со пудинг од ванила, слатко од боровинки и шлаг од ванила. Одличен спој на вкусовите.
Можете да ги лепите, па да имате веќе подготвени слатки сендвичи срциња, кои ќе бидат голема радост за децата.
Апаратот за вафли и галети е еден од помалите апарати кои може да се носи на кампување, а особено корисен за брзински подготвен појадок или вечера....


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 16:15

Домашен рецепт за брзи холандски вафли

Велат дека еднаш штом ќе ги пробате холандските„ стоп-вафли“ никогаш повеќе нема да посакате да пробате друг тип на вафли.

domashen-recept-za-brzi-holandski-vafli-01.jpg

Овој неодолив десерт за многумина претставува врв на кулинарските деликатеси, а посетата на Холандија не може да пројде без дегустација на еден од најпознатите рецепти.

domashen-recept-za-brzi-holandski-vafli-1.jpg

Секако ако немате можност да ја посетите Холандија, тогаш можете да сами да си направите вафли.

Потребни состојки:

  • 500g Брашно
  • 250g Стопен путер
  • 150g Шеќер
  • 2 Кесички сув квасец
  • 60ml Топло млеко
  • 1 Јајце
  • ½ Шолја мед
  • 200g Кафеав шеќер
  • 50g Путер
  • 1 Лажичка цимет

Подготовка:

Во голем пластичен сад помешајте ги брашното, стопениот путер, сувиот квасец, шеќерот, млекото и јајцето. Кога тестото ќе стане прегусто за мешање ставете ја смесата на рамна површина и продолжете да го месите тестото.

Оставете го на страна да отстои 45 минути.

За тоа време подгответе го филот. Во мало тенџере загрејте ги медот, кафеавиот шеќер, 50g путер и циметот. На средна температура полека загревајте ја смесата и кога состојките ќе се соединат тргнете го тенџерето од рерната и оставете да се лади смесата.

Во апарат за вафли или тостер со калапи за галети ставете го тестото и печете го додека не добие златножолта боја. Потребни ќе ви бидат отприлика 20-тина минути.

domashen-recept-za-brzi-holandski-vafli-2.jpg

Извадете ги од тостерот и премачкајте ги со филот.

domashen-recept-za-brzi-holandski-vafli-3.jpg

Оставете ги малку да се оладат (или не...) и уживајте во нив.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 16:19
Меки миризливи вафли со мед


Меки миризливи вафли со мед

Состојки
150 гр омекнат маргарин
3 јајца
50 гр шеќер
150 гр мед
прстофат сол
250 мл млеко
300 гр брашно
1/2 пакетче лимон шеќер
1 лажиче мешавина зачин за пченица
1 пак. прашок за печење

Маргаринот со шеќерот, солта и медот пенасто се матат, па се додаваат јајцата едно по едно. Секое се мати по една минута посебно.
Се додава млекото, па брашното и прашокот за печење и на крај зачинот и лимон шеќерот. Се печат во ваферка.
Можи да ги послужите одозгора со мед и ореви, со готов пудинг или некој овошен прелив


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 16:24
Вафли со кашкавал


Вафли со кашкавал

Состојки

1 јајце
2оо мл јогурт
50 мл млеко
50 мл масло
5-6 лажици брашно 
1пециво

Преубави вафли за појадок. Се ставаат сите состојки во сад, се матат со вилушка или миксер, се остава да стои 10 тина минути. На намрсен тостер за вафли се става малку од смесата,  па парчиња кашкавал и се дополнува со смесата. Се затвора тостерот и се печат додека не поруменат вафлите.





Изменето од Valerija - 15.Мај.2018 во 16:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 16:47
Бабини вафли


Бабини вафли

Состојки
250гр. омекнат путер или маргарин
250гр. шеќер
1 пакетче прашок за пециво
1 пакетче ванилин шеќер
4 јајца
500гр. бело брашно
400мл. газирана вода

Рецептов го добив од една пријателка пред подолго време и остана не испробан мислејќи дека сум го загубила. Пред неколку дена случајно го најдов и секако бидејќи сме големи љубители на ваков тип на десерти, веднаш ги направив.
За подготовката не е потребна некоја умешност, напротив, лесни и брзи се за подготовка, а уште побрзи за јадење -)))

Подготовка
Путерот или маргаринот заедно со двете врсти на шеќер изматете ги пенесто. Додадете ги јајцата едно по едно и секое од нив матете го по половина минута пред да го додадете наредното. Прашокот за пециво измешајте го во брашното. Наизменично додавајте од водата и брашното во садот каде матите. Ќе добиете доста густа и мазна смеса. Покријте го садот со алу фолија и оставете тестото да одмори 10-тина минути.
Загрејте го апаратот за печење вафли. Премачкајте ја површината за печење со зејтин и ставајте по 3 лажици од тестото на неа. Поклопете со капакот и оставете да се испече вафелот на средна температура.

Сервирајте ги топли посипани со шеќер во прав, додадете овошје по желба и матена слатка павлака. Убави се и со чоколаден крем, или со овошен сос....нам секоја комбинација ни е убава, ги обожаваме -)))

Од оваа смеса излегуваат 15 вафли.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 16:48
Вафли со нутела

Вафли со Нутела

Состојки
500гр. брашно
4 јајца
200гр. шеќер
150мл масло
200мл млеко
1 пециво
1 ванилин шеќер
250гр нутела
3-4 банани
Сите состојки ги ставате во сад, освен нутелата и бананите, и ги матите со миксер. Апаратот за вафли загрејте го и намачкајте го со малку масло. Ставете од смесата и печете ги вафлите околу 3-4 минути.
Јас ги премачкав со нутела и ги декорирав со банани и малку мусли.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 16:51
Лиснати вафли


Лиснати вафли

Состојки
Лиснато тесто по потреба
Еурокрем или некој посув џем (за блага варијанта)
Сирење сечкана салама, кашкавал (за солена варијанта)

Ова е повеќе идеја отколку рецепт.
Јас сум воодушевена од крајниот резултат, никогаш побрзо не сум направила толку убави вафли.
Загрејте го добро пекачот за вафли.
Лиснатото тесто (јас редовно го користам мојот рецепт за брзо лиснато) малку расучете го. Исечете парчиња со димензии на калапот. На едното парче ставете од филот, само не до крајот за да не ви истекува и преклопете го со друго парче. Ставете го да се пече. Додека не се испече не го стегајте тостерот, дозволете лиснатото да нарасне. Брзо оди печењето, кога ќе заруменат, вафлите се готови...


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 16:56
Утрински вафли


Утрински вафли

Состојки
2 шољи (250мл) сенаменско брашно
1 лажичка сув квасец
1 лажица шеќер
1/2 лажичка сол
2 шољи млеко
1 големо јајце
6 лажици растопен путер

Рецептот е дел од колекцијата на најдобри 1000 рецепти од 150 годишната архива на Њу Јорк Тајмс.
Исклучиво е лесно да се направи, а посебна предност е што тестото се прави одвечер, а наутро е подготвено за печење.
Мој предлог што да послужите на вашето семејство за Велигденски доручек. 
Во еден поголем сад измешајте ги со жица сувите состојки, додајте го млекото и мешајте со жица додека не стане сосема мазно.
Покријте со проѕирна фолија, оставете 1 - 2 часа на собна температура, а потоа тестото оставете го во фрижидер преку ноќ.
Утрото, додајте го во тестото разматеното јајце, измешајте, па додајте го и растопениот путер. Ќе добиете прилично ретко тесто.
Загрејте ја вафлерицата. Премачкајте ја површината со малку путер, па испечете ги вафлите додека не добијат крцкава површина и убава златна боја.
Сервирајте ги топли, со путер, мед, мармалад, компот, посипани со шеќер во прав или веке по ваша желба.
Од овие состојки, мене ми испаднаа 12 вафли.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 16:58
Домашни вафли


Домашни вафли

Состојки
250 гр. брашно
2 кесички прашок за печиво
3 јајца
1 кесичка ванилин шеќер
2 лажици шеќер
60 гр. путер
450 мл. млеко

Помешајте го брашното со солта, прашокот за печиво и оставете ги на страна. Одвојте ги жолчките од белките, па изматете цврст снег. Во друг сад, матете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер се додека не добиете бледо жолта боја. Додајте го растопениот путер и млеко и добро измешајте. Во истата смеса, додајте го брашното при тоа матејќи со најмала брзина (многу кратко се додека смесата не се изедначи). На крај додајте ги и изматените белки и измешајте со лажица.
Апаратот за вафли премачкајте го со малку маргарин, истурете од тестото, затворете и печете. Служете со еурокрем,мармалад,мед...или едноставно посипете ги со шеќер во прав.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 17:00
Домашни солени вафли

Домашни солени вафли

Состојки
1 растопен маргарин
200 гр млака вода
200 гр зејтин
1 пакетче сусам (може и други семиња по желба)
1 пециво
1 мала лажичка сол
брашно по потреба (за да се добие меко тесто 400-500 гр)

Растопениот маргарин се меша со останатите состојки, освен брашното.
Брашното постепено се додава (во половина од количината на брашното јас додадов интегрално брашно). 
Се меси меко тесто. Потоа се прават мали топчиња, па се плескаат во зависност од апаратот за вафли. Апаратот не се премачкува затоа што веќе има маргарин и зејтин во тестото. Се печат на апаратот додека не заруменат. Можат да се јадат со јогурт, павлака или само како закуска. Брзо се прават, а се многу вкусни.
Добар апетит!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 17:02
Солени вафли со хељдино брашно


Солени вафли со хељдино брашно

Состојки
2 јајца
300мл млеко
70мл јогурт
100мл масло
1 лажиче сол
1 кесе пециво
100гр фета сирење
1 ситно сецкан младо кромидче
10 исчистени, измиени листови спанаќ
1 димена сецкана виршла
1/4 лажиче црн бибер
2 полни лажици хељдино брашно
210гр бело брашно

Прво во една вангличка ги ставаме одвоените белки и матиме со миксер.
Додаваме сол и една по една жолчка.
Убаво соединуваме.
Сега ги додаваме млекото, јогуртот, маслото, соединетите два вида брашно и пециво.
Лесно промешуваме.
Во еден сад ги соединуваме фета сецканото сирење, сецканото кромидче, црн пипер, исецканиот спанаќ, исецканата виршла.
Ова го додаваме на претходната смеса.
Убаво соединуваме.
Го вклучуваме апаратот да се загрее.
Ставаме од смесата. Печиме одприлика по 3-4 минути, или додека не заруменат.
Јас на новиов апарат воопшто не ставив масло, прекрасен е и нема леплива подлога.
Вие прилагодетесе според вашиот апарат.
Сервираме топли со чаша јогурт и уживамееее.
Од оваа количина добив 10 прекрасни вафли.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.