IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Се од тиквички
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Се од тиквички

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Се од тиквички
    Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:31

Прженици од тиквички


Пржениците од тиквички се едноставни за подготовка и имаат малку калории.

Можат да бидат одличен додаток за главното јадење но и да бидат ужина која можете да ја носите на работа.

Состојки:

  • 0,5 кг изрендани тиквички
  • 1 лажица сол
  • ¼ шоља брашно
  • ¼ изрендан пармезан
  • 2 чешниња лук ситено сецкани
  • 1 големо јајце
  • Сол и бибер
  • 2 лажици маслиново масло

Подготовка:

Изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете ги да се исцедат едно 10-на минути.

Во поголем сад измешајте ги тиквичките, брашното, пармезанот, лукот и јајцата, се посолете и ставете бибер по желба.

Загрејте го маслото во голема тава на среден оган и ставајте по една лажица од смесата. Печете на една па на друга страна додека да добијат златна боја.

И тоа е тоа, имајте добар апетит!



Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 09:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:33

Крем супа од тиквички

Крем супите се совршен оброк. Освен што се вкусни, тие толку заситуваат што нема потреба по нив да јадете нешто друго.

Овој рецепт веруваме дека ќе им се допадне на сите дами кои сакаат тиквички но и кои водат сметка за својата линија.

Ако не планирате да ја јадете оваа крем супа како главно јадење, тогаш најдобро би било да ги преполовите мерките кои се подолу наведени.

Состојки:

  • 1 кг тиквички
  • 500 грама компир
  • 150 грама кромид
  • 2 чешниња лук
  • 200 грама павлака за готвење
  • 2 литра вода
  • 4 лажици масло
  • Сол, бибер и вегета

Подготовка:

Тиквичките измијте ги и исецкајте ги на коцки. Компирите излупете ги и исто така исецкајте ги на коцки.

Кромидот исецкајте го ситно и пропржете го на масло. Додадете ги и тиквичките и компирот, па со вода покријте го зеленчукот.

Посолете ја смесата и варете ја додека да омекне. Потоа се префрлете во блендер и изблендајте.

Варете ја смесата и по потреба додавајте вода. Зачинете ја со бибер, вегета и исецкан лук.

На кратко пред самиот крај додадете ја павлаката за готвење.

И тоа е тоа. Имајте добар апетит!



Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 10:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:34

Брзи тиквички со кашкавал


Брзо и вкусно летно јадење подготвено за половина час…звучи примамливо нели?

Кашкавал кој се растегнува, сочни тиквички и сос од домати со малку босилек веруваме дека е комбинација која ќе го освои вашето срце (и желудник).

Состојки:

  • 3 големи тиквички
  • 1 лажица маслиново масло
  • По желба два различни вида на тврд кашкавал
  • ½ шолја лебни трошки
  • 1 шолја доматен сос
  • ½ шолја моцарела
  • Сол и бибер
  • босилек

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. На плех ставете хартија за печење.

Тиквичките исечкајте на кругови или на летни по желба со ширина околу 1 см. Посолете ги и оставете да ја испуштат течноста па избришете ги со салфетки.

Во сад измешајте ги лебните трошки со ситно ренданиот кашкавал и посолете и ставете бибер.

Секое парче тиквичка извалкајте го во таа мешавина и наредете ги на калап за печење.

Печете додека не станат златни и крцкави.

Извадете ги од рерна, и на дното на еден подлабоко тавче ставете доматен сос кој ќе го зачините со сол, бибер и босилек.

На сосот наредете дел од тиквичките, посипете ги со моцарела.

Повторувајте ја постапката додека да останете без состојки но на крајот погрижете се да завршите со моцарела.

Печете уште 10-15 минути додека сирењето да се стопи.

Послужете го додека е топло.

Имајте добар апетит!



Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 10:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:35

Помфрит од тиквички

Да ги искористиме тиквичките додека ги има и да направиме интересен помфрит од тиквички печен во рерна.

Состојки:

  • 500 грама тиквички
  • 2 јајца
  • Презла
  • Пармезан
  • Сол и бибер
  • Лут буковец

За сос:

  • 1 конзерва домати
  • 2 чешниња лук
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер
  • 2 лажици свеж магданос

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени и обложете ја со хартија за печење.

Тиквичките излупете ги и исецкајте на покрупни парчиња за помфрит.

Во сад изматете ги јајцата, а во друг ставете поголема количина презла и нарендајте пармезан, сипете малку сол, бибер и лут буковец.

Секое парче тиквичка посебно прво натопете го во јајцата па во мешавината и редете го на плехот за печење.

Печете додека парчињата не добијат златна боја.

За сосот во тавче сипете две лажици маслиново масло и додадете го насецканиот лук.

Вклучете ја ринглата на најјако па кога лукот ќе добие потемна боја сипете ги доматите, посолете и ставете бибер по желба. Сосот нека се крчка на среден оган додека да добиете густина.

Пред да го послужете ставете свеж магданос.

Помфритот од тиквички и сосот служете ги топли.

Имајте добар апетит!



Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 10:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:37

Пикантни ролнички од тиквички

Тиквичките се многу едноставни за подготовка, а се пристапни и евтини, секако додека им е сезона.

Затоа денес ви нудиме уште еден рецепт токму со тиквички. Овие ролнички можат да бидат предјадење, прилог или пак лесна вечера.

Прекрасно зарем не?

Состојки за 12 ролнички:

  • 2 тиквички
  • 80 грама горгонзола
  • 6 парчиња сушен домат
  • 2 – 3 свежи листови босилек
  • Чешне лук
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер по желба

Подготовка:

Ситно исецкајте го босилекот и лукот и додадете го во маслото, зачинете го и измешајте го.

Тиквичките исецкајте ги по должина на листови дебели 3 милиметри. Посолете ги и оставете ги половина час да ја испуштат водата.

Исушете ги на салфетка и премачкајте ги со маслото со зачини.

Печете ги десетина минути во рерна загреана на 200 степени, повторно премачкајте ги со масло и печете ги додека да добијат златно боја.

Потоа оставете ги да се изладат.

Додека тиквичките се печат, исецкајте ја горгонзолата на 12 долгнавести парчиња, а сушените домати на ленти.

На почетокот на тиквичката ставете парче горгонзола и 2-3 ленти сушен домат. Замотајте ја ролничката и зацврстете ја со чепкалка за да стои цврсто.

Постапката повторете ја со останатите тиквички.

И тоа е тоа, сервирајте и имајте добар апетит!



Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 10:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:38

Вкусни залчиња од тиквички

Тиквичките освен како главно јадење можете да ги служите и како мезе. Веруваме дека на денешниот рецепт нема да останете рамнодушни.

Состојки:

  • 1 килограм компири (обарени, излупени и изрендани)
  • 1 килограм тиквички (изрендани)
  • Чешне лук (мелено)
  • 1 лажица сецкани свежи листови рузмарин (но и неколку за декорација)
  • ¼ шолја рендан пармезан (плус една лажица пармезан)
  • ¼ шолја презла
  • 2 белки (малку изматени)
  • 2 лажици сол или вегета
  • ¼ лажица бибер
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 ½ крем сирење или павлака по желба

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени. На страна подгответе хартија за печење.

Ставете ги компирите и тиквичките на платнена крпа или салфетки за да се исцедат, а потоа ставете ги во поголема чинија.

Додадете го лукот, рузмаринот, пармезанот, презлата, белките посолете и додадете бибер.

Целата смеса добро измешајте ја додека состојките не се соединат.

На тавче загрејте масло на среден оган и ставете ја смесата рамномерно по тавчето.

Посипете малку маслиново масло на врвот и ставете една лажица пармезан.

Пржете додека ивицата на порумени. Потоа ставете ја “палачинката“ на хартија за печење и печете во рерната 20 до 25 минути додека горната страна на порумени.

Исечете ја палачинката на коцкички и наредете ја на тањир за послужување. На врвот на секоја коцка ставете по малку сирење или павлака и украсете со свежи листови рузмарин.

 



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:44

Палачинки од тиквички

Сите сакаме палачинки и сите сакаме тиквички. Затоа денес ви нудиме комбинација која веруваме дека многу ќе ви се допадне.

Овие палачинки од тиквички можете да ги послужите со некој сос по желба или како споредно јадење со месо.

Состојки за 20 парчиња:

  • 2 тиквички со средна големина (рендани)
  • 2 главици кромид (ситно сецкани)
  • ¼ шоља магданос (сецкан)
  • 1 чешне лук (мелено или рендано)
  • 2 јајца
  • ¼ шоља пармезан (или сирење)
  • 6-8 лажици брашно
  • Сол и бибер по вкус
  • Маслиново масло

Подготовка:

Изрендајте ги тиквичките и ставете ги во голем сад. Додадете го брашното, кромидот, лукот, магданосот, јајцата, пармезанот, посолете и ставете бибер по желба.

Загрејте тава на средна големина и ставете масло.

Ставајте по една лажица од смесата за да се добие облик на палачинка.

Секоја палачинка печете ја по две минути од секоја страна додека не добие златна боја.

Имајте добар апетит.



Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 10:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:45

Здрави и вкусни лазањи со тиквички

Феноменален начин како да го замаскирате здравиот оброк кој веруваме дека вашите деца ќе го обожаваат.

Три слоја тиквички, бешамел сос, моцарела, пармезан и доматен сос ќе го дадат совршениот вкус. Па зошто да не ја внесете магијата на Италија во својот дом.

Состојки:

  • 1 килограм тиквички
  • 200 грама доматен сос
  • 300 грама моцарела
  • 2 лажица брашно
  • 70 грама путер
  • ½ литар млеко
  • 3 лажици пармезан
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Подготовка:

Исечете ги тиквичките на ленти од половина сантиметар и наредете ги во тавчето за лазањи. Попрскајте ги со маслиново масло и со малку сол и ставете ги во рерна на 200 степени 15 минути.

За филот направете бешамел сос. Ставете 70 грама путер на среден оган додека да се стопи. Тргнете го од огнот, додајте му малку брашно (2 лажици) и мешајте. Внимавајте само да не ви се направат грутки и полека додадете ладно млеко и продолжете да мешате. Ставете сол и бибер.

Во ново тавче, ставете малку маслиново масло и наредете ги испечените тиквички толку колку да го покриете целото дно.

Потоа врз наредените тиквички со лажица нанесете малку доматен сос. Потоа наредете моцарела во тенки кругови, малку пармезан и бешамел сос (тој треба да ви биде густ како тесто за палачинки).

Потоа продолжете со следниот ред тиквички и сите останати состојки, се додека имате.

Кога е се готово ставете ја тавата во рерна уште 15 минути. И тоа е тоа, чекајте само смесата убаво да порумени и имајте добар апетит!

 



Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 10:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:56

Чоколаден колач со тиквички

За тоа дека тиквичките се толку посакуван зеленчук говори фактот и дека истите се користат и за десерт.

Денес ви нудиме рецепт за вкусен колач токму со тиквички.

Состојки:

(Мерката е шолја од 250 милилитри)

  • ¾ шолја бело брашно
  • ¾ шолја интегрално брашно
  • ½ овесни снегулки
  • 1/3 шолја ситно сецкани ореви
  • ½ шолја кафен шеќер
  • 1/3 шолја какао
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 1 ½ лажица прашак за пециво
  • Половина лажичка сол
  • 1 шолја ситно рендани и исцедени тиквички
  • 2 јајца
  • 1 шолја млеко
  • 1/3 шолја сончогледово масло (може кокосово)
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • ¼ шолја мед

Подготовка:

Во еден сад помешајте го брашното, овесните снегулки, оревите, шеќерот, какаото, сода бикарбоната, прашокот за пециво, солта и тиквичките

Во друг сад изматете ги јајцата, млекото, маслото, медот и ванилата.

Спојте ги двете смеси и измешајте ги за да се соединат.

Печете ги во плех обложен со хартија за печење околу 40 минути. Проверете од време на време дали средината е печена.

Се служи добро изладен. И тоа е тоа.

Имајте добар апетит!



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 08:55

ПОЛНЕТИ ТИКВИЦИ СО ЈАЈЦА И СИРЕЊЕ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 тиквици

3 јајца

300гр сирење

по желба малку кашкавал за наросување

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тиквичките добро се мијат и се сечат на половина по должина.

Секој дел се издлабува, да се добие брод. Издлабената смеса се сече на ситни парчиња и се остава настрана.

Јајцата добро се матат и се додава малку сол.

Сирењето се ренда и се става во смесата со јајцата.

Тиквичките се полнат со подготвената смеса и се редат во тава.

По желба може да се попрскаат со малку кашкавал.

Се полева со масло и вода.

Се пече во загреана рерна на 200 степени 40 минути.

Се јадат студени.



Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 10:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 08:56

МАКАЛО СО ТИКВИЧКИ

Состојки:

1 поголема тиквичка
180 мл кисела павлака
1/2 китка магдонос
4 листови целер
5-6 листови босилек
1 лажица балсамико оцет
3 лажици маслиново масло
2 чешниња лук
сок од 1/2 лимон
сол и бибер по вкус

Приготвување:

Исечете ја тиквичката на помали кришки и испрежете ги на грил тава. Оставете ги да се оладат.

Ставете ги во подлабок сад, па додадете ги сите останати состојки освен павлаката. Се изматете со миксер додека не добиете глатка смеса. На крајот додадете ја павлаката и полека измешајте. Оставете на половина час во фрижидер.



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 20:51

Рецепт на денот: Брзи крокети од тиквички со ѕаѕики сос


Префинета комбинација од тиквички и фета сирење во залчиња крокети пржени додека не добијат златножолта боја. Звучи вкусно, а исто толку и едноставно за подготовка.

recept-na-denot-brzi-kroketi-od-tikvicki-001.jpg

Летниот период изобилува со тиквички, па зошто да не се искористат за подготовка на оброк кој може да го послужите и како предјадење и како главно јадење?

Потребни состојки:

  • 400g Изрендани тиквички
  • 100g Фета сирење
  • 1 Чешне лук
  • 2 Млади кромидчиња
  • 1 Јајце
  • Сол и бибер
  • 30g Брашно
  • 15g Лебни трошки
  • Малку брашно за тркалање на крокетите
  • Масло за готвење

Подготовка:

Ренданите тиквички посолете ги и оставете ги 10-тина минути да ја пуштат течноста. Потоа префрлете ги во сад и добро исцедете ги од течноста.

На исцедените тиквички додајте ги фетата, лукот, кромидчињата, јајцето, солта и биберот, брашното и лебните трошки. Добро измешајте ги состојките додека не добиете еднолична смеса.

recept-na-denot-brzi-kroketi-od-tikvicki-1.jpg

Со мала лажичка земајте дел по дел од смесата и направете мали кугли тркалани во брашно.

recept-na-denot-brzi-kroketi-od-tikvicki-2.jpg

Загрејте го маслото и пржете ги крокетите се додека не добијат златножолта боја.

recept-na-denot-brzi-kroketi-od-tikvicki-3.jpg

Готовите крокети можете да ги сервирате со ѕаѕики сос кој можете да го направите по оригинален домашен рецепт.

recept-na-denot-brzi-kroketi-od-tikvicki-4.jpg



Изменето од Valerija - 04.Ноември.2016 во 20:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 20:54

Плескавици од тиквички

Ако сте во постојана потрага по нови рецепти со тиквички, тогаш се надеваме дека ќе ви се допаднат овие плескавици од тиквички.

Тие се неверојатно лесни за подготовка, имаат малку калории и се одлична закуска за вегетаријанците и за оние кои се пребирливи. Најдобро од се е што можете да ги сервирате како ужина, предјадење па дури и како ручек!

Состојки:

  • 750 грама изрендани тиквички
  • 1 лажичка сол
  • ¼ чаша брашно
  • ¼ чаша изрендан пармезан
  • 2 чешниња исецкан лук
  • 1 изматено големо јајце
  • Бибер по вкус
  • 2 лажици маслиново масло


Подготовка:

Изренданите тиквички оставете ги да се исцедат. Додадете ја солта и нежно изгмечете ги тиквичките па оставете да отстојат уште 10-на минути.

Во голема здела измешајте ги тиквичките со брашното, пармезанот, лукот и јајцето. Додадете сол и бибер по вкус.

Загрејте го маслото на тава и со лажичка земајте од подготвената смеса натапкајте ја убаво и ставете да се пржи додека секоја плескавица не добие убава златно кафена боја, односно околу 2 минути. Потоа превртете го на другата страна додека не ја добие истата боја.

Се служат додека се уште топли.

Имајте добар апетит!



Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 10:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 20:57

                                 Пржени тиквички

Самиот збор предјадења укажува дека се работи за храна која на масата се поставува пред главното јадење. Во прв ред, со изгледот и вкусот треба да го отворат или зајакнуваат апетитот. Затоа многу од нив имаат пикантен вкус. Најчесто треба да се служат во мали количества, иако понекогаш предјадењат ...


  1. Тиквичките се лупат, се сечат во кругови (по ширина) или листови (по должини), се посолуваат и валкаат во брашно, изматено јајце и презла(лебни трошки) па се пржат во загреано масло. Пржените тиквички се наросуваат со рендано сирење и се послужуваат. Пред да се валкаат во брашното, може да се истријат со лук и наросат со магдонос.


Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.