IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Cosa Nostra
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Cosa Nostra

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Cosa Nostra
    Испратена: 16.Мај.2014 во 00:04

Koza Nostra -



Нека биде темава за политичка сатира, да разбиеме монотонија помеѓу тмурните теми на подфорумов.
Koza Nostra (како што се потпишуваат) пишуваат сатирични текстови од секојдневието, кои ги читам со задоволство и често ме засмејуваат.
Не знам кој ги пишува , никаде не сум видела потпишан текст, ама добро го прават тоа.

Освен химната Тандер (Тендер) од AC/DC, која ја ставив денеска (и за која svetosparki ми се налутиголема насмевка), последно што ме насмеа се гоблените на Бранко:смеење



Бранко: До следниот конгрес, ќе си везам гоблени





Планирав да му ја честитам довербата на Заев на конгресот и да повикам сите да се обединат околу него, ама пустото знаеш како е со гоблените. Ај да ги завршам прво коњите на поило, па се фатив со цвеќињава да ги везам и си лета времето. А ко вчера да беше конгресот.

Вака поранешниот претседател Бранко Црвенковски го објаснува повторното исчезнување од јавноста по конгресот на СДСМ на кој Зоран Заев доби убедлива поддршка да остане лидер, иако три дена претходно Бранко во интервју го дисквалификува како решение за лидерското место. Црвенковски сега вели дека нема да се меша многу во работата на раководството и до следниот конгрес целосно ќе се посвети на своето хоби – везење гоблени.

- Гоблените ме смируваат. Тие прават да сум активен, а да не мора да правам ништо. Најдобро ми оди везењето уз вести на Сител, особено кога Латас ме фали. Тоа ме враќа во младоста, кога ја стипендирав Ивона, ги создавав Латас, Мирка и сите поважни новинарски пера на денешнината. Тоа беа времиња – се присетува Бранко.



Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2014 во 00:11

Околу Собрание се мота лице за кое се верува дека е Роза Топузовска  хи, хи...


Средовечна жена која според описот одговара на кандидатката за пратеник од ЛДП Роза Топузовска видена деновиве како кружи околу парламентот. Според граѓаните кои ја забележале, лицето за кое се верува дека би можело да е Роза е забележано во паркот до Собранието на РМ со цвет во раката.

- Поминав веднаш до неа, речиси сум сигурен дека беше таа. Држеше во раката цвет и ги кинеше ливчињата едно по едно. Ја чув како си зборува “да влезам, да не влезам, да влезам, да не влезам…” – раскажува граѓанин.

Тој се јави во нашата редакција откако на интернет прочитал дека ЛДП и Андреј Жерновски изгубиле секаков контакт со Роза Топузовска. Таа не им кревала телефон за да им каже дали ќе го прифати ставот на опозицијата и на сите нејзини 119 колеги од листите да го отфрлат пратеничкиот мандат.




Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2014 во 00:32

Ова не е од Koza Nostra, туку Пара вести кои пишуваат исто сатирични текстови:


Иванов ги промовираше перниците на кои планира да го преспие и вториот мандат



Скопје, 28 април 2014

Веднаш по потврдата на изборните резултати, претседателот Иванов организираше средба со новинарите на која ја промовираше својата нова колекција перници.

Иванов информираше дека на оваа колекција, која е подарок од неговиот пријател претседателот на Казахстан, планира да го преспие и својот втор мандат.

Тој потврди дека планира да продолжи со своите принципиелни политики да не се меша во својата работа, и дека останува посветен на пронаоѓање на античките корени на македонскиот јазик и разумниот компромис.

газење од смеење




Изменето од Анастеа - 16.Мај.2014 во 00:41
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2014 во 00:36
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:



Иванов ги промовираше перниците на кои планира да го преспие и вториот мандат




Ова им е најдоброгазење од смеење
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2014 во 06:03

Мислам дека баш ова и овде искажано во клипчево , е најинтересното од се.
Кај нас , и секако ..и во околината!?

намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2014 во 11:29

Лелеее, виц на денот газење од смеење



Бакрачески открива: Охрид е урочен, зато немат туристи



bakraceski


Вината за малиот број на домашни туристи во Охрид, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески ја наоѓа во уроците. На прес конференција што ја одржа во Скопје, тој рече дека нема ден, а да не се почувствува дека некој со поглед полн со завист го има погледнато градот.

- Се почна од пред месец-два, кога низ градот се чувствуваше мирис на темјан. Се знајт во текот на ноќта некој, сигурно имат дојдено од Скопје, од медиумите или од некоја секта, и се имат шетано по Варошон и имат фрлано уроци. Ак не е така, з’ш толку бајачки идет к’j мене во канцеларија да ми кажвет дека Охрид е урочен. За да се спасит што можит да се спасит од сезонава, Општината ќе распишит тендер за избор на бајачка за истерување на уроците од Охрид – вели Никола Бакрачески.

Тој ги демантира и прилозите на медиумите дека со уроците дошло и до зголемена појава на водни змии, како и тие дека некој фрлил клетва Охрид да има диви депонии, тврдејќи дека Охрид никогаш не бил почист.

Градоначалникот тврди и дека цените на сместувањето и пијалоците се високи поради тоа што некој им има баено на ценовниците.

- Не станва збор за тоа дека некој сака да се збогатит за три месеци, цените не се толку високи колку што пишит по медиумите, но ценовниците најверојатно ги имат погледнато некој со сини очи и ги имат урочено. Можит и од завист да е целава работа – открива таткото на Охрид.


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2014 во 23:34

Претседателе, си го бараш сеирот со такви изјави...

Иванов: Младите остануваат во Македонија за да ги слушаат моите мудрости


Македонската младина останува во родната земја само за да може одблизу да ги проследува неговите мудри изјави, објасни претседателот Ѓорге Иванов на предавањето „Надреални политички збиднувања на Западниот Балкан“ одржано пред студентите од ЈЕИЛ во САД.

„Свесен сум дека во време кога светот е едно глобално село, моите бисери на мудроста може да се следат преку интернет, но разликата во временските зони го отежнува тоа, па младината останува во родната земја поради мене“, објасни Иванов.

Студентите на предавањето не можеа да добијат прецизни податоци за бројноста на младината која живее во Македонија, од технички причини - неспроведувањето на попис повеќе од 10 години.

Во однос на тврдењата дека Ѓорге Иванов има фанови и меѓу младата македонска дијаспора, претседателот изјави дека нивниот број е повеќе од занемарлив, бидејќи, јасно, речиси никој од младите не ја напушта земјата.

Пред присутните Иванов уште еднаш ги повтори мудростите на кои македонските младинци не можат да им одолеат: разумен компромис си е разумен компромис, под уставното име нè призна кралството Сирија, од Анска Река повторно ќе се вади златото кое го ваделе нашите предци, и многу други хит изјави.



Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2014 во 10:57

Ќе си остане ова “Бранко е крив“, за век и векови... смеење


Лицето Б.Ц. забележано во близина на владата по пукањето во фасадата


Порталот К*рир попладнево ексклузивно објави дека постојат информации и сомнежи за тоа кој стои зад инцидентот во кој два проектили доцна синоќа завршиле во фасадата на Владата.

Како што дознава порталот од извори во истрагата, непосредно откако се слушнале детонациите, во непосредна близина на владата, покрај кејот на реката Вардар, било забележано извесно лице со иницијали Б.Ц.

„Постојат сериозни индикации дека токму ова лице на некаков начин било инволвирано во овој терористички акт, со цел дестабилизација на државата и поширокиот регион. Најверојатно Б.Ц. е крив“, заклучува К*рир.





Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2014 во 15:16

Голема побарувачка за пасошите од рачна изработка, МВР ќе остане без работа!мечтаење


pasosi

Откако Фокус ја откри тајната фабрика за изработка на пасоши, сите сакаат да бидат дел од трендот и да поседуваат пасош од рачна изработка.

Екипата на „Коза ностра“, сакајќи да ги провери наводите од 4 сабајле стоеше позади зградата на МРТ чекајќи да отвори пасошкото одделение на МВР. На почетокот ни пристапија неколку госпоѓици кои ни понудија услуги, а ние  се израдувавме бидејќи мислевме дека се работи за лица вработени во тајната фабрика кои ќе можат да ни направат пасоши од лична изработка. Сепак, испадна дека тие нуделе поинаков тип на услуги, па почекавме уште неколку саати додека отвори пасошкото.

Од таму не известија дека денеска имаат намален обем на работа, а многумина кои имале закажано сликање се јавиле да го откажат бидејќи сакале да си набават пасош од рачна изработка.

– Не можев да ги добијам на телефон, цело време беше зафатено, па еве дојдов за лично да им откажам. Не ми треба ваков пасош, ќе си набавам јас од рачно изработените, бидејќи насекаде низ светот најмногу се цени рачната изработка. А слушнав и дека биле многу поевтини отколку овие од МВР. Само да најдам каде се наоѓа тајната фабрика со прекрасниот тепих… да не знаете вие случајно – не запраша еден граѓанин пред пасошкото одделение.

Неофицијално, во тајната фабрика денеска има специјален Black Friday попуст, па пасошите се продаваат со 70% попуст.

Сите кои имаат информации за локацијата на оваа фабрика нека се јават во нашата редакција за да ги известиме граѓаните и сите да добиеме прекрасни пасоши од рачна изработка со кои ќе можеме да се фалиме насекаде низ светот.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2014 во 19:26
За три изработени пасоши даваат еден гратис....??
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2015 во 12:09

Не дека ја боли уво неа, ама си го заслужи мајтапот.
За сите пари. За сите 23.000 евра.

Та не се само тие (патните трошоци),
та не се саде тука (кај Силванчето)...




Т’га за 23.000 евра


Изговор некаков как да си метнех
и в Скопјето златно па да си летнех.
Уф моите станови ја да си идам,
да видам Скопје, барок да видам.
Да видам дали пари и тамо
тешко се збират, како и вамо.

Ако как овде пак работа барат,
и без труд немож пари да се ќарат,
на п’т далечен ја ќе се стегнам
и кон други финти ќе си прибегнам.
Дек партијата милно ме галe
и дек лидеро нон-стоп ме фалe.

Овде е мрачно, на тешка сум мака
оти Зајко е силен, ушт народ го сака,
Струмица средена, не ме држе место,
па идам уф Скопјето, секој ден, често.
Не бе, не. Ја не можам овде да седам,
не можам есдеес на власт да го гледам!

Дајте ми трошоци патни ја да си метнам
и од струмички села да си ја летнам.
Да видам антика, од радос да бликам,
до статуи барокни, ја да се сликам!
Од струмички места ја да си идам,
ни чушки неќам, ни френки да видам.

Тамо власта е послатка од чушките
и уф џебо сами ти паѓаат „шушките“.
Тамо привилегии партијната сила
со сета раскош сегде ги растурила.
Седница погледнеш, или емисија
сегде е Бонева, си седи уф комисија.

Тамо по наредба закони да кројам
Грујо дур владее, ја пари да бројам.






Изменето од Анастеа - 29.Јануари.2015 во 12:10
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2015 во 17:47
Мислев оваа едноставно ќе ја снемаше после аферата со становите,
ама најверојатно сум се излажал.
А не се изненадив...
Греота какви синови родила,кога секој пат мора дома да се враќа
еден ден да ја викнеа да преспие кај нив.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2015 во 00:21
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2015 во 22:43
Ми кочи интернетот, уште сум на третата бомбахи, хи...

wpid-timthumb.jpg

Претседателот Ѓорге Иванов изјави за „К*рир“ дека со внимание ги следи објавите на опозицијата за криминал и слоупотреби во Владата. Сепак, тој се пожали дека му кочи интернетот во вилата на Водно, поради што СДСМ му избегала за шест бомби.

Малку поспоро ми иде, но сметам дека токму затоа и мандатот на претседателот е пет години, да може до крајот на своето претседателствување да стаса се да излуша и потоа добро и целосно информиран да почне да ги пишува своите мемоари. Не се само бомбите, имам и други обврски, вчера баш поправав едно транзисторче во Петата управа што им се расипало – вели популарниот Хорхе.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.