|
Забрана за гаќи, пиперки и витрини на балкон |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Февруари.2014 во 09:36 |
Почнувајте да си ги средувате балконите и дворовите, да не ве изненадат со некоја казна Не знам само дали мислат оваа одлука сериозно да ја спроведат, колку комунални инспектори ќе им требаат и дали ќе имаат обзир кон многучлени семејства кои од немајкаде се буткаат во по една-две собички, па балконите им служат како магацини и помошни соби? Комунален ред- без гаќи, пиперки и витрини на балкон!Станарите чии тераси гледаат на улица или кон некој плоштад, на жиците и оградата не смеат да простираат алишта, завеси, постелнине и теписи, предвидува новата Одлука за комунален ред на Град Скопје. На терасите, исто така, не смеат да се оставаат предмети со кои се нагрдува изгледот на објектот, како на пример стари плакари и стари апарати за домаќинство, да се гледаат тегли со слатко, ајвар, обесени сушени пиперки, а граѓаните не може ниту да интервенираат на фасадата по сопствено убедување и без одобрение од надлежен орган ,пишува Дневник На прозорците, балконите, терасите или на оградите може да чуваат само саксии со цвеќе и други растенија, но само ако не го оштетуваат објектот и не влијаат на безбедноста на граѓаните и на сообраќајот. Ако терасата е натрупана со стар мебел и апарати, комунален инспектор со налог може да го натера сопственикот да ја исчисти. Kонечно, градската власт го регулира и проблемот со клима-уредите и од ова лето течноста од нив не смее да капе на надворешните делови на самиот објект или на соседен објект, ниту директно да се излева на тротоар, пишува денешен Дневник
Истите прописи ќе важат и за дворните површини во куќи и во згради, кои се со поглед на главна улица, булевар или плоштад. - Не е дозволено сушење алишта, тревата не смее да биде повисока од 10 сантиметри, не смее да се засадуваат овошни дрвја чии плодови ја валкаат јавната површина, а гранчињата на украсните и џбунести растенија не смее да ја преминуваат регулациската линија на јавната површина и да пречат на безбедноста на сообраќајот и движењето на луѓето – се вели во Предлог-одлуката за комунален ред во метрополата, која во среда ќе се најде на дневен ред пред Советот на Град Скопје. Посебен дел е посветен на оние граѓани што се греат на дрва и јаглен. Тие не смеат својот огрев да го складираат, цепаат или да го кршат на улица и на тротоари. Ако тоа го прават, а притоа се во видно поле на комунален инспектор, ќе бидат опоменати или казнети. За останатите ограничувања и комуналниот ред на Град Скопје видете тука. |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе ајде! Кој ќе ми забрани тревата да ја оставам да расте 20цм?!? Луди ли се овие? Да не е мојот двор во нивна сопственост па ќе ми налагаат колку да ми биде висока тревата?!
А живите огради? Се надевам дека законов ќе наиде на отпор. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
како и секоја глупост на Коце така и оваа ќе помине....без оглед колку е бесмислена....
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
sikter
Сениор Регистриран: 01.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 650 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a tendite i chadorite kafanite gi dobivaat besplatno , za da si napravat reklama onie shto im gi ''poklonuvaat''.
ama ete , ovie videle so svoite ochi sokolovi,...ja bi rekol leshinarski, ''kaj se parite'' i udri mu danok i na toa. isto e i so balkonite shto se modificirani.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е за голема секирација, како тргна овој народ остана и без гаки, така да и ке нема што да закачи на жиците. А тревата, таа сама се суши нема потреба да се коси до 10 цм.
аааа заборавив пиперките - Пиперките се специјалитет кој може да си го дозволат само поединци. Народецот сега нема пари за пипер и патлиџан, нема што да суши. Изменето од mamamd - 17.Февруари.2014 во 21:35 |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа е ЕТНО-КУЛТУРА,нема потреба да се менува ,Македонија ВЕЧНА!
|
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Убаво е да се гледат изпраните танги на некој чупиња што предната вечер си ги симнувал со забчиња , а она се е грчела во сладка страст
|
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vo pravo si ....no da se razbereme zboruvame za grad a ne za MK selata,vo koi si gi susat gakite pred kukite i na koi odlika im e tokmu toa ... Vo MK postoi edno selce koe i e krsteno po tokmu toa ....svoite gaki si gi sushele bas pred kuka Sepak Mk ima i sela ama i gradovi ,mnogu selani dosle da ziveat po gradovite no kulturata si ja ponele so sebe ...nekoj/nekoi se obiduvaat da napravat i od nasite gradovi ,gradovi ....od nas zavisi kako ke go prifatime toa i kako ke gledame na toa ,mene mi e sosema ok ova .... Vsunost sto mora dolniot ves da ni go gleda sekoj ,kaj nas doma majka mi odsekogas koga susela dolen ves pred nego gi pruzala peskirite ili pizamite ....mene mi e sosema normalno ova... Vitrinite go narusuvaat nadvoresniot izgleda na stambenite objekti... E sega za piperkite me faka malku maka Изменето од Kastro - 19.Февруари.2014 во 14:08 |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е овде кај нас, во развиениов запад е така. Ако не ја искосиш тревата, општината ќе ти испрати опомена. Вториот пат следи казна! И не само тревата во тов јот двор, туку и онаа до тротоарот, пред твојата куќа. Ѓубрето се собира еднаш неделно, во среда. Кантите се вадат во вторник навечер, после седум. Нема спростирање алишта, ако живееш во зграда. Ако живееш во куќа можеш да правиш што сакаш, ама во задниот дел на дворот. Никој не се буни и сите ги почитуваат правилата на игра. |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
E, bas mi e milo sto i NPM stanuva PM. Redno bese.
Sledat kazni za neizmieni koli, butkanje na kola koga nema da zapali, pienje pivo pred koperacija, pusenje na ulica (osven marihuana - to moze), mocanje po kjosinja (osven za kucinja - to opet moze) i igranje tabla na klupi... Uste malku da zaladese, ke pomislev MK stanala kanadska provincija d.g.e..m. Francizi veke ima 25%. Dobredojdovte vo noviot svetski poredok. Изменето од Polar Bear - 20.Февруари.2014 во 05:05 |
|
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
… уште ако се влезе во ЕУ… е дури тогаш ќе фрчат закони, прописи и казни!
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ич гајле да си немаш пријателе. Тоа ...и нема така брзо да бид(н)е....можеби после деценија или две..на пазарење со грчкиве цигојнери. Додека „другите„ сеир (ни) фрлаат.. А можеби ...дури ниту ни тогаш. пс Угоре високо , надолу длабоко А и ....баеги „тврдо„ бе?. |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако го фрламе снегот од дворовите на улица ке ни пишат казна ?
Обично ние си го фрламе снегот на илица и си правиме снежни тунели за кога ке поминат возилата да си помислат дека ги посетиле Алпите. |
|
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во Квинсленд, туристичка дестинација, забрането е пушење на плажа и во ресторани и кафиња иако се масите поставени на отворено. Домашните миленичиња не смеаат да се шетаат на плажа во ударните часови. Ајвачиња како ајвачиња, може да се испоганат. Тогаш газдата ќе треба да си го собере изметот во кесенце и стави во канта за ѓубре.
Ако некој фрли пикавец возејќи кола или во колата има малолетни деца и некој го пријави возачот, тогаш следи казна. Мене ми се има случено! Иако живееме во демократија, ако незилезеш да гласаш на избори, макар тие биле и локални.... се разбира следи казна. Двапати имам платено глоба. Драги мои Македонци, тоа ние овде го нарекуваме ред и поредок, правна држава, демократија.....или патриотскиот акт во САД, неслушнав некој дека вели дека е тоа фашизам. Да си припомнеме само, какви беа ракциите кога се воведе законот за пушење во Македонија?! Преку демократски избори на избраните им се дава мандат, а тие го користат да ја материјализраат сопствената визија за правна држава. Незнам, можеби визија кој ја измисли некој друг?! Во секој случај, ниту еден политичар кој има добиено мандат, вклучувајќи ги тука и Никола и Коце...... не измислуваат топла вода, нели? Покрај силните мандати, не ме убедија дека поседуваат некои посебни визионерски способности. И да небиде ова само дека ги бербатам нашите, еве ќе кажам, истото важи за сите транзициски, пост социјалистички лидери од Владивосток до Висла и Одра, па се до Црното, Белото и Синото Море! Не дека и оние од медитеранскиот појас се нешто поразлични. |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |