IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Реинкарнација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Реинкарнација

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Реинкарнација
    Испратена: 29.Ноември.2013 во 15:48

„Враќање во живот“: Мамо пред да се родам умрев како пилот!

Рајан ги разгледува фотографиите од златната ера на Холивуд и на нив препознава пријатели како Рита Хејворт и Мерлин Монро. Се сеќава на мали детали од црно- белите филмови и раскажува за трачевите кои што биле актуелни зад сцената. Сепак, Рајан има само пет години.

Тој како и многу други деца низ светот има необјасниви сеќавања кои сугерираат на тоа дека станува збор за меморија од некој претходен живот. И додека многу луѓе веруваат дека реинкарнацијата е чиста бесмислица, тој и сличните на него, со своето уникатно искуство го докажуваат токму спротивното.

Доктор Џим.Б. Такер со години ги истражува децата со сеќавања од претходниот живот и во својата книга Return To Life: Extraordinary Cases Of Children Who Remember Past Lives раскажува за необичните приказни со кои што се соочил во текот на својата работа. Можеби еден од најинтересните податоци е тоа што најголемиот дел од децата ги имаат флеш бековите од претходниот живот на возраст од 3 до 4 години, а потоа едноставно ги забораваат. Такер досега работел со деца чии родители и самите не веруваат во тоа што го зборува нивното дете, но по долго набљудување се докажало токму спротивното.

Џејмс–загинат пилот

Родителите на малиот Џејмс сериозно се вознемириле кога нивното дете започнало да ги крши авион играчките и да вреска дека леталото е во оган. Потоа следеле низа кошмари и неповрзани сеќавања кои резултирале со изјава дека е воен пилот кој починал откако неговиот авион бил соборен од непријателските сили.

-Мамо, пред да се родам, бев пилот, мојот авион беше погоден во моторот и падна во вода, така умрев.

Детето им раскажало на родителите дека во претходниот живот било пилот кој се борел за време на Втората светска војна во битката кај Иво Џима, па дури и им го покажало на слика местото каде што паднал авионот. Неговиот татко стапил во контакт со ветераните од битката и притоа дознал дека единствениот човек загинат во авионска несреќа е извесен Џејмс Хјустон кој загинал на истото место кое што му го опишало детето. Но, коинциденциите не престанале тука. Семејството стапило во контакт со сестрата на Хјустон која се уште била жива и таа ги потврдила сите нешта за кои што зборувал малиот Џејмс.

Хантер–реинкарнација на голферот Боби Џонс

Замислете како изгледа кога еден навидум обичен ден, детето доаѓа и ви вели дека е реинкарнација на починат голфер и бара од вас повеќе да не му се обраќате со неговото име, туку со името на починатиот.

Родителите на Хантер (3) останале вчудоневидени откако нивното дете започнало да инсистира дека е Боби Џонс, па неговиот татко решил да земе неколку фотографии од голфери и да му ги покаже на својот син

-Да, тоа сум јас!, рекол Хантер додека од предложените слики ја извлекол токму онаа на Џонс. За кратко детето покажало невообичаен интерес за голф, па дури им објаснило на родителите кои голф терени му се омилени. Денес, Хантер има 7 години и има освоено 41 од 50 јуниор турнири, но повеќе нема сеќавања од претходниот живот.

Како патува свеста низ времето и просторот?

Доктор Такер ја објаснува реинкарнацијата преку теоријата за квантната механика. Тој верува во можноста свеста на човекот да постои посебно од мозокот и од телото, со што тие служат само како нејзино изразување, но не и како нејзин извор. Неговата теорија ја споредува со работата на телевизиската трансмисија. Телевизорите го декодираат сигналот, но во суштина не го создаваат. Човечкиот мозок ја манифестира свеста, но не значи дека истиот е нејзин извор.

Па така, по смртта она што народски се нарекува душа, патува низ времето и просторот и повторно се реинкарнира во телесна форма. Сепак, се уште останува непознато зошто сите луѓе немаат сеќавања од претходниот живот и зошто оние што веќе ги имаат започнуваат да ги забораваат по определен временски период.

Некои од случаите  кои што што биле предмет на истражување, се лажни, односно родителите ги навеле своите деца да зборуваат дека се реинкарнирани, но постојат и такви кои се целосно автентични и кои го оставаат прашањето за реинкарнацијата  отворено и недообјаснето.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2013 во 16:07
Originally posted by Valerija Valerija напиша:

Доктор Такер ја објаснува реинкарнацијата преку теоријата за квантната механика. Тој верува во можноста свеста на човекот да постои посебно од мозокот и од телото, со што тие служат само како нејзино изразување, но не и како нејзин извор. Неговата теорија ја споредува со работата на телевизиската трансмисија. Телевизорите го декодираат сигналот, но во суштина не го создаваат. Човечкиот мозок ја манифестира свеста, но не значи дека истиот е нејзин извор.

Па така, по смртта она што народски се нарекува душа, патува низ времето и просторот и повторно се реинкарнира во телесна форма. Сепак, се уште останува непознато зошто сите луѓе немаат сеќавања од претходниот живот и зошто оние што веќе ги имаат започнуваат да ги забораваат по определен временски период.


Навистина, ништо ново... ова го говореле мистиците и религиите уште пред иљадници години, се разбира, без да спомнуваат квантна механика. среќа


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2014 во 17:26
Првите зборови на девојчето ја шокирале цела земја: Докажала дека реинкарнацијата постои?!



Шанти Деви до својата четврта година воопшто не зборувала, а кога конечно ги кажала своите први зборови, го оставила цел Делхи без текст: рекла дека нејзиниот вистински дом е градот Матури, дека некогаш се викала Лугди, а дека нејзин сопруг бил извесен Кедарнат Чобе.

До детал ја опишала куќата каде живеела во минатиот живот. Знаела и како умрела - додека се породувала, седум години порано.

Кога ја одвеле во тој град, на соседите им го покажувала најкраткиот пат и моментално ја препознала "својата" сестра, покрај група други луѓе.

Главната работа од целото патување била кога тогаш веќе 9-годишната Шанти го сретнала 10-годишниот Навнит. "Својот" син кој го родила и умрела.

Приказната добила внимание од целата нација, до толку што и Махатма Ганди ја ставил во центарот на својата борба за индиската независност.

Сепак, една година по нејзината смрт на виделина излегло дека Кедарнат Чобе за време на првите години од животот на Шанти редовно го посетувал Делхи, и тоа продавницата преку патот од нејзината куќа. Ова фрлило сомнение на целата приказна, иако многу луѓе во Индија и ширум светот и сега веруваат во истата. Едноставно, имало многу детали кои малата Шанти не можела да ги знае.

Меѓутоа, ова не била единствената приказна. Во оваа земја постојат многу слични приказни, каде што концептите на карма и реинкарнација се општо присутни.

Не треба да се заборави ниту фактот дека тибетанскиот будизам реинкарнацијата ја зема како сигурна работа и дека политичкиот систем се основа толку на неа.

Што велат научниците за тоа? Додека едни се крајно скептични, други тврдат дека не може лесно да се отфрли оваа теорија.

На пример, речиси сите деца на возраст од две до пет години забораваат што зборувале тогаш.

Исто така, некои од децата кои тврдат дека во претходниот живот умреле од насилна смрт, имаат интересни вродени физички особини. На пример, едно девојче од Турција вели дека во минатиот живот нејзиниот сопруг и ја отсекол главата, а сега има вродена лузна на вратот.

Критичарите велат дека постојат огромни пропусти во тестирањето на овие деца, како и на фактот дека станува збор за деца кои доаѓаат од заедници каде што се негува идејата за реинкарнација.

Дали вие верувате во реинкарнација?


Изменето од Valerija - 12.Јуни.2014 во 17:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2014 во 09:40
Originally posted by Valerija Valerija напиша:

Дали вие верувате во реинкарнација?

Ц! Ич!намигнување
Тоа очекување на повторување на некој „нов живот“ всушност  е само уште една пуста човекова надеж и утеха од смртта.
Зарем не е така и во другите религии?
Зарем кај христијаните нема воскреснување (нов живот), зарем и тие не го очекуваат судниот ден после кој повторно ќе живеат? И тоа овојпат вечно! ма ајде голема насмевка
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2014 во 22:40
ШЕСТГОДИШНАТА МАРИЈА Е РОДЕНА ВО МАКЕДОНСКО СЕМЕЈСТВО, НО ЗБОРУВА И РАЗБИРА САМО АНГЛИСКИ

 Марија постојано на англиски повторува реченици со совршен нагласок, иако целото нејзино семејство се Македонци и никој не зборува по дома англиски.





Многу интересно… и никој не се нафаќа подетално да го разгледа овој случај?

Имено, во "Дневник" објавена е статија во која е опишана посетата на "Дневниот центар за аутистични деца" кој има наслов како што е наведен на почетокот на коментаров и кој во сиот текст го спомнува посоченото девојче само со ЕДНА реченица. Толку.

Настрана од аутизмот и Домот, ова девојче претставува непроценлива вредност за истражување, нешто кое се случува извонредно ретко, а нашите гласила и авторитети минуваат покрај него само како покрај некакаква улична жонглерска атракција која вреди само за едно петминутно внимание.

Девојчево е родено во македонско семејство во кое никој не говори англиски, а малово комуницира единствено на одличен англиски јазик и не говори македонски.

Додека не се даде некое подобро објаснување, јас овој случај го ставам во темата за реинкарнација. Не тврдам дека е тоа, но за сега е валидна опција како и секоја друга.







Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2015 во 15:39

Проверете дали сте стара душа: 4 докази дека сте доживеале реинкарнација

Реинкарнацијата е спиритуално верување дека душата го напушта физичкото тело и по кратко време влегува во сосема ново, штотуку родено тело.

proverete-dali-ste-stara-dusa-4-dokazi-deka-ste-doziveale-reinkarnacija-01.jpg

Можно е да сте живееле и порано, а да не сте свесни за тоа. Сега ве заинтересира како може да откриете?

Овие 4 знаци се цврсти докази дека сте стара душа која и претходно живеела, само во поинаков облик.

1. Добро ги читате луѓето

Самото набљудување на луѓето ви дава јасна слика за нивните карактеристики и начинот за живот кој го водат? Имате чувство како да поседувате вградена програма која ги детектира намерите на другите? Тоа е затоа што и порано сте имале блиски сретнувања и сте комуницирале со илјадници луѓе, па сте имале можност добро да ги проучите сите типови на однесување.

Тоа не значи дека осудувате, туку само дека добро проценувате.

Способноста да ги читате луѓето исто така ви помага да откриете кога некој ве лаже. Вие едноставно ги забележувате лагите во нивните очи, чувствувате промена во енергијата и во начинот на кој ги изговараат зборовите. Веројатно затоа што тоа сте го искусиле и порано, така што не сте друштвено наивни.


2. Уживате во изолацијата

Сакате да поминувате време сами со себе, но не затоа што сте осамени, туку затоа што уживате во своето друштво. Задоволни сте сами со себе и тоа ви е најважно. Попрво би седеле сами под ѕвездите, отколку да се туркате во некој клуб.

Ако се пронајдовте, тоа не значи дека сте недружељубиви, туку дека не ви требаат луѓе кои ќе ви дадат поголема вредност, пофалба или одобрување.

Она што ве издвојува од сите останати е внатрешниот мир.


3. Не се вклопувате

Едноставно не одговарате во повеќето друштва, уште се навикнувате на околината и не знаете како „правилно“ треба да се однесувате во одредена ситуација? Имате чувство дека сте лав кој постојано живее живот како овца?

Вие всушност не сакате да се вклопите. Можеби понекогаш пробувате, но сепак не сакате целосно да ви успее и тоа е во ред.

Не разбирате зошто некои луѓе се среќни само затоа што се вклопуваат во шаблонот, затоа што природно ви е да бидете екстравагантни и неконвенционални. Едноставно, не сакате да бидете „нормални“ и обични.


4. Имате богата душа

Луѓето со задоволство ви се обраќаат за совет, дури и ако сте помлади од нив. Тие ги ценат советите, затоа што поседувате многу мудрост за годините кои ги имате.

Можеби не ви паднало на памет, но веројатно веќе сте живееле неколку пати, па сте имале повеќе од доволно време да ја извежбате трпеливоста и искреноста.

Плус, ако брзо учите нови животни лекции и секогаш внимателно слушате што ви зборуваат секојдневните ситуации, тогаш сигурно сте богата душа која не е стара колку и вашето тело.

Во колку знаци се пронајдовте?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2015 во 22:21
...во потполност верувам и се сложувам со горенапишаното
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2015 во 22:29
јас не верувам!.. ,

се сеќавам.. на "тебе" !







Изменето од outlook123 - 22.Април.2015 во 22:30
едно е - не се две
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2015 во 22:32
...шо на мене?
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2015 во 22:35
наводници стаив! лукавко!
едно е - не се две
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.