|
2012-Ќе донесе ли единство на политичка сцена? |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | ||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 07.Јануари.2012 во 09:49 |
|
Изминатата 2011 беше бурна, полна со раздор и кавги на политичката сцена на Македонија.Жалосно е кога за политичарите на една земја се вели -Јасно е дека сите крадат!
Ако е 100 % вистинита поговорката “По утрото денот се познава“, ние и не тргнавме баш најдобро. Поделбите и кавгите се префрлија и во новава на самиот почеток. И не се базирам многу на новинарските написи бидејки кај нас одамна тие се во дневно политичка (партиска) функција, туку по коментарите од читателите. Како прв ќе го земам настанот по повод смрта на првиот претседател на самостојна Македонија. Скандал: Самопрогласени патриоти од дијаспората се радуваа на смртта на претседателот Што ме иритира? Генерализирањето! Во коментарите се мава со дрва и камења на дијаспората иако многумина од дијаспората (а и во самиот напис убаво стои дека тоа е став на поединци, а не на цела дијаспора) се трудат да објаснат и да се оградат од таквите коментари. Впрочем-едно е партиско несогласување, несакањето на накоја политичка фигура, но православно е да не се радуваш на нечија смрт (па нека е тоа и најголемиот душман). Нејсе секој одговара пред себе и пред Севишниот. Втор настан кој ја одбележа политичката сцена беше -на Бадник-сечење лента и отворање на Портата Искрено убав споменик, добра манифестација но имам мала дилема -Зошто мораше да се пушти токму на Бадник? Би сакала некој кој е верски позапознаен да објасни што значат портите во Христијанството (оти колку јас знам тие се симбол на победите во војните или можеби не сум во право). Слушајки ги коментарите на лугето дека им е криво што се одреди овој ден за пуштање бидејки зафатени со Божикните спремања не можеа да присуствуваат, се прашувам зошто мораше да биде токму овој ден? |
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
јас немам скоро никаква надеж во моментов за било што подобро во 2012 год, сакам само да ми се пружи шанса да си избегам што е можно подалеку од оваа држава... можеби нема да бидам раат од тежок живот, ама барем ќе бидам раат од лудило и неразум...
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
политичко единство ...што беше тоа???
|
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пoлитичко единство значи комунизам. А тоа не е добро за никоја држава .
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Никој.Едноставно си го изкажав мислењето по поставеното прашање.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Според кажанава констатација излегува дека Меркел заговара комунизам во Европа а Меркел побара поголемо политичко единство во ЕвропаПолитичко единство и е неопходно на Македонија за да се надминат сите тешкотии кои ги има земјава. Партиите и нивните лидери конечно мораат да сватат дека народот ги избира да работат за доброто на земјата, а не за меѓусебни надмудрувања. |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Меркел и Саркози одамна направија ЕУ да налича на циркуз со нивнот однос кон Грција и земјите што сакат да влезат во ЕУ. Таму има двоен аршин.
А кога говориме за домашната сцена во Македонија треба како за почетрок сите да почнат да работат за просперитетот на државата.И кога успеат со тоа тогаш веќе нека да се борат за власт. Тогаш ќе имат очи пред народот со кој да му побарат довербата.
|
||
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За да може да имаме политичко единство, прво оваа држава мора да направи НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА, по која, без оглед кој и да е на власт, ќе се држи до неа. Такво нешто се прави со тоа што една недела, сите големи партии ги договараат ЦЕЛИТЕ и НАСОКИТЕ кон кои ќе се движи државата. Такво нешто оваа земја се уште нема сторено.
|
||
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
||
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
abe ajde....na balkanot edinstvo ima SAMO i SAMO pod diktatura...
|
||
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
||
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зошто историски сме научени да бидеме под диктатура. Но, види ја на пример Грција? Имаат политички превривања, но се држат во секое време до НАЦИОНАЛНАТА ДОКТРИНА! Особено кон нас. Или Словенија. Сега имаше таму предвремени избори, но факт е дека сите се држат до доктрината, па и Хрватска донекаде. Тоа е според мене политичко единство. |
||
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се држат до националната доктрина бидејќи се во таква ситуација (членка е на сите организации) да поставуваат услови и уцени кон помали и посиромашни држави. На пример утре САД да им каже сменете го името, задутре ќе го сменат. Не е лесна ситуацијата во која се наоѓа Македонија.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Dobri poenti mamamd. 1. Za politichkata scena... s'e dodeka politicharite ne sozreat kako lugje i intelektualci nema da bidat zreli nitu za politichari. 2. Za dijasporata... taa sekogash bila dezhuren krivec za s'e... Kolku shto e podaleku, tolku e polesno da se okrivuva i da se pluka po nea. 3. Denot na otvoranje n Portata... politichki poteg preku koj ekspicitno se koketira so makedonskata Crkva, religijata na mnozinstvoto na narodot, makedonskite tradicii, obichaite... demek da im se dokazhi na onie koi se somnevaat deka ovaa vlada e chisto makedonska i se bori iskluchivo za makedonskite interesi. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
дефинитивно си во право, не сме во лесна ситуација. Но, сепак мислам дека имањето доктрина, би влеало поголема сигурност кај сите на политичката сцена. |
||
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
||
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |