2012-Ќе донесе ли единство на политичка сцена?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Историја и политика
Опис на форумот: историски, политички, изборни дебати
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25344
Датум на принтање: 21.Декември.2024 во 13:20 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: 2012-Ќе донесе ли единство на политичка сцена?
Постирано од: mamamd
Наслов: 2012-Ќе донесе ли единство на политичка сцена?
Датум на внесување: 07.Јануари.2012 во 09:49
Изминатата 2011 беше бурна, полна со раздор и кавги на политичката сцена на Македонија.Жалосно е кога за политичарите на една земја се вели -Јасно е дека сите крадат! Ако е 100 % вистинита поговорката “По утрото денот се познава“, ние и не тргнавме баш најдобро. Поделбите и кавгите се префрлија и во новава на самиот почеток. И не се базирам многу на новинарските написи бидејки кај нас одамна тие се во дневно политичка (партиска) функција, туку по коментарите од читателите. Како прв ќе го земам настанот по повод смрта на првиот претседател на самостојна Македонија. http://www.sky.mk/makedonija/11430-%D0%A1%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D0%BB-%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%BE%D1%82%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D1%80%D0%B0%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BC%D1%80%D1%82%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%82.html" rel="nofollow - Скандал: Самопрогласени патриоти од дијаспората се радуваа на смртта на претседателот Што ме иритира? Генерализирањето! Во коментарите се мава со дрва и камења на дијаспората иако многумина од дијаспората (а и во самиот напис убаво стои дека тоа е став на поединци, а не на цела дијаспора) се трудат да објаснат и да се оградат од таквите коментари. Впрочем-едно е партиско несогласување, несакањето на накоја политичка фигура, но православно е да не се радуваш на нечија смрт (па нека е тоа и најголемиот душман). Нејсе секој одговара пред себе и пред Севишниот. Втор настан кој ја одбележа политичката сцена беше -на Бадник-сечење лента и отворање на Портата Искрено убав споменик, добра манифестација но имам мала дилема -Зошто мораше да се пушти токму на Бадник? Би сакала некој кој е верски позапознаен да објасни што значат портите во Христијанството (оти колку јас знам тие се симбол на победите во војните или можеби не сум во право). Слушајки ги коментарите на лугето дека им е криво што се одреди овој ден за пуштање бидејки зафатени со Божикните спремања не можеа да присуствуваат, се прашувам зошто мораше да биде токму овој ден?
|
Коментари:
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 07.Јануари.2012 во 17:33
јас немам скоро никаква надеж во моментов за било што подобро во 2012 год, сакам само да ми се пружи шанса да си избегам што е можно подалеку од оваа држава... можеби нема да бидам раат од тежок живот, ама барем ќе бидам раат од лудило и неразум...
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 07.Јануари.2012 во 23:59
политичко единство ...што беше тоа???
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Јануари.2012 во 00:07
Пoлитичко единство значи комунизам. А тоа не е добро за никоја држава .
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 08.Јануари.2012 во 18:29
емил напиша:
Пoлитичко единство значи комунизам. А тоа не е добро за никоја држава . | а кој рече дека во државава треба да постои една партија и доживотен претседател???
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Јануари.2012 во 18:41
Никој.Едноставно си го изкажав мислењето по поставеното прашање.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 08.Јануари.2012 во 20:30
емил напиша:
Пoлитичко единство значи комунизам. А тоа не е добро за никоја држава . |
Според кажанава констатација излегува дека Меркел заговара комунизам во Европа а
http://daily.mk/cluster3/9813e814144d88b76f71e84de7de6564/997719/spored-merkel-evropa-se-naogja-vo-najtezhok-period-po-vtorata-svetska-vojna" rel="nofollow - Меркел побара поголемо политичко единство во Европа Политичко единство и е неопходно на Македонија за да се надминат сите тешкотии кои ги има земјава. Партиите и нивните лидери конечно мораат да сватат дека народот ги избира да работат за доброто на земјата, а не за меѓусебни надмудрувања.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Јануари.2012 во 20:48
Меркел и Саркози одамна направија ЕУ да налича на циркуз со нивнот однос кон Грција и земјите што сакат да влезат во ЕУ. Таму има двоен аршин.
А кога говориме за домашната сцена во Македонија треба како за почетрок сите да почнат да работат за просперитетот на државата.И кога успеат со тоа тогаш веќе нека да се борат за власт. Тогаш ќе имат очи пред народот со кој да му побарат довербата.
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 09.Јануари.2012 во 16:17
За да може да имаме политичко единство, прво оваа држава мора да направи НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА, по која, без оглед кој и да е на власт, ќе се држи до неа. Такво нешто се прави со тоа што една недела, сите големи партии ги договараат ЦЕЛИТЕ и НАСОКИТЕ кон кои ќе се движи државата. Такво нешто оваа земја се уште нема сторено.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 09.Јануари.2012 во 16:29
abe ajde....na balkanot edinstvo ima SAMO i SAMO pod diktatura...
------------- “Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.” ― William Faulkner, Mosquitoes
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 09.Јануари.2012 во 16:39
Joshua_Tree напиша:
abe ajde....na balkanot edinstvo ima SAMO i SAMO pod diktatura...
|
Зошто историски сме научени да бидеме под диктатура. Но, види ја на пример Грција? Имаат политички превривања, но се држат во секое време до НАЦИОНАЛНАТА ДОКТРИНА! Особено кон нас. Или Словенија. Сега имаше таму предвремени избори, но факт е дека сите се држат до доктрината, па и Хрватска донекаде. Тоа е според мене политичко единство.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 09.Јануари.2012 во 16:45
pHp напиша:
Зошто историски сме научени да бидеме под диктатура. Но, види ја на пример Грција? Имаат политички превривања, но се држат во секое време до НАЦИОНАЛНАТА ДОКТРИНА! |
Се држат до националната доктрина бидејќи се во таква ситуација (членка е на сите организации) да поставуваат услови и уцени кон помали и посиромашни држави. На пример утре САД да им каже сменете го името, задутре ќе го сменат. Не е лесна ситуацијата во која се наоѓа Македонија.
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 09.Јануари.2012 во 18:17
mamamd напиша:
Изминатата 2011 беше бурна, полна со раздор и кавги на политичката сцена на Македонија.Жалосно е кога за политичарите на една земја се вели -Јасно е дека сите крадат! Ако е 100 % вистинита поговорката “По утрото денот се познава“, ние и не тргнавме баш најдобро. Поделбите и кавгите се префрлија и во новава на самиот почеток. И не се базирам многу на новинарските написи бидејки кај нас одамна тие се во дневно политичка (партиска) функција, туку по коментарите од читателите. Како прв ќе го земам настанот по повод смрта на првиот претседател на самостојна Македонија. http://www.sky.mk/makedonija/11430-%D0%A1%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D0%BB-%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%BE%D1%82%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D1%80%D0%B0%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BC%D1%80%D1%82%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%82.html" rel="nofollow - Скандал: Самопрогласени патриоти од дијаспората се радуваа на смртта на претседателот Што ме иритира? Генерализирањето! Во коментарите се мава со дрва и камења на дијаспората иако многумина од дијаспората (а и во самиот напис убаво стои дека тоа е став на поединци, а не на цела дијаспора) се трудат да објаснат и да се оградат од таквите коментари. Впрочем-едно е партиско несогласување, несакањето на накоја политичка фигура, но православно е да не се радуваш на нечија смрт (па нека е тоа и најголемиот душман). Нејсе секој одговара пред себе и пред Севишниот. Втор настан кој ја одбележа политичката сцена беше -на Бадник-сечење лента и отворање на Портата Искрено убав споменик, добра манифестација но имам мала дилема -Зошто мораше да се пушти токму на Бадник? Би сакала некој кој е верски позапознаен да објасни што значат портите во Христијанството (оти колку јас знам тие се симбол на победите во војните или можеби не сум во право). Слушајки ги коментарите на лугето дека им е криво што се одреди овој ден за пуштање бидејки зафатени со Божикните спремања не можеа да присуствуваат, се прашувам зошто мораше да биде токму овој ден?
|
Dobri poenti mamamd.
1. Za politichkata scena... s'e dodeka politicharite ne sozreat kako lugje i intelektualci nema da bidat zreli nitu za politichari.
2. Za dijasporata... taa sekogash bila dezhuren krivec za s'e... Kolku shto e podaleku, tolku e polesno da se okrivuva i da se pluka po nea.
3. Denot na otvoranje n Portata... politichki poteg preku koj ekspicitno se koketira so makedonskata Crkva, religijata na mnozinstvoto na narodot, makedonskite tradicii, obichaite... demek da im se dokazhi na onie koi se somnevaat deka ovaa vlada e chisto makedonska i se bori iskluchivo za makedonskite interesi.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 09.Јануари.2012 во 20:57
LiDivio напиша:
pHp напиша:
Зошто историски сме научени да бидеме под диктатура. Но, види ја на пример Грција? Имаат политички превривања, но се држат во секое време до НАЦИОНАЛНАТА ДОКТРИНА! |
Се држат до националната доктрина бидејќи се во таква ситуација (членка е на сите организации) да поставуваат услови и уцени кон помали и посиромашни држави. На пример утре САД да им каже сменете го името, задутре ќе го сменат. Не е лесна ситуацијата во која се наоѓа Македонија. |
дефинитивно си во право, не сме во лесна ситуација. Но, сепак мислам дека имањето доктрина, би влеало поголема сигурност кај сите на политичката сцена.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 11.Јануари.2012 во 22:51
Ако почнат со вистината, веројатно полека ќе се дојде до какво такво единство-“трулите јаболка“ да се исфрлат од корпите наречени партиски штабови. Само така 2012 ќе даде малку надежи
http://www.time.mk/read/9e9e3fd58c/ee3d9f4ccb/index.html" rel="nofollow - Ќе ги дознаеме виновниците во аферата „Маѓар Телеком,“ ...
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 12.Јануари.2012 во 00:34
mamamd напиша:
трулите јаболка“ да се исфрлат од корпите наречени партиски штабови.
|
Amin!
Na strana od toa, po priroda politichkata scena nemala i nema nikogash da ima edinstvo.
Kako mozhe da se ima politichko edinstvo megju razlichni partii koi megjusebno se borat za prevlast vo drzhavata?
Mozhe da se najde edinstvena platforma edinstveno koga se raboti za nekoi nadvoreshni ili vnatreshni drzhavni intresi koi se od iskluchitelna vazhnost za sigurniosta na drzhavata, inaku...
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 12.Јануари.2012 во 11:21
Messenger напиша:
Na strana od toa, po priroda politichkata scena nemala i nema nikogash da ima edinstvo. Mozhe da se najde edinstvena platforma edinstveno koga se raboti za nekoi nadvoreshni ili vnatreshni drzhavni intresi koi se od iskluchitelna vazhnost za sigurniosta na drzhavata, inaku... |
Токму така! Баш за тоа и говорам, што и треба на оваа држава, за да се обезбеди некаква, каква-таква, политичка стабилност. Ова што го велиш, го имаат направено голем број на држави во светот и го нарекуваат НАЦИОНАЛНА ДОКТРИНА! Кај нас, дури и за прашањето за името, нема единствен став. Единствено, како папагали сите повторуваат, интеграција во НАТО и ЕУ, интеграција во НАТО и ЕУ.....
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 12.Јануари.2012 во 14:51
Проблемот зошто кај нас немаме политичко единство е од единствена причина што тие кои се декларираат како политичари, политиката ја гледаат само како начин за стекнување финансиска, а со тоа и управувачка, моќ во државава. Никој од нив ама воопшто не го боли „увото“ за доброто на Македонија и македонскиот народ. Тие се само параван во остварувањето на нивните намери. Тргнувајќи од ова, кај нас не е возможно опозицијата (во случајов СДСМ и БЦ) да се согласи и да прифати некој (стратешки) став на власта (ВМРО-ДПМНЕ и НГ), од едноставна причина што се мисли дека ако се стори тоа, тогаш остварениот успех, кој ќе се припише на тие кои се на власт, ќе се искористи за нивен повторен избор, со што опозицијата повторно би изгубила шанса да спечали некој милион повеќе. Мислам евра!
Значи, никаква политичка идеологија не е во прашање. Се се’ врти околу парата. Идеалистите се снаоѓаат материјално, а материјалистите - идеално.
Р.Ѕ. Само, ме чуди народов што и покрај тоа што и самиот знае дека
политичарите ги лажат и крадат, повторно и повторно гласаат за нив,
повторно и повторно се расправаат меѓу себе: „БЦ чини, НГ не чини“, „НГ чини, БЦ не чини“ ...
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 12.Јануари.2012 во 14:57
Tokmu taka.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 12.Јануари.2012 во 15:03
Е сега тоа е прашање на политичка свест и доблест. Генезата на проблемот е во старите "опашки" оставени како наследство од минатиот начин на размислување во политичката елите. Лидерот на партијата е налик фараон, другите се поданици. Се добива впечаток дека партиите се како приватна сопственост на самиот лидер.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 12.Јануари.2012 во 18:02
Gore-dolu sekogash bilo taka.
Isus bil vo pravo - narodot e stado ovci (bez derogativen smisol) koe sekogash se poveduva po ovcharot.
Kolku shto vodachot e pointeligenten, pomotiviran, pofokusiran, poenergichen, poharizmatichen i poleporechiv, tolku povekje lugjeto go sledat. Rabotata e shto najgolemiot broj lugje nemaaat svoe mislenje i stav za nitu edna rabota - tie sekogash sledat tugji mislejkji deka se nivni. Dovolno e da se soochat so nekoj malu ponastojchiv od niv, nekoj koj se naogja na povisoko nivo na avtoritet, nekoj koj sobral grupa poslushni sorabotnici okolu sebe... i lugjeto vednash si pomisluvaat "ovoj sigurno e mnogu pameten i znae shto pravi". I lugjeto pochnuvaat da se redat pozadi nego bez mnogu razmilusvanje... i kako shto odi vremeto s'e pomalu razmisluvaat i s'e povekje slepo go sledat. I koga pozdravo kje se vtemelat vo taa grupa na interesi togash nivniot zhivot go podreduvaat na niv i taka stanuvaat zhivotno zavisni od taa grupa/politika/vodach.
Na toj nachin pochnuvaat po sekoja cena da ja branat svojata pozicija i site drugi stanuvat nivni najgolemi neprijateli. Nivniot vodach e nivniot mesija i tie svojata egzistencija ja stavaat vo negovi race. Zatoa neka ne zachuduvaat komentarite na ovoj sajt (kako i na site drugi) koi velat "NASHIOT vodach e najpametniot", "VASHIOT vodach e lazhgo i lopov", "NIE sme najsposobni", "VIE ste seljaci", "koga NIE kje dojdeme na vlast kje vidite shto kje vi napravime"...
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 12.Јануари.2012 во 18:44
pHp напиша:
Joshua_Tree напиша:
abe ajde....na balkanot edinstvo ima SAMO i SAMO pod diktatura...
|
Зошто историски сме научени да бидеме под диктатура. Но, види ја на пример Грција? Имаат политички превривања, но се држат во секое време до НАЦИОНАЛНАТА ДОКТРИНА! Особено кон нас. Или Словенија. Сега имаше таму предвремени избори, но факт е дека сите се држат до доктрината, па и Хрватска донекаде. Тоа е според мене политичко единство. |
Toa e uste edno dopolnitelno iskrivuvanje vo nasata geneza Pi Ejdz Pi...i sledstveno go nametnuva prasanjeto...STO SME NIE VPROCEM(kako etnos)????
------------- “Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.” ― William Faulkner, Mosquitoes
|
Постирано од: BelindaMill
Датум на внесување: 13.Јануари.2012 во 10:53
Во 2012 три работи ќе се случат:
- Осипување на вмровското тело во 2-3 други партии (ВМРО-Нардона,
Обединети за Македонија, партијата на Гуштеров, ...). Ќе почне движење
внатре во ДПМНЕ со кое ќе бараат на чело на партијата да се врати Љупчо
Георгиевски за да ја спаси Македонија.
- Губење на поддршката што ДПМНЕ ја добива од земјоделците. Ќе има блокади на патишта, штрајкови, граѓанска непослушност.
- Демаскирање на Гвујокио дека е голем патриот во врска со името, а
ваму братучедите негови бизнис си тераат со еден куп грчки криминалци.
Со тоа ДПМНЕ ќе загубат дел и од своето најтврдокорно тело.
После во 2013, крушата сама ќе падне, па ние после тоа лесно ќе ја внесеме Македонија во ЕУ и НАТО. И А1 пак ќе проработи, господинот Велија Рамковски ќе излезе од затвор и ќе ги предводи земјоделците и новинарите.
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 13.Јануари.2012 во 11:20
BelindaMill напиша:
Во 2012 три работи ќе се случат:
- Осипување на вмровското тело во 2-3 други партии (ВМРО-Нардона,
Обединети за Македонија, партијата на Гуштеров, ...). Ќе почне движење внатре во ДПМНЕ со кое ќе бараат на чело на партијата да се врати Љупчо Георгиевски за да ја спаси Македонија.
- Губење на поддршката што ДПМНЕ ја добива од земјоделците. Ќе има блокади на патишта, штрајкови, граѓанска непослушност.
- Демаскирање на Гвујокио дека е голем патриот во врска со името, а
ваму братучедите негови бизнис си тераат со еден куп грчки криминалци. Со тоа ДПМНЕ ќе загубат дел и од своето најтврдокорно тело.
После во 2013, крушата сама ќе падне, па ние после тоа лесно ќе ја внесеме Македонија во ЕУ и НАТО. И А1 пак ќе проработи, господинот Велија Рамковски ќе излезе од затвор и ќе ги предводи земјоделците и новинарите.
| Ова нема никогаш да се случи реално. ДПМНЕ нема во наредните 2-3 години да ја изгуби подршката од земјоделците, поради маркетингот на телевизиите. Велија ќе заврши слично како Љубе Бошкоски, со мала група на подржувачи околу него. Искрено, СДСМ е само бледа сенка во овој момент (а богами како што гледам и на подолго), нема да може да му зададе сериозен политички удар на ДПМНЕ и на Груевски. Сериозни реформи му требаат на СДСМ за да може да делува. Но, какви "краци" има пуштено ДПМНЕ во овој момент, особено во медиумите, тешко ќе им оди.
Љубчо Георгивески е политички мртов човек.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: reuma
Датум на внесување: 13.Јануари.2012 во 16:03
2012 НЕМА да донесе политичко единство. ......Ама ЕДИНСТВО ке има од сиромавите и гладните. Тие таков сојуз се ....најбројни во моментов, со тенденција за рапиден пораст, па со оглед на масовното зголемување се очекува да се така сплотени во гладот што ми се чини ќе станат ЕДИНСТВЕН алат на Опозицијата , која е во моментов за никаде. И од ден на ден се се посилни и посплотени ....и ако тие не не внесат во ЕУ, богами нема друг јунак кој ќе може!!!!.......Така ли е?.....Напред, со среќа нека е!
|
Постирано од: ljoce
Датум на внесување: 14.Јануари.2012 во 11:30
Братството и единството помина и замина , сега секој си има свој став и никој немора да го прилагодува својот став со душманскиот. Доколку се врати единството ќе значи дека повторно сне почнале да живееме во едноличен свет како што беше Југословенскиот од 1945 па до 1989.Одкога се појавија повеќе од една партија во системот истиот почна да се распаѓа , затоа што капитализам се прави со капиталисти а со комунисти успева само комунизам.Се додека имаме политичари кој зеле диплома од СФРЈ се дотогаш ќе имаме капиталистички систем на начин разбран од комунисти. Не смее да има единство . Политичката арена треба да биди разбрана како место на различни идеи . Но сегашниве политичари мислат дека ако еден предлог иди од сопартиец мора да е за тој предлог. Затоа имаме свет кој е црнобел и неслучајно народот размислува дека треба да се спојат црното и белото иако веќе се споени и не се знае што е лево а што десно,битно да е од неговата партија. http://www.youtube.com/watch?v=BFwdoL_UqS4&feature=related" rel="nofollow - миле паника
------------- Се што било,поминало и се што ќе биди ќе помини.
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 14.Јануари.2012 во 13:10
Белинде, пред да дадам коментар на твојот цитат подолу, да те прашам дали погледна на мојот пост во темата „Скопје 2014“ а кој се однесува на твоите коментари? Ова го велам бидејќи таму имам коментирано за истите овие твои гатачки способности:
BelindaMill напиша:
Во 2012 три работи ќе се случат:
- Осипување на вмровското тело во 2-3 други партии (ВМРО-Нардона,
Обединети за Македонија, партијата на Гуштеров, ...). Ќе почне движење
внатре во ДПМНЕ со кое ќе бараат на чело на партијата да се врати Љупчо
Георгиевски за да ја спаси Македонија.
- Губење на поддршката што ДПМНЕ ја добива од земјоделците. Ќе има блокади на патишта, штрајкови, граѓанска непослушност.
- Демаскирање на Гвујокио дека е голем патриот во врска со името, а
ваму братучедите негови бизнис си тераат со еден куп грчки криминалци.
Со тоа ДПМНЕ ќе загубат дел и од своето најтврдокорно тело.
После во 2013, крушата сама ќе падне, па ние после тоа лесно ќе ја внесеме Македонија во ЕУ и НАТО. И А1 пак ќе проработи, господинот Велија Рамковски ќе излезе од затвор и ќе ги предводи земјоделците и новинарите. |
И, навистина! Дали овде се работи за твоја (или колективна СДСМ-овска) моќ на предвидување на настаните или овие заклучоци се резултат на опсежна, сериозна, долготрајна научна, економска, социјална и политичка анализа? И, btw. како вие мислите (секако кога ќе дојдете на власт) да ја внесете Република Македонија во ЕУ и НАТО? Повторувам, Република Македонија, а не некоја друга држава. Се надевам дека овојпат ќе ме удостоиш со некаков одговор. Се надевам критички!
Р.Ѕ. Зошто упорно се потсмеваш на говорната маана на Премиерот, па постојано го користиш „Гвујо ...? Стави се во улога на мајка на дете (или баба на внуче) кое има таква говорна маана. Дали ќе му се потсмеваш на твоето дете (внуче) што така зборува? А? Како беше онаа: „Не прави нешто што не сакаш тебе да ти го прават“. Оти секој ќе си дочека тоа што го заслужува!
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 14.Јануари.2012 во 13:54
Zlatnik напиша:
Р.Ѕ. Само, ме чуди народов што и покрај тоа што и самиот знае дека политичарите ги лажат и крадат, повторно и повторно гласаат за нив, повторно и повторно се расправаат меѓу себе: „БЦ чини, НГ не чини“, „НГ чини, БЦ не чини“ ... |
Народот гласа за помалото зло, т.е. ПРОТИВ другиот, а не ЗА ,,својот,,. Плус вкупно има поеќе од 400 000 членови (на коишто на повеќето им е ветено ,,вработување,, ) на ВМРО и СДСБЈРМ заедно, така што овие гласаат по некоја директива, плус тука се ,,браќата,, од УЧК и ДПА кои ги лажат Албанците во врска со Голема Албанија, немање права... итн, итн... и тоа трае... и трае....
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 14.Јануари.2012 во 14:35
Ima edna narodna pogovorka koja veli "dodeka ima ovci kje ima i shishanje".
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 14.Јануари.2012 во 22:58
Конкретно политичко единство за-борба со криминалното трошење државни пари извлекување на Македонија од криза јасни ставови во надворешната политика па и сеопштиот развој на земјата Зашто не би си конкурирале во позитивна насока. Па на сите им е смачено од статистика-колку успеале да украдат
-------------
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 15.Јануари.2012 во 08:46
mamamd напиша:
- Конкретно политичко единство за-борба со криминалното трошење државни пари извлекување на Македонија од криза - јасни ставови во надворешната политика - па и сеопштиот развој на земјата - Зашто не би си конкурирале во позитивна насока.
- Па на сите им е смачено од статистика-колку успеале да украдат
|
Ништо нема да има од вашиот овдеприкажан добронамерен „список„ на искажани желби , се додека (и) кај нас не стане облигаторно правилото на задолжителна смена на лидеритена партиите учеснички плус врхушката која ги поддржува..после изгубените избори..
Се друго кажано....е веќе видено..а и чинам прилично коментарисано..од многумина
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 26.Јануари.2012 во 11:00
http://www.plusinfo.mk/vest/31085/SDSM-i-NDP-podgotvuvaat-zaednichka-platforma-za-sorabotka" rel="nofollow - СДСМ и НДП подготвуваат заедничка платформа за соработка
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 07.Февруари.2012 во 14:39
Кое ли црно единство, кога овие очи си вадат и кога има елементарни непогоди. И по она народната-Држи ми копилето да и се изнасмеам на копиљарката, му се смеат на Стевчета (ич не го сакам-сто пати сум повторила,ама не трпам неинформирани абдали кои не знаат ништо подалеку од носот свој) оти не го чистел снегот и ја прекинувал наставата, не ни знаат дека во многу општини со вмровски градоначалници веке ја прекинаа наставата ( и во Скопје, не само во внатрешноста) Иако можеби оправдано затоа што се троши многу греење, децата седат мокри во клупите па настаинуваат а сепак ништо не е поважно од детското здравје. Мислам дека овој расштиман оркестар на градоначалници и немоќта да ја спроведуваат децентрализацијата заради поделби и неслога треба да го пресечи министерот со соопштение да с епрекине наставта насекаде па и наставниците и децата да си седат дома, па нека одработуваат кога ке биде потопло. Ама да нареди министерот во договор со Спиро Ристевски-дека и наставниците треба да не одат на работа- да не им нареди некој абдал како оној на мојана пријателка.
http://www.time.mk/read/c65e075f81/710796f23f/index.html" rel="nofollow - Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Јакимовски Навистина немам коментар на неукоста на некои советници
-------------
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 07.Февруари.2012 во 14:41
Единство mamamd ама само во медиумите Што не одговара, Латас не го блуе на Сител
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 07.Февруари.2012 во 14:48
Не ми е јасно околу што треба да се обединиме.... Во глобала сите сме за влез во НАТО и ЕУ, сите сме за некаков си референдум (ако дојде до тоа), сите сме а зачувување на националните интереси на нашава држава.... Нема логика сите да имаме исти ставови по сите прашања...нели не сме веќе комунизам...и затоа пак ќе прашам ОКОЛУ ШТО ТOA ТРЕБА ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ ????
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 07.Февруари.2012 во 15:01
Јас колку што имам забележано... до сега, секој оној кој објавува дека "треба да се обединиме" алудира дека наводно с'е уште не сме обединети и дека треба да се обединиме, ама под негови услови и водство.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 07.Февруари.2012 во 15:04
Тоа и сакам да го кажам...сите повикуваат на некакво си единство...а никој не го дефинира тој поим и за што конкретно се однесува...
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 07.Февруари.2012 во 15:12
Ninja 35 напиша:
Не ми е јасно околу што треба да се обединиме....Во глобала сите сме за влез во НАТО и ЕУ, сите сме за некаков си референдум (ако дојде до тоа), сите сме а зачувување на националните интереси на нашава држава.... Нема логика сите да имаме исти ставови по сите прашања...нели не сме веќе комунизам...и затоа пак ќе прашам ОКОЛУ ШТО ТOA ТРЕБА ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ ????
|
Околу сите поважни работи во кои не треба да им ни П од политика, околу она што значи функционирање на секојдневниот живот во државата. За пример наведов еден банален пример- заради политичко неединство се прави хаос во образованието. Зарем и ваму треба политичко неединство? Зарем треба заради градоначалник СДСМовец советниците ВМРОвци да се противат на одлуки во интерес на децата и обратно, сдмовци во вмровски општини.
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 07.Февруари.2012 во 15:15
Messenger напиша:
Јас колку што имам забележано... до сега, секој оној кој објавува дека "треба да се обединиме" алудира дека наводно с'е уште не сме обединети и дека треба да се обединиме, ама под негови услови и водство.
|
Ех да имам моќ па да не обединиме под мои условви
-------------
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 07.Февруари.2012 во 15:16
Токму така mamamd , ако некој референт е од СДСМ, а друг началник од СДСМ, ништо не можеш да завршиш работа, поради нивните политички ставови. Тука страдаме, тука треба да се обединиме. Ама далеку е рајот...
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 07.Февруари.2012 во 15:18
pHp напиша:
Токму така mamamd , ако некој референт е од СДСМ, а друг началник од СДСМ, ништо не можеш да завршиш работа, поради нивните политички ставови. Тука страдаме, тука треба да се обединиме. Ама далеку е рајот... |
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 07.Февруари.2012 во 15:28
pHp напиша:
Токму така mamamd , ако некој референт е од СДСМ, а друг началник од СДСМ, ништо не можеш да завршиш работа, поради нивните политички ставови. Тука страдаме, тука треба да се обединиме. Ама далеку е рајот... |
Те разбрав, знам дека е лапсус Нека мудруваат, ама и нека работат. Овие бре се единствени само кога треба да си покачат плати, кога не треба да се чепка во тоа кој во колку управни одбори е, кој каде дете си пратил на школување во странство. Ко змија нозе кријат за нивните интереси. И кога ќе размислм-во едно имаат единство-во своите интереси. За друго, само кажуваат кој колку украл Ееееј да не можат да најдат единство за училиштата, за децата. Децата да доаѓале на скратени часови. Па кога ке стаса до школо не е важно дали се скратени или не.
-------------
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 07.Февруари.2012 во 15:31
Би сакал да имате сите можност и да го видите она што сум го гледал јас често.... Како идиотите што по цел ден се караат на она парламентарната говорница и по разни комисии, после тоа на пауза или после работа, седат заедно во собраниското бифе, или во кафана, па се караат за тоа кој частел последен или на кого му е ред да вози наредниот пат....мислам на политичари од различни партии а не од иста....
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 08.Февруари.2012 во 22:18
Ninja 35 напиша:
Би сакал да имате сите можност и да го видите она што сум го гледал јас често....Како идиотите што по цел ден се караат на она парламентарната говорница и по разни комисии, после тоа на пауза или после работа, седат заедно во собраниското бифе, или во кафана, па се караат за тоа кој частел последен или на кого му е ред да вози наредниот пат....мислам на политичари од различни партии а не од иста.... |
Јасно е дека не се душмани и надвор, оти народната мудрост не вели за џабе-Врана врани очи не вади. Ама народот го потпалуваат. Еве мене живо ме интересира што има Стевче во телефонот http://www.plusinfo.mk/vest/32616/Jakimovski-Tragata-na-vmrovcite-e-vo-mojot-mobilen-telefon-" rel="nofollow - Jакимовски: Трагата на вмровците е во мојот мобилен телефон
-------------
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 09.Февруари.2012 во 18:42
Ако под единство подразбираме зголемување на платите во парламентот... тогаш Да... единство за нечепкање на матните приказни од гарнитурата од другата страна... и тоа секако Да, и тоа не од сега...
за нешто друго, не ми текнува...
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 09.Февруари.2012 во 22:36
Јас повикот за обединување го разбирам како поле на кое сите ќе се обединиме во единствен став за непопуштање по однос на промена на името. (Леле, Абе како Гоце Делчев сум Бе! Нели?) Ни под услов за влез во НАТО и ЕУ.
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 09.Февруари.2012 во 23:27
ma , nosi se i ti i tvoeto pole! ..eve eden od srce kazan komentar od nekoj ....od nekade:
Мене, 09.02.2012 11:09:25 "Јас
си го подготвив пасошот, не за таму, туку за Австралија. Колку и да ми е
мила Македонија, помило ми е семејството. А тоа не можам да го нахранам
со патриотизам. Црквите и џамиите не носат храна, носи работата. Колку и
да звучи апсурдно, вработен сум, во државна фирма. На директорот не му
сум по кеиф, па затоа ме шиканира, ми забранува да одам по семинари и
обука. Некогаш и не само до парите, туку до вкупниот амбиент во
државата. А мене, некако, не ми мириса на арно. Затоа, парталите во
раката и сите надвор. За наше добро!!!!!!!" ...pameten chovek!
...a ti, sepak povekje misli mu ja na makedonija ... otkolku na tvojata familija.
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 10.Февруари.2012 во 19:56
На темава зборуваме за (можно) единство во Македонија, а јас ќе ги спомнам јапонците! Можеби ќе речеш: „остај ги јапонците, тие се друго. Ние не сме како нив ...“ (или нешто во тој стил). Пред 10-тина години на еден семинар во Охрид разговарав со еден јапонец и тој ми рече: „Кај нас, на сите во прв план е интересот за државата, потоа за фирмата и на крајот доаѓа фамилијата“! Нормално и, јас му кажав дека и кај нас се тие приоритети, ама по обратен редослед! Тој само кимна со главата и малку ја развлече устата, што би требало да претставува (иронична) насмевка. А кој ќе го знае, можеби и не’ сожалувал?! Е сега, дали токму оваа нивна филозофија на стратешко единство е причина за нивниот огромен развој - незнам, ама знам дека кај нас ова едноставно е - несфатливо. И затоа велиме:
brza напиша:
...a ti, sepak povekje misli mu ja na makedonija ... otkolku na tvojata familija. |
Не, јас сакам моето семејство да живее добро во Македонија. Како што сакале многу генерации пред нас. Многу е лесно да избегаш пред проблемите и да не се спротивставиш на предизвикот! Што мислиш, јас не сум ја земал во предвид и таа опција, да ја „киднам“? Но, ете, сепак сеуште сум тука, со надеж дека сепак еден ден ... Исто како што се надевале и нашите претци, кои многу лесно би можеле да се решат од проблемите ако избегале од овие краишта под налетот на турците или на србите или на бугарите или на германците. Или пак да го прифателе муслиманството, да се посрбеле, да се бугаризирали или германизирале. А тогаш, во тие времиња, во вистинска смисла на зборот се давале животи. Ако сите наши претци го имале истиот овој начи на размислување „збирај парталите и бегај“, тогаш одамна ќе не’ немало. НО, ете, тие опстоиле. Да, секогаш ќе има такви будали кои ќе пркосат на времето и настаните, за да истраат во борбата за подобар живот - тука. Не само на сопственото семејство, туку за семејствата на нашите деца! А овој идеал ќе го постигнеме само доколку ние самите сме единствени во некои стратешки определби. Да не живееме во заблуди дека некој однадвор ни’ мисли повеќе добро отколку ние самите. Свесен сум дека ова мое размислување нема да наиде на единство од сите читатели. Некои ќе мислат дека јас сум будалиот, а тие се паметните! И после ќе се чудиме каде згрешивме!
Р.Ѕ. Добро, штом не сакате да живеете во Македонија оваква каква што е, штом не се согласувате да имате заеднички државен интерес (во случајов по однос на името), штом гледате дека надвор* поубаво се живее, ... што не заминете таму каде животот ќе ви биде подобар? Така ќе биде подобро бидејќи ем подобро ќе си живеете, ем нема да се нервирате од нас и да не’ окривувате за тоа што сакаме да останеме македонци!
* - Кога македонците (кои за „подобар“ живот не сакаат тоа да останат), како и милиони други во светот кои се незадоволни од сопствената земја, велат дека сакаат да заминат “надвор“, секогаш во памет им се дестинации на неколку развиени држави: Америка, Канада, Германија, Франција, Британија, Норвешка, Шведска, Австралија. btw. Ова зборува дека Македонија не е единствена држава во која лошо се живее. И, што ќе се случи ако сите избегаме од сопствените држави и заминеме таму каде што е убаво? Зошто со таков жар тие кои напаѓаат, не се обидат да сторат/име нешто, за да ни’ биде убаво овде?
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 11.Февруари.2012 во 00:03
Zlatnik напиша:
Зошто со таков жар тие кои напаѓаат, не се обидат да сторат/име нешто, за да ни’ биде убаво овде?
|
...shto be da storat ,zlaten?
...tie
shto sakaat da storat neshto,...vekje 20 godini i pravele neshto za da
im bide poubavo doma,..so toa shto birale lugje od nego , .kako shto e i
nasekade .....za da go mu go napravat zivotot dobar...
ama...ete
,...do sega samo mu se vloshuval zivotot a toj,...ni so prst da mrdne
neshto konkretno da napravi okolu toa,..t.e...da gi zeme ''stvarite'' vo
svoi race,..kako vo drugi zemji shto napravil narodot. ...ako sfakjash,..a, sfajkash ,pameten si ti ! ..e, zatoa i bega i tek ima da ti begaat lugjeto od tvojata "pred sê drugo'' tatkovina.
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 11.Февруари.2012 во 15:36
Брза, те разбирам тебе (но и сите други) за незадоволството од незавидната економска ситуација, како мотив за исселување. Како аргумент нормално дека и тоа држи. Но јас сакам да предочам на фактот дека ние треба да се обидеме да сториме нешто за да ни’ биде убаво овде, да не мора да бегаме. Ако не за друго, тогаш за она наше исконско - за инает! Да не им попуштиме и да не подлегнеме под притисоците на разните „волци“ кои сакаат да ја раскинат Македонија.
brza напиша:
... a toj,...ni so prst da mrdne
neshto konkretno da napravi okolu toa,..t.e...da gi zeme ''stvarite'' vo
svoi race,..kako vo drugi zemji shto napravil narodot... |
Е за ова и двајцата се согласуваме. Кај нас се е така инертно, се помируваме со настанатата ситуација, чекаме некој друг да стори нешто за нас. Секогаш каскаме* зад другите... Незнам што е причината за тоа? Дали е стравот толку многу вроден во нас, па се плашиме да дигнеме глава (за да не ја пресече сабјата), дали во прашање е добродушноста или ако сакаш наивноста (која е на само еден чекор до глупоста), дали до ... ? Еден господ ќе го знае. (А бидејќи нема господ, значи никој не знае!) Сега (сакаме тоа да го признаеме или не), се „ситиме“, ако можам така да речам, на грците што се соочуваат со проблеми и поради што демонстрираат. Ама тоа е нивната предност. Така се оди напред, со примена на дијалектичките закони - борба на спротивности. Кај нас тоа го нема. Тоа многу добро го знам и го имам искусено на сопствена кожа. Пред 5-6 години бев водач на штрајк во една многу добро позната македонска фирма каде работев. Во првиот ден беа половината (200) од вработените (400) работници. Јасно и гласно им предочив дека за да не’ „скршат“, од страна на раковотството ќе има ветувања за повисока плата, за работни места, ама и закани за преместувања и отказни решенија. После 4-5 дена паднаа првите отказни решенија и ... половина од работниците си го „свиткаа опашот“. По 20-тина дена уште триесетина, така да до крај останавме едно 60-70 луѓе. Сето ова иако изгледа дека е надвор од темата, сепак во суштина е пример за тоа какво е, но и какво треба да биде македонското единство.
* - Секогаш чекаме некој друг да стори нешто, па по неко време и ние. - србите дигнаа востание против турците во 1804, а ние 100 години подоцна (притоа не мислам на некои поситни вооружени изразувања на незадоволство). Зборувам за сериозно организирана борба. - во 1941 година, хрватите и србите уште во Март се спротивставија на потпишувањето на тројниот пакт и почнаа со вооружена борба на 4-ти Јули. Кај нас се чекаше до 11-ти Октомври. (После се лутиме зошто Тито ни’ го испратил Темпо) - во 1968 сите југословенски студентски центри излегоа да демонстрираат, а во Скопје не ни слушнаа за такво нешто, а не пак да излезат на улица. - во 1991, уште од Април-Мај, Словенија и Хрватска почнаа да се борат за независност, а ние чекавме до Септември.
Р.Ѕ. За да се промени ова, потребни сме да останеме овде и да водиме заедничка битка за опстојување на Македонија и за подобар живот во неа. Р.Р. Ѕ. Во контекст на ова, дали следново е фикс идеја? Како би било да се обединат неколку десетини (а зошто не и стотини) добростоечки македонци кои би инвестирале во МК?! Ама под услов сето тоа да биде ептен транспарентно. Да ја чучнат владата пред камерите и јавно, пред сите медиуми, да ги постават условите под кои ќе инвестираат, за да не им се дозволи на некои министерчиња да ги уценуваат, поставувајќи им некои неприфатливи правни, економски, еколошки ... критериуми.
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 14.Февруари.2012 во 19:22
И додека ние тука зборуваме за некое единство, барем кога се во прашање интересите на земјата, тие си бараат интерпелации, се вреѓаат, се закопуваат,и така речи ќе се степаат-ама не се степале-ги боли ударот. Бреени за тепачка не ги бива- аман еднаш нека се помодрат, нека им стават некое копченце на клиниките во градска.
http://www.time.mk/read/c63c975047/0aa6f668ea/index.html" rel="nofollow - Избегната тепачка во собранието
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 14.Февруари.2012 во 23:19
..podobro ke beshe da se (p)otepaa!
...kako i sekade vo normalnite parlamenti !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
|