IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Хашките случаи од 2001 ќе се забошотат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хашките случаи од 2001 ќе се забошотат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Vlad Tepesh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Април.2008
Локација: Romania
Статус: Офлајн
Поени: 540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vlad Tepesh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Хашките случаи од 2001 ќе се забошотат
    Испратена: 20.Јули.2011 во 12:49
Собранието изгласа амнестија за хашките случаи



19.07.2011, 22:06

Собранието вечерва со 63 гласа „за“ и 29 „против“ во рамки на продолжението на 4. седница го усвои автентичното толкување на член 1 од Законот за амнестија.

Според усвоеното толкување, членот 1 од Законот за амнестија треба да се толкува така што амнестијата се применува на сите сторители на кривични дела поврзани со конфликтот од 2001 година заклучно со 26 септември 2001 година, освен за лицата кои извршиле кривични дела поврзани и во врска со конфликтот, а против кои Меѓународниот трибунал повел постапка.

Случаите „Водство на ОНА“, „Непроштено“, „Мавровски работници“ и „Липковска брана“ беа процесуирани во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, но во 2008 година тие беа вратени во надлежност на македонските судови.

Во текот на попладневната расправа пратениците од опозициските СДСМ и НСДП се изјаснија дека ќе гласаат против затоа што со Предлогот се уривала правната држава, а хашките предмети кои од Меѓународниот суд во Хаг беа вратени во Македонија, не смееле да бидат предмет на Законот за амнестија. Со гласањето за предлогот, сметаат тие, се врши повреда на меѓународното хуманитарно право и се излегува во пресрет на партиско-приватни интереси.

Наспроти нив, пратениците од ДУИ оценија дека автентичното толкување ќе затвори долгогодишен проблем. Нивните опоненти од албанскиот политички блок ги обвинија за задоцнето реагирање за целосна примена на Законот за амнестија.

Изет Зеќири од Националната демократска партија НДП обвини дека Демократската унија за интеграција и покрај подолготрајното учество во власта не успеала да обезбеди почитување на Законот за амнестија.

ДУИ, додаде тој, со своите министри не успеа да наметне конзистентност за почитување на Законот за амнестија, а приоритет на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор беше вработувањето.

tekstot e kopiran os utrinski vesnik

Изменето од Vlad Tepesh - 20.Јули.2011 во 12:50
Кон врв
Vlad Tepesh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Април.2008
Локација: Romania
Статус: Офлајн
Поени: 540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vlad Tepesh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 12:59
Pribidejci forumot e posetuvan od vas dragi moi sochitateli ve molam da se proiznesete na temata ,kako vie gledate na ovaa Vladina manipulacija! Pa ne samo shto se izzhivuvaat so chuvstvata na oshtetenite i nivnite semejstva i bliski tuku na cel BEZOBRAZLUK se manipulira da se obeshtetat ,,SITE ZHRTVI od komfliktot ,, chest na chesnite no tuka sakaat da gi provlechat u zhrtvite shto se pripadnici na UCK i da dobijat isti prava so branitelite.

Кон врв
Vlad Tepesh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Април.2008
Локација: Romania
Статус: Офлајн
Поени: 540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vlad Tepesh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 13:20
Хашките случаи да ги стопираме и да ги пратиме во историјата


Здружението за поддршка на Јохан Тарчуловски до Македонската информативна агенција достави писмо од Тарчуловски во кое дава свое видување за хашките случаи. Писмото, како што информира Здружението, ќе биде доставено и до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски


Мои браќа и сестри Македонци,

Размислував долго пред да го напишам писмово. Многу мислев, се преиспитував, ги анализирав работите, се потсеќав на некои работи, мислев на многу луѓе, а најмногу на Македонија. Размислував што е најдобро за Македонија и за народот, и кај сум јас тука во целата оваа ситуација.

Имавме избори и победи ВМРО-ДПМНЕ. Во суштина победи народот, зашто изборите беа мирни. Груевски покажа дека знае да работи за народот, да има почит за патриотите и дека го сака патриотизмот, дека ја сака и се бори и се залага за Македонија и сега доби можност своите дела да ги продолжи за Македонија да продолжи да оди по подобар пат. Го знам човекот и знам дека кога ќе каже дека нешто ќе направи, ќе направи се за да си го одржи зборот и дека ќе направи се за да го исполни ветувањето. Да се оддолжи на Македонија со тоа што ќе ја направи модерна и развиена држава. Исто како јас кога застанав на браникот на Татковината и кога се оддолжив кога и беше најтешко на Македонија, и знам дека постапив исправно. Секој има своја мисија.

Слушам и читам сега дека треба да се прави влада во Македонија, помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Читам дека пак многу актуелни станале Хашките случаи, и јас како човек кој сум еден од најповиканите да говори за Хаг сакам да го искажам своето мислење, затоа што јас сум жртва на таков хашки случај.

Во 2001 г. јас и многу македонски синови и ќерки се одзвавме на браникот на Татковината и ја одбранивме Македонија. Знаевме дека одиме во битка од која може нема да се вратиме и од која ќе имаме последици, многу од храбрите македонски јунаци го дадоа животот за Татковината, ама знаевме и дека Македонија не вика, семејствата не повикуваат и пријателите и соседите и сите повикуваат на херојство. И ние херојството го направивме и тоа ќе остане запаметено, и не може никој да го избрише или скрие. Знаевме дека ја правиме вистинската работа и историјата ќе не памети како ХЕРОИ.

Премиере Груевски, покажи доблест да се затвори ова последно поглавје од 2001 година. Разговарајте за тие Хашки случаи, проверете ги законите, и ако има можност, решете го тоа прашање еднаш засекогаш, запрете ги и оставете ги во историјата, завршете ги сите трауми од минатата деценија. Ако бираш помеѓу тоа да ја трошиш енергијата на создавање на нови дела, да градиш и да им помагаш на луѓето, и помеѓу тоа да го оптоварувате општеството и иднината со овие случаи, одбери го првото. Знае народот што беше Татковинската војна, знае и историјата. Ако тоа е предизвик за Македонија да оди напред, знаеш дека Македонија мора да оди напред. Овие случаи треба да ги стопираме и пратиме во историјата, и да одиме напред, да градиме наместо да разградуваме.

Ја имаш целосната моја поддршка за тоа. За мене е најбитно моите деца Мелани и Младен, и сите други деца, да растат во земја во која ќе имаат подобро образование и повеќе можности, кај што ќе имаат подобар живот, отколку да растат во земја која ќе се замара со трауми од минатото. Нека биде по закон, ако има правна можност и ако дозволува правото, решете го и ова прашање што се исправува пред Македонија.

Знам дека болката на сопругите, децата и родителите кои изгубија син е голема, ама јас сум сведок дека јас не сум виновен за некоја болка којашто ја имало некое семејство, а сум во зандана, и не би сакал и некој друг да ја има мојата судбина иако сум рекол дека за Македонија сум спремен да издржам секаков предизвик. А интерес и на оние кои изгубиле драга личност е да имаат подобра иднина. Ние хероите ќе ги паметиме вечно, и со одење напред најдобро ќе се одолжиме за нивната жртва, зашто хероите ја бранеа Македонија за таа да стане модерна и силна држава, а таква ќе биде само ако биде напредна и ако ги оставиме траумите во минатото. Херојството е веќе запишано.

Патриотски пред 10 години беше да се одбрани Македонија. Денес е патриотски да се овозможи Македонија да оди напред, ослободена од бремето на минатото, и да стане модерна држава, каде што сите луѓе од разна вера и нација ќе живеат во слога и со добро. Јас и од овде ќе продолжам да се борам за најдобриот интерес на Македонија и македонскиот народ, имам јак дух и волја, и силна верба во Господ. Знаеме дека Македонија не беше крива за 2001. Еден ден историјата ќе си каже, ама денес е најбитно да се избере најдобриот интерес за Македонија да продолжи да напредува. Ако стопирањето и затворањето на Хашките случаи стои на тој пат, тогаш запрете ги, нека оди Македонија напред, ја имате целата моја поддршка. Така размислува патриот!

Секогаш за Македонија. Секогаш спремни за Македонија. Македонија пред се!

Јохан Тарчуловски, син на Македонија

tekstot e kopiran od vesnikot VECHER


Изменето од Vlad Tepesh - 20.Јули.2011 во 13:21
Кон врв
Vlad Tepesh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Април.2008
Локација: Romania
Статус: Офлајн
Поени: 540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vlad Tepesh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 13:21
~,,~Poglednete samo so kakvi manipulacii se sluzhat , Johan Tarchulovski od HAG pishuva otvoreno pismo do mediumite~,,~
~,,~Treba nekoj da e retardiran i da ne znae deka Johan ,,sluchajno ne e vo tesna vrska so aktuelnata vlast,, i ,,DEMEK,, hristijanski bara prochka za dushmanite,
Gospoda forumdzhii neznam dali vashata intelegencija e navredena od vakvata manipulacija, jas vece od poodamna se SRMAM shto sum makedonche!!!

Изменето од Vlad Tepesh - 20.Јули.2011 во 13:40
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 13:26
Правото и правната држава и овојпат се погазени во Македонија во име на некакви меѓуетнички односи и во име на политиката. Штом и злосторствата кои претставуваат злосторства против цивили и недолжни граѓани се проштеваат, таквата држава самата ги руши темелите на кои почива. Таквата држава не може да очекува дека таквото нешто ќе донесе мир и просперитет. Можеби и краткотрајно може да се очекува, но никако долгорочно. Македонија полека,но сигурно, врви по патот на распаѓање и дезинтеграција на се она што претставува држава во вистинската смисла на зборот. Штом и вакви нешта се покриваат од политиката, веќе нема нешто за кое другата страна нема да може да бара да се покрие од страна на политиката. Дури и најтешките злосторства, како што и може да видиме.

Со ова се отвораат нови врати за конфликти. Мошне брзо Македонија и нејзините граѓани ќе ги почувствуваат последиците од вакви одлуки.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 13:32
Originally posted by Vlad Tepesh Vlad Tepesh напиша:

~,,~Poglednete samo so kakvi manipulacii se sluzhat , Johan Tarchulovski od HAG pishuva otvoreno pismo do mediumite~,,~
~,,~Treba nekoj da e retardiran i da ne znae deka Johan ,,sluchajno ne e vo tesna vrska so aktuelnata vlast,, i ,,DEMED,, hristijanski bara prochka za dushmanite,
Gospoda forumdzhii neznam dali vashata intelegencija e navredena od vakvata manipulacija, jas vece
od poodamna se SRMAM shto sum makedonche!!!


Не е христијански да се гази правдата. Напротив, тоа е нехристијански. Дури и проштевањето на гревовите не треба да се случи од собранието, туку од страна на жртвите и нивните семејства, а како што може да видиме, тие бараа правда! Во тие злосторства се содржани сите смртни гревови. Дури и Црквата беше нападната. За каква прошка може да се говори таму?! Гледано и од христијански аспект, земја која ја гази правдата не може да очекува Божја милост. Се плашам дека со ова само може да навлечеме Божји гнев.

Изменето од Македон - 20.Јули.2011 во 13:32
Кон врв
Vlad Tepesh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Април.2008
Локација: Romania
Статус: Офлајн
Поени: 540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vlad Tepesh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 14:12
~,,~Deneska kako udarna vest vo site net vesnici os'mna na naslovnite stranici UAPSEN GORAN HADZIC posledniot HASHKI begalec od Srbija, a paralelno so ovaa vest i vesta za amnestija na nesh*te dushmani, chitam i si mislam -jas vece odamna ne sum del od deshavkite vo makedonijata hmm... dali e mozhno narodot moj da e pod masovna hipnoza ili tolku e opsednat so nekakvo gajle pa psihichkata gimnastika mu padja kako kaskaderska disciplina i ja ignorira kako sport-
vprochem da beshe toa taka [sipi napise) ,, suvereni republiki od tipot makedonija da mozhat da amnestiraat HASHKI sluchaj pa Ratko Mladic deneska ce igashe shah vo debelite senki na Kalemegdan , nego neznam kade se tribunalskite tuhiteli i sudii koga e vo prashanje kontra ekipata, dali i ovaa utakmica ne e prodadena? za koja cena e namesten rezlutatot ? se isplati li da gi sledi kletvata manipulantite do krajot na zhivotot i zhivotite na nivnite pokolenija?   
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 14:14
golema rabota sme napravile
amerikancite odavno gi zastitija albancite, taka da nema nieden vo hag
pa tie drugite vo hag ne ni sakale da im se sudi pa ni gi vratile predmetite
pa sega nie gi otfrlivme
ne sme ni prvi , a ocigledno sme posledni koi pravat takvi zabosotuvanja
te
NE SME IZMISLILE TOPLA VODA

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 14:19
Originally posted by Vlad Tepesh Vlad Tepesh напиша:

nego neznam kade se tribunalskite tuhiteli i sudii koga e vo prashanje kontra ekipata, dali i ovaa utakmica ne e prodadena? za koja cena e namesten rezlutatot ? se isplati li da gi sledi kletvata manipulantite do krajot na zhivotot i zhivotite na nivnite pokolenija?   


За Горан Хаџиќ не знам многу, а и ниту ме интересира што се случува кај соседот, додека дома ми гори под нозете.
Конкретно за ова не се криви хашките обвинители, туку само ние. Хашкиот трибунал ги врати случаите во Македонија бидејќи сметаше дека за тоа се надлежни македонските судови. Со автентичното толкување на Законот за амнестија, секое казнено дело, независно какво е, за кое Хашкиот суд не одлучува, се подведува под одредбите на Законот за амнестија.

Никој за ништо не ни е виновен нам Македонците!
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 14:27
Има тема за ова но нека фигурира оваа и нека се коментира на истава за се во однос на Хашките случаи.

Погрешен потег,многу погрешен потег е и навреда кон Македонците,тие што се бореа,жртвите кон сите.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 14:33
ЦЕЛ хаг не не навреди што ни ги вратил сите предмети каде беја тужени албанците а задржал еден за кој може да затвори ама македонец????

која бе навреда..

одавно е решено од светките сили дека таму нема пипање


Изменето од anakin - 20.Јули.2011 во 14:33
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Vlad Tepesh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Април.2008
Локација: Romania
Статус: Офлајн
Поени: 540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vlad Tepesh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 14:53
~,,~ako odamna e resheno od svetskite sili kade nema pipanje toa znachi deka vladata ni ne raboti pod koordinacija na svetskite sili tuku izvrshuva naredbi potchineta pod direktna komanda,,, Ne e bitno hag ili ne! - bitnoo e pravdata da bide zadovolena za da gradjaninot pochuvstvuva barem tenka doza na aftoritet i lita sigurnost vo drzhavichkata vo koja se visi na konec,, jasno e deka vo sluchaite se prekrsheni pravilata i obichaite na vojuvanje vo direkten del udreno e na civili , nedolzhno naselenie:
ednite se vrzani za stolb od crkva i dignati vo vozduh
drugite se kidnapirani i najverojatno e trguvano so nivnite organi-lichna pretpostavka
tretite se tepani i sechkani so noshevi
i ako ovie sluchai se za amnestija ? Ovaa e ruganje vo lice ,ponizhuvanje bez kontrola, vrshenje golema nuzhda po licata na zhrtvite bes presedan~,,~
















Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 14:56
Originally posted by anakin anakin напиша:


ЦЕЛ хаг не не навреди што ни ги вратил сите предмети каде беја тужени албанците а задржал еден за кој може да затвори ама македонец????


Toa e onoa shto bode ochi.

Iako znam zoshto albancite se protektirana nacionalnost na ovie prostori, ne mi se dopagja toa shto makedoncite vo ovoj sluchaj se staveni kako "kolateralna shteta".
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 14:56
bravo ja otkri amerika
nema pravdina na svetov bre


Изменето од anakin - 20.Јули.2011 во 14:56
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.