IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Кои се тајни служби работат во Македонија??
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кои се тајни служби работат во Македонија??

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Кои се тајни служби работат во Македонија??
    Испратена: 06.Ноември.2009 во 11:56
Бугарските тајни служби хиперактивни во Македонија
Бугари со тајни имиња „славеј“, „посредник“ и „бегалец“ оперирале во Македонија. Нивните операции се викале „Езеро“ и „Октопод“. Ова го обелоденуваат германските медиуми „Шпигл“ и радиото „Дојче Веле“. На 69 страници меѓу другото ги објавуваат имињата на бугарските операции и оперативците на бугарската Агенција за државна безбедноста ДАНС во Македонија.

Внимателно се следат контактите на бугарските граѓани и на Македонци со пробугарска ориентација со вработените во бугарската амбасада во Скопје, се чувствува засилена контрола врз работата на бугарската ВМРО БНД во Македонија. Максимално се контролира добивањето на бугарско државјанство пишува во документот.

ДАНС и информаторот што го нарекувале „фермата“. Од него добиле информација за реформите во македонските служби за безбедност со цел, како што се наведува, нивно обединување и ставање под директна контрола на македонскиот Премиер Груевски. Бугарските разузнавачи за своите активности во Македонија му реферирале директно на тогашниот Премиер Сергеј Станишев. Во документот од 2008 година, пишува дека македонските тајни служби имаат традиционална висока разузнавачка активност кон Бугарија засноваат на оценката дека Бугарија претставува сериозна опасност од гледна точка на македонскиот национален идентитет. Најсвеж пример за дејствувањето на ДАНС е блокирањето на материјалите на партијата на Македонците во Грција Виножито за изборите во Европскиот Парламент. Кога скандалот во Бугарија на Станишев веќе му бил одземен пратеничкиот имунитет. Сега му се заканува затворската казна.
Канал5

Овој текст воопшто ама воопшто не ме изненади..

Изменето од kultuzin - 06.Ноември.2009 во 11:58
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2009 во 12:01
69 страници имена на операции на ДАНС?

ДАНС е создадена 2008 година бе

ова 69 да не е од некоjа друга книга?
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2009 во 12:02
Се е можно , историјата покажала дека Бугарија не бира средства...
„ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА„
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2009 во 12:10
Штирлиц
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2009 во 12:13
Авторе од каде ти текна оваа тема?
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2009 во 12:14
епа напишал ти е - од Шпигл и Доjчевеле

ама 69 е од индинска книга мислам



Изменето од да бе - 06.Ноември.2009 во 12:15
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2009 во 12:23
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,4861887_page_1,00.html

Бугарската редакциjа на Доjче Веле разполага сo документ, обозначен каkо анализa на ДАНС за ситуациjата во Бугарија през првите 6 месеца на 2009. Не можем да гарантираме за автентичността на документота, но ja предполжоваме

 Предлагаме обобштение на основните моменти от 69-страничниот документ.

...

А во МК - веднаж решиха дека 69 станици са имената на операциите во МК



Изменето од Анастеа - 06.Ноември.2009 во 16:16
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2009 во 12:35
аха еве оригиналот

http://www.dw-world.de/dw/article/0,,4863615,00.html

Автор: Борис Георгиевски / Дојче Веле

Борис - татарско име
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2009 во 12:49
Гоборисе е име на ТуркоМонголскиот Бугарски хан кој подоцна се прекрсти во Борис - значи Борис е христијанско - Православно име а не БугарскоТуркоМонголско намигнување
Кон врв
tanas_1902 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 346
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tanas_1902 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2009 во 13:34
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Гоборисе е име на ТуркоМонголскиот Бугарски хан кој подоцна се прекрсти во Борис - значи Борис е христијанско - Православно име а не БугарскоТуркоМонголско намигнување

Баш татарин е да знаеш! Наш человек под прикритие! Денес в Доjче веле утре в ЦРУ!!!

Изменето од tanas_1902 - 06.Ноември.2009 во 13:36
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2009 во 13:35
Танас, корегирај си ги буквите и дискутирајте на темата, да нема забегувања!
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2009 во 21:41
Кои се не шпиунира во Македонија?Каква е улогата на “македонската политичка елита“ и македонските олигарси во уништувањето на Македонија и на Македонците?
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2009 во 21:42
Бугарските разузнавачи биле активни во Македонија!


Во својот извештај за работата во Македонија, бугарските разузнавачи тврдат дека македонските безбедносни служби внимателно ги следат контактите на бугарските граѓани и на Македонци со пробугарска ориентација со вработените на бугарската амбасада во Скопје. Во документот се тврди дека во Македонија се чувствува засилена контрола врз работата на бугарската ВМРО-БНД и максимално се контролира добивањето на бугарското државјанство.

Во Извештајот се вели дека бугарската разузнавачка служба овие информации ги добила од тројца свои соработници во Македонија, „Славеј“, „Посредник“ и „Бегалец“. Од информаторот „Фермата“, пак, е добиена информација за реформите во македонските служби за безбедност со цел за, како што се наведува, нивно обединување и ставање под директна контрола на македонскиот премиер.

Процесите во Македонија бугарските разузнавачи ги истражуваат во рамките на оперативните акции „Езеро“ и „Октопод“, се наведува во документот.

Протекувањето на информациите предизвика голем скандал во Бугарија, а на експремиерот Станишев му беше одземен пратеничкиот имунитет и му се заканува затворска казна. Тој беше обвинет дека поради негова небрежност документите стигнале до јавноста. Во документите може да се прочитаат псевдонимите на бугарските оперативци во Македонија, како и имињата под кои бугарската безбедносна служба ДАНС ги водела своите операции.

Во истиот документ е и информацијата за работата на бугарските контраразузнавачи. Тие минатата година во Бугарија ги блокирале материјалите на партијата на Македонците во Грција-Виножито.

За случајот биле информирани и претставниците на грчките служби во Бугарија. Станува збор за повеќедневното задржување на пропагандните материјали на Виножито од страна на бугарските цариници во мај минатата година, во пресрет на парламентарните избори во Грција.

Бугарското контраразузнавање воочило пад на дејноста на македонската амбасада во Софија во однос на промакедонските групи.

За спречување на процесите по линија на т.н. промакедонски национализам бугарската контраразузнавачка служба активно работела преку операцијата „Сепаратисти“.

Во документот се вели дека во 2008 година биле поднесени 7.000 молби за добивање на бугарско државјанство, а од нив 1.850 биле одбиени, но не се споменуваат македонските граѓани.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2009 во 21:43
СКАНДАЛОЗЕН ДОКУМЕНТ ЈА ОТКРИВА ДВОЈНАТА ИГРА НА СОФИЈА
Бугарски шпиони ја „орале“ Македонија



Македонија стана погодна почва за бугарските разузнавачки служби, кои по наредба на тамошниот државен врв веќе неколку години шпионираат македонски граѓани и припадници на македонското малцинство во Бугарија со ставови спротивни од политиката на официјална Софија.
Овие тврдења ги објави вчера германскиот весник „Шпигел“, а со истите се огласија и припадниците на ОМО „Илинден – Пирин“ откако во Македонија се интензивираа тврдењата дека српските тајни служби ја контролираат земјава и две децении по нејзиното осамостојување.
- Внимателно се следат контактите на бугарските граѓани и на Македонци со пробугарска ориентација со вработените во бугарската амбасада во Скопје. Се чувствува засилена контрола врз работата на бугарската ВМРО
-БНД во Македонија. Максимално се контролира и добивањето на бугарското државјанство – се вели, меѓу другото, во еден од објавените документи на бугарските тајни служби.
Протекувањето на доверливите документи од бугарската Агенција за државна безбедност (ДАНС), од кои голем дел се однесуваат на нивните активности во Македонија, деновиве предизвика голем скандал во Бугарија.
Како главен виновник што документите излегле во јавноста се посочува поранешниот премиер Сергеј Станишев, на кого бугарскиот парламент поради тоа веќе му го одзеде пратеничкиот имунитет. На Станишев му се заканува и затворска казна доколку бугарското обвинителство одлучи да покрене истрага за него. Неговата партија на парламентарните избори во јули годинава беше убедливо поразена и нов бугарски премиер стана Бојко Борисов.
Во документите може да се прочитаат псевдонимите на бугарските оперативци во Македонија, како и имињата под кои ДАНС ги водела своите операции во земјава. Бугарските служби за своите активности во Македонија му реферирале директно на тогашниот премиер Станишев.
Псевдонимите под кои бугарските агенти оперирале во Македонија биле „Славеј“, „Посредник“ и „Бегалец“. Операциите, пак, биле наречени „Езеро“ и „Октопод“. Нивна главна задача била строга контрола на луѓето кои поднесувале молби за добивање бугарско државјанство, како и спречување на ширењето на промакедонскиот национализам во Бугарија.
Поранешниот премиер Владо Бучковски тврди дека пенетрирањето на странските тајни служби во Македонија е реалност.
- Тоа го прават сите сериозни држави. Многу е веројатно дека постојат и српски и грчки тајни служби што работат во Македонија. Жално е што нашата држава нема толкава моќ, па нашите служби да им помагаат на Македонците во Албанија или, пак, на припадниците на ОМО „Илинден- Пирин“ во Бугарија - вели Бучковски.
Во документот од 2008 година е наведено дека и македонските служби не седеле со скрстени раце и кај нив е забележано високо ниво на разузнавачка активност кон Бугарија.
Според оценките на бугарските разузнавачи, нивните колеги од Македонија сметале дека Бугарија претставува сериозна опасност од гледна точка на „македонскиот национален идентитет“ и дека затоа треба да продолжат со активностите во Бугарија.
За спречување на процесите по линија на т.н. промакедонски национализам, бугарските служби работеле преку операцијата наречена „Сепаратисти“.
Припадниците на македонското малцинство во Бугарија не се изненадени од соработката на Станишев со тајните служби. Од партијата на ОМО „Илинден – Пирин“, која веќе 15 години чека да биде регистрирана од бугарските власти, велат дека нетрпеливоста на Станишев кон Македонците во Бугарија најдобро се видела за време на посетата на Македонија кога изјави дека ОМО „Илинден - Пирин“ намерно не сака да се регистрира за да ја обвини бугарската држава дека е против правата на малцинствата.
- Станишев јавно призна дека соработувал со тајните служби. Ним им е доделена главната задача да го оневозможуваат регистрирањето на нашата партија, а во тоа големо влијание сигурно има и Станишев – вели Стојан Ѓоргиев, член на раководството на ОМО „Илинден - Пирин“.
Дека е многу веројатно бугарските власти да го контролирале и добивањето бугарски пасоши на македонски граѓани говорат и информациите добиени од активисти на бугарското движење во Македонија, кои велат дека за време на владата на Станишев бил сменет речиси целиот персонал на бугарската амбасада во Скопје.
Најсвеж пример за кој припадниците на ДАНС му се „пофалиле“ на Станишев е блокирањето на материјалите на партијата на Македонците во Грција, Виножито, за изборите за Европскиот парламент. За „успешно“ изведената акција, бугарските служби веднаш ги информирале своите колеги во Грција.

Партијата на Бугарите плод на тајните служби


Партијата на Бугарите, која треба да се формира до крајот на ноември, е дело токму на бугарските тајни служби. Познавачите на политичките случувања во регионот коментираат дека бугарските тајни служби со формирањето партија во Македонија сакаат да го зацврстат своето присуство во земјава и на полесен начин да ги пренесат своите ставови до луѓето. Активистите вклучени во подготовките на собирот велат дека добиле препорака од властите во Софија да анимираат што повеќе луѓе да станат членови на партијата и таа да учествува на следните избори.


Бугарско-грчка оска против Груевски


Бугарија и станува сојузник на Грција во спорот со Македонија за името, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
- Во последно време, Софија е во иста позиција како и Атина, исправена пред проблемот на агресивниот македонски иредентизам. По Атина, и Софија го постави прашањето за нарушување на принципите на добрососедството и испрати порака дека ако лидерите во Скопје продолжат да ги нарушуваат, Бугарија ќе го попречи нивниот пат кон ЕУ - пишува весникот.
Грчките медиуми пишуваат дека однесувањето на Скопје не одговара на добрососедските односи кои владеат меѓу земјите-членки на ЕУ и дека токму затоа меѓу Бугарија и Грција почнува да се гради една неформална оска против агресивниот национализам на Никола Груевски и неговите блиски соработници
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.