|
"Татко, прости им..." |
Внеси реплика | страница 123 8> |
Автор | ||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 05.Ноември.2009 во 14:38 |
|
А Исус рече: „Татко, прости им, оти не знаат што прават!”....-Лука: 23:34
Додека умираше на крстот, Исус вака се молеше за оние кои го распнаа. Што ни кажува тоа за Него? Како можеше Овој човек вака да зборува за непријателите додека умираше? Што всушност го прави Исус толку посебен? Зашто Неговите следбеници ја сочинуваат најмногубројната вероисповед во светот? За некои Исус е само историска личност, за други-познат морален учител. За христијаните, Тој е Господ, Спасителот. Како и да е,Исус има голема репутација кај сите луѓе . Можеби многумина се против Него како Господ, како Син Божји, но никој до сега не се осмелил на плука по Неговото учење кое и до ден денешен е ненадминато, возвишено и безвременско. Најбитната работа е што Тој го спроведе Своето учење на дело.Едно е да речеш "Љуби ги своите непријатели", а скроз друго е да се молиш за Нив додека те распнуваат. Едно е да речеш : "Ако некој те плесне по едниот, сврти го и другиот образ", а сосема друго, да молчиш додека те судат и камшикуваат. Едно е да да грабаш и се расфрлаш со богатство, а друго е да бидеш среќен без дом и пари. Исус беше и ненадминлив учител кој изврши светско влијание и ја промени историјата на светот. Исто така, Христовото поведение беше без дамка: Тој никогаш не уби, не отфрли некого, не излажа. Дојде на Земјата, исполнувајќи го сите старозаветни пророштва(многу повеќе од 100). Тоа не може да биде ниту случајно, ниту наместено. За животот на Исус дознаваме од Евангелијата, кои се историски веродостојни книги. Многу скептици се обиделе да ги побијат, но тоа не им успеало. Во Евангелијата има многу историски точни факти, но и податоци кои доколку некој би ги измислувал Евагелијата, би ги сменил. На пример, апостолите не се претставени како посебно бистри додека Исус им говорел, потоа фактот што Марија Магдалена (не оваа нашата) прва го видела празниот гроб- "А кога воскресна рано, во првиот ден на седмицата, и се јави прво на Марија Магдалена, од која беше истерал седум демони." Марко16:9 (сведоштво на жена кај јудејците немало значење), ... На крајот на краиштата, доколку нешто во Евангелијата било измислено, имало доста луѓе од тоа време, кои што би ја знаеле вистинската приказна и би ги смениле исказите во Евангелијата. Тие се и потврдени и од надворешни извори, има 39 други текстови кои зборуваат за животот на Исус, потврдувајќи ја Неговата посебност. Тој правеше чуда; смируваше бури, лекуваше болни, ја претвори водата во вино, изгонуваше демони, одеше по вода... Дека Исус е Бог има доволно докази. Тој не само што никогаш не згреши, туку и исполни многу други критериуми кои Го прават Бог да биде Бог. Полн со љубов, без предрасуди, совршено праведен, исцелувач, чудотворец, неверојатен учител... Христос беше неправедно осуден. Фарисеите не успееа да најдат вина кај Него(Јован 23 Исус му одговори: „Ако реков лошо, докажи дека е лошо; а ако реков добро, зошто Ме удираш?”), па го наклеветија дека говори против цезарот. Дури и самиот Пилат кој го судеше, три пати изјави дека Тој е невин, а истото го кажа и војникот што го распна. (Пилат пак им рече: „Какво зло направил?” Но тие извикаа уште посилно: „Распни Го!”--Марко 15:14 Пилат Му рече: „Што е вистина?” Штом го рече тоа, излезе пак при Јудејците и им рече: „Јас не наоѓам никаква вина во Него. -Јован 18:38 Потоа Пилат излезе пак и им рече: „Еве, Го изведувам пред вас, за да знаете дека не наоѓам никаква вина во Него.” -19:4 Но, кога првосвештениците и нивните службеници Го видоа, извикаа, велејќи: „Распни! Распни!” Пилат им рече: „Земете Го вие и распнете Го, зашто јас не наоѓам вина во Него.” 19:6 А Пилат штом виде дека ништо не помага, туку викотницата станува сè поголема, зеде вода и ги изми рацете пред народот и рече: „Невин сум за крвта на Овој Праведник! Вие гледајте!”-Матеј 27:24 А кога стотникот виде што се случи, почна да Го слави Бога, велејќи: „Навистина, Овој човек беше праведен!”)-Лука 23:47 На крајот, има доволно цврсти докази кои ја потврдуваат Неговата смрт на голготскиот крст (и кога дојдоа до Исуса и видоа дека е веќе умрен, не Му ги скршија нозете, туку еден од војниците го прободе со копје меѓу ребрата, и веднаш потече крв и вода. И очевидецот посведочи, и неговото сведоштво е веродостојно, и тој знае дека зборува вистина - за да верувате и вие.-Јован 19:33-35 ) и Неговото воскресение. Исус умре, беше положен во гроб и на третиот ден воскресна. Дали има друг човек како Него којшто живеел на земјава? Можеме ли да најдеме посовршен пример од Исус Христос и да измислиме повозвишено учење од Неговото? Поздрав! |
||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нема, нема друг Рита и нема повозвишено учење од Неговото, Рита кончита бонита
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mnogumina se obiduvaat da go vmetnat Buda pred Isus, deka Buda bil po prosvetlen i svet, no za zhal toa ne im uspeva Rita, konchita bonita gushkita. Inaku temata e za . |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne znam kako si dozvoluvame da sporeduvame prosvetleni lugje... demek, koj bil poporosvetlen... i koj kje go prvi toa - nie, najprosvetelnite. Nie kje gi evaluirame site niv i kje odluchime koj koe mesto treba da dobie...
Ajde da napravime edna top-lista nadrealista, da pochneme da navivame kako na sportski natprevar i da vidime koj kogo kje go nadvika. Mnogu duhovno i prosvetleno... I mene Isus mi e verojatno najomileniot lik, no nikogash ne bi go stavil vo bilo kakov natprevar... a veruvam deka Toj samiot bi bil krajno razocharan od takvo neshto. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Темава ја отворив поради муслиманите кои не Го признаваат Исус за Господ.
Сакав да видам дали ќе се најде некој да Го спореди со Мухаммед, ама очигледно нема таков јунак. И со право, Исусовото учење и живот се над оние на Мухамед. Даре, зашо ме нема на твојата листа? => Ова е само за Ев. |
||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||
Dzingis Kan
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 133 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Славен да е Бог/Аллах. Па зарем муслиман би споредувал помеѓу Божји избраници?!!!!!!! За нас се сите подеднакво вредни. За нас се сите алки од Божјиот синџир на посебно обележани луѓе. Ти мила моја, очекуваше некој муслиман,да го деградира Исуса ( Иса а.с.)?!!!!! Славен нека е Бог/Аллах. Далеку е тој од она што вие му го припишувате. Тој е Еден. Не родил и не е роден. И Нему никој и ништо не Му е слично! Рита, со отварањето на темава покажа и докажа дека Исус бил човек а не Бог! Бог не се мери со овие споредби кои ги направи за Исуса. Бог е далеку над нив. Знам дека се лизна на лушпа од банана. Наздравје нека тие! Пробај со уште некоја друга тема, навистина ми постана интересна за читање Рита, бонита, чикита. |
||
Dzingis Kan
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 133 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се е кажано! |
||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Браво!!! Леле како ме среди, не ми се верува!! Туууу!!!
Уште да знаеше дека Исус имаше и човечка и божествена природа, дека беше богочовек, ќе ни беше најмангуп на форумов! Римјаните: 5:15 Но дарот на благодатта не е како престапувањето; зашто ако преку престапувањето на еден изумреа мнозина; многу поизобилно се излеа на мнозина Божјата благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос. Изменето од Rita.MD - 06.Ноември.2009 во 15:38 |
||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||
al_islamia
Сениор Регистриран: 09.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
bogo covek prosto nesvatlivo
ako bil bog zasto imal potreba da se molii ,, rita odgovorimi te molam on se molel on se povlekuvase vo osameni mesta i se molese luka5,16, kako moze bog da se moli so toa se dokazuva deka ne bil bog , ako imal bozestvena priroda nemase potreba da se moli '' utre denta vo temni zori stana izlze i otide vo pusto mesto i tamu se molese,,, marko1,35, ova dokazuva deka isus e covecko sustestvo koj imal potreba da se moli .t.e se pokoruval na boga zarem bog da se pokoruva islam znaci pokornost na boga siite iskreni vernici muslimani stanuvaat utredenta vo temni zori i izvrsuvaat molitva sabah namaz zarem isus ne go pravel toa, analizirajki go ovoj citat na marko 1,35, ako bil bog isus zasto vo citat na ivan 5,37, veli deka nikoj ne moze da go vidi bog i da go slusne ''a vie ni glasot negov nikogas ne ste go cule nitu liceto negovo ne ste go videle (ivan5,37, koga nikoj od lugeto ne go videle nitu moze da go vidi timotej6,,16 no liceto moe ne ke moze da go vidis zasto ne moze covek da go vidi liceto moe i da ostane ziv ishod33,20 e kako sega isus bog neli isus go gledaa go slusa ako bil on bog nemamolo zivi da ostanat ,, pagaat vo voda ovi tvrdenja vasi rita no nemam namera poveke da diskutirame toa sie vase veruvane pa neka ostane taka sekoj so svojata vera vam vasata vera nam nasata vera ,,, bidi pozdravena ritaaa http://www.youtube.com/watch?v=9lU6GnQqGgk Изменето од al_islamia - 07.Ноември.2009 во 13:07 |
||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Исус дојде да ја оствари Божјата волја, волјата на Отецот. Тој се понижи т.е. стана човек на земјава, но сепак ја имаше својата божесвена природа. Тоа веројатно нема да го сфатиш. Тука нема ништо чудно. Колку беше Бог, толку беше и човек-двојна природа.
|
||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||
Dzingis Kan
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 133 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако Исус дошол за да ја оствари Божјата волја ( што апсолутно е точно), тогаш повеќе од јасно е дека тој не е Бог туку Божји Пратеник.И нема тука двојна, тројна природа. Енд оф стори! |
||
al_islamia
Сениор Регистриран: 09.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
rita dali go pogledna video klipceto mnogu dobri prasanja vi postavuva ibn- kajjim.
sepak toa sie vase veruvanje ,, i ne mi odgovori na prasanjeto zasto se molel na otecot koga on bil bog, zasto imal potreba da se moli Изменето од al_islamia - 08.Ноември.2009 во 16:29 |
||
Halid ibn Velid
Сениор Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1145 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Rita,covecka i bozestvena priroda a ? сега јас би рекол вака,според ова твое изнесување,дека он бил и "човек и бог",тогаш,изгледа Исус си играл ИГРЕ ОБОЖАВАЊА,, (spored vaseto ucenje) "Бог" се сторил себеси во човек за сам да се обожава,така доаѓа Изменето од Halid ibn Velid - 08.Ноември.2009 во 20:51 |
||
Хасан ел-Басри рекол:О Човече,ти си само збир на Денови,кога денот ќе замине и дел од твоето тело заминуват!!
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Побратиме Halid ibn Velid , ако имаш барем една трошка вера дека Исус не е од земја, од машко семе или од билошто друго, туку од ВОЛЈАТА БОЖЈА, од МУДРОСТА БОЖЈА, од СЛОВОТО БОЖЈЕ, тогаш сигурно ќе имаш и акал дека во Исус БОГ ја отелотвори Својата СОВРШЕНА НОГА, Својата СОВРШЕНА РАКА, Својот СОВРШЕН ПРСТ, Кој ни го покажа Совршената ВЕРА, Совршениот ПАТ, Совршениот ИСЛАМ, дури и до голготскиот спасителен крст!
Изменето од spiros - 08.Ноември.2009 во 21:55 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Внеси реплика | страница 123 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |