IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонизам versus Бугаризам, историско филозовски
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонизам versus Бугаризам, историско филозовски

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 22>
Автор
Порака
ibobac Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 60
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ibobac Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонизам versus Бугаризам, историско филозовски
    Испратена: 17.Октомври.2009 во 01:36
Во Македонија никој не треба да се чуствува омаловажен дали е Влав или Бугарин,правото на тие што се од мешани македонско бугарски бракови и оние што имаат потекло од Босилеградско и Царибродско населени во Република Македонија а си ја запазуваат нивната национална и етничка припадност како Бугарска не треба да е оспорувано од наша страна!
Но истите тие кои се дрзнале да ја негираат етногенезата на Македонската нација и Македонската државност а нашите стари им дале овде земја и ги прибрале од тортурите на Србите е против секоја логика!
Денес покрај независна Македонска држава да се провоцира некакво си спојување со Бугарија која е пред демогравски колапс(се мисли на Славофоните Бугари,додека Туркофоните и останато фоните се множат)е тотална лудост.Премногу ненселени км2 и нагло паѓање на соодносот луѓе спрема територија и дрскоста да се бара уште дел од Македонска земја е против секоја логика!
Да не се залажуваме докажувањето и инсистирањето за бугарството на Македонците е чиста територијална аспирација и ништо друго.
Со дефинирањето на модерната Македонска нација се разбива митот за долговековната Бугарска фолклорно етнолошка традиција и со одземањето на Македонските историски и фолклорни обележја Бугарството се сведува на една мала ограничена и сиромашна традиција.
Зошто е толку битно во Бугарија да се омаловажи и уништи Македонизмот на Пулевски, ПопАрсов, Мисирков, Сандански, Манџуков и др. и до ден денешен да се негира и потиснува како сатанизам,ДАЛИ СЕ ТОА СЕ СВЕДУВА НА СТРАВОТ ОД ЗАГУБАТА НА ТИЕ 10% НА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА ШТО СЕ ПОД ВЛАСТ НА БУГАРИЈА ИЛИ Е НЕШТО ДРУГО?
Се молам за денот коа со мојот Т-72 ќе прошетам низ Солун
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 06:40
Темата е многу опширна, а решението треба да го бараме кај самите луѓе кои се нарекуваат Бугари и политичките околносит од минатото кои допринеле да се создаде таа бугарска национална свест. Дај прво да ги разрешиме поимите Бугарин и Бугарија, ако не историски, барем филозофски или политички.

Дали половината од населението кое живее во Бугарија, а има македонско потекло може да се нарекуваат Бугари?! Дали остнатите етнички групи, како Ромите и Турците, чиј наталитет доживува бум можат да се нарекуваат етнички Бугари?! Се чини дека овие етнички групи не ги исполнуваат критериумите по кои некој ќе може да биде етнички Бугарин (според сваќањата “етничките чисти Бугари“). Значи кај овие екстракти нема проблем и како такви можат слободно да бидат она што се, Роми и Турци. Проблемот е кај населението кое има македонско потекло, а кое неможе слободно и достојанствено да си ги изразува своите национални чувства. Овде ќе нагласам, дека ниту Ромите, ниту Турците немаат проблем со овие луѓе кои се чувстуваат Македонци, проблемите ги создаваат оние кои се свесни за своето етничко потекло, ама станале поданици на големо бугарските интереси и идејата за една словенска Бугарија. Да се потсетиме таа идеја се материјализира по Руско-турската војан во 1878 година. Оние кои подлегнаа на руската, а последователно на тоа и на пропагандата на ново формиранат бугарска држава станаа Бугари. Тие се тие кои ги оспоруваат Македонците и македонскиот идентитет во Бугарија, а и секаде низ светот, вклучувајќи ја и република Македонија.

Што се оденсува до луѓето кои се сметаат за Бугари, а се по потекло од Источна Србија, тие беа прифатени во Македонија и интегрирани во македонското општество. Мнозина од нив, барем во минатото (незнам како е сега) беа на различна позиција од онаа на руската творба. Сепак се чини дека најголемиот проблем не се Шопите од Источна Србија туку, Македонците по род, бугаромани по убедување, како к*ртелов, Каров, Лепавцев, Тредафилов, Канзуров....

Колку што мене ми е познато во Македонија никому не му е оспорувано националното чувство и етничката припадност, ма колку и таа индивидуа била заблудена или нејзиниот став погрешен. Доколку во Македонија има такви случаи, тогаш бидете уверени дека е тоа само реакција на постапките, кога некој дури и во рамките на Република Македонија, ќе си дозволи да ги оспорува Македонија и идентитетот на македонскиот народ.

Сосема е нормално ради таквиот однос да се превземаат соодветни мерки, односно да се санкционираат постапките на таквите личности. За непокажување лојалност спрема државата и нејзините институции, непочитувањето на националните чувства на мнозинското население се разбира дека таквиот однос ќе сноси одредена одговорност. Тоа се критериуми и параметри кои се спроведуваат и во високо развиените демократски општества.

Кога ќе најдеме одговор на погоре поставените прашања, тогаш многу лесно ќе дојдеме до суштината, односно зошто овај сегмент од бугарското општество гравитира прама Македонија. Зошто толку многу се сака македонската песна, зошто секоја една личност која е од пошроката територија, од етнографска Македонија се писвојува? Зошто некој од тие силни Бугари не се запраша, зошто Македонија и македонскиот народ се толку многу опеани? Зошто никој не ја опева Бугарија? Нели е нормално да си ја опееш својата земја, својот народ, својата мајка?
Замислете ги овие Бугари, за каква историја би пишувале, ако не ги присвојуваат еден Делчев, Снадански, Прличев, Миладинови, Пулевски, Мисирков, Гули, Петров, Груев, Вапацаров, Карев....?! За Крум и Аспаруха ли, за Омуртаг и Пресијан, можеби за Тервел и Асен?! Па овие се косат со словенобугарската идеја на Априлов и Ингантиев! Па овие Бугари се срамат од оние Бугари, односно од нивното азиско потекло.

Дајте ми пример од светот каде некој ќе опева туѓа земја, туѓ народ, каде револуционерна организација ќе се бори за туѓа земја и ќе носи име на туѓ народ? Доколку некој заборавил, ВМРО значи Внатрешна МАКЕДОНСКА Револуционерна Организација.

Ееее, драги форумџии, спомни Бугарија и се е можно.


Прашањата остануваат отворени, кои се Бугарите и што е Бугарија? Пререквизит за бугаризам е прво да знаеш што е Бугарин и што е Бугарија.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 08:28
Платеник, толку многу напишано и ништо различно од ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ за македонскиот идентитет.

Остај ги филозофските размислувања и соочи се со фактите.

Самиот татко на македонизмот се ти објаснил, ама не сакаш него да го читаш, сам си измислуваш факти, па врз основа на измислените факти размислуваш и доаѓаш до заклучоци кои немаат врска со реалноста. Нема лошо да си фантазираш, ама натураш на луѓето кои ти ги читаат пишувањата лажна претстава за нештата.

Дај реален факт и од таму започни да размислуваш.

Авторот на темата дали може да каже каде го виде македонизмот на ПопАрсов да речеме.

А Пулевски како доаѓа до својот македонизам? Зошто ќе напише дека неговиот јазик е српско-албански во Четиријазичникот, за да стане во Тријазичникот с.македонски, а Македонија според него била дел од Србадија.
Тој барем не го македонизира царот Самуил.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 08:48
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Платеник, толку многу напишано и ништо различно од ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ за македонскиот идентитет.

Остај ги филозофските размислувања и соочи се со фактите.

Самиот татко на македонизмот се ти објаснил, ама не сакаш него да го читаш, сам си измислуваш факти, па врз основа на измислените факти размислуваш и доаѓаш до заклучоци кои немаат врска со реалноста. Нема лошо да си фантазираш, ама натураш на луѓето кои ти ги читаат пишувањата лажна претстава за нештата.

Дај реален факт и од таму започни да размислуваш.

Авторот на темата дали може да каже каде го виде македонизмот на ПопАрсов да речеме.

А Пулевски како доаѓа до својот македонизам? Зошто ќе напише дека неговиот јазик е српско-албански во Четиријазичникот, за да стане во Тријазичникот с.македонски, а Македонија според него била дел од Србадија.
Тој барем не го македонизира царот Самуил.



Го бараме филозофскиот или политичкиот клуч за Бугарите,Бугарија и нвниот идентитет. Со други зборови, ги бараме диреците, а не шпиците.



Изменето од Platenik - 17.Октомври.2009 во 08:49
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 08:55
Не е потребно да се бара философски, има си историски сведоштва и нема период од историјата каде да го нема бугарското етничко име, вклучувајќи го и македонското подрачје.

Тоа што тебе те лажел некој дека бугарската нација е руска творба, Игнатиев бил таткото на бугарската нација и сл. глупости си е твој проблем. Треба да се читаат историските документи.

Кажи кога нема споменато Бугари?
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 09:29
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Не е потребно да се бара философски, има си историски сведоштва и нема период од историјата каде да го нема бугарското етничко име, вклучувајќи го и македонското подрачје.

Тоа што тебе те лажел некој дека бугарската нација е руска творба, Игнатиев бил таткото на бугарската нација и сл. глупости си е твој проблем. Треба да се читаат историските документи.

Кажи кога нема споменато Бугари?


Бугарското име се јавува како етничко во периодот по фрнацуската револуција и тоа како кованица од два етноними Словени и Бугари. И самиот Паисиј вели дека небило прифатено од пошироките народни маси. Се друго е проекција која вие посакувате така да било.

Турска раја, се додека Русите не засукале ракави, а од нивниот ангажман да се роди словенобугарската нација.

Многу Македонци имале проблем со солуцијата која вие сте ја прифатиле. Како гледаш и ден денеска тие проблеми продолжуваат. Вистината мора да победи.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 11:21
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Бугарското име се јавува како етничко во периодот по фрнацуската револуција и тоа како кованица од два етноними Словени и Бугари. .


Дали си сигурен во тоа што го пишуваш? Малку пред француската револуција според "Описот на провинциите на турската држава", напишана од последниот пеќски патријарх Василие Бркиќ во 1771 г. во околностите на Серез имало во мнозинство "бугарско население":

"Провинцијата македонска... Во големото место што се вика Серез има повеќе од дваесет илјади турски куќи, а исто така има и христијански-грчки и бугарски до илјада куќи. Во селата има Бугари и Турци, но бидејќи Бугари има многу повеќе од Турците, затоа во цела Македонија сите Турци знаат бугарски".


Originally posted by Platenik Platenik напиша:

И самиот Паисиј вели дека небило прифатено од пошироките народни маси. Се друго е проекција која вие посакувате така да било..



Каде точно го вели тоа Паисиј? Цитирај, ако можеш да најдеш такво нешто.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Турска раја, се додека Русите не засукале ракави, а од нивниот ангажман да се роди словенобугарската нација..


Раја, рај, ама кој странец да поминел по Бугарија, Тракија и Македонија го опишал мнозинството од населението како бугарско. Ги имам немалку од книгите. Сега барем со интернетот се се наоѓа и лагите не поминуваат. Сакаш линкови?


Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Многу Македонци имале проблем со солуцијата која вие сте ја прифатиле. Како гледаш и ден денеска тие проблеми продолжуваат. Вистината мора да победи.


Проблемите ваши ќе си продолжуваат се додека не победи вистината.

Филозофскиот клуч само го оддалечува моментот.
Историскиот клуч е решението.



Изменето од Каснакоски - 17.Октомври.2009 во 11:22
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 12:27
Македонизам versus Бугаризам

Каде е почетокот?
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2009 во 00:50
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Македонизам versus Бугаризам

Каде е почетокот?


ПОЧЕТОЦИТЕ НА БУГАРИЗМОТ

Jури Венелин ја напишал книгата "Древнiе и Нынешнiе Болгаре". Со неа, Венелин ги поставил основите на денешните "Бугари" и основите на нивната држава. Венелин создал чувство за некаква стара слава, демек дека потекнувате од стар и славен народ народ. Подоцна jа создал првата граматика и историja на "бугарското племе". Морал да обjаснува дека
"словенскиот" jазик им припага на нив, итн., итн.

Сета оваа активност е со цел да ги убедува иако "Бугарите" немале чувство за таква бугарска народност. Во тоа време, учените велеле дека името на Венелин било синоним за историска фантазиja...




(A.Н. Пипин и В.Д. Спасович, "История на българската литература")




За повеќе подробности погледнете го изворот




Целиот линк е напишан во бугарско романтичарски дух, но внимателниот читател ќе најде многу нешта, скриени меѓу редови.



Изменето од Македон - 18.Октомври.2009 во 01:37
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2009 во 01:06
Напишано од Македонец_МКД

Што вели ПРВИОТ ПОПИС НА НАСЕЛЕНИТО од 1880 год. во Бугариjа? Наместо очекуванат надмоќ на Бугарското-словенско население, како АПСОЛУТНО МНОЗИНСТВО се покажаа - ТУР(К)СКИТЕ НАРОДИ! Уште пострашно, ТОКМУ ОД ТУРКИТЕ МНОГУ СЕ ДЕКЛАРИРАЛЕ како "СТАРИ БУГАРИ", ПОТОМЦИ НА АСПАРУХОВИТЕ БУГАРИ!

Бидејќи од нив имаше и православни по вера, ОТКАКО ги видоа пописните резултати, бугарските историчари исплашени прекинаа секакво истражување во овој правец!!! Но за ваша жал, ниту следниот попис не ја подобри сликата.

Потврда за пописите во Бугариjа: Г.Т.Данилов, "Иследванија врху демографијата на Блгарија, Сборник на БАН, кн.24,дел 3, Софија, 1931г., стр. 385):

"Извршеното за првпат пребројување во кнежеството Бугарија во 1880г.,одеднаш ги направи смутени дури и ГОЛЕМИТЕ НАШИ ИСТОРИЧАРИ, како Иречек, Марин Дринов, бидејќи пописот покажа дека на местата, турското население се јави групирано и тоа во ГОЛЕМА НАДМОЌ спрема бугарското."

И другите бугарски историчари немоќно ќе признаат за проблемите им со народноста и НЕПОСТОЕЊЕТО ПОСЕБНО ОФОРМЕН БУГАРСКИ НАРОД. Така Марин Дринов во своето "Отец Паисиј, неговото време, неговата историја и учениците му" ПС, 4 кн., Враила,1871г., 4, Ив.Шишманов, "Од Паисии до Раковски", БИБ, бр.17 печатено во Долна Банја, Ихтиманско, стр. 150, БУГАРИТЕ ЌЕ ГИ ДЕФИНИРА како:

"Потиснати, задушени и разбиени, при што и самиот збор НАРОД бил ЗАГУБЕН и заменет со ГРЧКИОТ збор - "ХОРА", кој означувал обични жители -- ХОРАТИ -- осудени на секаков вид тешки маки и работа."

Значи зборот ХОРА и не бил ваш туку бил ГРЧКИ. Интересно а најмногу го употребувате.

Димитур Ангелов пак во насловот - "Создавање на бугарската народност", Народна армија, Софија, од 5 декември 1968 год., на ПРАШАЊЕТО ШТО САМИОТ СИ ГО ПОСТАВИЛ - "ШТО ЗНАЕМЕ ЗА СОЗДАВАЊЕТО НА БУГАРСКАТА НАРОДНОСТ?" самиот и одговара:

"Тоа е еден од најзначајните И СЕ УШТЕ МАЛКУ ПРОУЧЕНИ ПРОЦЕСИ во бугарската историја,што со право предизвикува жив интерес".

Значи и во 1968 год. НЕ Е ЈАСНА БУГАРСКАТА НАРОДНОСТ ?!?

Ив. Дујчев пак во "Славени и првобугари", ИИБИ, БАН, 1-2, Софија, 1951 год., стр. 191, за бугарските историчари меѓу кои се вбројува ќе рече:

"НИЕ НЕ ГО ПОЗНАВАМЕ ПРОЦЕСОТ НА ИЗГРАДУВАЊЕТО НА НОВАТА БУГАРСКА НАРОДНОСТ СО СИТЕ НЕЈЗИНИ ДЕТАЛИ,во неговата внатрешна и надворешна страна".

Значи ни по 100 години од преродбите ви не знаете како настанала бугарската народност?!?

А. Страшимиров во "Книга за Бугарите", Софиja, 1918г., 56 признава дека бугарската литература по прашањето за бугарската народност е "БЕДНА ПО ДОКУМЕНТИ".


Мислам дека секакви коментари се излишни.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2009 во 09:44
Платеник, за да има некаква дискусија треба да дадеш ЕДЕН факт кој да се опсуди. Ти нафрлуваш десетина и во повеќето случаи се работи на кои ти имам одговорено.
На некои по неколку пати.
Дај да изјасниме едно, по тоа друго и т.н.

Значи пред Венелин немало Бугари? Така да разбираме?
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2009 во 10:20
Originally posted by Platenik Platenik напиша:




За повеќе подробности погледнете го изворот



Целиот линк е напишан во бугарско романтичарски дух, но внимателниот читател ќе најде многу нешта, скриени меѓу редови.



© А. Н. Пипин и В. Д. Спасович
© Г. Н. Колушки, превод от руски
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2009 во 10:24
Originally posted by Platenik Platenik напиша:



Jури Венелин ја напишал книгата "Древнiе и Нынешнiе Болгаре".







Штом ги имало като факт  сегашните Бугари значи ги имало и Древните Бугари. И древните ли Венелин ги е измислил?

Jури Венелин

Изменето од Македон - 08.Април.2010 во 02:36
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2009 во 11:47
Постојат и древни,не ги иэмислил,впрочем на вас не ви се допаѓа тоа што има древни ТуркоМонголски бугари,не на нас
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.