|
Зошто Христос ја проколнал смоквата? |
Внеси реплика | страница 123 6> |
Автор | |
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 22.Октомври.2008 во 09:45 |
Би сакал да слушнам некои размислувања - Зошто Христос ја проколнал смоквата...
Мислам дека на оваа тема може да се развие интересна дискусија каде што нама да се “расправаме за некои глупави работи“ а ќе научиме нешто повеќе...
повелете!!! Изменето од Tetratka - 22.Октомври.2008 во 09:46 |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
se razvila pred godina i kusir
povtoruvanjeto e majkata na mudrosta |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тетратка, оваа тема е омилена кај муслиманите, колку до сега е објаснувана...ехееееееееееј, ме чуди како баш ти ја отвори?
Ѕирни и ќе ја најдеш. |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ako e stara temata neka ja izbrisat moderatorite ...
poso nema smisla da se povtoruva
ja ne sum zabezal deka ja ima ...
pozz
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бидејќи е ова дел од библијата со кој се сака да ни’ се долови некаква поука, би било добро да си ја вметнел во темата што не’ учи библијата. Но, кога веќе си ја поставил овде, да продолжиме! Очигледно е дека не сум единствениот на кого „му паднала во око“ смоквата! И јас истото се прашував, зошто тој ја проколнал да се исуши, а не и’ било времето за прородување? Барем така пишува во Мар.11:13 „И од далеку виде една смоква, што имаше лисја; дојде не би ли нашол нешто на неа; а кога дојде не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше време за смокви“ Мар.11:14 „Тогаш господ проговри и и’ рече:„Отсега никој довека да не јаде плод од тебе!“...“ Каква деструктивност од милозливиот господ Исус! Зошто ја уништил смоквата? Тој тоа го направил уште пред да и биде време за прородување. Што човек (или ако сакате бог) ќе биде тоа, во Февруари или Март или Април , да бара плодови на смоквата? Ами што ќе и сторел ако тоа се случувало во време кога требало да раѓа, а да тогаш немала плод? Некои велат дека со овој негов чин тој сакал да ја искаже сопствената моќ. Некои пак, како објаснување за овој пример сакаат да докажат (според толкување на некои адвентисти) дека Исус со оваа уништување на смоквата всушност сака сликовито да каже дека секој кој нема да се придржува кон вистинската вера, ќе биде уништен. Очигледно е дека не е во прашање нешто од овие две работи, дека тоа не му била целта, туку сакал да докаже дека ако некој има непоколеблива вера во бога, може се да направи, дури и планини да фрли. (Мар.11:23). Но, проблемот овде го гледам во негативноста на примерот што го избрал за тоа. Зошто тој семоќен Исус, кој неспорно имал безрезервна верба во бог, не направил смоквата да пророди не само кога не и било врме, туку и ако и’ било време за плодонодење, а таа да немала плодови?! Со тоа ќе даде позитивен пример на сите останати како треба да се однесуваат(ме). |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако ги разгледаме споредбите и илустрациите што ги користел Христос во своето поучување, ќе забележиме дека повеќето од нив се засновани на градинарските плодови и растенија. Христос не проповедал на научници, инжинери, теолози, филозофи и сл. туку на обични и секојдневни луѓе, рибари, сточари, земјоделци итн. Затоа во Своите проповеди Тој не се служел со некој висок речник и тешки филозофии, туку користел едноставни илустрации од секојдневието на луѓето, од сточарството и земјдолеството, доближувајќи им ја притоа пораката на луѓето на најдобар, наједноставен, најасен и најпрактичен можен начин. Честопати, еден ист збор означувал една иста работа во повеќето споредби. Така на пример, зборовите "лош плод", "какол", "лоша смоква", "безплодно дрво", "трње" и сл. означувале лоши плодови на човековиот карактер и однесување, лоши плодови на нечие учење, лоши плодови на нашето срце, на нашите дела... лажење, крадење, лицемерие, блудства, богохулење, гордост, себичност, омраза и сл. Додека Христос поучувал, два типа на луѓе ја примале пораката на два различни начини. Вториот тип на луѓе, би рекол малцинството, сериозно се задлабочувале во Христовата порака, притоа самоанализирајќи се себеси, со самокритичен став и будно око за промени во сопствениот карактер и однесување, со восхит примајќи го секој Христов збор и применувајќи го послушно во својот живот. Искрените, отворените и добромотивираните срца на овие луѓе биле плодна почва за Христовото семе. Пораката фаќала корен во нив и го давала и соодветниот плод - видлив во нивните животи. Тоа биле плодоносните смокви на Божјото слово. Зборот "смоква", или плод на дрвото, речиси и да нема друго значење во Христовите споредби. Еве неколку примери: "Чувајте се од лажните пророци кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се ненаситни волци. Ќе ги препознаете по нивните плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? Па така, секое добро дрво раѓа добри плодови, а лошото дрво раѓа лоши плодови. Не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови. Секое дрво ако не раѓа добри плодови се сече и се фрла в оган. Значи, ќе ги препознаете по нивните плодови." "Или направете го дрвото добро и неговиот плод добар; или направете го дрвото расипано, и неговиот плод расипан; зашто дрвото се познава по плодот. Змиска породо! Како можете да зборувате добро кога сте зли? Зашто од изобилството на срцето зборува устата. Добриот човек, од добрата ризница изнесува добри нешта; а злиот човек од злата ризница изнесува зли нешта. "Јас Сум лозата, а вие сте лозинките. Кој останува во Мене, и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо. Ако некој не остане во Мене, тој ќе биде исфрлен надвор како лозинката, која е исушена, - ги собираат, ги фрлаат во оган и ги горат. Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде. Мојот Татко се прославува со тоа, што ќе давате многу плод и ќе бидете Мои ученици." "Секирата веќе лежи при коренот на дрвјата; затоа секое дрво што не дава добар плод, се сече и се фрла в оган." Споредбата за неплодната смоква: "Ја кажа и оваа споредба: "Некој човек беше насадил смоква во своето лозје, па дојде да побара плод на неа, но не најде. Тогаш му рече на лозарот: "Еве, веќе три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Пресечи ја! Зошто и натаму да ја испостува земјата?" И најпосле, Исус и неплодната смоква: Утредента кога се враќаше во градот огладне. И кога виде смоква крај патот, отиде до неа, но не најде ништо на неа, освен лисјата, и и рече: "Отсега да немаш плод довека!" И смоквата веднаш се исуши. Истата парабола ја имаме и во евангелието по Марко:
"А утреден, кога излегоа од Витанија, Тој огладне. И оддалеку виде една смоква, што имаше лисја; дојде не би ли нашол нешто на неа; а кога дојде не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше време за смокви. Тогаш проговори и и рече: „Отсега никој довека да не јаде плод од тебе!” "
(Марко 11:12-14) Потоа следат споредбата со сеачот и семето, каколот и пченицата, синаповото зрно итн. Но ние сега ќе посветиме посебно внимание на случката со Исус и неплодната смоква, поточно каква поука можеме да извлечеме од овој настан, секако верувајќи дека Бог промислено благоволил овој детал да биде забележан од евангелистите при запишувањето на Новиот Завет.
Имајќи ја предвид длабочината на Божјото Слово, многу теолози, библичари и христијани, имајќи го предвид горекажаното црпат разни интересни поуки од оваа случка, притоа користејќи ја симболиката на зборот "неплодна смоква" во Христовите споредби. Првата поука е сосема очигледна. Христос не поучува силно да веруваме во услишувањето на нашите молитви колку и да изгледа тоа невозможно од наша и сегашна перспектива.
Следната поука не е баш очигледна како првата и бара малку повеќе внимание. Доколку го земеме предвид предходно кажаното околу значењето на "смоквата" и "плодот на смоквата" во Христовите поуки, сосема е оправдана и следнава поука: Христос не поучува дека секој од нас кој нема да го даде добриот плод, во моментот кога Бог ќе го побара од нас (а не кога ние ќе мислиме дека е "времето за плодот") Бог ќе го исуши неговиот корен. Исус, откако ја започнал својата проповедничка служба, 3 години проповедал во Израел, но Израелците не давале плод. Затоа Христос решава да им даде уште една шанса на Израелците.
Имајќи го ова предвид, сакам да ја прочитате уште еднаш следнава парабола...
"Ја кажа и оваа споредба: "Некој човек беше насадил смоква во своето лозје, па дојде да побара плод на неа, но не најде. Тогаш му рече на лозарот: "Еве, веќе три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Пресечи ја! Зошто и натаму да ја испостува земјата?" Исус и дава уште една шанса на "смоквата" (Израел), но Израел не го дава очекуваниот плод. Исус на Цветници влегува во Ерусалим, го бара плодот на Израелците, но него го нема. Потоа излегувајќи од градот, ја наоѓа оваа неплодна смоква и ја проколнува. Потоа повторно влегува во Ерусалим, во Божјиот Храм и... "И кога влезе во Храмот, почна да ги изгонува сите, кои купуваа и продаваа во Храмот. И им ги преврте масите на менувачите на сребрениците, и столиците на продавачите на гулаби. И не дозволуваше некој да пренесе каков и да било сад низ Храмот. И ги поучуваше, велејќи им: „Не е ли напишано: ‘Мојот Дом ќе се нарече Дом на молитва за сите народи,’ а вие направивте од него разбојничко дувло"
(Марко 11:15-17) По овој настан, светениците и книжниците се решаваат да Го погубат и бараат соодветен начин како да го сторат тоа.
Верувам дека сега на сите ви е јасно зошто Христос ја проколна смоквата.
Поздрав!
Изменето од EvAngelos - 22.Октомври.2008 во 12:05 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Браво за трпеливоста и убавото објаснување.
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ima uste edno interesantno objasnuvanje koe se naodja vo "Evangelieto na dvanaesetminata" koe ne se smeta za verodostojno no sepak e interesno da se procita (ne mozeva da najdam prevod)..
Love of Iesus for All Creatures. 1. WHEN Jesus knew how the Pharisees had murmured and complained because he made and baptized more disciples than John, he left Judea, and departed unto Galilee. 2. AND Jesus came to a certain Tree and abode beneath it many days. And there came Mary Magdalene and other women and ministered unto him of their substance, and he taught daily all that came unto him. 3. And the birds gathered around him, and welcomed him with their song, and other living creatures came unto his feet, and he fed them, and they ate out of his hands. 4. And when he departed he blessed the women who shewed love unto him, and turning to the fig tree, he blessed it also, saying. Thou hast given me shelter and shade from the burning heat, and withal thou hast given me food also. 5. Blessed be thou, increase and be fruitful, and let all who come to thee, find rest and shade and food, and let the birds of the air rejoice in thy branches. 6. And behold the tree grew and flourished exceedingly, and its branches took root downward, and sent shoots upward, and it spread mightily, so that no tree was like unto it for its size and beauty, and the abundance and goodness of its fruit. 7. AND as Jesus entered into a certain village he saw a young cat which had none to care for her, and she was hungry and cried unto him, and he took her up, and put her inside his garment, and she lay in his bosom. 8. And when he came into the village he set food and drink before the cat, and she ate and drank, and shewed thanks unto him. And he gave her unto one of his disciples, who was a widow, whose name was Lorenza, and she took care of her. 9. And some of the people said, This man careth for all creatures, are they his brothers and sisters that he should love them ? And he said unto them, Verily these are your fellow creatures of the great Household of God, yea, they are your brethren and sisters, having the same breath of life in the Eternal. 10. And whosoever careth for one of the least of these, and giveth it to eat and drink in its need, the same doeth it unto me, and whoso willingly suffereth one of these to be in want, and defendeth it not when evilly entreated, suffereth the evil as done unto me; for as ye have done in this life, so shall it be done unto you in the life to come. Ovdeka se gleda deka sepak toj ja blagoslovuva smokvata (ne toa moj stav).... A Petar e vsusnost toj koj ja prokolnuva .... Jesus Rebukes Peter For His Haste. 1. NOW on the morrow as they were coming from Bethany, Peter was hungry, and perceiving a fig tree afar off having leaves thereon, he came if happily he might find fruit thereon, and when he came he found nothing but leaves, for the time of figs was not yet. 2. And Peter was angry and said unto it, Accursed tree, no man eat fruit of thee hereafter for ever. And some of the disciples heard of it. 3. And the next day as Jesus and his disciples passed by, Peter said unto Jesus, Master, behold, the fig tree which I cursed is green and flourishing, wherefore did not my word prevail? 4. Iesus said unto Peter, Thou knowest not what spirit thou art of. Wherefore didst thou curse that which God hath not cursed? And Peter said, Behold Lord I was a hungered, and finding leaves and no fruit, I was angry, and I cursed the tree. 5. And Jesus said, Son of Jonas knewest thou not that the time of figs was not yet? Behold the corn which is in the field which groweth according to its nature first the green shoot, then the stalk, then the ear—would thou be angry if thou camest at the time of the tender shoot or the stalk, and didst not find the corn in the ear? And wouldst thou curse the tree which, full of buds and blossoms, had not yet ripe fruit? 6. Verily Peter I say unto thee, one of my twelve will deny me thrice in his fear and anger with curses, and swear that he knows me not, and the rest will forsake me for a season. 7. But ye shall repent and grieve bitterly, because in your heart ye love me, and ye shall be as an Altar of twelve hewn stones, and a witness to my Name, and ye shall be as the Servants of servants, and the keys of the Church will I give unto you, and ye shall feed my sheep and my lambs and ye shall be my vice-gerents upon earth. 8. But there shall arise men amongst them that succeed you, of whom some shall indeed love me even as thou, who being hotheaded and unwise, and void of patience, shall curse those whom God hath not cursed, and persecute them in their ignorance, because they cannot yet find in them the fruits they seek. 9. And others being lovers of themselves shall make alliance with the kings and rulers of the world, and seek earthly power, and riches, and domination, and put to death by fire and sword those who seek the truth, and therefore are truly my disciples. 10. And in their days I Iesus shall be crucified afresh and put to open shame, for they will profess to do these things in my Name. And Peter said, Be it far from thee Lord. 11. And Iesus answered, As I shall be nailed to the cross, so also shall my Church in those days, for she is my Bride and one with me. But the day shall come when this darkness shall pass away, and true Light shall shine. 12. And one shall sit on my throne, who shall be a Man of Truth and Goodness and Power, and he shall be filled with love and wisdom beyond all others, and shall rule my Church by a fourfold twelve and by two and seventy as of old, and that only which is true shall he teach. 13. And my Church shall be filled with Light, and give Light unto all nations of the earth, and there shall be one Pontiff sitting on his throne as a King and a Priest. 14. And my Spirit shall be upon him and his throne shall endure and not be shaken, for it shall be founded on love and truth and equity, and light shall come to it, and go forth from it, to all the nations of the earth, and the Truth shall make them free. Sekako deka nekoj ja znae tajnata na ovaa evangelie no .... zasega ovaa evangelie se smeta za neverodostojno i vo ovoj post jas ne iznesuvam nikakvo moe veruvanje...samo go stavam tuka da bide pointeresno, ako nekoj zne neso povece togas neka kaze.... Изменето од Templarius - 22.Октомври.2008 во 13:05 |
|
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Темпо, па ти си како ризница, од каде го ископа ова, многу интересно. Сакам јас вакви работи, мислам, сакам да ги знам и апокрифите
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислам, интересно, Петар нели секогаш бил брз во своите изјави и постапки....
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Давам тука уште еднаш бесплатен линк до целата книга на хрватски каде може истото да се чита(содржано е и Евагелието Исусово т.е. на 12мината и Христовите објаснувања примени 1989год.) Книгата е достапна и на македонски јазик (околу 1000стр.) но засега не и онлајн. Во книгата се објаснува на едно место дека не бил Исус тој кој што ја проколнал смоквата туку еден од неговите апостоли и за тоа Исус и го прекорил и поучил дека секое растение си има свое годишно време и дека не треба да се прокоолнува оти ни Бог никого и ништо не проколнува. Изменето од Majkl - 22.Октомври.2008 во 17:30 |
|
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
se smetam nedostojna da zboruvam na ovaa tema,
zatoa go najdov tolkuvanjeto na www.preminportal.com.mk Изменето од belichka - 22.Октомври.2008 во 18:07 |
|
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Слава Му на Бога еднаш да се сложиме во толкувањата. Мислам дека наместо да се напаѓа Православието, подобро би било да зборуваме за некои теми кои се општи (милосрдие, љубов, молитва…) за да се поучуваме и да не се расправаме. Како ви се чини ова?
А како прилог, еве го и толкувањето на св.Теофилакт Охридски (многу убаво кажано). Толкување на Матеј 21:18-20 Господ често правел чуда и тие секогаш биле за доброто и користа на луѓето, зашто ниту едно чудо не направил за некој да би казнил. Сепак, за да не би помислиле дека Тој не е во состојба да казни, овде ја покажува и таа способност, но неприменувајќи ја, бидејќи човекољубив, на луѓето, туку на дрвото, како што тоа претходно го направил со крдото свињи. Направил дрвото да се исуши за да ги вразуми леѓето. Учениците со право биле зачудени, зашто смоквата во себе има доволно течности. Затоа и чудото било уште поголемо, бидејќи таа одма се исушила. "Смоква" означува и еврејска синагога која има само "листови", односно, видливо слово на Законот, но не и плод на Светиот Дух. Меѓутоа, и секој човек кој се предава на сластите на земниот живот сличен е на оваа смоква, затоа што таков нема духовен плод за да го даде на Христа кога ќе огладни, туку само листови кои венеат и паѓаат како минливи фантазирања од овој свет. На таквиот се однесува проклетството, затоа што Христос вели: "Одите од мене проклети во оган." Таквиот човек ќе се исуши како смоква, пржен во пеколниот оган, и неговиот језик ќе се исуши како језикот на оној богаташ (во приказната за бедниот Лазар). Изменето од Maran Ata - 23.Октомври.2008 во 12:27 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Држи вода ова што го велиш за Исус. Но, неможе секој да ги прочита информацииве на нашиов форум за да осознае нешто ново. Факт е дека тој податок не стои во библијата, а луѓето читаат од неа и секој кој ќе го прочита Мар. 11:13 и малку подлабоко ќе размисли, ќе го свати како негативност од страна на Исуса, онака како што јас го сваќам. |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Внеси реплика | страница 123 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |