|
Жената во Откровението |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | |
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 14.Август.2008 во 15:15 |
Неодамна учествував во дебата околу следниот стих од Откровението:
Откровение 12,1: И голем знак се покажа на небото: жена, облечена во сонце; под нозете нејзини беше месечината, а на главата нејзина-венец од дванаесет ѕвезди. Моето мислење е дека жената која се јавува на небото како знак и која го раѓа Оној кој ќе ги пасе сите народи е Пресвета Богородица која и го родила Нашиот Спасител. Сепак слушнав и други различни и интересни мислења, па затоа ја ставам и оваа тема бидејќи мислам дека ќе допринесе да се развие интересна дебата. Поздрав до сите |
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас не се согласувам со тебе. Зошто мислиш дека е Богородица?
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Umot si gi racionalizira site neshta onaka kako sto si zamisluva deka tie bi trebale da bidat spored dadeniot moment, aktuelnata politika, religijskata dogma, veruvanjeto, istorijata, tradicijata, idealite i t.n. Zatoa sekogash deluva neseriozno tvrdenjeto deka onoa sto e napishano vo nekoja sveta kniga e ednoznachno i deka nema mesto za interpretiranje. Rabotata e deka SE E INTERPRETIRANJE i sekoj razbira onolku kolku sto mu dozvoluva negovata prosvetlenost.
Neka bide primer i navedeniot citat. Edno moderno intepretiranje bi bilo deka e deka toa ja pretstavuva Obedineta Evropa (so 12 vodechki drzhavi) koi ke go stavat Islamot (Mesechinata) pod svoja kontrola.
Ne velam deka navedeniot citat znachi tokmu toa i ne velam deka jas podrzhuvam edno takvo tolkuvanje, no go navedov kako ilustracija za onoa sto go napishav vo prvata rechenica.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
AlDRa не мора да се согласуваме во се, сепак ова е само дискусија, но јас би сакал да објаснам зошто мене ме асоцира на Пресвета Богородица- а се надевам и ти ќе кажеш зошто не мислиш дека е Пресвета Богородица (сигурно и двајцата ќе научиме нешто од нашите дискусии)
Откровение 12,5. И таа роди машко дете. кое ќе ги пасе сите народи со железен жезал; и детето нејзино беше грабнато и однесено пред Бога и Неговиот Престол Овој стих јасно покажува дека машкото дете е Христос Спасителот. Е сега веднаш се поставува прашањето дали ова е откровение за иднината или за минатото бидејки Христос веќе се родил. Мое мислење е дека Господ Бог ќе го покаже тој знак( една од најголемите тајни- Христовото рождество) на човештвото. И во самото Откровение се вели дека тоа е ЗНАК. Истотака понатаму се вели: 12,17. И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино, што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исуса Христа. Иако можеби не секому, но мене овие зборови многу ме асоцираат на Христовите зборови на крстот упатени до Јован каде му вели: Jован 19,27. Потоа му рече на ученикот: Ете ти мајка! И од тој час ученикот ја зеде при себе. Знам дека овие зборови можеби се упатени кон Јован со цел да му укаже да ја земе Пресвета Богорорица при себе и да ја чува, но сепак мислам дека зборовите на Исус Христос на крстот се упатени и до човештвото. Не случајно и Јован, кој го напишал и Откровението ги употребил зборовите СЕМЕТО НЕЈЗИНО иако и самиот нели не бил нејзино дете, но ја земал како мајка, според зборовите на Христос. Семето нејзино се оние кои го пазат словото Божјо- и Јован бил семе нејзино бидејќи го пазел словото Божјо. Messenger, ваква интерпретација како што даде ти не сум сретнал, а често сум дебатирал на оваа тема. Одличен одговор- го поттикнува човек да размислува. Поздрав |
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Messinger и јас истото го помислив кога прочитав но не сакав да го напишам за да не помисли некој дека се шегувам и дека правам пародија од неговите верувања.
|
|
melhisedek
Сениор Регистриран: 12.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 225 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
taka e toa e presvetla bogorodica koja go rodi nasiot gospod isushristos
no sto mislite vo otkrovenie ima i druga zena koja e taaa aj da ve vidam |
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најпрвин би ви замерил на називот кој го користите. Терминот ,,Богородица’’ не постои во Библијата.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ни Светото Троиство не постои како термин. Не претерувај...
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kaj Boga postoi samo terminot SVET. Za toa pisuva Biblijata.
I cetirite zivotni imaa po sest krila okolu sebe, a odvnatre bea polni so oci, i bez prekin denje i noke voskliknuvaa, SVET, SVET, SVET, E GOSPOD SEDRZITELOT... (Otkrovenie 4:8) Koga Bog e SVET, kako mozi covek da bide posvet, najsvet ili presvet? Kaj Boga nema POSVET, NAJSVET, PRESVET... |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
AlDRa, терминот Богородица го нема во Библијата но овој термин потекнува уште од 2 век од новата ера ( додека почитувањето на Пресвета Богодорица го има и во 1 век). Уште во раното Христијанство Дева Марија ја нарекуваат Богородица ( Theotokos на грчки ), односно Мајка Божја. Целта на оваа титула била да се стави акцент на Божественоста на Христос, односно да се покаже дека Христос е Бог.
Знам дека ова е надвор од темата, но сепак морав да одговорам. |
|
melhisedek
Сениор Регистриран: 12.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 225 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zenata vo otkrovenieto e bogorodica no ima uste nestomnogy povejke taaa zenata prestavuva crkavata na isus hristos toes nevestata razbirate.koga mislam crkvata mislam na site lujge koi go imaaat svetiot duh i koi gi pazat negovite zakoni koji ja izvrsuvaaat negovata volja. ima i uste mnogu no zasega tolku neka se razgori temava ke vi objasnam povejke
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Melhisedek, мислам дека жената е Пресвета Богородица која го родила Исус и не може да биде Црквата бидејќи таа не Го родила Исус. Христос е глава на Црквата и нејзин аголен камен и затоа мислам дека Црквата не би требало да е таа.
|
|
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во откровението се спомнуваат Жена, Невеста и Блудница.
Жената го претставува Израелскиот народ, затоа што тој беше Божји народ, но секогаш грешеше против Бога, се к*рваше со останатите пагански народи и затоа се нарекува Жена,која што го изневери својот маж, т.е. Бог. Не може да биде невеста, затоа што го изневери својот маж со паганските народи. Невеста е Црквата Божја, односно сите верници од Духовден(педесетница) па до денес. Црквата Божја е чиста свршеница или невеста на Исус Христос, исчистена преку крвта Христова пролеана на Голгота. Блудницата е Екумената, или светскиот сојуз на цркви, во нив спаѓаат сите кои што се влезени во тој сојуз: православни, католици и протестанти. Учењето на Екумената е секој да го признае верувањето на другиот, и да се направи компромис меѓу верските учења на наведените цркви. Но еве што Бог вели за ова: „Излезете од неа луѓе мои, за да не учествувате во гревовите нејзини, и да не се заразите од раните нејзини, бидејќи гревовите нејзини стигнаа до небото и Бог си спомна за неправдите нејзини.“ (Откровение 18:4-5) Значи, во текстот од (Откровение 12:1), не станува збор за Марија мајката Исусова, ниту за црквата Божја, ниту за обединета Европа, туку за Израел, народот Божји кој што требаше да биде чиста и непорочна невеста на Бога, но бидејќи се к*рваше со паганските народи, Бог си избра друга свршеница прочистена преку неговата крв, од сите народи од овој свет. Каде за прв пат се спомнува ова пророштво и што тоа означува? Во 1 Мојсеева 37:9-10), се опишува сонот кој што Јосиф го сони. 9 Тој виде уште еден сон и им го раскажа на своите браќа: „Сонував уште еден сон. Внимавајте! Сонцето, месечината и единаесет ѕвезди ми се поклонуваа длабоко!” 10 Кога му го раскажа тоа на својот татко, татко му го укори и му рече: „Што значи сонот што го сонуваше? Зар ќе дојдеме: јас, мајка ти и браќа ти, па да ти се поклонуваме до земја?” Сонцето го претставува Јаков, месечината неговата жена Рахела, а 11 звезди синовите, т.е. браќата на Јосиф.Ако неговите браќа се звезди, тогаш и тој мора да биде звезда. 12 звезди се дванаесетте патријарха или 12 колена израилеви. Сонцето, месечината и звездите, сите заедно се создадени да светат и да осветлуваат. Од Израел излезе светлината на светот, а тоа е Исус Христос. Значи, тоа што го виде апостол Јован во Откровение 12:1 е Израелскиот народ. Да напомнам дека во Стариот завет Израел е опишан како мажена жена, но исто така и како разведена жена фатена во прељуба. Црквата во Новиот Завет е Невеста Христова, но прв пат во Откровение 19 глава се спомнува како жена, тогаш кога Исус ќе ја земе со себе да биде на свадбата Исусова. |
|
melhisedek
Сениор Регистриран: 12.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 225 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
gospel pozdravi od mene ubavo objasna
a koj e sverot? |
|
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |