IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Крштевање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Крштевање

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 13>
Автор
Порака
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Крштевање
    Испратена: 11.Јули.2008 во 05:21
Една од Христовите заповеди која предизвикува големи дискусии е крштевањето. Сите се согласуваат со едно: мора да се изврши. Прашањето е: кога? Дали на почетокот од нашиов живот(кога сме биле бебиња) или подоцна?
Мојот став е: дефинитивно подоцна кога човекот самиот ќе одлучи дали ќе прифати да се крштева и кога ќе поверува. Впрочем таква е и заповедта од Христа: ,,Кој ќе ПОВЕРУВА и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува ќе биде осуден.’’(Мк 16:16). Од овој стих јасно произлегува дека најпрвин треба човек да поверува дека Исус дојде на земјата, проповедаше, беше осуден, умре на крстот заради нашите гревови но на третиот ден воскресна а потоа се вознесе на небото и седна на десната страна на Небесниот Татко каде и сега за нас се застапува. Откога ќе поверува треба да се крсти.
Во спротивниот случај- не гледам логика. Бебето не знае за ништо околу себе и уште помалку може да разбере што прави тој човек облечен во црно со него. За бебенцето тој чин е уште едно капење. Дури подоцна човек може да поверува. А Исус беше јасен: првин поверувај па крсти се. Без вера крштевањето не е измивање на гревовите и вовед во Христијанството.
Па сакам да ги видам аргументите и на другата страна. Макар што мислам дека човек со здрава логика знае што да одбере во овој случај.    
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 05:48
Mozhebi, roditelite ne treba da gi hranat svoite deca, nitu na lekar da gi nosat koga boleduvaat dodeka se mali, pa koga kje porasnat (ako prezhiveat) sami kje odluchuvaat kakva hrana sakaat da jadat i dali kje se lechat. Shto velish, a?
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 05:57
Немој сега те молам не прави такви споредби. Споредуваш баби и жаби. Навистина бессмилена споредба.
Јас сум бил избањат од попот кога сум бил мал (она што некои го нарекуваат крштавање). На тоа воопшто не се сеќавам. Има слики- но тоа за мене не претставува ништо. Ништо повеќе од едно вонредно капење само што тогаш било без шампон.
Моето крштевање- она единственото кое го признавам- беше плод на мојата вера и во мене таа потреба се јави по читањето на Светото Писмо. Таа одлука ја донесов лично јас откога ја разбрав суштината и потребата од крштавањето. Би им препорачал на сите кои не се крстени да го сторат тоа- се разбира со вера во тој духовен чин.    
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 06:10
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Немој сега те молам не прави такви споредби. Споредуваш баби и жаби. Навистина бессмилена споредба.
Јас сум бил избањат од попот кога сум бил мал (она што некои го нарекуваат крштавање). На тоа воопшто не се сеќавам. Има слики- но тоа за мене не претставува ништо. Ништо повеќе од едно вонредно капење само што тогаш било без шампон.
Моето крштевање- она единственото кое го признавам- беше плод на мојата вера и во мене таа потреба се јави по читањето на Светото Писмо. Таа одлука ја донесов лично јас откога ја разбрав суштината и потребата од крштавањето. Би им препорачал на сите кои не се крстени да го сторат тоа- се разбира со вера во тој духовен чин.    


Zarem mislish deka telesnata hrana i grizhata za teloto mozhe da e pobitna od duhovnata i grizhata za dushata? Gospod im dal roditeli na decata za podednakvo da se grizhat za nivniot duh, dusha i telo. Krshtenieto vo Pravoslavnata Crkva go smetash za nekakvo "banjanje", a sektantskoto banjane za "krshtenie"! Se prashuvash li shto bi bilo so dush*te na decata ako umrat nekrsteni? Ili mislish deka samo starci umiraat? Vprochem, Gospod ne go priznava sektantskoto t.n. "krshtenie".

Zidarski,

Nemoj pak da me obvinish za "navreda na verski chuvstva"!
Znachi, sektantot mozhe da lazhe i da gi navreduva pravoslavnite hristijani, narekuvajki go krshtenieto vo Pravoslavnata Crkva -"banjanje od pop", no jas treba da imam pochit za negovite sektantski chuvstva?!

Asya,
The Cult Buster


Изменето од Asya - 11.Јули.2008 во 06:22
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 06:14
На оваа тема сме имале многу дискусии, убаво е што се освежи сега повторно...
Да го погледнеме стихот од Марко 16:16.
"Оној кој поверува и е крстен ќе биде спасен; но оној кој не верува ќе биде осуден."

Значи - за спасението има два услова. Не еден, туку два - поверување и крштевање. За осудувањето, условот е еден - неверување.
Никаде, во ниеден од овие стихови, не се вели дека крштевањето треба да следи по верувањето или заедно со него. Ниту пак се поставува како услов за проколнување, односно осуда - затоа што човек може да поверува и да нема можност да биде крстен, зарем не?
Освен тоа - за да не се вади од контекст овој цитат, нешто што е всушност омилено на овој форум, треба да се објасни во кој контекст е кажан. Односно - Исус го кажува на своите ученици, по Воскресението, кога им дава заповед да одат по светот и да го шират Евангелието (во стихот 15 вели: И тогаш Тој им рече - Одете низ целиот свет и проповедајте го Евангелието на сите созданија (се извинувам ако преводот е лош, во моментов имам само англиско издание)).
Тоа значи - конкретната заповед - се однесува на оние кои до тој момент веруваат во друга вера, и соодветно е нормално да поверуваат, па да се покрстат.
Во врска со бебињата. Нема причина да не се крстат. Прво, затоа што крстењето е само еден услов за спасение и како такво недоволно, односно мора да се исполнат и двата - да се поверува. Зошто би крстиле бебе - а зошто да не? Зошто да не се даде милоста на Светиот Дух на тоа бебе? Зошто родителите да не живеат во духовен мир, знаејќи дека и нивното чедо има еден од предусловите за спасение, па сега останува на нив да го изградат кај него вториот...?
Што се однесува до фактот дека бебињата се спасени, дури и ако заминат кај Бога некрстени - тоа лесно се објаснува со вториот дел од 16:16 - а имено - дека неверувањето е предуслов за казна, а не некрстувањето.
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 06:18
Навистина сум во искушение да те банирам - и следниот пат ќе го сторам тоа.
Причина - затоа што некого нарекуваш сектант (кое што е погрден израз, особено на овој подфорум)
Ако прочиташ убаво - АлДра не зборува за крштевањто на православните во целост, зборува за сопственото лично крштевање.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 06:29
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

На оваа тема сме имале многу дискусии, убаво е што се освежи сега повторно...
Да го погледнеме стихот од Марко 16:16.
"Оној кој поверува и е крстен ќе биде спасен; но оној кој не верува ќе биде осуден."

Значи - за спасението има два услова. Не еден, туку два - поверување и крштевање. За осудувањето, условот е еден - неверување.
Никаде, во ниеден од овие стихови, не се вели дека крштевањето треба да следи по верувањето или заедно со него. Ниту пак се поставува како услов за проколнување, односно осуда - затоа што човек може да поверува и да нема можност да биде крстен, зарем не?
Освен тоа - за да не се вади од контекст овој цитат, нешто што е всушност омилено на овој форум, треба да се објасни во кој контекст е кажан. Односно - Исус го кажува на своите ученици, по Воскресението, кога им дава заповед да одат по светот и да го шират Евангелието (во стихот 15 вели: И тогаш Тој им рече - Одете низ целиот свет и проповедајте го Евангелието на сите созданија (се извинувам ако преводот е лош, во моментов имам само англиско издание)).
Тоа значи - конкретната заповед - се однесува на оние кои до тој момент веруваат во друга вера, и соодветно е нормално да поверуваат, па да се покрстат.
Во врска со бебињата. Нема причина да не се крстат. Прво, затоа што крстењето е само еден услов за спасение и како такво недоволно, односно мора да се исполнат и двата - да се поверува. Зошто би крстиле бебе - а зошто да не? Зошто да не се даде милоста на Светиот Дух на тоа бебе? Зошто родителите да не живеат во духовен мир, знаејќи дека и нивното чедо има еден од предусловите за спасение, па сега останува на нив да го изградат кај него вториот...?
Што се однесува до фактот дека бебињата се спасени, дури и ако заминат кај Бога некрстени - тоа лесно се објаснува со вториот дел од 16:16 - а имено - дека неверувањето е предуслов за казна, а не некрстувањето.


Ako decata umrat nekrsteni, nivnite roditeli kje odgovaraat za duhovno ubistvo, bidejki im ja odzemale mozhnosta na spasenie.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 06:33
А ако детето умре веднаш по раѓањето?! Мислам дека не си во право во врска со ова и мислам дека и Православната Црква има поинаков став.


Изменето од zidarski - 11.Јули.2008 во 06:33
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 06:36
Асја - одмори 3 дена од форумов.

Се надевам дека останатите ќе се вклучат во темава, затоа што може да се развие интересна дискусија.
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 07:14
,,И им рече: Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание! Кој ќе поверува и ќе биде крстен, ќе биде спасен, а кој нема да поверува ќе биде осуден.’’
Од ова се гледа дека примарен чекор е Евангелизацијата- запознавање на човекот со основите на Христијанството. по ова следува моментот на прифаќање на верата. Бебенцето сигурно не би го сфатило ова.
Верата и крштавањето се неразделни. Се спасуваме со вера. Библиското крштавање се состои од подронување во вода- симбол на Христовата смрт и излегувањето од водата- симбол на Христовото воскресение што воедно и укажува во што веруваме: во Неговата смрт и воскресение. По ова следува Божјото ветување- спасението. За кои гревови треба да умре бебенцето? Освен за еден- гревот на Адам кој се пренесува на секое поколение.
,,А Петар им рече: Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исус Христос, за проштавање на вашите гревови; и ќе го примите дарот на Светиот Дух’’(Дела 2:38)- од овој стих јасно се согледува дека е потребно покајание. Крштавањето следува по покајанието а му претходи на проштевањето. Бебенцето сигурно не се кае затоа што плачело за дополнително млекце.
,,А што се двоумиш сега? Стани, крсти се и измиј се од своите гревови, повикувјќи го Господовото име’’(Дела 22:16). Значи при нашето крштавање треба да веруваме и да се повикаме на Господовоти име. Повеќето деца плачат при извршувањето на тој чин. Не знаев дека детскиот плач е повикување на Господовото име.     
Верата е неопходна за спасението. Крштавањето без вера е бессмислено.
Слободно најдете ми стихови кои велат дека треба да се изврши тој чин во најраните денови од животот како што јас ви дадов примери во кои се вели дека има определен логичен редослед.
Инаку Асја не ме навредуваш со тој израз- секташтво. Ќе се молам Бог да ти прости за тоа и да те доведе на вистинскиот пат.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 07:48
А што се однесува на она за кое Асја ме критикуваше: ,,бањање од попот’’ еве зошто го реков тоа.
Сакам да сум објективен и работите да ги нарекувам со вистинското име. Тој чин навистина тоа и е. Потопување во вода- на грчки баптизо. Она што го прави крштавањето поразлично од останатите потопувања е ВЕРАТА. Верувањето дека е тоа свет чин и дека со тоа се исчистуваме од гревовите и се исполнуваме со Светиот Дух е differentia specifica.
Бебето не верува во ништо. Па така во овој случај го немаме суштинското- верата. Можеби во тоа веруваат оние околу бебето, неговите родители и останатите роднини но спасението доаѓа преку вера која мора ние да ја исповедаме а не оние околу нас.
Повторно повикувам на здравиот разум и логика.

Изменето од AlDra - 11.Јули.2008 во 07:49
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 15:36
Значи според тебе, човек треба да се крштева кога разбира доволно и кога самиот ќе избере... И кога е тоа? Во тој случај, ако се тргне од таа логика (на сопствениот избор), тогаш родителите не треба да му го проповедаат евангелието се додека не стане на таа возраст во која што разбира и избира самиот. Ако почнат да го учат уште од дете, тогаш не му даваат многу многу избор, затоа што го насочуваат само во еден правец, нели?
Така што - кога е точно таа возраст во која преценуваме дека детето е самото свесно за да избере само свое духовно спасение?
Do what is right, come what may...
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 16:00
Aloooo bre prestanete bre Hristijani sme i toa e sto e vazno ne e vazno koj koga e krsten .... se raspravate kako da ne ste krsteni, za gluposti abe bitno e sto sme Hristijani razliki ima ama toa ne treba da ni dava povod oci da vadime medju sebe....
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 18:47
Сметам дека убаво образложив и не сакам да се повторувам околу тоа колку голема улога игра верата во тој чин. Па така кој има очи и знае да чита- нека препрочита!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.