![]() |
|
Новости |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 9> |
Автор | |
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 19.Јуни.2008 во 17:25 |
tuka mozete sekoj vid na novosti okolu tehnika da se stavite i da diskutirate!
Изменето од seka - 19.Јуни.2008 во 17:26 |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
prezemeno od idividi vesti
„Космофон“ од денеска и во фиксната телефонија
Скопје, 18 јуни (МИА) - Мобилниот оператор „Космофон“ од денеска го најави стартот на фиксната телефонија „АЛЛО“, со понуда за корисниците и во пост-пејд и во при-пејд. „АЛЛО“ на корисниците им нуди фиксна линија која брзо и лесно ќе ја поврзат во својот дом и притоа ќе зборуваат по најповолни цени, информираат од „Космофон“. Корисниците имаат можност да одберат уред за фиксна линија со кој ќе го поврзат својот постоечки телефон или да одберат целосно решение, односно телефон со вграден уред за фиксна линија. Користењето на уредите во промотивниот период е бесплатно со склучување на договор од 24 месеци. Услугите во фиксната телефонија преку својата ГСМ мрежа ја нуди низ целата земја, која во моментов покрива 99,8 проценти од населението. Во пост-пејд „Космофон“ нуди три тарифни модели - АЛЛО 199 со месечна претплата од 199 денари, АЛЛО 299 со месечна претплата од 299 денари, која вклучува 100 бесплатни минути кон сите национални фиксни мрежи и АЛЛО 599 со месечна претплата од 599 денари, која вклучува 600 бесплатни минути кон сите национални фиксни мрежи. Сите нови „АЛЛО” корисници во пост-пејд сегментот кои ќе се активираат во промотивниот период до 31 август добиваат и 1000 бесплатни минути за разговор кон сите „АЛЛО” корисници, кои треба да ги искористат во рок од три месеци од денот на активација и три месеци без месечна претплата. Во при-пејд сегментот, АЛЛО го нуди тарифниот модел „АЛЛО ПРИ-ПЕЈД“ кој овозможува фиксна линија без месечна претплата и без договор, како и достапност во период од 12 месеци без дополнување на сметката и 100 денари бесплатни разговори кон сите мрежи при активација на фиксната линија. За сите нови корисници на тарифниот модел „АЛЛО ПРИ-ПЕЈД“ активирани во промотивниот период до 31 август добиваат дополнителни 1000 бесплатни минути кон сите „АЛЛО“ броеви, кои треба да ги искористат во рок од три месеци од денот на активација. По повод влезот на „Космофон“ во фиксната телефонија, главниот извршен директор Петрос Лефковиц изјави дека со воведувањето фиксни телефонски услуги, Космофон уште еднаш го одржува своето ветување кон корисниците за конк*рентна, едноставна и достапна комуникација за сите. - Влезот во фиксната телефонија претставува уште едно значајно достигнување за Космофон, по добивањето на 3Г лиценцата и четирите регионални WiMAX лиценци. Со нивното воведување на услугите кое се планира во блиска иднина, Космофон ја зацврстува својата позиција на компанија која нуди комплетни комуникациски решенија, најквалитетни интегрирани комуникациски услуги и воведува вистинска конк*ренција на телекомуникацискиот пазар, истакнува Лефковиц. Космофон работи на пазарот во Македонија од јуни 2003. Во овие пет години постоење, компанијата изгради широка телекомуникациска мрежа, која во моментов обезбедува 99,8 проценти покриеност на населението, нудејќи широко портфолио на конк*рентни производи и квалитетни услуги, а истовремено создавајќи малопродажна мрежа од 218 продавници и над 5.540 продажни места низ земјата. Корисничката база на Космофон ја надминува бројката од 618.000 корисници. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Робот за осамени мажи
На јапонскиот пазар наскоро ќе се појави роботот Ема, нова играчка која е наменета за осамените мажи. Фирмата „Сега тојс“ го произведе малиот робот со висина од 38 сантиметри кој работи на батерија и со стискање на копче може да бакнува, а ќе се продава по цена од 175 долари (113 евра). - Таа е прекрасна иако не е човек, но со момчето може да се однесува како права девојка, рече претставник на фирмата „Сега тојс“, кој додаде дека очекуваат првата година да продадат 10.000 роботи. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Najnovo od Sony Ericsson
Sony Ericsson F305 - гејмерски телефон
Компанијата Sony Ericsson го претстави својот нов entry-level модел на мобилен телефон F305 кој првенствено им е наменет за гејмерите. Телефонот доаѓа со копчиња кои се прилагодени за играње, а во него се вградени и сензори кои се осетливи на движењата за управување со играта. На пример со движење на телефонот ќе може да управувате со топките при куглање. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Sony сам работи на PSP Phone
Компанијата Sony планира до Божик да го лансира PlayStation Portable телефонот, објави британскиот магазин „Marketing Week“. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ne zna, dali bas tuka treba ova da go pstiram, no epten sum fascinirana ov ovaa tehnologija, zamislete kako napreduva svetot i tehnologijata
Јазикот во помош на инвалидите
Истражувачи од САД развија нов апарат што користи мал магнет, кој им помага на инвалидите да управуваат со количката корстејќи го само врвот на јазикот. "Го избравме јазикот како координатор на овој систем бидејќи, за разлика од рацете и нозете, кои се контролирани од мозокот преку 'рбетниот мозок, јазикот е директно поврзан со мозокот преку карнијален нерв, - "велат од тимот на Универзитетот за технологија во Џорџија.
|
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Рок бенд составен од роботи
На Грег Лок од Хамилтон, Нов Зеланд, му беше потребно шест месеци работа за да состави рок бенд од роботи направени од стари музички инструменти Основачот, инаку басист аматер, одлучил да основа група наречена „The Trons“, откако самиот останал без својот бенд кој се распаднал. После половина година тој составил четири роботи - двајца гитаристи, тапанар и клавијатурист. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Se nadevam deka uste dolgo ke im treba na inzinerite da go sovrsat ova "cudo" ( i ako sum za napreduvanjeto na tehnikata ) .... Zalosno bi bilo na mesto ubavite mazi i zeni vakvo nesto da bide pozadi sankot....
Збогум згодни шанкери - здраво бармен-роботу
Завршија деновите кога барменот ја игнорира вашата нарачка, а сите околу вас го добиваат својот пијалак. Механичкото чудо, вредно нешто повеќе од 100.000 евра е првиот бармен-робот, познат под името господин Асахи. За изработката на еден тон тешкиот барем беа потреби 200 работни часа, а на него работеа осум јапонски инженери. „Здраво на сите. Прекрасно е да се биде тука. Дали би сакале Асахи пиво?“, вели со модулиран глас господин Асахи. Сепак, на господин Асахи му треба повеќе време за да ги научи барменските вештини, за разлика од обичниот шанкер. Бармен-роботот треба да мине низ шестмесечна обука пред да ја заеме својата прва нарачка. „Бармен-роботите немаат проблем со однесувањето, работат брзо, не јадат, не прават паузи, па оттука тие се совршени работници“, вели сопственикот на барот каде господин Асахи работи. Сепак, оние кои сакаат личен контакт и пријателски муабет со барменот, нема да бидат среќни доколку ова стане реалност во сите барови. Иако газдите сметаат дека со бармен-роботите побргу ќе ја вршат работата, забораваат дека припадничките на понежниот пол знаат да се „запијат“ на шанкот и да направат голем промет само поради шармантниот бармен. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Se sekavam na vreminjata koga televizor vo naseto malo bese POIM
![]() Ja sakam tehnikata i sakam da vidam sto se ima novo i do kade se coveot so taa tehnika ke odi, no ponekogas i se prasuvam dali stvarno site ovie raboti se potrebni....
![]() No procitajte i samite
![]() Ментално управување со игри
Кацига за ментално контролирање на видео игри (односно контролирање на игри со мисли) страна реалност, а нејзиниот творец, американската компанија „Emotiv“ најави дека производот ќе се комерцијализира до крајот на годинава. Кацигата, наречена EPOC, има 16 електроди кои се во контакт со черепот на корисникот и на тој начин ја мерат електричната активност на мозокот на играчот, притоа служејќи се со електроенцефалографска технологија. На врвот на кацигата се наоѓа жироскоп со кој се контролираат движењата на главата, а од страна е прицврстена батерија за напојување. „Сензорите исто така го регистрираат расположението и изразот на лицето на играчот и сите овие податоци ги испраќаат компјутерскиот програм кои е способен да чита мисли“, изјави Тан Ли, еден од основачите на „Emotiv“. Тан Ли истакна дека постои директна корелација меѓу мислите на субјектот и акцијата на екранот, со што се овозможува реализација на дамнешната желба за придвижување на предмети со помош на мисли. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Nokia, prv mobilen sto go imav nekade 1997 ili 1998... edno golemo "tenzere" so antena, no ednostavno, prakticno i NOVO
![]() ![]() Nokia Supernova серија
Финската компанија Nokia ја претстави новата палета на мобилни телефони Supernova која содржи четири модела на телефони 7610, 7510, 7310 и 7210. Nokia Supernova 7610 е топ уред во новата серија. Има елегантен дизајн и доаѓа во неколку бои (металик сина, црвена, светло сива, виолетова и бела) со маски кои може да се менуваат. |
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
se ubavo zvuci, ama tie pikselite malce da gi zgolemeja ne ke bese loso Минијатурен проектор од Mint Wireless
Компанијата Mint Wireless најави дека наскоро ќе го претстави својот нов „pico-projector“. Оваа минијатурна кутија со димензии од 125 x 55 x 23 милиметри има капацитет да прикаже слика до големина од 50 инча при резолуција од 640 x 480 пиксели Проекторот, познат и под називот V10, може да се поврзе со компјутер, а поседува и интерна меморија од 1 гигабајт и SD слот за складирање фајлови. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
po nekogas se prasuvam do kade li ke odi ova so elekronikata, sto sve ke izmislime ?
Posto sum ljubitel na vinoto (i ako ne pijam cesto) za mene licno nema nisto poubavo od toa da go degustiram.... mirisot pred da probam, vkusot na jazikot i vkusot od kako ke goltnam, nema nisto "povozbudlivo" vo degustiranje vino... sega i toa e mozno da ni prezeme eden elektronski jazik... procitajte sami
![]() Електронски јазик за вкусување на виното
Доколку ви е тешко да ја направите разликата помеѓу вината Шардоне и Севињон, сега можете да го откриете тоа, со помош на новиот електронски јазик за одредување на квалитетот на виното. ![]() Лесно преносливиот електронски јазик е направен од страна на Сесилија Хименез-Хоркера заедно со колегите од Институтот за Микроелектроника во Барселона. Овој електронски јазик, може да ја одреди разновидноста на грозјето и бербата на виното, со притискање на само едно копче. Дизајниран со поле за контрола на квалитетот, оваа направа е со шест сензори, кои реагираат на сличен начин како човечкиот јазик на вкусовите. Овие сензори ги дефинираат карактеристиките на состојките за одредениот тип на вино, при што тие се мерат и се одредува годината на производство и квалитетот на виното. Начинот на кој функционира е многу едноставен и брз. Една од предностите на овој електронски јазик е тоа што е лесно пренослив и евтин за производство. Исто така постои можност за досовршување на опциите за одредување на вкусовите на разновидните нови вина. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
i uste edna nova tehnika, no ovoj pat mi se dopaga... solarna energija, samo se prasuvam kolku e efikasno i dali ke ima poveke vrsti na vakvi canti
![]() ![]() Модерна чанта на соларна енергија
Ова е нов изум, кој ќе им овозможи на жените да ги полнат своите електронски направи со помош на нивната чанта, додека се враќаат од работа или одат во шопинг. Оваа чанта наречена Power Purse, ги користи сончевите зраци за да ја апсорбира сончевата енергија, која директно ја претвора во електрична енергија. Користењето е лесно, едноставно ги приклучувате вашиот мобилен телефон, камерата или iPod-от во делот за полнење, и оставете сонцето да ја заврши целата работа.
"Чантата почнува да работи секогаш кога корисникот излегува надвор на сонце. Луѓето се воодушевени бидејќи нема потреба од трошење на струја, а истовремено се зачувува животната средина. Многу ретко функционалните работи, не изгледаат модерно. Со овој изум се потрудив тие две нешта да ги вклопам заедно, во еден корисен и исто така модерен производ." - вели Хајнек Енергијата потоа се пренесува во електрично коло направено од две скриени батерии во поставата на чантата, кои се поврзани со USB приклучок преку кои се полнат електронските направи. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
менуваме тема и се враќаме пак кај роботите, но овој пат не одиме во Јапонија него остануваме тука во Европа, конкретно Германија... Прочитајте и самите.
Јас лично мислам дека нашата технологија и колку е добра толку и му штетит на економијата, што ке стане со работните места ако насекаде место особа се става робот да работит? Но со тоа ќе мораме да се помириме и се надеваме дека нашите деца и внуци сепак ќе имаат можност за работа...
Но доста беше, прочитајте и помислите малце
Робот чистач
Познато е дека Јапонија е водечка земја во светот во развој на роботи. Но, и германски фирми се обидуваат да држат чекор во оваа област Фирма за интелигентни машини од Ул разви робот чистач. Тој работи со таканаречената РФ-АЈДИ технологии, која досега најчесто се користеше за извршување на логистички задачи. Сега оваа технологија може да најде примена и во секојдневниот живот, особено во домаќинствата. Роботот е изум на фирмата „Инмах„ за интелигентни машини од Ул Таа е висока 70 сантиметри и тешка 70 килограми. Роботот се полни со течност за чистење и е предвиден за големи домаќинства. За разлика од јапонскиот домашен робот, овој ќе може да се користи во големи фирми и болници. Пред повеќе од 75 години фамилијарното претпријатие Форверк направи вистинско револуционерно чудо со рачната правосмукалка Коболд. Денес, фирмата се погрижи околу развивањето на така наречениот „смарт флор„-системот за навигација на роботот за чистење. Тоа е фолија од полиестер која може да се вметне под секој вид на теписи, а во неа е интегрирана мрежа од чипови со РФ-АЈДИ технологија. РФ-АЈДИ – радио фриквенси ајдентификејшн е автоматски систем за идентификација и собирање на податоци. Податоците се пренесуваат преку радио фреквенции. Главен составен дел на РФ-АЈДИ технологијата е транспондерот Освен да чистат, роботите можат да танцуваат и играат. Тоа е минијатурен компјутерски чип со антена, кој што се вметнува во различни медиуми или е интегриран во чип карта. Еден пример за примената на оваа технологија е библиотека во која на книги, ЦД-еа или ДВД-иа има залепено транспондер етикета со интегриран мемориски чип. При изнајмување или враќање на книга овој чип ги пренесува податоците до софтверот на библиотеката. Така повеќе книги и други медиуми можат истовремено да се изнајмат или вратат без да бидат поединечно скенирани. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |