|
Бонсаи-уметност,култура,декорација |
Внеси реплика | страница 123 7> |
Автор | |
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 19.Април.2008 во 16:30 |
Бонсаи (буквално: „засадено во сад“) е уметноста на естетска минијатуризација на дрва по пат на нивно растење во садови.Кинезите биле првите кои минијатуризирале дрва во саксии (200 н.е.)
Оваа уметност можеби води потекло од пренесувањето на лековити
растенија од страна на лекари. Во прво време стилистичкиот фокус бил на
обликување на стеблата во облик на животни и митолошки суштества.Од Кина,оваа практика се проширила и во Јапонија.
Јапонската естетика за централна идеја ја зема "небеса и земја во еден сад", што е јапонско клише.За добро бонсаи потребни се три елементи: шин-зен-би или вистина, суштина и убавина. Јапонските бонсаи секогаш мораат да го рефлектираат духот на растението: секогаш мора да изгледаат сосем природни и да не покажуваат ниедна трага од човечка интервенција. Кинеската естетика тежнее да ја долови суштината и духот на природата по пат на контрасти. Философски, кинеската уметност го следи принципот на таоизмот особено Јин и Јанг концептуализацијата на космосот како владеан од две исконски спротивставени, но надополнителни (комплементарни) сили. Инспирацијата не се ограничува на природата, туку и на поезијата и ликовната уметност, од кои се земаат слични естетски вреднсти. Чести теми се змаеви и јунаци. Но на највисоко ниво, уметничската вредност е иста со вредноста на поезијата, и градинарската уметност. Обликувањето и смалувањето на дрвата се постигнува со неколку одновни, но прецизни техники. Минијатурноста на дрвото и листовите се одржува со рамномерно кастрење на лисјата и корењата. |
|
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ZA SEKOE POZNAVANJE POVEKE POSTIRAJTE,NO DOVOLNI SE I SLIKI
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
GINSENG FICUS BONSAI
|
|
bluebell
Сениор the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
always look on the bright side of the life!
|
|
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ROSEMARY(RUZMARIN)BONSAI
GARDENIA BONSAI |
|
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
i jas doma imam vakov ficus bonsai.. samo mojot e mnogu policen, ama ne od plastika... 2 godini go imam i seuste mi preziveea ... |
|
invader
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 442 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
mitron
Нов член Регистриран: 16.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ima bonsai gradina kaj palas vo park-dajte nesto za tehnikite za odgleduvanje
|
|
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бонсаи
ТЕХНИКИ Обликувањето и смалувањето на дрвата се постигнува со неколку
одновни, но прецизни техники. Минијатурноста на дрвото и листовите се
одржува со рамномерно кастрење на лисјата и корењата. Тука се
применуваат разни методи, бидејќи секој вид дрво се напупува поинаку.
Покрај ова, извесни кастрења мора да се вршат сезонски, бидејќи
највеќето дрва имаат период на мирување кога не растат корења и лисја;
несоодветното кастрење може да го ослаби или уништи дрвото. За стимулирање на возраста и зрелоста на едно бонсаи, може да се применат техниките наречени Џин и Шари. Џин се прави со отстранување на кората од поврината наголема гранка или стеблото, додека Шари е целосно соголување на една гранка. Овие техники го имитираат природното создавење на лузни и отпаѓање на гранки. Овие техники треба да се применуваат со внимание, бидејќи соголените места се подложни на инфекции, а претерано отстранување доведува до прекин на растот на дрвото над тоа место. Исто така кората не смее никогаш да се отстранува сосема во облкна прстен бидејќи тоа го прекинува доводот на вода и хренливи материи од тоа место нагоре. Превземено од Википедија Изменето од mamma - 20.Април.2008 во 23:09 |
|
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕГА
Наводнување Заради ограничениот простор во бонсаи-саксијата, негата може да биде незгодна. Плитките садови го ограничуваат кореновиот систем со што соодветното наводнување станува уметност сама за себе. Додека некои видови можат да издржат периоди на релативна суша, други бараат речиси постојана влажност. Прелестото наводнување или оставање на земјата расквасена може да резултира со габични инфекции и трулење на корењата. Сонце, врелина и изложеност на ветер можат бргу да го исушат растението, и затоа влажноста на почвата треба да се проверува на дневна база, а кога е потребно, растението да се нававадува обилно. Земјата не смее да стане „барут-сува“ дури ни за кратки периоди. Лисјата на некои растенија кои се одгледуваат за боонсаи (како обичната смрека) не покажуваат знаци на оштетеност пред штетата да стане преголема, и може да изгледаат зелени и здрави дури и во случај кога корените им се уништени. Во постудени клими не смее да се дозволи земјата да стане
презаситена со вода бидејќи тоа доведува до трулење на корените. Во
потоплите клими, бонсаите треба да седат во плитки водоотпорни садови
кога не се користат, и да им се даде можност да опсорбираат вода од
дното на саксијата за да не дојде до дехидрација. ПресадувањеПресадувањето и кастрењето на корените на бонсаите се врши на пролет, веднаш пред да излезат од периодот на мирување. Додека се во развој, бонсаите се пресадуваат еднаш на две години, и поретко кога се позрели. Пресадувањето од една во друга саксија спречува растението да стане врзано за саксијата и предизвикува раст на нови корени, за дрвото да може послободно да апсорбира влага. Превземено од Википедија Изменето од mamma - 20.Април.2008 во 23:10 |
|
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жичено обликувањеНајмоќната алатка за обликување на дрвото е жицата. Најдоброто време за обививање на дрвото е пролет или есен кога дрвото има најмалку лисја и не е круто. (Дрвјата зиме стануваат крути заради многу помалиот притисок на растителните сокови во стеблото и гранките.) Дрвото се обвива прво околу стеблото, а потоа спирално околу гранките. Самото дрво потоа ги води гранките во саканиот правец. Друга метода е закачување на тегови на гранките, така што тие виснуваат и дрвото изгледа постаро. Жицата се остава на дрвото за време на сезоната на растење. Меѓутоа дрвото не смее да ја надрасне жицата, бидејќи кората се врзува за жицата и потоа отстранувањето е трауматично. КОга е време да се отстрани жицата, таа се сече на мали парчиња (а не се одвиткува) и вака се прави помала штета на лисјата. Дебелината на жицата треба да одговара на големината на гранката — поголеми гранки се обвиткуваат со подебела жица. Наместо подебела жица може да се користат и две потенки жици заедно. Жиците не смеат да се вкрстат. При виткањето на гранките треба да се внимава да не се прекине или прекрши некоја гранка. Особено внимание треба да се обрне при виткање на гранката близу до стеблото, бидејќи таму таа е најкршлива. Можно е и гранката да се витка постепено, малку по малку, през подолг временски период. При работа со гранките треба дас е внимава и на саканиот стил на дрвото. АлаткиПостојат посебни алатки за одржувањена бонсаи. Најчестата алатка е конкавниот секач за кастрење на фиданки без оставање на никулци. Други алатки се прачки за виткање, клешти за жица и разни ножици за фино или грубо обликување. За обликување и држење на гранки се користи алуминиумска или анодизирана бакарна жица. Превземено од Википедија Изменето од mamma - 20.Април.2008 во 23:11 |
|
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Место на чувањеНаспроти широко распространетото мнение, бонсаите не се одгледуваат во затворени простории, бидејќи така најверојатно би умреле. Додека исвесни тропски растенија (Ficus, Schefflera, и др.) може да успеваат на затворено, највеќето бонсаи се развиени од дрва приспособени за умерена клима (четинари, јавори, ариш итн.) и сакаат период на мирување. Речиси сите дрва бараат неколку часа диреткна или сосема малку филтрирана сончева светлина секој ден. ПрезимувањеНекои дрва бараат заштита од временскит еприлики и зимските техники се применуваат во зависност од тоа колку дрвото е приспособено за дадената клима. За време на презимувањето, умерените видови треба да мируваат, но треба да се внимава листопадните дрва да не излезат од мирувањето прерано. Рамки во земја, незагреани гаражи, тремови и слично се најчести места за презимување. Растението во својот сад може и да се покрие со лисје или слама или пак корењата да се закопаат под мразот на земјата. Превземено од Википедија Изменето од mamma - 20.Април.2008 во 23:12 |
|
Внеси реплика | страница 123 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |