|
Мошти |
Внеси реплика | страница 123 6> |
Автор | |
Nikki
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 07.Февруари.2008 во 13:59 |
(Низ историјата покрај гробовите на светителите, се
случувале големи исцеленија) За моштите 4 Цар 13 ** И ете кога погребуваа еден човек оние што го погребуваа таму ги видоа тие луѓе ** Го фрлија тој човек во елисеевиот гроб и тој падна се допре до елисеевите коски, оживе и се исправи на нозете свои Еден Руски владика, што служи во Америка, Минеаолис, Минесота Во Јуни би требало да дојде и да донесе мошти од Св Серафим Саровски Овие ќе бидат положени во новиот манастир, што ќе се изгради во Дебарско Владика Партение со радост го очекува овој подарок, од Руската Црква во Америка |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Коските на Елисеј не биле никакви мошти во православна смисла на зборот. Зборот мошти во оригиналното значење значи "остатоци" и во оваа дефиниција на зборот, да тие биле мошти т.е. остатоци, ама согласно православната дефиниција на мошти (обожавање на телото на покојниот, поклонување пред него, мирисање на неговото тело и сл) Елисеевите коски не биле мошти.
Во Библијата нема да најдете ниту еден стих каде се вели дека некој им оддавал посебна почит на Елисеевите коски, дека некој го шетал по "манастири", дека телото не му се распаѓало, дека неговите коски испуштале некакво миро итн, освен чудото наведено од Nikki погоре.
Елисеј бил пророк, наследник на Илија кој примил двојно од Илиевиот дух. Елисеј и Илија биле пророци кои вршеле многу силни чуда и имале силна благонаклонетост од Бог. Илија со молба кон Бог воскреснал едно девојче. Тој, слично на Мојсеј, има направено пат преку река со разделување на водите. Илија се има помолено кон Бог да не паѓа дожд од небото и 3.5 години нема паднато дожд. Илија нема доживеано физичка смрт, туку Бог го земал на небо. Тој се појавува на гората каде што Христос се преобразил во Своето славно тело. За Јован Крстител ангелот Гавриел рече дека ќе оди во силата на Илиевиот дух итн. Очигледно е дека Илиевиот дух бил посебен пророчки дух даден од Бога за Божјата служба.
Ако земеме предвид дека Елисеј примил двојно од духот кој бил во Илија(2 Царства 2:9) тогаш воопшто не е за чудење зошто покојниот се вратил во живот кога ги допрел коските на Елисеј.
Сепак вредно е да се напомене дека ова чудо е спомнато само во една реченица и веќе наредната воопшто не збори ништо за коските на Елисеј. Приказната не продолжува дека некој ги земал коските па ги подарил на некој новоизграден манастир или сл. Тие коски си останале во гробот како и сечии други и верно ќе го чекаат своето воскресение.
Апостолите во Новиот Завет исто така не обрувале внимание кон починатите останки од покојните свои браќа и сестри. Кога маченикот Стефан умрел со каменување, тие го закопале како и секој друг починат, иако овој бил полн со благодат и сила и правел големи чуда и знаци меѓу народот (Дела 6:8).
Исто така не е спомнато дека апостолите покажале некој посебен интерес кон останките на Јован Крстителот, за кого Исус рече дека најголемиот меѓу родените од жена.
Заклучок е дека апостолската црква од 1век воопшто не негувала некаква пракса каква што негуваат денес православните со мртвите тела на покојните, идолопоклонство, трговија со нив, туристички атракции, национални богатства итн итн.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ќе си дозволам да го префрлам постот на Мариа во оваа тема затоа што сметам дека тука му е местото.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Al_Masih_Qam
Сениор Регистриран: 24.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 113 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pocituvanjeto na mostite poteknuva od najrani hristijanski vreminja. Prvite liturgii se sluzele na grobovite na macenicite ubieni zaradi verata vo Hristos. Pocituvanjeto na mostite ukazuva na edinstvoto na nebesnata i zemnata Crkva, na naseto edinstvo so upokoenite sveti i na site zaedno so Hrista.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pochituvanje na telesnite ostatoci?
Pochituvanje na mrtvo, bezzhivotno telo, onoa istoto koe bilo izmachuvano i nepochituvano so asketizmot, onoa istoto koe bilo obvinuvano kako izvor na site poroci, telo koe site vernici go smetaat za okov na dushata... toa isto telo, od koe site religiozno se odreknuvaat dodeka dushata e vo nego, odednash stanuva objekt na vrvno duhovno i religiozno pochituvanje? |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Vikentij
Нов член Регистриран: 29.Мај.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 26 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da, no toa telo postepeno se osvetilo (pokraj dusata!) pa taka, dobilo i iscelitelna mokj, po Bozja promisla, se razbira kako znak na svetosta na dusata koja ziveela vo nego. Toa go dokazuvaat i mnogubrojnite cuda i iscelenija vo koi ako nekoj ne veruva, ne e nase da go ubeduvame. I vo stariot zavet imame primer na pocituvanje na teloto na praotecot Josif!
|
|
Al_Masih_Qam
Сениор Регистриран: 24.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 113 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Христијанството (и конкретно православното христијанство) подеднакво ги почитува душата и телото! Глупост од типот на душа=добро, тело=зло во православието не постои. Зошто тогаш христијаните би верувале во воскресението на телото, ако тоа не им треба? Целта на православниот живот е и телото и душата да се обожат, т.е. да станат исти како душата и телото кое го имал Христос. Такото тело и таквата душа се достојни за почитување и по нивното (времено) разделување. |
|
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ! |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Togash kako go interpretirash odnosot na na odreden broj hristijani od site denominacii koi se odnesuvaat prema teloto so prezir i zhiveat asketski zhivot vo koj teloto ne samo sto e zapostaveno, tuku e izmachuvano i iscrpuvano so cel na takov nachin da se dostigne nekakva duhovna sovrshenost ?
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас лично мислам дека е тотално бесмислено и дека е дури против основите на Христијанството. Типичен пример за ова е себе-бичувањето и себе измачувањето во некои Католички ордени и особено во поново време Опус Деи. И во Православието се сретнува ова, но не е поддржано ни во манастирите, ни од црквата...
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
Al_Masih_Qam
Сениор Регистриран: 24.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 113 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа се посебни случаи и не можат да се земат како правило. Точно е дека има римокатолички ордени во кои луѓето се самокамшикуваат, но тоа ем се темели на некои моменти од нивната теологија (и посебно некои места во кои се разликуваат од нас), а од друга страна тие тоа не го наметнуваат како правило кое би важело за сите. Значи, тоа се исклучоци.
Често некои православни отци и старци зборуваат за „истоштување на телото“, но тоа не се разбира во смисла на „самоказнување“ или „понижување на лошото тело“, туку има сосема друга поента. Колку за пример, и спортистите го измачуваат телото при напорни тренинзи, за да постигнат резултати во спортот. Аскезата или подвигот е тренирање во верата, своевидно духовно спортување - и како што еден спортист вежба баскет, друг борење, а трет пинг-понг или шах, така е и со животот во Црквата. |
|
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ! |
|
Al_Masih_Qam
Сениор Регистриран: 24.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 113 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Православието има друг пристап кон овие работи. Во православието прво и прво гревот (против кој се бориме преку аскезата) се разбира на друг начин отколку кај Римокатолиците. Кај нив гревот се разбира главно низ категориите навреда-казна (и секако исплаќање на казната), додека кај нас гревот пред се подразбира болест, која треба да се лечи. Подвигот и животот ов Црквата, не е самоказнување за да се задоволи навредениот Бог, туку терапија преку која оздравуваме (а во што Бог исто така ни помага). |
|
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ! |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kako se borite protiv grevot so asketski zhivot (mislam telesen asketski zhivot) ?
Da ne odam nadvor od temata, ova prashanje go povtoruvam na soodvetnoto mesto. Изменето од Messenger - 30.Мај.2008 во 02:03 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е баш од најраните како што мислиш ти. Во Библијата нема да најдеш таква пракса од Божјите луѓе, пророците, апостолите, Христовите ученици итн.
Кога умрел Авраам, тој бил погребан.
Кога умрел Јосиф, тој бил погребан,
Кога умрел Јован Крстител, учениците го погребале.
Кога умрел маченикот Стефан, тој исто така бил погребан
Кога умрел и Исус Христос, Тој исто така бил погребан.
Итн...
Како што можеш да видиш од праксата на библиските личности, сите покојници биле погребувани и никој не правел фешти со нивните тела, никој не ги светкувал, никој не им се поклонувал, никој не ги бакнувал, никој не ги шетал нивните лешеви по манастири и не си правел бизнис и туристички атракции со нив.
Ако, на пример, апостол Петар, во живо укорил кога еден му се поклонил, зошто сметаш дека тој би дозволил на неговото мртво тело некој да му се поклонува? Во што е посупериорно мртвото тело од живото? Епа следствено на тоа, ако Петар забранил да му се поклонуваат на неговото живо тело, ние (христијаните!) не се поклонуваме и не вршиме никакви метании ни на мртвото тело.
Почитувам ако речеш дека сето тоа е православно и дел од православието, но те молам не ја мешај тука Библијата, не ги мешај "најраните" христијани. Тие се друга приказна.
Поздрав zidarski, поздрав messenger, поздрав до сите Изменето од EvAngelos - 30.Мај.2008 во 10:55 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pozdrav i do tebe EvAngelos, dobro sto se vrati. Mislam deka novive temi ke go plenat tvoeto vnimanie, pa ochekuvam tvoi izdrzhani komentari kako i sekogash.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Внеси реплика | страница 123 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |