IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 26>
Автор
Порака
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 16:44
Салата од макарони


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 грама Туна
малку   Сол
150 грама Пченка
500 грама Макарони
300 грама Кисели краставички
малку мала лажица Бибер


Време за подготовка: 15 мин.
Време за готвење: 10 мин.

ПОДГОТОВКА:
Сварете ги макароните со маслото од туните.

Се сецкаат киселите краставички добро се цедат.

На сварените макарони се додава пченката, исцедените краставички и туната, малку сол и црн бибер.

Целата смеса мешајте да добиете хомогена маса.

Изменето од Calipso - 03.Октомври.2010 во 16:45
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2010 во 07:31

Салата од цвекло

Потребно:

* 1 кг цвекло
* сол
* 3-4 лажици вински оцет
* 2 чешниња лук
* малку шеќер

Приготвување: варете го измиеното цвекло 60 минути на тивок оган. Откако ќе се излади, излупете го, па изрендајте го на крупно ренде. Истолчете го лукот, па додајте го во ренданото цвекло. Зачинете го цвеклото со сол, шеќер и со оцет. Вака подготвената салата изладете ја, па послужете ја. Место лук, може да употребите рендан рен.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2010 во 01:26
      САЛАТА ОД ВАРЕНА ПЧЕНКА

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
малку   Сол
200 грама Пченка
1   Пиперка
2 лажици Масло
1 лажица Лимонов сок
30 грама Зелена салата
1   Јаболка
малку   Црн пипер

ПОДГОТОВКА:
Пиперката се сече во резанки и ја мешаме со пченката. Се посолува и се додава црн пипер, се налева масло, сок од лимон и нежно се промешува.

Јаболката се мијат и без да се лупат се сечат во резанки. Се натопуваат со сок од лимон за да не потемнат. Салатата се става во плитка чинија во вид на купче, а потоа се додаваат и резанките јаболка.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2010 во 06:11

Салата со цвекло и со целер

Потребно:

* 500 г цвекло
* 4 гранчиња целер
* китка младо кромитче
За преливот:
* сол
* 1 лажица јаболков оцет
* 50 мл масло
бибер
* 2 лажици ситно сечкан магдонос

Приготвување: цвеклото излупете го и изрендајте го на крупно ренде. Гранчињата целер исечете ги на тенки тркалца, а младото кромитче ситно исечкајте го. Сето тоа измешајте го. Солта измешајте ја со оцетот, маслото, биберот и ситно исечканиот магдонос. Течноста добро измешајте ја, а потоа со неа прелијте ја салатата.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2010 во 19:11

Зелка на кинески начин

Потребно:

* 500 г зелка
* 2 црвени лути пиперчиња
* 1 лажичка рендан ѓумбир
* сол
* 1 лажичка шеќер
* 1 лажица јаболков оцет
* 1 лажица соја сос
* 4 лажици маслиново масло

Приготвување: ситно исечкајте ја зелката, па во неа додајте ги пиперчињата исечени на тенки тркалца, ѓумбирот, солта, шеќерот, соја сосот и добро измешајте го сето тоа. Во тава загрејте го маслото, додајте ја подготвената зелка и пржете го сето тоа 5-10 минути со постојано мешање. Зелката послужете ја како изладена салата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2010 во 16:53

Салата на руски начин

Потребно:

* 200 г моркови
* 350 г јаболка
* 350 г трупка
* 3 лажички шеќер
* сол
* 200 г кисела павлака

Приготвување: морковите, јаболката и трупката излупете ги и изрендајте ги на поситно ренде. Додадете ги шеќерот, солта и киселата павлака. Сето тоа добро измешајте го и оставете го да се излади. Салатата послужете ја како ладно предјадење.

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2010 во 16:58
Овошни салати ми се слабост.
Еве дел од менито во јапонски ресторан.






Ммммм...сочно и вкусно.љубов
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 06:33

Ароматични печени пиперки

Потребно:

* 600 г печени црвени пиперки
За маринадата:
* 4 лажици маслиново масло
* 1/2 лажичка сечкан свеж рузмарин
* 1 гранче босилек
* малку сува мајчина душица
* 2 чешниња лук

Приготвување: излупете ги печените пиперки и наредете ги во чинија за послужување. Измешајте го маслиновото масло со рузмаринот, ситно сечканиот босилек, мајчината душица и со истолчениот лук. Вака приготвената маринада прелијте ја врз пиперките.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 10:29
Јајца во сос од ајвар


%5bImage:%203B4F2EE4ADAB1F4FA8608B4B1D89779C.jpg%5d


Потребно:


* 8 јајца
* 4 лажици ајвар
* 4 лажици кисела павлака
* 2 лажици мајонез
* сол
* бибер
* магдонос
* шеќер

Приготвување: јајцата сварете ги, излупете ги и исечете ги на половина. Во ајварот додадете ги киселата павлака, мајонезот, солта, биберот, ситно сечканиот магдонос, по желба малку шеќер и сето тоа добро измешајте го. Јајцата распоредете ги во чинија, прелијте ги со сосот и украсете ги.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2010 во 14:45

Мешана салата од праз

Потребно:

* 2 страка праз (само белиот дел)
* 4 домати
* 3 варени јајца
* 100 г шунка
* 50 г ементалер
За преливот:
* 300 мл јогурт
* 2 лажици масло
* 2 лажици сенф
* бибер
* малку шеќер
* 1 китка сечкан магдонос

Приготвување: исчистениит праз исечете го на тркалца. Доматите, тврдо варените јајца и шунката исечете ги на коцкички и измешајте ги со празот. За преливот добро измешајте ги сите состојки, па прелијте ја салатата.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2010 во 23:19
Domat salata

Domat, jajce, sirenje, salama i majonez... Dobra.. да
Кон врв
Sho-Sana Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2944
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sho-Sana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2010 во 13:45
aj i jas da "zamesam prsti" malku vo temavaголема%20насмевка
obozavam salati, duri i kako glavno jadenjeнамигнување

edna od najzdravite i najednostavnite za zimski period mi e slednava salata:

- sitno-sitno iseckan praz
- tostiran susam
- kisela pavlaka
- sol po zelba
(jas dodavam i malku kim)

za onoj koj saka praz, mislam deka ke uziva vo salatava!среќа
Ако сретнеш човек со кој:
- вреди да зборуваш а не зборуваш, си го изгубил човекот,
- не вреди да зборуваш а зборуваш, си го изгубил зборот.
Мудриот човек не ги губи ни човекот ни зборот. Конфучиe
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2010 во 14:00

Овошна салата

Потребно:

* 150 г банани
* 150 г портокали
* 200 г јаболка
* 250 г круши
* 5 лажици лимонов сок
* 1 ванилин шеќер
* 3 лажици кафен шеќер

Приготвување: овошјето исчистете го и исечете го на помали парчиња, па ставете го во подлабока чинија, посипете го со ванилин шеќерот и прелијте го со лимоновиот сок. Покриениот сад оставете го да отстои најмалку еден час во фрижидер. Пред послужување, овошната салата посипете ја со кафениот шеќер.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2011 во 22:38

Салата со туна

Потребно:

* 300 г спирални тестенини
* 200 г мали домати
* 200 г моцарела
* 100 г зрна од пченка
* 1 конзерва туна
* 50 мл маслиново масло
* 4 лажици јаболков оцет
* сол
* бибер

Приготвување: тестенините сварете ги во поголемо количество солена вода. Исцедете ги и ставете ги во подлабок сад. Потоа во нив ставете ги исечените домати, зрната пченка, моцарела сирењето исечено на коцкички, исцедената туна, оцетот и маслото. Салатата зачинете ја со сол и бибер.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.