IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти и колачи што не се печат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи што не се печат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 16>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2015 во 09:44

ЧОКОЛАДНИ КОЦКИ СО ЛЕШНИЦИ ГОТОВИ ЗА 5 МИНУТИ

10

Сосотојки:

4 филџани ситно мелен шеќер

1/2 филџан какао во прав

1/4 филџан млеко

1/2 филџан путер

2 лажички екстракт од ванила

Грст пржени,исецкани лешници

Подготовка:

Подгответе сад со димензии 10 х 10 см и подмачкајте го со малку путер или масло и обложете го со хартија за печење.

Измешајте ги шеќерот и какаото и смесата ставете ја во сад кој го собира во микробранова.

Мешавината полејте ја со млеко, а на крај додадете го путерот на коцки.

Ништо не мешајте, ставете да се грее околу 2 минути, додека путерот не се стопи.

Извадете го садот од микробранова, додадете екстракт од ванила и со миксер добро измешајте на најјака брзина додека не добиете кремаста маса.

Во смсата се додаваат лешниците и се заедно се меша.

Смесата се префрла во претходно подготвениот и подмачкан сад и се остава во замрзнувач околу десетина минути.

После тоа, превртете го садот на рамна површина и добиената чоколадна плоча се сече на коцки.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2015 во 09:14

Пробајте: Експрес торта без печење

Секој кој ќе ја проба ќе ужива во мешавината на бисквити, пудинг и овошје, а оној кој ќе ја подготви ќе изгледа како врвен готвач, а потрошил само 15 минути во кујна.

probajte-ekspres-torta-bez-pecenje-01.jpg

По сè изгледа, вреди да ја направите и споделите уште денес.

Потребни состојки:

  • 1 пакетче бисквити
  • 2 пудинзи од ванила
  • 1l млеко + 100ml за бисквитите
  • 6-8 лажици шеќер
  • 1 kg банани
  • 1/3 лимон

Подготовка:

Сварете ги пудинзите со млекото и 6-8 лажици шеќер. Кога пудингот ќе се свари, оставете го да се излади и да се згусне.

Кексите потопувајте ги во млеко за да омекнат и наредете ги на чинија или тава. По првиот слој, прелијте пудинг, па наредете кругови банана.

Важно е бананата претходно да ја исечете и круговите да ги потопите во сокот од лимонот.

Запазете го редоследот бисквити - пудинг - банани додека не го потрошите материјалот.

Завршете со ред бисквити, па по желба декорирајте со шлаг пена и рендано бело чоколадо.

probajte-ekspres-torta-bez-pecenje-02.jpg

Послужете ја тортата студена, со некој вкусен пијалак.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2015 во 10:53

БРЗИ РУМ ШТАНГЛИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

23

Одвојте 20 минути за нивна подготовка, а потоа уживајте со денови.

Состојки:

  • 300g компир
  • 300g мелени бисквити
  • 200g темно чоколадо
  • 140g маргарин
  • 200g шеќер во прав
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици рум (може да додадете и повеќе, по желба)
  • 1 лажица масло

Подготовка:

1 чекор: Сварете го компирот, исцедете го и испасирајте го додека не добиете пире. Додајте му 100g чоколадо и 100g маргарин. Мешајте додека не се растопат од топлината на компирот. Додадете ги мелените бисквити, шеќерот во прав, какаото и 2-те лажички рум.

2 чекор: Формирајте тенок колач кој ќе го сечете на парчиња со дебелина од 2 сантиметри или обликувајте ја смесата со калапи. Оставете ја во ладилник додека го подготвувате преливот.

3 чекор: На тивок оган растопете го преостанатото чоколадо и 40g маргарин. Додадете 1 лажица масло и добро соединете ја глазурата. Извадете ги рум штанглите и прелијте ги или натопете ги во чоколадото. Ставете ги на послужавник и вратете ги во фрижидер уште 1 час.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2015 во 20:42

ЛЕДЕН БРЕГ - КРЕМАСТ КОЛАЧ СО ПЛАЗМА

22

Потребно ви е:

  • 300g Плазма
  • 400ml млеко
  • 300ml слатка павлака
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 пудинзи со вкус на банана
  • 4 лажици густин
  • 3 жолчки
  • 7 лажици шеќер
  • 300g маргарин
  • 1 банана (да не е презреана)
  • Млеко за топење на бисквитите
  • Шлаг по желба

Подготовка:

Промешајте го млекото со слатката павлака и одвојте 1dl, а останатата течност ставете ја на шпорет и загревајте.

Промешајте го ванилиниот шеќер со пудингот и густинот, додадете ги 3-те лесно изматени жолчки и 7-те лажици шеќер. Во тоа додадете ја одвоената мешавина од млеко и павлака (1dl) и мешајте додека не исчезнат сите грутки.

Ставете ја мешавината во млекото и варете додека не добиете густ крем. Прекријте го кремот со проѕирна фолија и ставете го да се олади.

podgotvete-leden-bred-kremast-kolac-so-plazma-02.jpg

Кога кремот ќе биде изладен, изматете го маргаринот со бананата и прелијте со неколку капки лимонов сок за да не потемни. Во смесата додавајте го оладениот крем и мешајте со миксер додека не добиете густа смеса.

Плазма бисквитите натопете ги во млеко и редете 4×4 бисквити, па крем. Вториот ред треба да биде 3×4, третиот 2×4 а последниот ред 1×4. Помеѓу нив добро измазнете го кремот.

podgotvete-leden-bred-kremast-kolac-so-plazma-03.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2015 во 13:13

За 5 минути: Додека го сварите кафето, овој колач е готов


Ви заѕвонија гости на врата, а немате со што да ги послужите? Не се грижете, додека го варите кафето може да го направите и овој колач.

za-5-minuti-dodeka-go-svarite-kafeto-ovoj-kolac-e-gotov-1.jpg

Веројатно толку ќе им се допадне, што ако ви го побараат рецептот, нема да им се верува колку е едноставен.

Потребни состојки:

  • Неколку сладолед сендвичи
  • Шлаг
  • Чоколаден сируп

Подготовка:

Наредете ги сладолед сендвичите во 3 реда, а потоа изматете го шлагот.

Покријте ги сладоледите со шлаг и на крај украсете со чоколаден сируп.

Исечете неколку парчиња и послужете заедно со кафето. Толку е едноставно!

za-5-minuti-dodeka-go-svarite-kafeto-ovoj-kolac-e-gotov-2.jpg

Сега разбирате зошто е паметно секогаш да имате неколку сендвич сладоледи во замрзнувачот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2015 во 08:35

Готово за 15 минути, без печење: Шарено чоколадно виножито


Чоколадното виножито е еден од омилените десерти на најмладите, но заради леснотијата со која се прави, од денес ќе биде и вашето омилено колаче.

gotovo-za-15-minuti-bez-pecenje-sareno-cokoladno-vinozito-01.jpg

Овој десерт може да го послужите после ручек, со кафе, за роденден или да го подарите на пријателите кои се љубители на благо.

Потребно ви е:

  • 200g чоколадо за секоја боја
  • 700ml засладено кондензирано млеко (за торта со 6 бои)
  • Неколку капки екстракт од ванила
  • Прехранбени бои

Подготовка:

Исечкајте ја белата чоколада, па додајте околу 110ml од засладеното кондензирано млеко.

Кондензираното млеко се купува во сите поголеми маркети спакувано во конзерви или можете да го направите сами по овој рецепт.

Додајте една боја во чоколадото и млекото, малку ванила и добро промешајте.

Еден длабок калап обложете со алуминиумска фолија, па ставете ја чоколадната смеса во него.

Постапката повторувајте ја толку пати колку што сакате колачот да има бои, само почекајте претходниот слој да се стврдне.

Кога ќе завршите, ставете го калапот во фрижидер неколку минути, а потоа извадете го виножитото сосе фолијата.

Крајниот резултат би требало да е ваков:

gotovo-za-15-minuti-bez-pecenje-sareno-cokoladno-vinozito-02.jpg

gotovo-za-15-minuti-bez-pecenje-sareno-cokoladno-vinozito-03.jpg

gotovo-za-15-minuti-bez-pecenje-sareno-cokoladno-vinozito-05.jpg

gotovo-za-15-minuti-bez-pecenje-sareno-cokoladno-vinozito-06.jpg

gotovo-za-15-minuti-bez-pecenje-sareno-cokoladno-vinozito-07.jpg



Изменето од Valerija - 26.Март.2015 во 08:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2015 во 17:49

Рецепт: Чоколаден ролат без печење




Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 150g шеќер
  • 100g чоколадо за готвење
  • 85g маргарин или путер
  • ½ шолја сечкани ореви
  • 200g бисквити

По желба, може да додадете суво грозје и смокви исечкани на ситни парчиња.

Подготовка:

Во еден сад измешајте ги јајцата со шеќерот, додадете го искршеното чоколадо и маргаринот или путерот. Загревајте додека состојките не се стопат и соединат.

Смесата изладете ја, па во неа додадете ги оревите и издробените бисквити. Добро измешајте.

Ако смесата ви изгледа премногу кашеста, додајте уште малку бисквити.

На работна површина ставете целофан и на него изгмечете ја смесата. Обликувајте ролат и оставете го да се олади.

Може да користите и калапи за обликување на ролатот.

Исечете, послужете и уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2015 во 08:08

Готови за 20 минути: Орео бомбици без печење


Само 3 состојки, без печење, без варење и за околу 20 минути имате совршен десерт кој ќе го изедете додека да трепнете.

gotovi-za-20-minuti-oreo-bombici-bez-pecenje-01.jpg

За 16 - 18 бомбици потребно ви е:

  • 300g бело чоколадо
  • 30 Орео колачиња
  • 100g крем сирење
  • 4 Орео колачиња за декорација

Подготовка:

Иситнете ги Орео колачињата во блендер додека не добиете кафеав прашок.

gotovi-za-20-minuti-oreo-bombici-bez-pecenje-02.jpg

Префрлете го во пластичен сад  и додајте го крем сирењето. Мешањето може да биде малку потешко, но смесата не треба да биде многу течна  за да можете да ги обликувате бомбиците.

Откако ќе ги обликувате и наредите на тава или голема чинија, ставете ги 10тина минути во замрзнувач.

gotovi-za-20-minuti-oreo-bombici-bez-pecenje-03.jpg

За тоа време растопете го белото чоколадо и оладете го.

Извадете ги топчињата и прелијте ги со чоколадото. Искршете ги покрупно 4-те Орео колачиња и просипете ги врз чоколадото.

Бомбиците се готови откако чоколадото ќе се стврдне.

gotovi-za-20-minuti-oreo-bombici-bez-pecenje-05.jpg

Може да стојат 2-3 дена, но не веруваме дека ќе ви издржат со оглед на тоа каков вкус имаат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 20:56

ЧОКОЛАДНА НЕПЕЧЕНА ТОРТА


Чоколадна непечена торта


  1. 1.Калапот за торта (ние користевме округли калап со ширина од 24 сантиметри)намачкајте го со путер и обложете го со мрсна хартија за печење. Не заборавајте да ги обложите и страничните делови.
  2. 2.Путерот растопете го заедно со шеќерот и водата и додадете ги мелените бисквити. Добиената смеса распоредете ја на дното на калапот.
  3. 3.Подгответе ги пудинзите. Во сад, на оган, ставете малку помалку од 2/3 од млекото (600 мл млеко) и оставете го да зоврие. Настрана, двата чоколадни пудинзи изматете ги со 60 мл млеко и ставете (по желба) 4 лажици шеќер. Откако млекото ќе зоврие, ставете го чоколадниот пудинг, двете млечни темни чоколада и мешајте се додека не добиете густа смеса. Пудингот тргнете го настрана и покријте го проѕирна фолија.
  4. 4.Од остатокот млеко тргнете 60 мл и зовријте го. Пудингот од ванила изматете ги со 60 мл млеко и ставете (по желба) 2 лажици шеќер. Откако млекото ќе зоврие, ставете го пудингот и една млечна бела чоколада и мешајте се додека не добиете густа смеса.
  5. 5.Во сад со вода (околу 70-80 мл вода) растворете ги двете кесички желатин, а потоа садот ставете го во топла вода и мешајте се додека желатинот не се растопи. 2/3 од желатинот ставете во темната смеса и добро промешајте, а 1/3 во белата смеса.
  6. 6.Со миксер, изматете 500 мл слатка павлака. 1/3 од слатката павлака ставете во темната смеса, 1/3 во белата смеса, а остатокот тргнете го настрана кој ќе служи за украсување.
  7. 7.Пудингот од темно чоколадо истурете го врз бисквитите, израмнете и врз него истурете го пудингот од бело чоколадо. Тортата оставете ја во фрижидер околу 1 до 2 часа или се додека не се стврдне.
  8. 8.Оладената торта премачкајте ја со остатокот од изматената слатка и павлака и украсете со чоколадни бонбони. Добар апетит!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 21:16
Два пати по ред правам сникерс колачиња на најлесен начин.
Како за мене, се прелесни.
И сега ќе дојде Биба и ќе ме искара што не ставам точни меркиплазење
А јас пак ќе и речам, зависи од бисквитите! Колку ќе ти впијат течностголема насмевка

Ама се на се иде вака некако..
450 грама бисквити
450 грама кикирики (јас сакам малку солено да е, се добива интересен контраст од благото)
Ќе ги сомелеш на машинка, не на најситно, нека имаат по некое парченце покрупно, особено од кикириките..
На шпорет ставаш тенџере со вода и на пареа ќе растопиш 300 грама маргарин (по можност некој поквалитетен - ДА НЕ Е СОЛЕН), и 220 грама шеќер во прав.
На страна загреваш 100-200 милилитри млеко.

Ги поливаш бисквитите и кикириките со маргаринот и шеќерот во прав и мешаш. Ако бисквитите ви се од посувите, додаваш од загреаното млеко. Треба да се добие смеса што можеш да ја обликуваш со рака. 
Во тавче се става хартија за печење (јас ставам од онаа растегливата проѕирна најлонска што-и-да-е во моментов не ми текнува!!!) се распоредува смесата подеднакво.
Ставаш тенок слој карамел (може да се подготви дома или да се купи готова, јас купувам)
Во истото тенџере на оган, растопуваш една и пол чоколада со поголем процент какао (ги обожавам од Европа), ја преливаш и ја посипуваш со уште малку рендани кикирики..

Може и Омар да ги испроба, како тазе готвачзадоволство

Правев еднаш една мноооогу покомплицирана од оваа, ама не вреди за времето потрошено...





И ќе заборавев! На крај одат во фрижидер околу саат време. Не бидете лакоми како менецрвенеење


Изменето од evangeline - 08.Април.2015 во 21:17
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 21:37
Нешто слично на рецептот погоре на Евангелине:
Еднаш ги имам направено, ама сакам да ги направам пак!! Наместо кикиритки, путер од кикиритки!! Цимерот отиде до супермаркет и наместо еурокрем зел путер од кикиритки.. Стоеше така 2 недели никој не го чепна па реков дај да направам нешто ми бодеше во очи плазење
Прецептот е вака:

БАЈАДЕРА СО КИКИРИТКИ:

- 100 гр мелени дигестивни бисквити
- 200 гр шеќер (може да се користи и шеќер во прав 250 гр )
- 200 гр чоколада
- 250 гр путер од кикиритки
- 120 гр путер
- лажица млеко
- лажица путер
- лажица масло

Путерот (обичниот) се топи на среден кон тивок оган, се додава шеќерот и се се меша. Одкако ке се стопи шеќерот ( ако е шеќер во прав не се чека ништо да се стопи туку само се промешува) се содава путерот од кикиритки и одкако ќе омекни се додаваат дигестивните бисквити. Се става на мрсна хартија или хартија за готвење и во меѓувреме се подготвува глазурата. Лажица млеко со путер и масло и чоколада на оган одкако се хомогенизира, се потура врз бајадерата и се става во фрижидер на 2 часа да се стврдне чоколадата.


Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 21:41
Еј слично е ова. Многу сум по тие рецепти со путер од кикирики, ама по дома им биле многу јаки, па погоди кој ги јаде на крај чудесиите излезени од кујна смеење
Да знаеш дека во понеделник ќе направам, си викам да постам утре, задутре...загриженост
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 21:45
Да пратиш наваму една коцка !!

црвенеење


Изменето од Omar - 08.Април.2015 во 22:14
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 21:54
Ама ќе те префрлам во другата тема, печачкатаплазење

Јас правев едни корнети за мрзливи. Ги најдов на мои рецепти
Изгледаат вака и се убави само на лик..

Чоколадни корнети


Многу не се практични за јадење.
А рецепт 





Изменето од evangeline - 08.Април.2015 во 21:57
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.