IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Никола Карев
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Никола Карев

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 15:49
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

МАКЕДОНЕ, изгледа нема да се разбереме. НИКАДЕ ВО ОВА ИНТЕРВИЈУ КАРЕВ НЕ КАЖУВА ДЕКА Е ЕТНИЧКИ МАКЕДОНЕЦ.

Твоето разбирање се формира од толкување на два реда, извадени од контекстот на целото интервју, а и од целиот ход на тогашните настани.
-Македонец ли си
-ДА
-значи тогаш си Грк
- ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ /но не сум Грк/
Па дури и Мисирков не знае за етнички Македонци во 1903 г. а сака допрва да ги создава.

Која беше најголемата грешка на Илинденците според Ангел Динев?


Не се грижи и да не се разбереме, јас и ти и онака никогаш не сме се разбирале.
Моето разбирање се должи на кажаното од Карев и уточнувањата на одговорот по прашањето од Гркот, додека ти доказ за бугарската припадност на Карев ја извлекуваш од толкување.
Мисирков и да не знаел, тоа не значи дека не постоеле. И Џорџ Гордон Бајрон во Македонија не сретнал луѓе кои се идентификувале како Бугари, но тоа не значи дека истите не постоеле.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 16:00


Е тоа ти е Бугарска будалаштина и простотлук - пишува убаво ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ - ама Бугарин тоа секако ке го протолкува ама како Македонец нема да го протолкува
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 16:29
Дали интервуто е вистинско? Jас сметам дека е наплно измислено од репортерот (со звучната грцка фамилиjа СТАМ ??? Повеке ми личи на фамилиата на еден холандски фудбалер Jап Стам). Да припомним фактите:
1. Смилевскиот конгрес се одржал од 2 до 7 мај 1903 година во с. Смилево. Карев е учествал до последниот ден на конгресот.
2. "Интервуто" е публикувано во весник "Акрополис" на 8 маj 1903 г. Журналистот Стам се видел во един битолски хотел (хотел "Монастирион") со некаков си учител, на коj не му сочи фамилиjата.
---
Требе да е jасно веероватно има разминаване на датите во стар или нов стил. Датите на Смилевскиот конгрес са во новиот стил а датат на интервуто - во стар стил - т. е. разлика од 13-14 дни. Или интервуто требе да е публикувано на 22 маj 1903 г. по новиот стил.
---
Тука возникват два основателни вопроса:
1. какво е дирил Никола Карев во луксозен хотел во Битола? Ако не се лажем Смилево е по средата помегу Крушево и Битола. Карев наместо да се врне на север кон Крушево тргнал на jуг кон Битола? Нема логика. Дури тоа интерву да е било преди конгресот пак остаа вопросот каво е правил во Битола преди конгресот?
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 16:52
Originally posted by чоли чоли напиша:

Дали интервуто е вистинско? Jас сметам дека е наплно измислено од репортерот (со звучната грцка фамилиjа СТАМ ??? Повеке ми личи на фамилиата на еден холандски фудбалер Jап Стам).


Постои во Грција презиме Стаматос.

Originally posted by чоли чоли напиша:


Да припомним фактите:
1. Смилевскиот конгрес се одржал од 2 до 7 мај 1903 година во с. Смилево. Карев е учествал до последниот ден на конгресот.
2. "Интервуто" е публикувано во весник "Акрополис" на 8 маj 1903 г. Журналистот Стам се видел во един битолски хотел (хотел "Монастирион") со некаков си учител, на коj не му сочи фамилиjата.


Веројатно грчкиот новинар бил во Битола токму со таква намера, иако можеби и вистинската намера била шпионирање. Сепак, грчкиот конзулат во Битола бил запознаен со фактот дека некакво востание се подготвува, па дури и Турците ги известиле дека нешто не е во ред. Чинам дека поседувам нешто, ќе го постирам кога ќе го пронајдам.

---
Originally posted by чоли чоли напиша:


Требе да е jасно веероватно има разминаване на датите во стар или нов стил. Датите на Смилевскиот конгрес са во новиот стил а датат на интервуто - во стар стил - т. е. разлика од 13-14 дни. Или интервуто требе да е публикувано на 22 маj 1903 г. по новиот стил.
---

Тука возникват два основателни вопроса:
1. какво е дирил Никола Карев во луксозен хотел во Битола? Ако не се лажем Смилево е по средата помегу Крушево и Битола. Карев наместо да се врне на север кон Крушево тргнал на jуг кон Битола? Нема логика. Дури тоа интерву да е било преди конгресот пак остаа вопросот каво е правил во Битола преди конгресот?


Можеби новинарот го побарал да го види, со цел нешто да извлече од него, а од друга страна Карев сигурно во тоа видел начин да се привлече симпатија од Грција и да ги увери дека не и се наклонети на Бугарија и дека не и се непријатели на Грција, затоа што и Карев најверојатно добивал информации дека Грците се раздвижени и дека соработуваат со Турците.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 16:53
А што би ја интересирала Македонската историографија твоето паушално мислење

1.Бугарин си и не ти одговара!
2.Мрзиш Македонци затоа и не ти одговара Никола Карев да е еден од Македонските херојски личности!
3.Ако постојат Македонци како Карев нормално ти ке бидеш поблиску до Турчин отколку до Македонец! и последно но исто така многу важно
4.Секој Македонец неможе да ти верува поради погорните заклучоци онака извадени од ракав
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 17:09
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

А што би ја интересирала Македонската историографија твоето паушално мислење

1.Бугарин си и не ти одговара!
2.Мрзиш Македонци затоа и не ти одговара Никола Карев да е еден од Македонските херојски личности!
3.Ако постојат Македонци како Карев нормално ти ке бидеш поблиску до Турчин отколку до Македонец! и последно но исто така многу важно
4.Секој Македонец неможе да ти верува поради погорните заклучоци онака извадени од ракав

Е па самиот Карев (Никола иили некоj друг)е казал што е бугорофрон:

Новинарот, чиј идентитет на крајот е означен со иницијали, ни ја открива личноста со која се сретнал, со следниот краток осврт: Во Битола ја имав среќата и честа да
се запознаам со еден бугаризиран Македонец - учител, член на Комитетот
кој се вика Карев. Со овој човек случајно се запознав во хот.
"Монастирион", односно "Отел Монастир", како што го викаат во Битола.
Карев се држеше многу резервирано кон мене се до оној момент кога
"Гркот од Крушево, по име Папагудас" не ми го претстави. Потоа се
ослободи и откако погледа лево-десно ми призна дека бил "бугарофрон" и
член на Комитетот.
---
Што значи терминот
бугарофрон?


Што се однесува до содржината на интервјуто оставам да суди науката и
читателите. Мое мислење е дека тоа содржи контрадикторности и
нелогичности. Интервјуто всушност и започнува со една нелогичност.
Карев изјавува дека е **Бугарин по убедување**
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 17:13
Originally posted by Македон Македон напиша:


Можеби новинарот го побарал да го види, со цел нешто да извлече од него, а од друга страна Карев сигурно во тоа видел начин да се привлече симпатија од Грција и да ги увери дека не и се наклонети на Бугарија и дека не и се непријатели на Грција, затоа што и Карев најверојатно добивал информации дека Грците се раздвижени и дека соработуваат со Турците.


Новинарот не е знаел со коj си има работа... Со него го е запознал еден грк од Крушево со име папагудас (барем така пише). Дали верваш што Карев на еден грк ке признае што е член на комитетот?
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 17:20
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Можеби новинарот го побарал да го види, со цел нешто да извлече од него, а од друга страна Карев сигурно во тоа видел начин да се привлече симпатија од Грција и да ги увери дека не и се наклонети на Бугарија и дека не и се непријатели на Грција, затоа што и Карев најверојатно добивал информации дека Грците се раздвижени и дека соработуваат со Турците.


Новинарот не е знаел со коj си има работа... Со него го е запознал еден грк од Крушево со име папагудас (барем така пише). Дали верваш што Карев на еден грк ке признае што е член на комитетот?


Да, особено доколку му треба публицитет. Зарем мислиш дека оној Грк од Крушево не знаел, или дека конзулатот во Битола не бил запознаен со активностите на Карев, особено доколку Гркот од Крушево бил еден вид посредник помеѓу новинарот и Карев?
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 17:27
Originally posted by Македон Македон напиша:


Да, особено доколку му треба публицитет. Зарем мислиш дека оној Грк од Крушево не знаел, или дека конзулатот во Битола не бил запознаен со активностите на Карев, особено доколку Гркот од Крушево бил еден вид посредник помеѓу новинарот и Карев?


на Карев не му треба никаков публицет. Нели организациjата ТМОРО е "таjна". Си заборавил што "интервуто е взето непосретствено след Солунските атентати:

Овие работи ги измислувате вие Грците како и другите.

— Кои други?

— Ете, тие во Солун, поставивте вие луѓе да го направат тоа што го направија за да го оцрните Комитетот (станува збор за Солунските атентати, б.м.).
---
Карев обвинува Грците што организирали солунските атентати да оцрнат Комитетот? Смев....
---
Публицитет ке тражи Комитетот (ВМОК). Да не би тоа интерву да е взето од некоj врховист коj се е претставил како Карев (нели не е показал паспортот си на Стаматис?)
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 17:35
Originally posted by Македон Македон напиша:


Да, особено доколку му треба публицитет. Зарем мислиш дека оној Грк од Крушево не знаел, или дека конзулатот во Битола не бил запознаен со активностите на Карев, особено доколку Гркот од Крушево бил еден вид посредник помеѓу новинарот и Карев?


Originally posted by чоли чоли напиша:


на Карев не му треба никаков публицет. Нели организациjата ТМОРО е "таjна".


Организацијата е тајна, но погледни го ова.


Originally posted by чоли чоли напиша:


Си заборавил што "интервуто е взето непосретствено след Солунските атентати:

Овие работи ги измислувате вие Грците како и другите.

— Кои други?

— Ете, тие во Солун, поставивте вие луѓе да го направат тоа што го направија за да го оцрните Комитетот (станува збор за Солунските атентати, б.м.).


Колку што знам, не сите членови се согласувале со акциите на солунските атентатори. Некои се залагале за четничка борба, други за терористички напади.

Originally posted by чоли чоли напиша:


---
Карев обвинува Грците што организирали солунските атентати да оцрнат Комитетот? Смев....


Зошто да не ги обвинува? Ако не бил запознаен со сите тие настани, во период кога се подготвува востание, зарем немало да помисли дека е обид за привлекување на внимание на Турците?

Originally posted by чоли чоли напиша:


---
Публицитет ке тражи Комитетот (ВМОК). Да не би тоа интерву да е взето од некоj врховист коj се е претставил како Карев (нели не е показал паспортот си на Стаматис?).


Погледни го линкот кој го поставив.

Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 18:07
Originally posted by Македон Македон напиша:


---
Публицитет ке тражи Комитетот (ВМОК). Да не би тоа интерву да е взето од некоj врховист коj се е претставил како Карев (нели не е показал паспортот си на Стаматис?).


Погледни го линкот кој го поставив.

[/QUOTE]
сепак ова е ракописен Апел и предназначен да биде четен само од наj доверените луге - членове, приврженици и симпатизанти на организициjата. Трудно е да се нарече трсене на публицитет, зоштото не е публикуван во весник "Акрополис" например.
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 18:11
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by чоли чоли напиша:

    
---
Публицитет ке тражи Комитетот (ВМОК). Да не би тоа интерву да е взето од некоj врховист коj се е претставил како Карев (нели не е показал паспортот си на Стаматис?).


Погледни го линкот кој го поставив.


сепак ова е ракописен Апел и предназначен да биде четен само од наj доверените луге - членове, приврженици и симпатизанти на организициjата. Трудно е да се нарече трсене на публицитет, зоштото не е публикуван во весник "Акрополис" например.


Не е публицитет, но е испратено во Атина меѓу Македонците. Зарем сметаш дека нешто испратено во главниот град на Грција, немало да стане познато и на Грци?

Изменето од Македон - 25.Август.2010 во 18:11
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 18:17

Многу е јасно и гласно,секој додатен коментар е бурлеска

Originally posted by Boogie Boogie напиша:


Originally posted by Boogie Boogie напиша:

АЈдееееееееееее - забегавте,ама ништо не докажавте - значи
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

— ‚Македонец ли си?‛, го прашувам.


— Да.


— И следователно Грк?


— ‚За ова не знам‛, ми одговори, ‚јас сум Македонец‛.


— ‚Непосреден наследник на Александар Велики?‛, му велам иронично.


— Да.


— И Александар Македонски што беше, ве молам?


— Не знам, но историјата вели дека бил Грк.


— Тогаш и ти, како негов наследник, си Грк.


— ‚Не‛, ми одговори.


— ‚Тогаш‛, го прашувам пак, ‚зошто кога веќе сте Грк сакате да се ослободите преку Бугарија?‛.


— Која Бугарија, мислиш на Комитетот?


— Да.


— Ти одговорам дека Комитетот не е бугарски и, второ, изгледа дека
сме наклонети кон Бугаија затоа што само таа се покажува расположена да
ни помогне. И Грција, ако го правеше истото, ќе ја прифатевме со целото
наше срце.


— Бугарската заштита ја гледате само површно, Бугарија не сака да ве ослободи од турското ропство, туку да ве потчини.


— Хм! Ако Бугарија мисли да нè претвори во нејзина провинција, си
направила лоша пресметка. Инаку, нас не нè интересира што мисли
Бугарија, туку обрнуваме внимание само на следново: "Si ja postignuvame
li celta"? Si ja dobivame li nasata sloboda? Не нè интересира дали ќе
нè ослободи Грција или Бугарија. Единствено што може да добие секоја
една од нив е само наша благодарност.


— Добро, ако се ослободите, што сакате да бидете, автономна?


— Да, како што е во Швајцарија, во која трие различни племиња живеат во крајна хармонија и љубов.


— Да, но, знаете дека на таков начин вршите услуга на интересите на Панславистичката Етерија, чиј огранок е и Комитетот?


— Каква услуга вршиме?


— Како што се изјасни погоре Македонија е грчка земја, а ако секоја
грчка земја бара да биде антономна тогаш доаѓа до ослабнување на
Грција, а тоа го бара Панславистичката Етерија.


— Зошто го бара?


— За еден ден да нè пороби и нас и вас, и затоа сака да нè најде слаби за да го постигне тоа полесно.


Карев за момент изгледаше замислен. Јас побрзав да го прекинам молчењето.


— Зошто не сакате да се обедините со Грција?


— Затоа што ако не земе Мореа (Грција) ќе стане една голема држава и
следователно монархија. Во таков случај ќе произлезат многу зла — прво
монархијата и тоа што произлегува од неа, а второ, Грција ќе не натера
да војуваме со Бугарија, нешто што (ние) не го сакаме.


— Вие што сакате?


Ми ја покажа капата:


— Сакаме република.


— Демократија и пријателство со Бугарија?


— Не само со Бугарија, туку со секој што ќе ни помогне да се ослободиме.


— Со Бугарија сакате да се обединете?


— Не, не!


— И ова ви го проповеда Комитетот?


— Да.


— Тогаш овој Комитет кој толку многу се грижи за вашата независност
зошто не бара заштита од Грција која има повеќе должности да ве
ослободи, туку клоните кон варварите?


— Да ви одговорам веднаш. Ние личиме на човек кој паднал во морето и
се наоѓа во опасност, секој момент да се удави. Е, не ми велите, ве
молам, овој човек за да се спапи ќе се фати ли за сè што ќе најде во
тој момент пред себе, дури и за змија? Во таква положба сме ние, дури и
Турчин да ни пружи рака за спас ќе ја грабниме со благодарност.


— Но, грчките првенци, свештеници и учители зошто ги убивате кога немате ништо посебно против никој?



— Ова се лаги. Комитетот не убива само Грци, туку и Бугари и Срби и Турци и секого кој предава.


— Ова се изговори за гревовите, уништивте многу грчки патриоти затоа што не даваа пари за вашиот Комитет.


— Овие работи ги измислувате вие Грците како и другите.


— Кои други?


— Ете, тие во Солун, поставивте вие луѓе да го направат тоа што го
направија за да го оцрните Комитетот (станува збор за Солунските
атентати, б.м.).


Не можев да се воздржам и страшно се насмеав што предизвика љубопитност кај сопственикот Таску Квата, кој ми се приближи.


— Што ти вели? Ме праша.


— Тоа и тоа.


— Хм! Ама како ќе се види дека е Бугарин дебелоглавец, ако не беше
Бугарин не ќе кажуваше такви зборови, особено сега кога и ѕидовите
имаат уши.


— Да, да ова што ви го велам јас повтори Карев — едно дрво кое ја
проби земјата и изникна, зошто да не го вадат сите за да порасне?


— Да.


— Да, но знаете со што го вади Бугарија. Со отров на омраза кон грцизмот.


— Како и да е ова вадење (полевање), н# освежува и н# натера да ги
завртиме гранките кон онаа страна кон која, признаваме дека ништо не н#
поврзува и да бегаме од вас со кои немаме иста крв и иста историја; ова
е на некој начин протест против грчкото интересирање (за нас).


— Ова што го велиш е резултат на бугарското вадење, зашто Грција
никогаш не престанала да ве поддржува и со писменоста и со оружје.


И пак Карев не ми одговори.


— ‚И сега, по последните настани што мислите да правите?‛, го прашав. (Се мисли на таканареченото Горноџумајско востание од есента 1902 б.м.)


— Ништо друго освен да ја продолжиме борбата.


— Да, но зар не знаете дека зад таа борба се крие борба подла и нечесна?


— Тоа нас не нè интересира, доволно е да си ја постигнеме нашата цел.


— Значи и со убиста?


— Штом се вршат за доброто на еден народ.


— Имате право какви учители имавте такви лекции научивте...


Карев пак не ми одговори, само стана и полека тргна кон неговата
соба, додека зад него сите гости на хотелот на разни начини ги
коментираа неговите зборови.



Многу
Кон врв
depo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај depo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 19:18
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

МАКЕДОНЕ, изгледа нема да се разбереме. НИКАДЕ ВО ОВА ИНТЕРВИЈУ КАРЕВ НЕ КАЖУВА ДЕКА Е ЕТНИЧКИ МАКЕДОНЕЦ.

Твоето разбирање се формира од толкување на два реда, извадени од контекстот на целото интервју, а и од целиот ход на тогашните настани.
-Македонец ли си
-ДА
-значи тогаш си Грк
- ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ /но не сум Грк/
Па дури и Мисирков не знае за етнички Македонци во 1903 г. а сака допрва да ги создава.

Која беше најголемата грешка на Илинденците според Ангел Динев?

Како мислиш дека не кажал дека е етнички Македонец. Заради тоа што не напишал „етнички македонец“ ли? Па ако е така кој бугарин пишувал со зборовите дека е „етнички бугарин“.

Мисирков знае за етнички Македонци иако тогаш не се употребувал толку тој поим.

„Овој површен поглед врз историјата на Македонија ми се чини не само што покажува дека ние Македонците си имаме своја историја и дека сме народ чии судбини се развивале во врска со судбините на другите соседни нам народи, но и дека има во нашата историја многу самобитно и своеобразно, како што е, да речеме, самостојната Охридска архиепископија со нејзиното работење полето на народното просветување. Исто така, овој историски поглед покажува дека речиси во сите времиња се забележува силно работење на народниот дух врз културно-историска основа, резултат на која се јавува образувањето на силна македонска држава од царот Самуил и богата народна литература.

А ако Македонија досега, со мали исклучоци, се развивала одделно од Бугарија и Србија, тогаш таа може да го прави тоа и во иднина, уште повеќе што пропагандите - бугарската и српската - ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да искоренат сe самобитно, сe чисто македонско во нашиот народен живот.“


„Ние видовме оти во Македонија името Бугарин е последната метаморфоза во развивањето на нашето национално самосознание (значи за македонците се употребувани многу имиња , кои во зависност од пропагандата дали српска или бугарска се сметани за национални , но бугарското е последно кое доаѓа во употреба)и дека е резултат на таа политика и општествена положба во којашто бевме поставени од завојувањето на Балканскиот Полуостров од Турците. Врз основа на сето тоа што го реков јас за историјата на националните имиња што се имаат сменувано едно со друго, како и за причините за тие сменувања, ќе изникнат многу злоупотреби (како што ти злоупотребуваш денес, алал да му е на Мисирков каков визионер бил). Можеби мнозина ќе ме осудат како србофил. Можеби самите Срби на него ќе ги засновуваат своите шовинистички претензии на Македонија. Можеби, најпосле, ќе го експлоатираат Србите сето речено за изменувањето на нашето национално име за да докажат дека Македонците никогаш немале национално самосознание и не играле никаква самостојна историска улога, ами влегувале само како суров материјал во државниот организам на бугарската или на српската држава“
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.