IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Теорија на Еволуцијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Теорија на Еволуцијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 24>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 10:34
Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Nekoj uporno saka da stane majmun....vidis so teorija na evolucijata na Darvin gospod ni dal sansa da staneme majmuni no sepak da evoluirame vo nesto povece od majmun .... no ocigledno nekoj ne saka da go napravi toa....

Kako i da onie sto veruvaat deka nastanale od majmun neka si veruvaat i neka im e so sreca majmunskiot zivot..

Onie sto veruvaaat deka Bog gi napravil neka si veruvaat i so sreca neka im e bozenstveniot zivot...

A onie pak koi veruvaat deka ne veruvaat vo toa sto ne veruvaat neka im e so sreca nula po nula e sepak nula ...

vidi sega vaka templarius....nikoj od nas i da saka sega i ne moze da stane majmun oti toa bi bilo vrakanje na nazad vo evolucija ..i vo religiska smisla ako bi se zemalo vrakanjeto ke se dobie zaklucok deka bog zgreshil.
isto taka se zaborava deka coveckiot genetski kod e slicen eve za primer so shimpanzo... vo 98% imame isti geni so shimpanzo ama tie 2% od razlikite ne pravat tolku mnogu razlicni........
jas nemem nishto protiv tie shto veruvaat vo nekoja religija....neka si veruvaat toa im nosi mozebi nekoj dushevan mir.......
a matematicki gledano postojat matematicari koi so pomosh na matemeticki dokazi mozat da dokazat deka nula po nula moze da bide eden...
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 14:41
Originally posted by Ateist Ateist напиша:


И за премините исто има докази кои ти сакаш да ги сокриеш или не сакаш да ги гледаш или пак воопшто не знаеш за нив.
 
Јас ништо не кријам, туку отворено пишувам дека нема ниту еден доказ за Еволуцијата, ниту дека се случила, ниту дека се случува. Отворено зборувам дека сите о"доказите"биди, сите експерименти кои биле направени (со растенија, со микроорганизми) за да се иницира една убрзана еволуција биле погубни за еволуцијата.
Сите "докази" кои се пласираат за некакви си фосили на премин се од смешни посмешни, дополнителни сцени од веќе изрежираната драма на Дарвин и следбениците негови.
 
атеист, јас многу добро ги знам "доказите" за еволуцијата, наспроти твоите високонаучни аргументи од научните книги: Дневник, Вест, Нова Македонија, Време, Шпиц итн газење%20од%20смеење газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење
 
Дозволи ми да ти наведам еден многу познат научен "доказ" кој пред извесно време се обиде да ја докаже еволуцијата...
 
Тоа е Човекот од Небарска (Мислам дека беше од Небарска), за кого еволуционистите направија скоро цел филм од претпоставки, дури се обидоа и да го нацртаат како изгледал, како живеел, како јадел итн. А верувале или не, се работело само за еден заб! газење%20од%20смеење Група ентузијасти (еволуционисти-режисери) се собраа околу еден заб и направија долгометражен цртан филм за еволуцијата на човекот голема%20насмевка
За оваа пародија да ја достигне својата кулминација, подоцна се установи дека тој заб најверојатно бил од некој исчезнат вид на свињи газење%20од%20смеење

Наместо еволуционистите да се засрамат што не ги најдоа нивните очекувани илјадници милиони видови на премин, тие дигаат бучава со неколку запчиња и некои малку измодифицирани луѓе или мајмунчиња кои, како и да изгледаат, си се во ракмите на својот вид, токму онака како што тврди Библијата.
Утре ќе најдат фосил од некој грбав старец и ќе почнат да гракаат по јавноста дека нашле фосил од некој мајмун што имал вилица на човек и демек тоа е доказ за "преодната алка". Задутре ќе најдат фосил од човек без нога и ќе речат еве овој бил лазач, па сега еволуирал во човек газење%20од%20смеење
 
Зарем толку не разбирате, дека од милиони фосили еволуционистите се фатиле за одвај десетина дискутабилни и смешни фосили на некои болни или рахитични животни. Оваа бројка ја сече еволуцијата во самиот корен, затоа што истата очекуваше милиони видови на премин, а не десетина дискутабилни и научно оспорени "доказчиња". Еволуцијата очекуваше 99% од фосилите да бидат фосили на премин, а не неколку запчиња и по некој рахитичен човек. среќа
 
Штета што не сум дома и не можам подетално да ги разобличам "доказите" за еволуцијата, ама и тоа ќе биде.
Поздрав!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 14:47
Во областа Glen Rose (Texas), откриени се многу стапки на диносаурси кои според претпоставките на еволуционистите потекнуваат од пред 70-200 милиони години.
Но само малку подоцна, во истите фосили, откриени се и човечки стапки! Тоа би значело дек човекот постоел пред 70-200 милиони години, а не како што тврдат еволуционистите дека тој се развил во последниве 1-3 милиони години!
Каква збрка за еволуционистите, што бараат човекот и диносаурсот заедно?
 
Во врска со овој неочекуван шок на еволуционистите, еден автор го напишал следново во познаттото списание Scientific American:
 
"Ако човекот и неговиот предок - мајмунот, или дури и предокот на мајмунот, постоел толку одмана (пред 70-200 милиони години), тогаш целата геологија како науа е погрешна и сите геолози треба да си поднесат оставка и да се преквалификуваат во такси возачи!" голема%20насмевка
 
Albert C. Ingalls "The Carboniferus Mystery", vol. 162 Scientific American, January 1940, str. 14
 
Се разбира геологијата како наука не е погрешна, туку претпоставките на еволуционистичките геолози биле погрешни.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 14:58
Едно неодамнешно открие ги вознемири научните, социолошките и теолошките авторитети, преку масовното генетското испитување на сите краишта на светот кое потврди дека сите луѓе на светот се потомци на еден комплетно „еволуиран“ маж и една комплетно „еволуирана“ жена. Не само што ова ги збуни еволуционистите кои претпоставуваа дека се случувала симултана еволуција на повеќе места, со повеќе еволуирани „хомо сапиенси“, туку ги збуни уште повеќе заради добро познатите опасности од дегенерација при инцестно размножување.
 
Ова откритие беше презентирано во два документарци на познатите ТВ станици National Geographic со наслов Потрагата по научниот Адам“ и Discovery со наслов „Вистинската Ева“.
 
За успешна еволуција, потребни се многу обиди, години и многу размножување. Како е можно, наместо „многу“ да има само една успешна еволуција? Зошто ниеден друг хомо сапиенс не еволуирал? И зошто, не е само еден, туку баш двајца: маж и жена?
 
Сепак иако горното откритие е погубно за теоријата на еволуцијата, тоа е во согласност со Библискиото учење за создавањето на човекот.
 
На самиот почеток постоеле само еден маж и една жена. Засега, не се пронајдени докази дека постоеле и други луѓе, вон пра-родителите, сакате наречете ги Адам и Ева, како што ги нарекува Библијата или „Научниот Адам“ и „Вистинската Ева“ како што ги нарекле генетичарите.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 15:01
evangelos ama na NATIONAL GEOGRAPHIC se zboruvashe samo za maz..eden dominanten ...ne spomnaa zena...koj najverovatno prv pocnal da govori i potoa imal potomci vrz koi se prefrlile negovite geni za razvoj na govorot..
i toa se zema za pocetok na sovremeniot HOMO SAPIENS -SAPIENS....pred okolu 70000 iljadi godini...
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 16:22
Научните достигнувања во Вест, Дневник итн... не се измислени од редакциите на тие весници, туку научни откритија кои некој ги искажал. А во агенциски вести многу повеке верувам отколку во некоер книжуле напишано од којзнае кој (или кои). Не знам што треба повеќе како доказ да ви се даде? Сакате некој пред 50 милини години да поставил камера и вие да го видите филмот?
Самото постоење на видови кои не ги створил господ, не зборува ли многу? Сличноста на тие меѓуформи кои сепак постоеле, иако ти ги негираш, се доволен доказ.
А ако сакаш на шега да зборуваме за заби од свињи, може да зборуваме и за инцест меѓу синовите и ќерките на Адам и Ева, за глупостите од Типот Нека биде и бидна за 6 дена, за чедноста на дева Марија и уште многу други.
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 16:28
Атеист - со оглед на тоа што неверувањето во Бога и во Создавањето го базирате на наука - тогаш пристапете научно... Кои се доказите за еволуцијата? Не теории, претпоставки и веројатности, туку докази... До сега, во современата наука не постои таков доказ (нешто што е докажано, утврдено, несоборливо, факт). Сите тие откритија кои се спомнуваат во новинските агенции се само изјави на луѓето кои го направиле тоа откритие, и ако прочиташ во изјавите убаво, ќе видиш дека повеќе станува збор за намери и желби - односно, нивна надеж дека ете, токму ова откритие ќе ја докаже еволуцијата. И ваквите изјави се обично давани веднаш по самото откритие, што се вели - додека е уште пресна земјата. Наврати се на истото тоа откритие неколку години подоцна (сериозно - пробарај по интернет), ќе видиш дека по долготрајни проучувања, не се стигнува ни блиску до доказ за еволуцијата...
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 16:50
Originally posted by Ateist Ateist напиша:

Научните достигнувања во Вест, Дневник итн... не се измислени од редакциите на тие весници, туку научни откритија кои некој ги искажал.
 
Да да, како и оние "научни досгтигнувања" од M Express што велеа дека Марсовци се симнале во Штипско газење%20од%20смеење
Мило мое атеистче, научните достигнувања не се презентираат по некои весничиња или некои маалски флаери. Весниците се отворен медуим и ги пишуваат новинари. Тие се до гуша исполитизирани и индоктринизирани.
 
Originally posted by Ateist Ateist напиша:

А во агенциски вести многу повеке верувам отколку во некоер книжуле напишано од којзнае кој (или кои).

Јас пак повеќе им верувам на научните докторати, научните книги, научните списанија, енциклопедии и сл. Сметам дека докторите по наука се покомпетентни од новинарите на Вест, Шпиц, М Експрес итн. голема%20насмевка
Originally posted by Ateist Ateist напиша:

А ако сакаш на шега да зборуваме за заби од свињи, може да зборуваме и за инцест меѓу синовите и ќерките на Адам и Ева, за глупостите од Типот Нека биде и бидна за 6 дена, за чедноста на дева Марија и уште многу други.
 
Тие шеги што ги спомнуваш мил мој се единствените аргументи кои ги понудиле еволуционистите. Тоа шеговито "запче" (Човекот од Небарска) неколку години беше крунински доказ за еволуцијата, се разбира додека не се потврди дека тоа бил некој заб на свиња (Гица Прасица Небарска газење%20од%20смеење)
А сакаш ли да збориме за незаузданиот инцест кој според теоријата на еволицијата се случувал меѓу сите видови на животни, во секоја генерација, меѓу безрбетниците, меѓу рбетниците, меѓу цицачите, кај мајмуните, кај човекот, а се случува и денес во 21 век?
Зарем и тебе ќе те учам дека инцесот во еволуционистичката драма е неспоредливо поголем отколку оној во Библискиот модел кој веднаш бил санкциониран во времето на Мојсеј?
 
Зошто сакаш да збориме за дева Марија? Каква врска има таа со темава? Повторно ли во недостиг на сериозни аргументи сакаш да го промениш топикот на темава?
 
На англиски јазик постојат илјадници научни книги кои јасно и концизно ја побиваат теоријата на еволуцијата. На македонски јазик исто така постојат такви книги, од кои ви ги препорачувам следниве:
 
Да на Библијата, Не на Еволуцијата.
Одговори на 20-те најчесто поставувани прашања за создавањето на светот
Создавање или еволуција.
Поразување на Дарвинизмот.
итн, за повеќе информации околу тоа каде можете да ги набавите овие книги контактирајте ме по лична порака или кликнете на соодветната книга.
 
   
 
Поздрав!


Изменето од EvAngelos - 14.Јули.2008 во 16:52
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 16:53
Evolucija e samo sledstven razvoj na
toa sto moralo da bide...
No dali toa go islkucuva postoenjeto na tvorecot..
Dali...???
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 17:52
Originally posted by Ateist Ateist напиша:

Време, број 884, 01.11.2006

Најдени коски од модерен човек од пред 30.000 години

Археолозите што ги истражувале коските пронајдени во пештерата „Муиери” во Романија заклучиле дека остатоците се стари и 30.000 години и дека потекнуваат од некои од првите модерни луѓе што ја населиле Европа. Научниците забележале и дека коските имале особини и на модерниот човек и на неандерталецот, што само по себе поставува нови прашања за местото на неандерталецот во еволутивното дрво на модерниот човек.

Коските биле ископани во 1952 година, но неодамна темелно биле испитани. Досега во Европа биле најдени многу мало количество останки од модерниот човек постари од 28.000 години. . Резултатите од истражувањата што ги направил Ерик Тринкаус покажале дека фосилите биле стари 30.000 години и биле забележани карактеристики на модерниот човек (Хомо сапиенс). Но, професорот Тринкаус истакнал и дека коските имале и особини карактеристични за нашиот еволутивен роднина, неандерталскиот човек (Хомо неандертхаленсис).

Европските фосилни остатоци покажале дека неандерталците на овие простори постоеле од пред 400.000 години. Тие биле моќни ловци, кои ги населувале териториите од Британија и Иберија на запад, Израел на југ, па се до Узбекистан на исток. Се верува дека модерниот човек се населил во Европа пред околу 40.000 години и дека за околу 15.000 години, од неговото доселување, неандерталецот сосема исчезнал.

Научниците изјавиле дека податоците од овие скелети може да го зголемат знаењето за раните европски доселеници, но додале и дека имаат намера да направат ДНК-тестови што ќе покажат дали модерниот човек се мешал со неандерталците. Черепи од вакви „хибриди” претходно биле пронајдени и во Чешка, а во 1998 година во Португалија бил откопан детски скелет, кој бил опишан како мешавина меѓу неандерталец и модерен човек.



Не ми личи на новинарски запис туку изјави на сериозни научници
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 18:08
Атеист - следниот пат за таков коментар ќе те банирам... тоа е нарушување на најосновните верски чувства и на Христијани и на Муслимани!
Do what is right, come what may...
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 18:14
Originally posted by Ateist Ateist напиша:


Јас не се подбивам со твојата верба но кога веке ме влечеш за јазик...

---цензурирано---



Освен што тука ќе-да-прекршуваш некои правила на културно понашање на форумов, трескаш такви зелени, што совест ме гризе што ти одговарам... ама посилно е од мене. Значи, тркни на Википедија (не мора подалеку...

Аууу цензура модератоска - when you last expected! А јас уште почнав да одговарам. Браво моде! (еве да не кажеш дека само критикувам)

Изменето од Al_Masih_Qam - 14.Јули.2008 во 18:15
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 18:16
Да се вратиме на темата...
Атеист - повторно ќе потенцирам дека новинските извештаи не се научни статии и документи, туку пред се - статии кои имаат за цел да предизвикаат сензација и интерес кај читателите.
Ако прочиташ малку повеќе за оваа тема и ако прочиташ што точно работи господинот Ерик Тринкаус, кој е еден од најпознатите истражувачи во таа област, ќе видиш дека тој самиот тврди дека човекот е исклучот од еволуцијата. Според Тринкаус, најверојатно продукт на еволуцијата е неандрталецот, а човекот е суштество кое е посебна гранка во таа еволуција, а не наследник на неандрталецот. Токму тој докажува дека неандрталецот и човекот живееле во еден ист период, а не едно по друго и не преминале од еден вид во друг. Напротив - неговите проучувања докажуваат дека човекот го истребил неандрталецот како понесовршен вид.
Сепак, она што е најбитно за нашава тема е што неговата теза за еволуцијата се базира повторно на претпоставка. Односно - според него (како што впрочем и според самиот Дарвин), еволуција е она што најверојатно се случило и е најверојатното објаснување за начинот на кој се настанати видовите кои ги имаме денес.
Никаде, во ниеден момент, ниту тој, ниту Дарвин не тврдат дека е тоа факт, односно не се во состојба да приложат докази.

Еве нешто од новинскиот извештај, како поткрепа на истово:
"Научниците изјавиле дека податоците од овие скелети може да го зголемат знаењето за раните европски доселеници, но додале и дека имаат намера да направат ДНК-тестови што ќе покажат дали модерниот човек се мешал со неандерталците. Черепи од вакви „хибриди” претходно биле пронајдени и во Чешка, а во 1998 година во Португалија бил откопан детски скелет, кој бил опишан како мешавина меѓу неандерталец и модерен човек."

Обрни внимание - имаат намера да направат такви тестови... ова е од пред 2 години и сеуште никој не докажал таква врска според направените ДНК тестови...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 18:33
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Атеист - следниот пат за таков коментар ќе те банирам... тоа е нарушување на најосновните верски чувства и на Христијани и на Муслимани!

Ауууу навредив нечии чувства? Е драги мои верничиња, Боли вистината нели?
Така јас гледам на работите и тоа е мојот став, не мора никој да се сложи. Не употребувам вулгарности и не се подбивам како некои овде на форумов (нема да им го спомнам името, ќе се препознаат сами) и тоа повторувајќи исти работи повеќепати, небаре ако го кажат истото барем 100 пати ќе стане вистина. Таа работа Мр. Ев. не оди така.

А ако постои демократијана форумов, (почнувам да се сомневам дека постои) ќе можам слободно да си го искажам своето мислење по било која тема. А за бан господине зидарски можете, некој ви го дал тоа право и ако некое мислење не ви се допаѓа, тоа право може и да го искористите. Се нешто ме потсетува на инквизицијата или на Орвеловата „1984-та“........

Изменето од Ateist - 14.Јули.2008 во 18:39
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 24>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.