IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 68>
Автор
Порака
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2007 во 20:19

Преподобен Исидор Пелусиот (04/02)

Родум Мисирец; син на угледни родители и роднина на александриските патријарси Теофил и Кирил. Откако ги проучи сите светски науки, се одрече од богатството и светската слава и сиот му се предаде на духовниот живот заради љубовта Христова. Беше голем и усрден бранител и толкувач на православната вера. Според тврдењето на историчарот Никифор, Св. Исидор им напиша над десет илјади писма на разни лица, во кои едни ги укорува, други ги советува, трети ги теши, четврти ги поучува: „Поважно е да се поучуваш на добродетелен живот одошто на красноречиво проповедање“, пишува тој во едно писмо. Во друго вели: „Ако некој сака неговите добродетели да се покажат големи, нека ги смета за мали и тие навистина ќе се покажат големи“. Прво и основно правило за него беше: прво практикувај, па потоа поучувај, според примерот на Господ Исус. Во времето на гонењето на Златоуст, кога сиот свет се подели на два табори, едните за, а другите против овој голем столб на Православието, Свети Исидор застана на страната на Златоуст. Му пишуваше на патријархот Теофил каква голема светилка на Црквата е Златоуст и го молеше да се одрече од ненавидноста кон него. Поживеа долго, и многу стори прославувајќи Го Христа со живот и со перо и се пресели во Христовото Царство во 436 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2007 во 20:19

Преподобен Николај Исповедник (04/02)

Овој Светител беше од островот Крит. Дојде во Цариград за да го посети својот роднина Теодор, игуменот на Студитскиот манастир, но остана и се замонаши. Како монах Николај ги мина сите подвизи за спасението на душата. Во времето на гонењето на Црквата од страна на Лав Ерменин, Теодор и Николај беа свирепо мачени, биени со воловски жили и најпосле ги фрлија во затвор, каде останаа три години. По смртта на Св. Теодор Николај стана игумен на Студитскиот манастир. Уште за време на животот правеше чуда со силата на Божествената благодат. Така ја исцели од болест Евдокија, жената на царот Василиј, а потоа и Елена, жената на патрицијот Мануил. На угледниот благородник Теофил Мелисен, на кого не му се држеа децата, му ја благослови новородената ќерка и за неа му прорече дека ќе живее и ќе биде многуплодна, а тоа подоцна така и се исполни. На денот на својата смрт Свети Николај ги повика монасите и ги праша што им недостасува. „Жито“, одговорија. Тогаш игуменот им рече: „Оној Којшто го нахрани Израилот среде пустината, по три дена и вам ќе ви испрати пченица во изоблилство“. И навистина, по три дена под манастирот доплови кораб полн со жито, испратен од царот Василиј. Преподобниот Николај се пресели во Царството Небесно во седумдесет и петтата година од животот, на 4 февруари 868 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2007 во 23:54

Светата маченичка Агатија (05/02)

Оваа славна девица и маченичка за Христа има потекло од сицилијанскиот град Палермо, од благородни и имотни родители. Кога царот Декиј подигна гонење на христијаните Света Агатија беше фатена и изведена пред судијата Квинтијан. Тој кога ја виде прекрасна на лице, посака да ја има за жена. Но штом и предложи, Агатија му одговори дека таа е невеста Христова и дека не може да го изневери својот вереник. Судијата ја подложи на тешки маки. Ја биеја, ја исмеваа врзана за едно дрво и ја тепаа до крв. Потоа Квинтијан повторно ја посоветува да се одрече од Христа и да ги избегне натамошните маки, но на ова невестата Христова му одговори: „Овие маки се многу корисни за мене. Како што пченицата не може да влезе во амбарот пред да се очисти од плевата така ни мојата душа не може да влезе во Рајот ако најнапред телото не е скрушено со маки“. Тогаш мачителот нареди и и ги отсекоа градите, па потоа ја фрлија во затвор. Во затворот и се јави апостолот Петар и и го врати целото здравје на телото. Повторно ја изведоа на мачење и повторно ја фрлија во затвор, каде што Му ја предаде својата душа на Бога, во 251 година, во градот Катана, а во времето на царот Декиј. После смртта на Агатија нејзиниот мачител Квинтијан појде да го приграби нејзиниот имот, но по патот се разбеснеа коњите што ги јаваа тој и војниците, па сиот го изгризаа по лицето, го фрлија на земја и го изгазија со нозете намртво. Толку брзо го стигна казната од Бога за дивото злосторство над Света Агатија.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2007 во 23:54

Светата маченичка Теодула (05/02)

Пострада за Христа во времето на нечестивиот римски цар Диоклецијан. При мачењето Теодула го вразуми еден од мачителите, Еладиј, и го приведе кон Христовата вера. Кога Еладиј јавно ја исповеда својата вера во Христа, го убија со меч. На судот Теодула се држеше многу храбро, а за ова судијата ја нарекуваше безумна. Затоа Теодула му рече: „Безумни сте вие што го заборавивте единствениот вистинит Бог, а им се поклонувате на мртвите камења“. Судијата ја подложи на тешки маки, а нив Теодула ги издржа храбро и со оваа храброст во маките многумина ги восхити и ги обрати кон Христа. Меѓу нив беа и двајца угледни граѓани, Макариј и Евагриј. Нив двајцата и мнозина други ги фрлија заедно со Света Теодула во усвитена печка. Така го завршија земниот живот и се удостоија со Христовото царство.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2007 во 23:55

Свети Полиевкт, патријарх Цариградски (05/02)

Заради неговиот висок ум, набожна ревност и чесноговорливост го нарекоа втор Златоуст. Во времето на патријархот Полиевкт и царот Константин Порфирогенит во Цариград дојде и руската кнегиња Олга и таму се крсти во 957 година. Патријархот ја крсти, а царот и беше кум. Свети Полиевкт пророчки и рече: „Благословена си ти меѓу руските жени, зашто ја засака светлината и ја отфрли темнината, ќе те благословуваат синовите руски до последното колено“. Полиевкт беше земен за патријарх во 946 година и остана на патријаршискиот престол до смртта во 970 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2007 во 00:46
ме радува тоа што  се интересираш за вистинската  вера, а Свети Трифун е само еден пример од многуте како се верува во Живиот Бог

Светиот маченик Трифун (01/02)

Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да и помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на враќање им ги раздели на сиромасите. Потоа ова свето момче продолжи да чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј, Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа. Но тој со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О кога би можел да се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна во 250 година.


Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2007 во 19:52

Свети Вукол, епископ Смирненски (06/02)

Ученик на Св. Јован Богослов, којшто и го посвети за епископ на градот Смирна. Во Смирна тогаш имаше малкумина крстени. Свети Вукол блескаше сред темнината на незнабоштвото како јасна свеќа. Се одликуваше со сите добродетели, а особено со благост и со кротост. Пред смртта Вукол го посвети за свој наследник во епископството славниот Поликарп, а самиот мирно се упокои и отиде кај Господ.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2007 во 19:52

Преподобните Варсонуфиј и Јован (06/02)

Големи подвижници од Газа, прозорливци и чудотворци. Ја составија прочуената книга „Одговори“ за многу прашања од духовниот живот

Изменето од чаир - 19.Февруари.2007 во 10:52
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2007 во 22:08
prezemeno od  forum Премин





Родил се како православен христијанин, во херцеговинско село Клепци, које се наоѓа на источна обала на река Неретва. Бил роден во фамилија Мандрапа. Роден е пред крајот на XIX век. Од својто село тргна во Сарајево,каде работеше. Кога почна војна, врати се во село Клепци, но римокатилчки латински усташи, и тамо дошле, побиле цел дом на старецот, а и многи православни во село и околу. Него го нашле во шума, одкаде го одведоја, во злогласно мачилиште Јасеновац, заедно со многумина други православни срби.
Во јануари 1943. таму пострада од усташкиот кољач Жиле Фригановиќ, кој видевши го Вукашин, постар селанин, како со спокојно лице и со некој недостапен мир гледа страшно клање на своја православна браќа, побара од него да викне „Живел Павелиќ„, па како старец ништо не одговори, него мирно и спокојно молчи, мачитељ со кама сечеше едно по едно уво и нос. Кога мачитељ му запрети на светиот, оти и срцето ке му ископа из груди, ако не викне похвала на Павелиќ (кој тогаш спроводеше неверојатен прогон и затирање на православниот народ секаде врз Хрватска и Босна). Блажени маченик Вукашин, мирно погледа во мачитељ и кроз него во Божја неизмерност, полако и разговетно рече: „само ти дете ради својта работа“. Овој одговор и небескиот мир на лицето на Свети Маченик, токлу разбесни мачитељ, оти од бесот ископа очи, исече срцето, прекла светиот и го баци во јама. Потоа, мачитељ полуде и се ова рече во болница, пред лицето на доктро Недо Зец кој подоцна ово и запиша.
Фреска на маченик Вукашин постоји во манастирот Свети Архангели во Белград, потоа бил насликан во Манастир Јовандол, а потоа во многу други цркви и манастири.

Сведочење на мачитељ:

... усташа кој ни говореше, поново заста испи чаша на ракија и настави:

...се сеќаваш, кога во август месец, бил голем настап во логор, кога и Јере Маричиќ посла околу 3000 во Градина на клање. Тогаш, Перо Брица, Зринушиќ, Шипка и јас, сме се кладиле, кој ќе таа ноќ, да побие повеќе логораши. Отпоче клање, и јас после еден саат, по број на поклани луѓе одмакна подалеку од други. Ме обузе тоа вече некој необичен занос, ми се чинеше оти сум на 9то небо, никогаш во животот несум осетил толко блаженство, и веќе после неколку саати заклал сум повеќе од 1.100 луѓе, док остали ако се заклале и око 300, 400.
И тогаш, кога бев во најголем занос, случајно бацив поглед на страна, и таму видев еден старец, селанин, со некој несхватлив мир на лицето, како стоеше и спокојно гледа како јас кољем жртви и како се во најголеми маки претураат телата. Тој негов поглед, некако ме пресече, ми се учини како да сум се од оној најголемиот занос од еднаш скаменил и едно време не могов да се макнем.
Потоа отидов до селанин и од него сазнав оти тој е некој Вукашин, од село Клепци кај Чапљина, чији цел дом пострада док него го нашле во шума и го послале во Јасеновац. Он се тоа говореше, со некој недостапен мир кој мене ме веќе нервираше но цело кукање око мене. Гледајќи и слушајќи овој старец, во мене се разбукта желба да разбием тоа спокојство, со најсвирепо мачење и да во негови маки и со негово стравично копрцање, повратам свој занос и блаженство на уживање бо бол и смртта.
Оддвојил сум го, и го посадив на едно дебло. Наредил сум му да викне: „Живел Павелиќ“. или ако нема да каже, ќе му одсечем увото. Вукашин молчеше.
Откинул сум му увото. Он, ни еден збор не прозбори. Поново му реков да понови „Живел Павелиќ“ или ќе ти одсечам и другото уво, тој уште еднаш молчеше. Откинул сум му и другото уво. Вичи „живел Павелиќ„ или ќе ти го откинам нос. Пак молчеше.Тогаш и нос му откинав. Кога по последниот пат повикав да рече Живел Павелиќ, или ќе му го ишчупам срцето из груди, тој ме погледа, и упери поглед, некако кроз мене, и преко мене, во бескрај, во неизмереност, полако и смирено ми рече: „само ти дете, ради својта работа“...

После се ова, овие последни зборови, потполно ме избезумија, скочил сум на него, ископал сум му очи, му извадив срцето, прелал сум го од уво до уво и со ноги го гурнув во јама. Но во тој момент, во мене нешто препуче, и таа ноќ не могов више да кољем.Перо Брзица ме победи јер закла 1350 луѓе, и јас без реч, платив опклада.

Од таа ноќ јас веќе немам го мирот. Кога год врз мачење и клање покушам пак да ја доживим екстазата и блаженството, секогаш ме од некаде прободе оној поглед на Вукашин и тогаш не можам веќе да убијам. Почнал сум и да пием, но тоа ми помаже само на трен. Во пијанството, нарочито предвечер, често ме изненади гласот: Само ти дете ради своја работа...и тогаш избезумен, морам да тумарам наоколу, да зачепим уши, да се мавам по глава, да вичем, да ломим се околу мене и бесомучно да нападнем кој видим. Ноќе никаде не можам да го најдем мирот, и секој час се тргнам од сомнеж, и тогаш го угледам продорниот поглед на Вукашин и чујем пак оно стравично: Само ти дете ради своја работа!“

И ето, сега сум постал последниот црв, и со ништо веќе не можем да си помогнам. Кога излезам надвор, осетим оти се будим од некој кошмар, кога покушам да се освежим да го дишем свеж ноќен воздух, беспрекидно ми е пред очи светлиот лик на старецот Вукашин од Клепци, и едно клуче на јадот, јас , Жиле.



ps

браќа, простете, но го преведов текстот толку колку го знаем македонски јазик.
Екли.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2007 во 06:59
Свети Партениј, епископ Лампсакиски (07/02)

Син на некој ѓакон од градот Мелитопол. Уште како дете добро ги помнеше зборовите на Евангелието и се трудеше да ги исполни. Се насели покрај едно езеро каде што ловеше риба, ја продаваше и им делеше на сиромасите. По Божја Промисла го избраа за епископ Лампсакиски. Го очисти градот од незнабоштвото, ги затвори идолопоклоничките храмови, изгради многу цркви и го утврди благочестието. Со молитва лечеше секаква болест, а особено имаше власт над злите духови. Еднаш кога сакаше да изгони зол дух од некој луд човек, злиот дух го молеше да не го изгонува. „Ќе ти дадам друг човек; во него влези и живеј“, му рече Партениј. „Кој е тој човек?“, праша демонот. „Јас сум“, одговори светителот. „Влези и живеј во мене!“ Кога го слушна тоа демонот побегна како од оган викајќи: „Кај можам да влезам во Божјиот дом?!“ Свети Партениј поживеа долго и својата обилна љубов кон Господ и кон луѓето ја покажа на дело. Во вечниот покој на Христос се пресели во 6 век.

Преподобен Лука Еладски (07/02)

�Pодум од Касторија. Уште како дете никогаш не сакаше да вкуси месо и сиот живот го минуваше во чистота и молитва. Еднаш појде на нива со семе жито за да сее. Но патем поголемиот дел им го раздаде на сиромасите, а помалиот што му преостана го посеа. Даде Бог и од тоа малку семе се собра поголем род одошто порано кога го сееше целото количество. Потоа Лука побегна од својата мајка вдовица во манастир. Нажалена мајка му Го молеше Бога да и ја објави тајната каде и се наоѓа синот. И Бог ја услиши нејзината молитва. Игуменот на оној манастир три ноќи едно по друго ја сонуваше една жена како остро го напаѓа што и го зеде синот единец. Тогаш игуменот му нареди на Лука веднаш да оди кај мајка му. Лука отиде, се виде со мајка му, но пак си замина, овој пат бесповратно. Живееше во покајание на т.н. Јованова Гора. Ноќе Му се молеше на Бога, а дење работеше во градината и на нивата не заради себеси, туку за сиромасите и посетителите. Се хранеше само со леб од јачмен. Бог му даде дар на чудотоворство. Се упокои мирно во Господ во 946 година. Од неговите мошти одвреме навреме течеше миро.
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2007 во 15:00

Светиот пророк Захарија (08/02)

Единаесеттиот од помалите Пророци. Заедно со Пророкот Агеј го поттикнуваше кнезот Зоровавел да го обноват ерусалимскиот храм. Го прорече свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим на младенче од ослица; и предавството на Јуда за триесет сребреници; и бегањето на апостолите од Христа во времето на Неговото страдање - ќе удрат по пастирот и овците ќе се разбегаат (13, 7). Пророкот Захариј се нарекува и Срповидец, зашто во визија виде срп како слегува од небото за да ги покоси неправедните, особено крадците и хулителите на Божјото име. Се упокои во последната година од царувањето на Дариј Хистасп, околу 520 година пред Христа.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2007 во 15:00

Светиот великомаченик Теодор Стратилат (08/02)

Драгоценоста на маченичкиот подвиг зависи од величината на богатството што ќе го напушти христијанинот примајќи страдање наместо тоа богатство; и од величината на страдањето што ќе го поднесе заради Христа. Свети Теодор, римски војвода, во војската на царот Ликиниј и градоначалник на градот Хераклеја, ја презре својата младост и убавина и војводскиот чин и царската милост и наместо тоа на себе прими страшни маки заради Христа. Најпосле беше биен, прими шестотини удари по грбот и петстотини по стомакот; потоа го подигнаа на крст и го издупчија со стрели. На крајот го убија со меч. Сето тоа го претрпе зашто Свети Теодор Го љубеше Христа над се на светот. Го презре глупавото суеверие на царот Ликиниј, ги урна сребрените и златни идоли и парчињата од нив им ги раздаде на сиромасите; мнозина ги обрати во верата Христова и го повика самиот цар Ликиниј да се одрече од идолите и да поверува во единствениот жив Бог. За време на мачењето Свети Теодор непрестајно говореше: „Слава Ти, Боже мој, слава Ти!“ Пострада на 8 февруари 319 година во три часот попладне и се пресели во Царството Христово. Се смета за заштитник на војниците што го повикуваат на помош. Неговите чудотворни мошти ги пренесоа од Евхаити во Цариград и ги погребаа во црквата Влахерна.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2007 во 14:52

Светиот свештеномаченик Харалампиј (10/02)

Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, но слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, зашто ми го иструживте старото тело, а ми го обновивте духот за нов, вечен живот“. Изврши многубројни чуда, во верата обрати многумина. Дури и царската ќерка Галина го напушти незнабоштвото на својот татко и стана христијанка. Осуден на смрт и изведен на губилиштето Св. Харалампиј ги воздигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога за сите луѓе, за да им даде Бог телесно здравје и спасение на душите и да ги умножи земните плодови. „Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв; прости им ги гревовите и излеј ја Твојата благодат врз сите!“ После молитвата овој свет старец ја предаде својата душа на Бога пред да го спушти џелатот мечот врз неговиот врат. Пострада во 202 година. Неговото тело го зеде Галина и чесно го погреба.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2007 во 14:53

Преподобен Прохор Лободник (10/02)

Чудотоворец печерски. Лободник е наречен зашто за цело време додека живееше во Печерскиот манастир не вкуси леб, туку се хранеше со лобода, месејќи ја на свој начин и правејќи од неа некаков леб. Кога ќе му дадеше некому од тој свој леб, лебот стануваше сладок како да е од мед; а кога некој ќе му украдеше, му стануваше горчлив како пелин. Едно време кога снема сол во Русија Прохор му ја раздаваше на народот пепелта како сол. Пепелта што ја раздаваше со благослов стануваше сол; а онаа пепел која некој ќе си ја земеш сам си остануваше обична. Кнезот Свјатополк нареди и во неговиот дворец ја пренесоа целата пепел од келијата на Прохор без прашање и благослов на монахот. Но кога ја пренесоа, тие што вкусија од неа се уверија дека е пепел а не сол. Тогаш Прохор му рече на народот што доаѓаше кај него по сол да одат сите кај дворецот на кнезот, па кога кнезот ќе ја исфрли онаа сол од дома, тие да си ја земат и ќе им биде сол. Народот така направи и пепелта повторно се претвори во сол. Откако се у2ери во ова самиот кнез се исполни со почит и љубов кон Св. Прохор, а кога овој умре во 1107 година, тој со своите раце го положи во гробот крај големите руски светители Антониј и Теодосиј.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.