![]() |
|
Фан клуб Интер |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4567> |
Автор | ||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
2 месеци пауза за Камбијасо ?!Oва предупредување стигнува токму од него, изјава која влеа страв во таборот на Интер а доаѓа по повредата заработена на пријателскиот меч Јапонија - Аргентина. Стравот кој владееше кај Интер сега можно е и да се реализира откако Камби, според Кориере дело Спорт, изјавил '' Се плашам дека станува збор за кинење на мускулот '', во тој случај прогнозата за неговото отсуство од терените, според Кориере дело Спорт, ке биде цели 2 месеци. Добра вест за Интер е враќањето на капитенот и Тијаго Мота кој веќе започна со тренинзите и се очекува да биде на располагање за Рафа од наредниот првенствен меч на Интер. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Пандев и Милито го кочат Интер Слабата форма на овие двајца играчи е поголема причина отколку тактиката на Бенитес за лошите резултати на нераѕурите, смета легендата на италијанскиот фудбал Коловати Слабите игри на Горан Пандев и на Диего Милито се главните причини за лошите резултати на италијанскиот првак Интер, во првите два месеца од сезоната, смета легендата на италијанскиот фудбал Фулвио Коловати. Според играчот кој во кариерата има играно и за Милан и за Интер, поради лошата форма на Пандев и Милито, „нераѕурите“ не се доминантни како во минатата сезона. Коловати вели дека овие двајца играчи се многу поголеми виновници за слабите резултати, отколку тактиката на тренерот Рафаел Бенитес.- Мислам дека Бенитес не треба да се обвинува. Треба да се согледа главниот фактор за слабите резултати, а тоа е лошата форма во која се наоѓаат Пандев и Милито. Тие не постигнуваат голови онолку колку што се бара од нив - вели Коловати, кој во 1982 година беше дел од репрезентацијата на Италија, која триумфираше на Светското првенство во Шпанија. Интер ремизира (1-1) на гостувањето кај Лече, со што „нераѕурите“ остануваат само со една победа во последните пет меча. Против Лече, Пандев беше стартер и ги одигра првите 45 минути, а на стартот од вториот дел беше заменет токму со Милито, кој го постигна единствениот гол за шампионот. Пандев имаше одлична шанса за погодок во 11 минута, но не успеа да искористи за да ја прекине низата од 9 месеци без постигнат гол во Серија А. Според оцените што ги добиваат играчите, Пандев бил најслаб кај Интер со 3-ка, додека неговиот партнер во нападот Самуел Ето доби 7-ца, а тинејџерите Бијабијани и Кутињу беа оценети со 4 и 5. По ова реми Интер падна на четвртото место на табелата. „Нераѕурите“ веќе в недела го играат големото градско дерби против Милан. На последниот меч меѓу миланските ривали Пандев блескаше, постигна прекрасен гол од слободен удар за победа од 2-0. Милан во дербито влегува како лидер на табелата, откако со 3-1 го победи Палермо, а Лацио врза два пораза во низа откако загуби кај Чезена. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Бенитез се смири: Сега очекувам победи и во Серија А
Loading comments...
Problems loading Disqus? |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Интер преговара со Капело Дел од членовите на управата на актуелниот европски првак Интер контактирале со Фабио Капело, кој е под голем притисок на чело на англиската репрезентација по неуспехот на СП 2010, јави "Кориере дело спорт". Според италијанскиот весник, италијанскиот стратег е фаворит да ја преземе клупата на клубот на македонскиот репрезентативец Горан Пандев откако Рафа Бенитес разочара на почетокот од својот престој на "Џузепе Меаца". |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Леонардо, нов тренер на Интер
![]() Екипата на Интер по освојувањето на круната на Светското клупско првенство ја продолжи годинешната традиција да ги менува тренерите кои освоиле некаква титула. Мурињо си замина откако ги освои Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите. Бенитез го напушти откако стигна до првото место во Абу Даби. "Му посакуваме многу среќа во водењето на клубот. Сигурни сме дека со неговиот квалитет тој ќе успее да го врати тимот на победничките патеки во Серија А и очекуваме добри резултати до крајот на сезоната", велат од екипата на Интер. Назначувањето на Леонардо за тренер во тимот на Интер е голем удар за Милан бидејќи Леонардо важи како еден од најдобрите фудбалери кои настапувале во редовите на "росонерите". Тој дури беше и тренер во Милан, па неизвесно е како ќе реагираат на ова и фановите ако се знае дека ривалството е големо. Иако уште не е ни претставен пред фудбалерите, Леонардо веќе почна да размислува за засилување на составот. Меѓу оние кои тој ги посакува се двајца играчи кои настапуваат во Шпанија. Кака е сЕ поблизу до Интер, а се споменува дека ќе биде направен обид да се ангажира напаѓачот на Севиља, Луис Фабиано за кое е заинтересиран и Интернационал. Леонардо веќе го потврдил и својот интерес за универзаленецот на Удинезе, Алексис Санчез, кој е е еден од најталентираните во овој тим. |
||||||||||||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Почна ерата на Леонардо
Новиот тренер на Интер, Леонардо, од вчера и официјално стартуваше со својата работа во Милано. Тој се враќа во овој град, но сега црвената боја ја замени со сината и кога ќе доаѓа на работа ќе оди во соседната канцеларија. Леонардо е тренер кој својата прва работа ја имаше во Милан. Клубот за кој играше веројатно нема да може лесно да му прости што реши да замине кај најголемиот конк*рент, но, сепак, се работи за професионалец кој уште на првата прес конференција најави дека екипата има потенцијал за високи дострели. "Многу се пишуваше, а и се уште се пишува за тоа дека е чудно што јас како поранешен член на Милан и вљубеник во овој тим доаѓам во Интер. Морам да бидам искрен и да кажам дека не сум навивач на Интер. Сепак, во оваа работа тоа не е воопшто важно. И покрај тој факт сметам дека можам на мојот нов клуб да му донесам успех. Токму поради ова и дојдов во Интер", рече Леонардо на прес-конференцијата на која беше претставен пред јавноста. "Возбуден сум толку многу што немам вистински збор за да го опишам чувството. Морате да сфатите дека за мене доаѓањето во Интер е најголемиот можен предизвик на кој можев во моментов да се нафатам. Не постои ништо повеќе. Уште ако речам дека во Интер дојдов веројатно во најуспешната година на клубот во историјата тогаш мислам дека имам кажано се". Тој ќе биде дури петтиот тренер кој успеал во својата кариера да седне на жешките клупи на ривалите од Милано. Пред него тренери и на Интер и на Милан биле Џузепе Багоно, Џовани Трапатони, Хиларио Кастанер и Алберто Закерони. "Секогаш сакав да бидам слободен и да имам слободни погледни кон се. Затоа моето доаѓање во Интер го сметам како нормална работа. И морам да кажам една работа. Не можев никако да му речам не на Масимо Морати. Спонтано меѓу нас има некоја посебна хемија и се создаден прекрасен однос. Верувам дека така ќе ми биде цело време додека сум во Интер", рече Леонардо на прес-конференцијата која се одржа пред да замине на првиот тренинг со фудбалерите. |
||||||||||||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Сигурен триумф на Интер
Во мечот од 20-то коло на италијанската Серија А, актуелниот шампион Интер на „Сан Сиро“ убедливо ја совлада Болоња со 4:1
„Нероаѕурите“ ја забележаа и втората победа под водство на новиот стратег, но во саботата навечер демонстрираа сигурна и надмоќна игра во текот на сите 90 минути. Исто така, важно за Интер е што се разбудија стрелците. Во 20. минута Дејан Станковиќ го отвори резултатот, а по десет минути во стрелците се впиша и минатогодишниот голгетер Диего Милито. Во вториот дел Самуел Ето по подолго време постигна два гола, во 63, и 72 минута, а на конечните 4:1 намали Гименез во 77. минута. Изменето од емил - 16.Јануари.2011 во 07:12 |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
DankoOH ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член ![]() ![]() Озрачен Регистриран: 16.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Ајде се враќет во форма то е добро...
![]() INTER ![]() |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Нагатомо: Интер беше мојот сон!
Јуто Нагатомо му се придружи на Интер откако го освои Купот на Азија со репрезентацијата на Јапонија, предводена од тренерот Алберто Закерони. Денес беше одржана официјалната прес-конференција на која беше претставен новиот фудбалер на Интер. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Претседателот на Интер не ја крие својата желба во својот тим следната сезона да го види играчот на Удинезе.Масимо Морати ја изрази својата воодушевеност од игрите на Алексис Санчез оваа сезона, како и желбата ова лето да го донесе Чилеанецот во Интер. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Голманот на “нероазурите“ го повика својот талентиран сонародник од Сантос да му се придружи во редовите на европскиот шампион.По веста дека Гансо и соопштил на управата на Сантос дека нема да потпише нов договор и дека сака да се пресели во Европа, се разгоре интересот на “стариот континент“ за 21-годишниот талент. Најсериозни во тој интерес се градските ривали Интер и Милан. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Интер - за Робен 30 милиони евра
Интер е подготвен да понуди 30 милиони евра за крилото на Баерна Минхен, Арјен Робен. Ова не е прв пат Робен да се поврзува со екипите од Серија А, бидејќи Јувентус и Милан од поодамна се заинтересирани за неговите услуги. Сега одненадеж се појави можноста Интер да го купи 27-годишниот фудбалер, а според медиумите, понудата наскоро ќе биде испратена на адреса на Баварците. Робен можноста да го напушти Минхен ја отвори со констатацијата дека Баерн мора да игра во Лигата на Шампионите, што же биде неизвесно до последното коло во Бундес лигата. На потег ќе биде управата на Баерн, а 30 милиони евра можеби ќе ги задоволат апетитите на Баварците, бидејќи Робен доста често имаше проблеми со повредите. |
||||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |