|
Љубовта БОЖЈА или законот и сознанието? |
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Автор | ||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На ниеден од пророците во Стариот и во Новиот Завет не му се случувало разни духови да му го обземаат телото и преку него да прават чуда како што се случува со овој човек ( па и со баба Ванѓа ). Вдахновеноста на пророците единствено го правел БОГ преку Светиот Дух, а тоа е нешто сосема друго и многу поразлично . Во светло на Библијата, овие луѓе соработуваат со демони. Некогаш демоните прават и добро за да ги завлечат луѓето на крив пат и нас тоа не треба да не' зачуди, затоа што самиот ИСУС во Библијата не' предупредува : " Оти ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе се покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните. Ете, однапред ви кажав. " ( Матеј 24:24,25) |
||
SOLI DEO GLORIA
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кој може да тврди кому што му се јавувало, кој бил обземан, на кој како Бог му се манифестирал и преку кој, на кој начин, ги вршел своите дела ? Цитатот од Матеј предупредува на лажни пророци, оние кои ќе говорат подруго од Исус. Јован од Бога не говори ништо поразлично од Исуса, ниту говори против Бога. Напротив. Исус убаво вели во цитатот: 12 Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги правам Јас, ќе ги прави и тој. Ќе прави и поголеми од овие. ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава 14Изменето од Messenger - 23.Февруари.2013 во 20:15 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како неможе, кога практично е’!? Ајде, сега вас господине Администраторе - заедно со Вики и Зезе - ве молам најљубезно и најсериозно; да го земете показалецот од десната рака, да го подигнете нагоре кон главата, да го ставете на горниот/преден дел од главата (челото) и внимателно да размислите (медитирате) за Совршената Еднина во Совршената Множина и за Совршената Множина во Совршената Еднина, за Совршениот Ред во Совршената Слобода и Совршената Слобода во Совршениот Ред ...! Притоа - ве молам - внимателно посматрајте ги вашите показалци, раце, тела, чела, глави, умови ... кои се сенка на Совршенството и кои всушност укажуваат на Него! Ако е Волја БОЖЈА - дај БОЖЕ да е’ - ќе ви се отвори Вратата на Вистината и тоа што се’уште ве ограничува, нема повеќе да има власт над вас! Зашто, како што во едно тело имаме многу органи, но сите органи не дејствуваат на еднаков начин, така и ние мнозина сме едно тело во Христос, а секој поединечно сме органи еден на друг. Римјани 12:4+5 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Токму така спиросе. И каде тука гледаш погорен, подолен, повисок, понизок... Сето време го велиме токму тоа. Сите сме Едно, што значи дека секој поединечно сме дел еден на друг. И како што секое тело совршено функционира со сите органи во себе, така и ние во Едното тело... иако, поради нашето скудно разбирање, ни изгледа дека некои се погоре, некои подолу, некои непотребни, некои попотребни... И кога ќе се осознае ова станува многу јасно, едноставно и самоевидентно сето останато изговорено од Исуса. Тогаш, бидејќи с'е станува очебијно, непотребно е било какво неразбирање и полемизирање околу препораките "прави на другиот оноа што сакаш да ти биде правено и тебе", "... сврти го и другиот образ", "не го посакувај туѓото", "не обечествувај", "не убивај", "не суди", "не лажи"... бидејќи, кога ќе се осознае Еднобитието, сето ова станува Eдинствено можно однесување. Одлично одбран цитат. То е суштината на исусовото учење. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
E ne deka nesakam da si go staam pokazalecot od desnata raka na cheloto ednostavno nema potreba da se razmisluva...
Abe dadino- zarem ne gledash, deka za isto zboruvame- barem vo onoj del kaj shto velish deka umot i teloto se senka... I deka sme mnozina vo Edno- koe se izrazuva na razlichen nachin tokmu preku taa mnozina i razlichnost...za da se pochustvuva i spoznae tokmu Ednoto koe se "bara" vo nashata sushtina, vo nash*te srca a ne vo nash*te umovi. "Okoto" mozhe samo da se vidi? ako go nema odrazot??? A ogledaloto mora da e chisto - da nema senka |
||
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
apostolu, kako da go zaboravi negovoto povtorno doaganje, ili ne veruvash vo toa. |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ние прифаќаме се’ што е добро и вистинито (1 Солун 5:21) - и е во хармонија со здравото учење - , но за жал здравото учење не е прифатено од сите! Секој кој што со детско срце верува во Евагелието на вечната Љубов БОЖЈА - Која што БОГ за спасение на сите Ја отелотвори во Исус Христос - за мене е член на Телото Негово (Нејзино)! Секој! Но, во вистинското Тело Христово нема омраза, туку Љубов, нема темнина, туку Светлина, нема неслога, туку Слога, нема немир, туку Мир, ... нема башибозук и неред, туку Хармонија и Ред! Таму каде што има вистинска Љубов, Светлина, Слога, Мир, ... Хармонија, Ред - таму е Духот Светол - таму се знае што е горе, а што доле, што е десно, а што лево, ... и никој не го израмнува човекот со БОГА, исто како што Господ Исус Христос (иако беше и е’ Инкарнација на Првородената Мудрост БОЖЈА, во Која Совршениот БОГ лично е’), Тој никогаш не се израмни со БОГА Отецот, туку во вистинска понизност до земја Му се поклонуваше и за тоа не се срамеше! Е, сега вие сакате да ми кажете дека нема врска дали некој е понижен (долу) или горд (горе), дали некој љуби (десно) или мрази (лево), ... вие - предводени од филозофијата на која што и’ верувате – ме уверувате дека духот и духовното тело на кој што припаѓаше (на пример) хитлер и неговите истомисленици е Едно со Телото Христово!? Јас ви сведочам дека - без Светиот Дух во срцето - не е возможно да се биде член од вистинското Тело Христово, во Кое сите Негови членови знаат што е горе а што доле и никој нема проблем со тоа да Му се поклони и да се потчини на Главата! (1 Коринт. 11:3) п.с. Во најкрвавата војна во историјата на човештвото, адолф хитлер и неговите соработници - меѓу кои беа многу со своето сознание и својата спиритуалност уверени луѓе, а некои од ними беа дури и будистички “мајстори“ (будисти од највисок ред) – тие не сакаат да Му се поклонат на во Исуса Христа отелотвореното Евангелие БОЖЈЕ, со што повторно Го одфрлија Совршениот БОГ во Него! п.п.с. За мене, секоја жива душа е едно духовно битие - една врста “ангел“ - од кои што (за жал) многу одбиваат да Му се подчинат и поклонат на Совршениот БОГ и наместо тоа се посветуваат во служење на учења и филозофии од други духовни битија (одпаднати “ангели“). Никој своеволно да не ве мами со смиреномудрост и служење на ангелите, впуштајќи се во она што не го видел, гордеејќи се залудо со својот телесен ум и не придружувајќисе кон Главата, од Која целото тело, поддржано преку зглобови и врски, расте со растење според Бога. Колосј. 2:18+19 Изменето од spiros - 24.Февруари.2013 во 13:30 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ем ги цитираш Исус и Павле, ем не им веруваш. Некои работи секогаш тешко се разбирале и уште потешко се прифаќале. Затоа Исус говореше во параболи. 11 И им рече: „Вам ви е дадена тајната на Божјото Царство, а на оние кои се надвор, сè биднува во параболи, 12 за ‘гледајќи да гледаат и да не видат; и слушајќи да слушаат, а да не разбираат, за да не се покајат и да не им биде простено’.”
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А кому тоа вели Исус: „ Вам ви е дадена тајната на Божјото Царство, ... “ ? На гностиците - кои созанието го сметаат како абсолутно најважно - или пак на оние коишто одсрце го прифатија незаслужениот и Милостив Дар *БОЖЈИ (прво Прамудрото Слово *БОЖЈЕ а после и Светиот Дух *БОЖЈИ) и Го сметаат за најголем Дар воопшто!? Не се ли тоа од Исус лично избраните Апостоли, коишто ти одвреме навреме милуваш да ги омаловажуваш и (поради твоето “сознание“ а нивното неслучајно незнаење) надувено против ними и нивното сведоштво пишуваш, несваќајќи го Евангелието кое неслучајно сведочи дури и за лично избраните Апостоли Христови - пред да Го добијат Светиот Дух – дека не беа во состојба да ги разберат тајните на Царството БОЖЈЕ, како што не беа нити во состојба потполно да бидат одделени од лагата и крвопролевањето? (Матеј 26:50 + 70-75) Но – за разлика од книжниците и гностиците - вистинските Апостоли одсрце се покајаа и понижија, така што до крајот на животот никогаш повеќе за ништо друго не сакаа да знаат освен за Милоста БОЖЈА ( Христос)! Затоа ГОСПОД - и покрај нивното незнаење - ги избра да бидат тие кои што ќе Го добијат Дарот Кој што е поголем од секој човечки ум и секое сознание! Што е со вас, господине Администраторе? Мислите дека вашето сознание е поважно и поголемо од најголемиот Дар БОЖЈИ? Сваќате ли сега зошто Совршено *Светиот БОГ, Неговата *Света Мудрост и Неговиот *Светол Дух - според Апостолското сведоштво - е пред, над и повеќе од секое сознание, со коешто надувениот свет (повеќе или помалку) се гордее, фали и на кое се надева? „Кој се фали, со Господ да се фали!” Изменето од spiros - 24.Февруари.2013 во 20:42 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
spirose, темата не е "Messenger". А ако толку те вознемируваат моите коментари, поради што наместо за темите имаш порив да коментираш за мене, тогаш не ги читај и прескокнувај ги... барем ќе си ги сочуваш нервите и здравјето. Инаку, да не останеш без одговор на твоето прашање, ако внимателно читаш што вели Исус ќе разбереш дека Тајната на Божјото Царство им е дадена на оние кои се ВНАТРЕ, а не на оние кои се НАДВОР. Оние кои се НАДВОР во световното с'е гледаат, но ништо не видуваат; с'е слушаат - ништо не разбираат. Има причина зошто Исус говореше во параболи наместо буквално да говори меѓу народот. Ако знаењето кое го споделуваше со своите Апостоли беше за сите луѓе, тогаш немаше да го прави тоа. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
mislam shto da se dodade....
|
||
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
нема што да додадеш а што стана со тоа ЕДНО,сега се две внатре и надвор. треба да му одземеш од кажаното.. 22:15 Надвор се кучињата и вражалците, и блудниците и убијците, и идолопоклониците и секој, кој ја сака лагата и лаже.” Ако некои се внатре треба да излезат надвор,да си земат жена блудница,да вечераат со идолопоклоници,па нели и тело христово се,да го поделат. Ништо не е променето,фарезеите си останаа тоа што се. првите ќе бидат последни... |
||
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
eh zheni....bludnici i greshnici.....vojni...spasuvanja hahahahaha
nema shto da se dodeva..... srceto kje si go napravi toa shto chustvuva - i shto i da e...ne e grev - ne e prljavshtina i gjubre....(mozhebi samo vo nechija glava), toa e negoviot pat grev e ako ne go poslushash.....Svoeto Srce shto ti veli.... TOA e LJUBOV! dalechina(odvoenost,ogradenost....) ne postoi - taa e samo vo nash*te glavi..... duri i ponekoi kvantni fizichari go skontale istoto... se e edno....priznale nie ili ne! - chustvuvale ili ne! Ta neli milosta e "bozhji dar" - ne se zasluzhuva....samo se spoznava..... onaa pesnata od kaliopi.....dobro bi se vklopila.....
Изменето од viktorija123 - 25.Февруари.2013 во 14:57 |
||
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
С'е додека БУКВАЛНО Едното се дели на внатрешно и надворешно, на совршенo и несовршенo, на потребно и непотребно... с'е дотогаш не се осознало Едното, туку се прифатила човечкото разбирање на фрагментирана илузија за реалност. Едното е ЕДНО, без обзир дали сме го осознале или не, а за нас лично реалностa e оноа што сме подготвени да осознаеме. Тоа е с'е и ништо не е повеќе од тоа. Бог на секому му дава во моментот толку светлина колку што може да поднесе, а да не ослепи. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |