|
Германски накратко (к у р с) |
Внеси реплика | страница <1 45678> |
Автор | |||
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
логички... ви посакувам добра вечер
|
|||
ShmIzLi4kA
Сениор Регистриран: 21.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 123 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Fala BisernA
|
|||
ramce_ger
Нов член Регистриран: 18.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
taka, i jas bi rekol deka toa ne e germanski dijalekt tuku toa si e svajcarskiot jazik.
ete i jas si cepam Saarländisch, SAU GUDD!!! Bin ein stolzer Mazedonier ebenfalls ein stolzer Saarländer |
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Montag = Понеделник Dienstag = Вторник Mittwoch = Среда Donnerstag = Четврток Freitag = Петок Samstag = Сабота Sonntag = Недела Gestern war Sonntag = Вчера беше недела Heute ist Montag = Денес е понеделник Morgen ist Dienstag = Утре е вторник Во најголемиот дел од германското говорно подрачје Сабота = Samstag но во северните делови(на пр. Hamburg, Rostock) на Германија како и во источна(Berlin, Leipzig) Германија меѓу луѓето често можете да чуете за Саботата како велат: Sonnabend; кој е еден од составните денови од: das Wochenende = крајот на неделата т.е. викенд Am Freitag завреште го за фирмата неделниот извештај = der Wochenbericht за да можете на раат да го читате die Wochenausgabe = седмичното издание на das Wochenblatt(=Неделник) во вашата викендичка или како велат германците das Wochenendhaus. Ако сакате да кажете во кој ден, употребете пред името на денот am на пр. во петок ќе биде: Am Freitag z.B.Arbeiten Sie am Freitag Herr Kohl? = Работите ли (вие) во Петок господине Кол(досл.Зелка) - Nur jeden zweiten Freitag! = Само секој втор петок. letzten Mittwoch = последната среда Не забораватјте на правилото дека сите именки(општи и лични) во германскиот јазик секогаш се пишуваат со голема буква без разлика каде се наоѓаат во реченицата, па така и имињата на седмичните денови. Ако зборот е составен од две или повеќе именки и/или зборови(тнр. кованици) само именката на самиот почеток од зборот се пишува со голема. Како што видовме во примерот со неделниот извештај: Wochenbericht. Изменето од Majkl - 22.Јануари.2009 во 01:52 |
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се запознавме со деновите во седмицата. Сега да ги погледнеме месеците во годината кои во германскиот јазик имаат речиси исти имиња како во македонскиот:
Месеците Januar, Februar, März, April, Juni, Juli, August, September, Oktober, November, Dezember. Се сеќавате сигурно дека во германскиот она А со две точки горе, т.е. умлаутот ä го читаме како долго е, а Z читаме како Ц. Sonach, März ist = така да Март е Меерц. Уште една работа во врска со месеците: Јули си е Јули и на нашки и на германски, но за да се одбегне мешањето со Јуни(разликата е само една буква) во говорниот германски можете да чуете како велат Julei/јулај/. Дванаесeт месеци творат ein Jahr = една година. Ein Jahrhundert hat ein hundert Jahren = Eден век(досл.столетие) има 100 години. Доста корисно зборче е hat кое всушност е 3-то лице еднина од глаголот haben = да се има во сегашно време, но за него во наредната лекција бидејќи=Weil, wir haben keine raum und zeit für "haben" hier = немаме време и простор за „хабен„ тука . Во текот на годината ги сретнуваме: Годишните времиња der Frühling = пролет der Sommer = лето der Herbst = есен der Winter = зима сите годишни времиња се убави, но можеби вам пролетта ви е најомилена, па слободно изјавете: Der Frühling ist meine Lieblingsjahreszeit! Und deine? = А твоето? Ако сакате да кажете во некој месец, или во некоја година или годишно време, употребете го зборчето im. z.B. im September, im 2007, im Sommer... Во лето имаме die Sommerhitze = летна горештина, тогаш е погодно за девојките да облечат das Sommerkleid = летен фустан, а во пролет и лето во природата честопати можете да забележите како лета понекој Schmetterling = пеперутка, или како во Швајцарија ги викаат der Sommervogel . Есента е годишно време кое се користи и за споредба доколку е некој на возраст од околу 60 години, и се вели дека тој е im der Herbst des Lebens = во есента на животот. А сега се наоѓаме mitten im Winter = среде зима, и ако е kalt = студено, пожелно е да облечеме der Winterrock = зимско палто. Ако се обидете во своите тетратки да составите самите неколку примера врз основа на досегашните мини-лекции, многу побрзо и подобро ќе ги запомните новите зборови и реченици. Бидете креативни, мешајте ги зборовите во различни комбинации, создавајќи кратки реченици на германски на пр. = z.B.(zum bei Spiel) Heute ist 24(vierundzwanzigste) Januar, Samstag. Wir sind im jahr 2008(zweitausendundacht). Es ist winter. Изменето од Majkl - 29.Јули.2009 во 21:25 |
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
И да направиме една музичка пауза со една прекрасна австријска мелодија од 16 век(1535), со текст од 1582 год. денес во изведба на групата АДАРО, Es ist ein Schnee gefallen = (еден) Снег наврна:
Es ist ein schnee gefallen... (за мелодија: кликни) Und ist es doch nit Zeit, Man wirft mich mit den Ballen, Der Weg ist mir verschneit. Mein Haus hat keinen Giebel, Es ist mir worden alt, Zerbrochen sind die Riegel, Mein Stüblein ist mir kalt. Ach Lieb, lass dich's erbarmen, daß ich so elend bin Und lass mich in dein Arme, so fährt der Winter hin Ich hatt' mir erkoren ein minnigliches Leut an den hab ich verloren mein Lieb und auch mein Treu Das Liedlein sein gesungen von einem Fräulein fein ein ander' hat mich verdrungen, dass muß ich gut la'n sein. Изменето од Majkl - 22.Јануари.2009 во 05:41 |
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Читателите на оваа тема „Германски накратко (к у р с)„ но и сите оние кои се сретнувале со германски зборови, сигурно ги забележале честите зборчиња:
Горните зборчиња представуваат тнр. одредени членови за машки(der), женски(die) и среден род(das). Но зборот die понекогаш може да означува и множина кај некои именки, на пр. der Schüler - die Schüler = ученик - ученици. За посигурно да можеме да препознаеме од кој род е некоја именка, подобро е да го ѕирнеме нејзиниот завршеток. -heit, -keit, -schaft,-ung тогаш е женски род. -ig, -ing, -ling тогаш е машки род. -chen, -lein тогаш е среден род. Дали можете врз основа на претхoдните објасненија за одредување на машки, женски и среден род - пред именките наведени долу да ги додадете тнр. одредени членови: der, die, das? Fräulein = госпоѓица Freiheit = слобода Freundschaft = пријателство Gerechtigkeit = праведност Käfig = кафез Mädchen = девојка Ring = прстен, алка Schüller = ученик Stüblein = одајка, собичка Zeitung = весник ********************************************************* Совет: За подобро запомнување на завршетоците за машки, женски и среден род од помош можеби ќе ви биде ако ги споите завршетоците за секој род посебно, и така споени ги повторите неколку пати. На пр. за женски heit-keit-schaft-ung/хајткајтшафтунг/ за машки ig-ing-ling/игинглинг/ за среден chen-lein/хенлајн/ Изменето од Majkl - 23.Јануари.2009 во 10:46 |
|||
SummerLove
Сениор verliebt Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7174 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
heheh Biserna taka treba xD |
|||
Bidi Neverna, Da Ti Bide Veren,Vrti Mu Go Grbot Ke Trca Po Tebe.Ne Roni Solzi Kolku I Da Boli ,Bidi Hrabra I Toj Ke Te Moli!!!
|
|||
SummerLove
Сениор verliebt Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7174 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Da ..S se cita isto S..Samo koga je pred samoglaska se cita Z |
|||
Bidi Neverna, Da Ti Bide Veren,Vrti Mu Go Grbot Ke Trca Po Tebe.Ne Roni Solzi Kolku I Da Boli ,Bidi Hrabra I Toj Ke Te Moli!!!
|
|||
snezzana
Група Регистриран: 11.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 77 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
patem ima obezvucuvanje nemoj da zaboravis ili ednacenje pozvucnost,a ja mrazam Z |
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ne e greska, no fali nadopolna. Blagodaram sto svrtevte vnimanie. Koregirano!
Изменето од Majkl - 25.Јануари.2009 во 01:42 |
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Нашиот к у р с продолжува понатака со два корисни глагола, (да се)има и живее:
Глаголите се зборови со кои означуваме некакво дејствие(трчам, прави, мисли, возат, учиме, слуша и тн.). Кога глаголите ги менуваме низ лица(јас живеам, ти живееш, тој...)во еднина и множина, тоа се нарекува конјугирање. Во продолжение ќе ги конјугираме(менуваме) глаголите haben и leben. ich habe du hast er, sie, es hat wir haben ihr habt sie haben Односно: имам, имаш, има и имаме, имате, имаат. Доколку сакате да кажете дека нешто немате додадете keine после глаголот habe. - Nein, ich habe keine Zeit heute abend. = Не, јас немам време денес вечер. ich lebe du lebst er, sie, es lebt wir leben ihr lebt sie leben т.е. живеам, живееш, живее и живееме, живеете, живеат z.B. ich lebe im Budapest = јас живеам во Будимпешта du lebst im Skopje = ти живееш во Скопје er, sie, es lebt im Frankfurt a.M.* = тој/таа/тоа живее во Франкфурт wir leben im Wien = ние живееме во Виена ihr lebt im Bergen = вие живеете во Берген sie leben im Laibach** = тие живеат во Љубљана *а.М. = кратенка за: am Main = на Мајна. Мајна е една од поголемите реки во Германија која поминува и низ Франкфурт. Оваа кратенка се додава со цел да се прави разлика што постои уште еден помал град во источна Германија кој исто се вика Франкфурт, но не тече низ него Мајна. Се користат и кратенки за други реки a.R. = на Рајна и тн... ** Љубљана, главниот град на денешна P.Словенија во времето на Австро-унгарската монархија каде службен јазик биле германскиот и унгарскиот се викала Лајбах. Ако некој ве праша Каде живеете?: Wo leben Sie? речете Ich lebe im ____________ .(наведте го градот) Но можеби однапред ќе претпостават каде живеете(во примерот: живееш) прашувајќи: Lebst du im Hamburg? Ако не, одговорете на пр. Nein, ich lebe im Skopje. Дали можете да го разберете остатокот од краткиот дијалог? Непознатите зборчиња погледнете ги подолу: Und deine eltern? Wo leben sie? - Sie leben im Marktheidenfeld. Wo ist Marktheidenfeld? - Im süd-Deutschland. Ach, so... Hast du bruder oder schwester? - Ja, ich habe zwei schwestern. Und wo leben sie? - Sie leben mit mich im Skopje. Ach, so...ах, така(aa, така значи...) der Bruder = брат deine = твоите die Eltern = родители mit mir = со мене oder = или die Schwester = сестра süd-Deutschland = јужна Германија wo? = каде? Изменето од Majkl - 09.Февруари.2009 во 01:56 |
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Наскоро ќе се запознаеме со боите(die Farben). Но пред тоа, бидејќи во претходниот пост-лекција заборавив да ги наведам приемрите, едно потсетување за глаголот haben = има , низ примери во:
Singular = еднина: ich habe ein Hund = јас имам едно куче. du hast eine Katze = ти имаш една мачка er, sie, es hat ein Haus = тој, таа, тоа има една куќа Plural = множина: wir haben viele Freunden = ние имаме многу пријатели ihr habt unterricht = вие имате настава sie haben Zeit genug = тие имаат доволно време Изменето од Majkl - 30.Јануари.2009 во 03:05 |
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Боите weiß = бела/вајс/ rot = црвена rosa = =розова orange = портокалова gelb = жолта grün = зелена türkis = сина(тиркизна) blau = плава lila = лилјакова braun = кафеава gold(-en) = златна silber = сребрена/зилбер/ grau = сива schwarz = црна/шварц/ На пр. уметникот = der Künstler користи кутија со боји = der Malkasten при сликање на сликата = das Bild . Со толку бои сликата сигурно = sicherlich ќе испадне шарена = bunt. Присвојни заменки mein, meine, mein = мој, моја, мое dein, deine, dein = твој, твоја, твое sein, seine, sein = негов, негова, негово множина: unser, unsere, unser = наш, наша, наше euer, euere, euer = ваш, ваша, ваше ihr, ihre, ihr = нивен, нивна, нивно *Ihr, Ihre = Ваш, Вашe * Го користиме при официјално обраќање кон една особа, забележете дека го пишуваме со голема почетна буква, за разлика од зборот за нивен, нивна кој го пишуваме со мала. z.B. Ihre buch ist sehr interesant = Вашата книга е мошне интересна. mein Haus ist weiß = мојата куќа е бела dein Katze ist schwarz = твојата мачка е црна sein Pferd ist braun = неговиот коњ е кафеав unser Vater ist aus Karlsruhe = Нашиот татко е од Карлсруе euere Familien sind aus Belgien = вашата фамилија е од Белгија ihre leben ist so schön! = нивниот живот е толку убав! Der Mond scheint mit silber licht. = Месечината сјае со сребрена светлина. Ајде да се запознаеме уште и со глаголот: (...нешто да купи, стане, направи) еднина: ich möchte du möchtest er, sie, es möchte т.е. јас сакам, ти сакаш, тој, таа, тоа сака множина: wir möchten ihr möchtet sie möchten т.е. ние сакаме, вие сакате, тие сакаат Ако сакате да кажете дека имате желба т.е. сакате да станете нешто во иднина, додадете го зборот werden. möchte+werden Möchtest du später Automechaniker oder Rechnungsführer werden? = Сакаш ли подоцна Автомеханичар или Сметководител да станеш? Nein, ich möchte Dolmetscher werden. = Не, јас сакам да станам усмен преведувач(толкувач). z.B. = на пример: ich möchte ein Arzt oder Lehrer werden = јас сакам да станам лекар или наставник du möchtest ein milchschokolade = ти сакаш едно млечно чоколадо er, sie, es möchte wasser = тој, таа, тоа сака вода wir möchten deutsch zu lernen = Ние сакаме германски да учиме ihr möchtet spielen = вие сакате да играте sie möchten mehr und mehr... = тие сакаат повеќе и повеќе... Изменето од Majkl - 31.Јануари.2009 во 19:49 |
|||
Внеси реплика | страница <1 45678> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |