IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што не’ учи библијата?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што не’ учи библијата?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 13>
Автор
Порака
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 21:13
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Бог прво го створил небесниот свет, односно духовниот. Под зборот небо кој е запишан во првиот стих на Битие се подразбира токму тој духовен свет.

Тоа го велиш ти. Други велат поинаку (читај во претходните постови)! И кого да го верувам?
Тоа што го тврдиш ти (но и другите), никаде во библијата не го пишува. Останува секој да си толкува како што сака или да им верува во „стручното“ толкување на одредени „отци“!
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... Знаеме дека ѓаволот се одметнал од Бога поради својата гордост и од светлоносецот Луцифер станал темен сатана. Сето тоа се случило пред да биде створена земјата, односно откако Бог го створил небото (духовниот свет).
Затоа потоа се вели дека ѓаволот преку змијата ја излажал Ева да касне од забранетиот плод, а никаде претходно не е кажано за неговото отпаѓање од Бога. Злото не е создадено од Бога, ...

Ај сега читај ги твоите контрадикторности: прво велиш бог го создал Луцифер (кој нели е зло) ... Знаеме дека ѓаволот се одметнал од Бога откако Бог го створил небото а потоа велиш ... Злото не е создадено од Бога, ...
И оди сега разбери. не%20знам

Originally posted by gospel gospel напиша:

... Нелогичности можи да има кај тебе, но кај Бога неможи.
Тоа што кај тебе е нелогично кај Бога е логично.
Најголемата нелогичност кај луѓето е таа што најпрво Бог ја создава светлината, а потоа сонцето и месечината.

Само негираш и напаѓаш, а не даваш конкретен одговор.
Во ред, еве прифаќам дека бог во првиот ден прво создава светлина која не е Сонцето. Нека таа светлина биде се што вие мислите дека е или дека треба да биде. Еве прифаќам и дека бог во четвртиот ден ги создал Сонцето, Месечината и ѕвездите. Но, дали некој од вас ќе го потврди фактот дека навистина Земјата е создадена пред Сонцето и ѕвездите, како што се вели во библијата?
Originally posted by gospel gospel напиша:

... Библијата е книга која крие големи тајни, а на оние кои се со помрачен ум не им се дава да ги откријат и да ги увидат...

Каков верник си ти? Сигурен сум дека Исус би се срамел од тебе! Наместо како вистински христијанин „да го вратиш изгубеното јагне“ ти што правиш? Дали воопшто знаеш поради кого ти ја имаш прифатено христијанската вера? Знаеш ли дека ако не бил апостол Павле (кој прв започнал да го шири христијанството на овие простори), којзнае што ќе си бил/а (мислам по вероисповест)? А дали знаеш како се викал и што бил тој (Павле) пред да стане еден од Христовите ученици? Ако тој не бил со „помрачен ум“, тогаш незнам кој друг. Но, и покрај тоа, што направил Исус со/од него? Затоа ти препорачувам, кротко со изјавите. Биди прав, вистински христијанин.

На темава повеќе пати се спомна зборот јом. Некој вели дека тоа е 1 ден некој 1 година, некој 1000 години...
Прифаќам и тоа. Нека биде толкаво време колкаво вие сакате да биде. Еве од мене нека еден јом биде 1 милијарда години. Повторно, по незнам  кој пат веќе, ќе речам. Уште една „општа изјава“ која може различно да се толкува. (btw. ова ми личи на нашиве закони, можат да се толкуваат овака или онака, зависи од кого, но и за когоплазење) и која доведува до забуна и до раздвојување на луѓето, што нормално доведува до создавање разни верски групи. Значи, самото времетрање на тој јом во случајов и не е толку биетно. Битно за оваа дискусија ми беше распоредот на создавањата кој бил во тие јом-ови, а кои малку погоре веќе ги спомнав.
Но, во толкувањето на времетраењето на јом-от, една друга  работа ме копка.
Начелно еве да се согласиме дека тој јом е голем временски период. Ајде да речеме 1000 години. Може?! Значи на бог му требале 6000 години се да создаде. И уште 1000 години (седмиот ден) тој си се одморал. Така? Значи тоа се вкупно 7000 години.
Е сега, во некој друга тема некој спомна некаква  цифра на поминати години од Адам, преку Аврам, Мојсеј до Исус. Ќе ми каже некој колку години биле тоа? И дали деновите во тие години исто така биле сметани како јом-ови од 1000 години? Или се сметале како овие денешниве? Но, кога дошло до таква промена? Кога јом-от повеќе не бил јом (од 1000 години)? Јас во библијата немам најдено таков податок. Доколку некој знае, молам нека ми каже.

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 21:23
Стево - не ми се навлегува во непотребни демагогии во секоја тема.

Златник... Времето поминато меѓу Адам, Аврам, па до Мојсеј и понатаму е изразено во години и се користи токму тој термин, нема двосмисленост таму.

Правиш една грешка, велиш: И дали деновите во тие години исто така биле сметани како јом-ови од 1000 години? Или се сметале како овие денешниве?

Кога е употребен зборот Ден, тоа значи ден, исто што и за мене и за тебе. Кога се употребува зборот Јом, тоа значи период. Соодветно, не може да се каже дека годината се состоела од "365 илјада годишни јомови", туку означува година, онаква каква што денес знаеме. Проблемот е во преводот - тоа што Јом се преведува како Ден (кое што истотака може да значи).
Факт е дека различни деноминации, различно го толкуваат ова. Некои велат дека е светот создаден буквално за 7 дена, други велат дека е создаден во 7 етапи.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 22:46
Вечерва сакав да запошнам друга тема за дискусија, но гледам дека саатов оди кон 23, а и женчево ме вика, пааа ...намигнувањељубов Останете ми во добро до утре!големо%20гушкање
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 22:54
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Ај сега читај ги твоите контрадикторности: прво велиш бог го создал Луцифер (кој нели е зло) ... Знаеме дека ѓаволот се одметнал од Бога откако Бог го створил небото а потоа велиш ... Злото не е создадено од Бога, ...И оди сега разбери. не%20знам
Ова (изјавата на Маран Ата) може да се сфати ако се постави на следниов начин: Бог не го создал злото, но некои битија одбрале да постапат спротивно на доброто и резултатите биле зли. А со оглед на тоа што и покрај тоа тие битија продолжуваат по свое, би можело да се рече дека се зли, но НЕ зли созддадени од Бога, туку добри. Но тие не се во својата природа зли, туку божествени.

Ми текнува една споредба од книгите на Јеховини сведоци(иако воопшто не се согласувам со нивното учење):крадецот не бил роден како крадец, така и Сатана не била создадена од Бога како ѓавол.

Изменето од Majkl - 14.Октомври.2008 во 23:01
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 22:59
Toa e лесно да се протолкува - Слободна Воља.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Hasan ibn al sabah Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 94
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Hasan ibn al sabah Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 23:15
biblija ne uci deka isa bil bozji pratenik
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 23:19
Библија не учи дека Исус е Божји Син.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Hasan ibn al sabah Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 94
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Hasan ibn al sabah Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 23:21
Vo tevratot i indzilot pisuva deka isa e bozji pratenik
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 23:23
Темава гласи "Што не учи Библијата", а не "Што не учи Тевратот, Инџилот."
Во Библијата пишува дека Исус е Божји Син.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 23:24
Хасане, темата е отворена за друго прашање,затоа ќе те замолам да не ја узурпираш со вакви коментари.Ајде алтан.
Кон врв
Hasan ibn al sabah Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 94
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Hasan ibn al sabah Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 23:27
dobro de ne sum znael izvini
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 23:40
Originally posted by Hasan ibn al sabah Hasan ibn al sabah напиша:

dobro de ne sum znael izvini
Гајле да немаш побратиме, ЖИВОТОТ е Единствениот учител кој сите набрзо подеднакво ќе ги васпита!

Прашај го Евангелос: Што вели Најсветото Писмо, Кој е ЖИВОТОТ?

Шалом!
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 00:58
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Бог прво го створил небесниот свет, односно духовниот. Под зборот небо кој е запишан во првиот стих на Битие се подразбира токму тој духовен свет.
Тоа го велиш ти. Други велат поинаку (читај во претходните постови)! И кого да го верувам? Тоа што го тврдиш ти (но и другите), никаде во библијата не го пишува. Останува секој да си толкува како што сака или да им верува во „стручното“ толкување на одредени „отци“!
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... Знаеме дека ѓаволот се одметнал од Бога поради својата гордост и од светлоносецот Луцифер станал темен сатана. Сето тоа се случило пред да биде створена земјата, односно откако Бог го створил небото (духовниот свет).
Затоа потоа се вели дека ѓаволот преку змијата ја излажал Ева да касне од забранетиот плод, а никаде претходно не е кажано за неговото отпаѓање од Бога. Злото не е создадено од Бога, ...
Ај сега читај ги твоите контрадикторности: прво велиш бог го создал Луцифер (кој нели е зло) ... Знаеме дека ѓаволот се одметнал од Бога откако Бог го створил небото а потоа велиш ... Злото не е создадено од Бога


Мислам дека нема потрба да ми ги извртуваш зборовите и дека треба малку повеќе да се обрне внимание на македонскиот јазик. Многу јасно во мојот претходен коментар кажувам дека БОГ НЕ ГО СТВОРИЛ ЗЛОТО, дека ѓаволот самиот, како битие со СЛОБОДНА ВОЛЈА, поради својата гордост избрал да биде далеку од Бога, односно станал зол, а злото е ОТСУСТВО НА БОЖЈАТА ДОБРИНА И МИЛОСТ.

Еве ти со попрост пример. Кога Ајнштајн сеуште бил во училишните клупи, неговиот учител атеист сакал да докаже дека Бог не е добар и дека не постои, па почнал да оправа филозофии дека штом ѓаволот е лош, а бил создаден од Бога, значи дека Бог креираа лоши работи и дека следствено на тоа и Бог е лош. Сите студенти молчеле незнаејќи што да одговорат на тоа, та професорот задоволно си седнал на својот стол. Но, тогаш се јавил Ајнштјан (нам, а и на целиот свет, добро познат) и му рекол дека тоа што го зборувал и објаснувал не е точно. Кога Ајнштајн бил запрашан зошто така мисли, одговорил - (парафразирам) Тоа е многу просто. Дали постои темнина? - Не, не постои. Темнината е едноставно отсуство на светлината, затоа ако се пушти во темна просторија сончев зрак преку прозорецот, темнината ослабува и се губи. Дали постои студ? - Не, не постои. Студот е едноставно отсуство на топлина, меѓутоа кога ќе почне да се загрева една просторија, студот се губи. Така е и со Бог. Тој не го створил злото, бидејќи е добар. Злото е самото Негово отсуство.

Сето зло кое што се случува во светот е отсуство на љубовта Божја во срцата на луѓето.

Секоја вероисповед различно си ја толкува Библијата, во тоа е целиот проблем. Токму таа твоја забелешка докажува дека во неа се кријат длабоки тајни кои им се дадени да ги разберат само на оние кои си го очистиле срцето и се вратиле во онаа прва природа на луѓето која на почеток Бог им ја даде на Адам и Ева. Не секој може да ја разбере нејзината смисла, затоа Православните верници се водат според толкувањата на Светите Отци, а не на некој пастор или раскажувач, бидејќи тие се оние кои станале богови по благодат.

А што се однсеува до замерките од каде треба да цитирам, со оглед на тоа што Символот на верата го исповеда учењето кое произлегува од Библијата, јас не гледам проблем да цитирам од него.
А мислим дека и тој што има замерка, ако не се лажам, го исповедува истиот Символ.

И за крај, би ве замолила сите, во иднина да не ми ги извртувате зборовите и ако имате проблем со граматичката конструкција на некоја реченица, прочепкајте по книгите за македонскиот јазик или прашајте ме што сум мислела со тоа што сум го напишала. И бај д веј, читајте во целост што кажувам, а не само дел, па потоа да се ваѓа од контекст, затоа што тоа навистина ми пречи. Се надевам дека ќе ми помогнете околу тоа... да не се искажувам по 2 пати.

п.с. Сега и јас чекам одговор од тебе - дали несовршено нешто може да створи нешто совршено?

Изменето од Maran Ata - 15.Октомври.2008 во 01:09
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 01:13
И уште нешто - последното цитирање се однесува на мене или на Госпел? Гледам дека си ставил моја реченица, а си напишал дека го цитираш Госпел.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,218 секунди.