![]() |
|
Крштевање |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 45678 13> |
Автор | ||
Nikki ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Вие што зборувате против крштевање на мали деца
Самите велите дека многу од учењето на Исус е Симболично Значи има подлабоко значение Вие велите дека буквално Он не е Врата, не е Пат Кога Исус вели Ја сум Вратата, Ја сум Патот, Вистината и Животот Следува дека има поголема тајна во зборовите за Крштевањето Крштевање значи потопување во Словото на Отецот и Синот и Светиот Дух Кој поверува во Исус, откако ќе поверува треба да се потопи во Словото, цел живот да се потопува Да се бања во Словото на Радоста за Вечниот Живот Нели Исус кажува, ... нека го земе својот крст и нека оди по Мене Па сега никој од вас што не признавата крштевање мали деца си носи крст со себе Тука е најголемото искушение кога некој ќе намисли да наклевети некоја друга црква и да си создаде нова Ова е Буквално, а ова не е Буквално Павле кога вика жени да носат шамија и да не зборат, тоа не е Буквално Исус кога вели Ова е Моето Тело и Крв, тоа не е Буквално Сега кога вели откако ќе поверува да се крсти, тоа е Буквално Ете тука е најголемото искушение за човекот АЈ да си направиме нова црква |
||
![]() |
||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Зошто велиш "вие"? Зарем и ти не веруваш како нас христијаните дека Исус не е буквално пат или врата?
Браво сестричќе, конечно јас и ти да се согласиме дека откако ќе поверуваме треба да се крштеваме, а не пред тоа
![]() |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
![]() |
||
Nikki ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Алилуиа
Според учењето на повеќе православни отци Тие деца што ќе умрат некрстени, ќе одат во Пеколот Како и сите што ќе умрат некрстени Затоа што со крштевањето се добива простување од наследниот грев, од Адам и Ева А потоа за секој нареден грев, добиваме простување преку Верата |
||
![]() |
||
AlDra ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Па зар Светиот Дух на заповедта на попот(- кога тој ќе рече: ,,ТЕ крштевам во Името на Отецот, Синот и Светиот Дух’’) влегува во човекот? Зар не доаѓа преку вера? |
||
![]() |
||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
АлДра - различен поглед на работите. Јас сметам дека Светиот Дух влегува во човека при посветувањето во верата. И како што кажа Ники - со тоа се измива првородениот грев. А потоа - преку верата се постигнува духовната висина и измивање на жителските гревови...
|
||
Do what is right, come what may...
|
||
![]() |
||
Al_Masih_Qam ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 113 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Формулацијата („те крштевам...“) која ја цитираш има римокатоличко потекло и поради сплет на околности делумно постои во современата православна литургиска традиција. Изворната православна формулација е „Се крштева чедото божјо (име) во името на Отецот (Амин!) и Синот (Амин!) и Светиот Дух (Амин!)“. Улогата на свештеникот тука има суштински поинаква смисла - свештеникот е пред се сведок (во поширока смисла - грч. мартир) на свештениот чин, чијшто прв и последен извршител е Христос. |
||
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ! |
||
![]() |
||
Al_Masih_Qam ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 113 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Неколку забелешки ид православна перспектива: 1. Една терминолошка - во православието вообичаено е да се зборува за „прародителски“ а не „за првороден“ грев, што е типично за западните христијански традиции, за кои гревот пред се се асоцира со поимите „вина-суд-казна-оправдување“... 2. Надоврзано на ова - на твој начин но сосема коректно склопено „...постигнува духовната висина (1) и измивање на жителските гревови (2)...“. Гревот во православната традиција (за неа можам да зборам, за другите некој друг) има основно значење на болест. Измивањето на гревот е пред се „лечење на болеста“, а не „чистење од вината“ (православието во суштина не си дозволува да зборува за „првородна вина“, туку попрво за „наследна болест“). Вториот апект на крштевањето е многу значаен (кај тебе е на прво место), иако многу често се испушта - „постигнување на духовната висина“, т.е. извишување кон Бога, постојано усовршување. Со други зборови - крштевањето не е крај на патот на човекот кон Бога, туку почеток на бескрајното уподобување („усличнување“, постигнување на сличност, подобност“) со Бога. |
||
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ! |
||
![]() |
||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Можеби тоа е учењето на православието и неговите "отци", но тоа сигурно не е учењето на Христијанството, Библијата, на Христос и апостолите.
Според Библиското учење, бебињата наследуваат грешна телесна природа, но не е и вина, осуда и казна за родителскиот грев. Христијанството е лична вера и учи дека секој ќе си одговара за своите постапки, за своите одлуки, за својот личен и своеволно сторен грев.
"Оној кој ќе згреши, тој и ќе умре. Синот нема да го носи татковиот грев, ни таткото синовиот грев. Врз праведникот ќе биде неговата правда, а врз безбожникот неговата безбожност."
(Езекиел 18:20) Библијата учи дека бебето наследува мртов грев т.е. грев кој не повлекува вина, одговорност и осуда од родителот на бебето. Се додека бебето/детето не направи личен и свесен грев тоа не е под Божјата осуда. Дури откако во детето ќе проработи совеста и тоа ќе го дознае Божјиот закон и ќе биде свесно за своите постапки, дека тоа што го прави е грев, дури потоа гревот оживува и ја добива силата да го осуди детето и да побара одговорност и казна од него.
"Имено, гревот беше во светот уште пред Законот, но гревот не се засметува кога нема Закон."
(Римјаните 5:13)
"И јас живеев некогаш без Законот; но кога дојде заповедта, гревот оживе, а јас умрев. "
(Римјаните 7:9)
"Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев."
(Јован 15:22)
Од сето ова следува дека доколку едно бебенце почине, тоа ни на сон не иде во пеколот, туку дирекно во прегратките на Бог
![]() Да, нашиот Бог е праведен Бог и не дозволува невините бебенца да завршат во пеколните маки, заради гревот на нивните родители.
Уште една потврда на ова е примерот со бебето на царот Давид. Имено, царот Давид извршил прељуба со една жена и таа му родила дете. Но Бог, заради гревот, одлучил да му го одземе детето на Давид. Потоа читаме...
Светиот Дух му дал цврсто убедување на Давид дека тој, по смртта, ќе живее во рајот. Тоа го гледаме во неколку од неговите псалми..
"И јас ќе престојувам во Господовиот дом засекогаш."
(Псалм 23:6) Така што кога Давид рекол "Јас ќе отидам при него", тој, иако индирекно, сепак јасно ни кажал дека неговото бебе е во Господовиот дом каде што он наскоро и му се придружил.
Поздрав!
п.с. SOLA SCRIPTURA!!! ![]() Изменето од EvAngelos - 15.Јули.2008 во 23:24 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
![]() |
||
Al_Masih_Qam ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 113 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Види Евангелос (Ване, ако не ти пречи) - има 2 проблеми во муабетиве:
1. Различни персективи. И тука многу тешко дека некој ќе успее некого да „убеди“ во „своето“. 2. Погрешни претстави едни за други - е тука има многу за што да се зборува и да се учи. Тука може да се решат пола од проблемите за кои се муабети по темиве. За тоа треба добра воља и повеќе желба за читање и учење отколку за критикување изградено врз основа на стереотипи и предубедувања. |
||
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ! |
||
![]() |
||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
На брзина само, во одговор на коментарот на ЕвАнгелос - еве доволно добро објаснување за што станува збор. Да, во право си АлМасих - терминологијата што ја употребив е погрешна, затоа што се надоврзав на она што беше веќе спомнато. Зборуваме за различна гледна точка во однос на Прародителскиот грев - односно Првородниот грев. Едната теза е ова што е објаснето од АлМасих, другата е она што е објаснето од ЕвАнгелос. Не мислам дека има спорна ситуација, затоа што во крајна сметка се согласуваме (иако некои имаат различно мислење и сметаат дека и децата може да одат во пеколот), околу идејата, само реализацијата ни е доста различна... |
||
Do what is right, come what may...
|
||
![]() |
||
Al_Masih_Qam ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 113 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Малце иритира тоа што често на „оние другите“ (во дискусијава - на православните) им се припушуваат верувања и учења, кои немаат врска со нив, а се изграден врз тешки стереотипи, предрасуди и нивно суштинско непознавање. Значи, тука воопшто не станува збор за тоа дали ќе се оди во пеколот или не. Човек не се крштева за да не оди во пеколот! Човек во православната Црква се крштева за да биде полноправен член (дел) од црковниот организам, од телото Христово. Детето се крштева не „за да не отиде во пеколот“, туку за целосно да учествува во молитвено-литургискиот живот на Црквата. Изменето од Al_Masih_Qam - 16.Јули.2008 во 12:34 |
||
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ! |
||
![]() |
||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Убаво објаснување...
|
||
Do what is right, come what may...
|
||
![]() |
||
AlDra ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
,,1 Додека Аполос беше во Коринт, Павле патуваше низ внатрешноста, во околината на Ефес, а потоа се симна во градот. Таму најде неколку нови Христови следбеници,
2 и ги праша: „Го примивте ли Светиот Дух кога поверувавте?“ Тие му одговорија: „Ние и НЕ ЗНАЕМЕ дека постои Свет Дух!“ 3 Тогаш Павле ги праша: „А како сте крстени?“ “Онака како што крштаваше Јован Крстител“ - му одговорија тие. 4 Павле им рече: „Јован ги крштаваше луѓето кои се каеја поради своите гревови. И самиот тој им велеше на луѓето дека НЕОПХОДНО Е ДА ВЕРУВААТ во Оној што доаѓа веднаш по него, а тоа беше Исус.“ 5 Кога го слушнаа ова, одново се крстија, овојпат во името на Господ Исус. 6 Потоа Павле се помоли за нив, положувајќи ги над нив рацете и Светиот Дух слезе врз нив, па тие почнаа да зборуваат на други јазици и да пророкуваат. 7 Во таа група беа околу дванаесет мажи.’’ Мислам дека понатамошни коментари после ова би биле излишни. |
||
![]() |
||
Templarius ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ajde site zemete gi albumcinjata vasi familijarni i najdete gi slikite od vaseto krstevanje ... potoa prasajte gi vasite (ako imate smelost) zasto ve krstile a isto prasajte gi zasto sega se odnesuvate kako ne krsteni pa togas dojdete tuka na forum i osporuvajte go pravoslavnoto krstevanje koe se praktikuva so vekovi OK ????
|
||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 45678 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |