|
Бугарска пропаганда |
Внеси реплика | страница <1 45678 12> |
Автор | ||||||||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Blagodaram za informaciite. Znaes li dali Tome Boskovski i Aristotel Tentov se clenovi na MANU? Inaku dvajcata go istrazuvaa Roseta-Stone vo London. |
||||||||||||||||||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Ништо,што не ти е јасно
|
||||||||||||||||||||
test_glusec
Сениор Регистриран: 25.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 294 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Да и јас се согласувам со тебе главно на тие седишта седеа србокомунисти и бугарофили, ама работата е тоа што во последно време почна "тркалото да се врти" |
||||||||||||||||||||
ever try,ever fail.No matter try again,fail again,fail better.
|
||||||||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Se vrti trkaloto,ama mnogu bavno.
Zatoa ti vikam,Akcija drugar a ne 3 knigi godisno. A Bugarofilite i Srbofilite na kloci taj kaj so im e mestove. Ne mi se veruva deka seuste takvi. |
||||||||||||||||||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Нешто ТуркоМонголчињава не го коментираа бекството на др,мр,прд.Димитров,каде е милиончето што го вети |
||||||||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
A znae li nekoj koj bil organizator na ovaa ujdurma.
Pa fino so niv da se porazgovara.Da se prasaat za motivite ,lugeto,pa ako sakaat uste nekoja prezentacija ,da im se obezedat sredstva i taka. Jas gi znam licno tie so go podrzaa vo Strumica koga ja predstavuvase 10 lagi za Makedonija,duri i na dedomi mu dale kniga,a ovoj gi oteral u P.... M...... i im odrzal lekcija po istorija.Go fatile krapot, dedo mi e istoricar,pa paskata pod gazot i da gi nema isto kako onoj nekni. A i drugarite forumasi gi nema. |
||||||||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Kazi brat od kaj ti e logoto (sonceto na virginija)? Me interesiraat takvi raboti ,mnogu tesko se navagaat. |
||||||||||||||||||||
Oho Boho
Сениор Tatarin-Dragalevchanin Регистриран: 14.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 336 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Култузин, понеже денеска те видох на http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=19D719CF46121548A062BCD8CE882A8F, копирам и едно мнение на ваш човек (да се не мориш да го тражиш во весникот).
|
||||||||||||||||||||
test_glusec
Сениор Регистриран: 25.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 294 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Бла,бла,бла,бла,бла Бугарофилче ЕВЕ ШТО МИСЛАТ ТИЕ ОД СОСЕДСТВОТО Македонците од соседството против промена на името
Името на Македонија не смее да се промени, порачуваат Македонците што живеат во Грција и Бугарија, дури и по цена на приемот во НАТО и Европската Унија. „Нека се обиде некој да го смени името. Кој е храбар од македонските политичари, нека го направи тоа. Тоа име е свето, тоа е наше, на никого не припаѓа. Задоени сме со него од нашите дедовци и татковци, ние немаме друго име. Ако јас тоа име не го носам, јас не сум Јордан, не сум Костадинов, немам мајка и татко, јас сум фрлен на буниште“, изјави Јордан Костадинов од ОМО Илинден на 13-та средба на децата бегалци од Егејска Македонија што се одржува во Штип. И Македонците од Егејскиот дел на Македонија го поздравуваат официјалниот став за непромена на името. „Тоа покажува дека не се откажуваат од името, и покрај тоа што Македонија немаше стабилност во политиката и јасно не ги постави прашањата на малцинствата што живеат во земјите соседи на Македонија“, рече Ристо Причков, основач на првото здружение Виножито во Грција во 1994 година. Македонците што живеат во Грција и Бугарија се жалат дека нема промена во досегашната политика кон нив. „По приемот на Бугарија во ЕУ таа стана поагресивна, под тоа ги подразбираме бугарските институции кои во целост се под влијание на владата која води политика да не се признава македонското малцинство“, вели Костадинов. Архимандритот Никодим Царкњас најави дека до 13 март наредната година грчката Влада ќе мора или сама или под притисок на судот во Стразбур да го признае правото на слободно религиско изразување на Македонците во Грција. Претставниците на здруженијата на Македонците од Грција, Бугарија и Албанија присуствуваа на 13-та средба на децата бегалци од Егејска Македонија што се одржува во Штип во организација на здружението „Македонски Егеј“. |
||||||||||||||||||||
ever try,ever fail.No matter try again,fail again,fail better.
|
||||||||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Toa sto Makedonija bila okupirana od Bugari,Srbi i Grci. Neznaci deka deka tie nebile Makedonci. Nemam vreme inaku ke ti objasnev mnogu raboti. |
||||||||||||||||||||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
ГЛАВА ПРВА:ВРЕМЕТО НА АЛЕКСАНДАР ЌЕ ГО ЗАПОЧНЕМЕ СО
ЕДНА ПАРАФРАЗА, ЗОШТО ИМЕТО АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ, А НЕ АЛЕКСАНДАР ГРЧКИ ?! ОДГОВОРОТ ЌЕ
ГО ОСТАВИМЕ ДА ГО КАЖЕ ЈАВНОСТА, А ЈАС ОСТАНУВАМ БЕЗ КОМЕНТАР. Името е застапено во сите меридијани кое зборува за
позната личност во светската историја, како разумен, образован, умен и голем
стратег, кој успева да ја создаде големата светска империја од Јадранското море
до Инд. Како освојувачи за жал во историјата тоа никој не го остварил, и како
тоа да им смета на некои народи па сакаат да ја негираат неговата МАКЕДОНСКА
ПРИПАДНОСТ, или да ја присвојат. За способноста, интелектот и визијата на
Александар зборува и идејата за создавање на светското царство (Европа, Азија и
Африка) симболизирано во Суза преку свадбата на 1.000 пара од разни народи со
што ако се мисли во целата логичност, провејува идејата за обединети народи на
Европа, Азија и Африка. ГЛАВА ВТОРА: -Антитезата за нас славомакедонци, ама баш
нема никаква историска основа и покритие, а единствена цел за сите наши
пријатели, односно непријатели, е смислен гаф за да се разводни македонскиот
национален идентитет и континуетит на Македонците од Пердика до новиот
милениум. ГЛАВА ТРЕТА: ВО
ОДБРАНА НА АНТИЧКИТЕ КОРЕНИ ЗА ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ,
.............Главен акцент и приоритет на оваа генеза е презентација на нашиот
антички карактер и нашата античка генеза со цел еднаш за секогаш да ја
пласираме вистината пред светската јавност- без да се срамиме за нашата генеза,
која треба да е гордост на секој Македонец. ГЛАВА ЧЕТВРТА: ПИСМОТО НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ; -Невидениот
преседан и апсурд, долго време ја брануваше културната и светската јавност од
голем број негатори на македонската национална кауза и идентитет, на еден народ
со античка генеза, на кој му се оспорува правото преку фалсификување и негирање
на неговото историско минато и богата светска историо- графија. ГЛАВА ПЕТТА:......... каменот од Розета е всушност гранитна плоча
поделена на три дела со три писма, а е пронајден во Египет пред 207 години.
-Според археолошкит истражувања каменот потекнува од периодот пред
нашата ера од 196 год. пред Христа. Како што е спомнато предходно на него има
три писма во три дела на плочата. Во првото писмо има Хироглифски знаци
на египќаните ( не на Ромите ) во третото според јазикот им припаѓа на
Грците, додека пак за нас Македонците е мошне вашно што средното писмо е наше
македонско и истото е демотско. Македонското писмо е составено од збир на
цртички и знаци и според анализите на археолозите и историчарите се
предпоставува дека македонското писмо е едно од најстарите писма, кое
преставувало основа во создавањето на египетското писмо, римското и други
писма. Исто така археолозите на база на своите истражувања и сознанија
укажуваат дека досега од писмото има дешифрирано над 300 Македонски зборови.
Само писмото на плочата е пишувано од десно кон лево и истото е слоговно
и го сочинуваат согласки и самогласки со мал број пиктографски знаци.
И оваа реза од постоење на македонското писмо ја потврдува тезата
за античката генеза и корени на Македонскиот народ, кој треба да се почитува со
респект од сите цивилизирани народи, затоа што македонците имаат најголем
придонес во создавањето на денешната европска и светска цивилизација и култура,
која е резултат на основната база на македонската култура и цивилизација која
несебично македонското сонце од Вергина им ги зрачеше сите цивилациски и културни
вредности на народите на сите меридијани на земјината хемисвера. ГЛАВА ШЕСТА: Оваа вистина за многу луѓе од културната, посебно од
просечната јавност, кај нас и во светот сеуште е непозната и обелоденета.
Поради истото се потрудив со историографски факти и аргументи без да влијаам на
посебната демократска свест кај секој поединец да ја прифати или игнорира оваа
теза. Целта на оваа теза е презентирање на реалноста со која сакаме да им
кажеме на вечните фалсификатори и присвојувачи на македонската култура од
аспектот на вековното културно опстојување на Македонскиот народ низ
историјата до ден денешен, дека се во голема заблуда или пак се заведени.
Македонското прашање и културно наследство, посебно стана актуелно по
распаѓањето на ЈУ- Федерацијата. Во периодот на распаѓањето, Македонскиот народ
со референдум по иљада години се изјасни за самостојна и суверена македонска
држава. Успехот на референдумот уместо да биде поздравен од прогресивната
европска јавност, беше дочекан со бумеранг. Прогресивната европска јавност, од
веќе познати причини, ги поддржа ставовите на соседна Атина бидејки истата
сметаше дека токму сега е најпогоден моментот за ставање на македонското
прашање во заборав и бришење, односно ад акта од светската сцена. Со
непризнавањето на македонската држава под уставното име Македонија и кај
обичните лаици провејуваше идејата Македонија да ја снема од географските
простори односно да се негира постоењето на македонскиот народ со цел полесно
да се изврши присвојувањето на нашата богата Историја. Прогласувањето на
независноста на Македонија наместо на европската и светската јавност да и
преставува гордост што еден народ со најстара култура, доживеа ренесанса, беше
пречекано со непризнавање, блокади и разни други сценарија, кои не им доликуваат
на западно- европските демократи во однос на Македонија. Наместо очекуваното
признавање и прифаќање за постоење на АНТИЧКИОТ македонски народ, македонија
доживеа понижувања и уценувања од ЕУ, Атина и ООН со големи реперкусии и
последици по нас- македонија и македонците, во однос на менување на името
и симболот на вековното сонце од Вергина. Европските држави и народи и ЕУ
како патрони паднаа на испитот на признавањето на светската историографија на
народите. Но иако со закаснување и доколку се со кратко памтење, да ги потсетам
дека индијанската во Америка, кинеската, јапонската и индиската во Азија, во
Европа постојат македонската, римската и византиската цивилизација. Знам дека
историјата без факти е како куќа без темел или човек без костур. Затоа оваа теза
е да дадам допринос во расветлување на харизмата и дубиозите кои се појавија во
однос на дискриминаторската политика која се води према еден народ, кој има
огромен придонес во севкупниот развој на европската и светската култура.
Доколку полемизираме со европската јавност во однос на прашањето дали постоела
друга култура освен македонската и римската пред големата преселба на
народите, сакале или не сакале да прифатат, не верувам дека ќе полемизираат, ќе
молчат, од за нив само познат негаторски став без факти и аргументи за
Македонија. Големата преселба на народите е важен светски настан во историјата
на кој настан може да му се даде ЕТИКЕТА на голема варварска одисеја на
народите. Овој настан има големи последици не само за македонската цивилизација
туку и за римската. Во овој период со нападот на германските племиња, западното
римско царство е разрушено, а со варваризмот не беше поштеден ни македонскиот
народ и неговите цивилизациски придобивки. Настаните од 4(четвртиот) до
7(седмиот) век ја претвораат Европа во хаос и ветрометина на преселби на
Хуните, Аварите, Германите и Словените, кои оставија големи последици на
старите цивилизации во Европа. Рушењето на западното римско царство има големи
реперкусии и на источното кое продолжи да опстојува под името Ромејско
(Византиско). За времето на Византија, Македонците како народ со културни
традиции биле прифатени со обврска да ги почитуваат законите на византиската
држава. Желбата на Ромеите за романизирање на Македонците не успеала бидејки
заведување и асимилирање единствено може да се изврши на народ без
посебна култура, идентитет и писмо. Со досега докажаното да завршиме со
синтагмата во однос на македонскиот народ како најстара цивилизација во Европа
и светот, а тоа е: ,,ПРЕД ВИСТИНАТА И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ,,. ХРОНОЛОШКА ГЕНЕЗА ВО СОЗДАВАЊЕТО
НА КОРЕНИТЕ НА НАШАТА МАКЕДОНСКА ЛОЗА Прв Дел;Оваа кратка хронолошка генеза и
другите факти, тези и аргументи за настанокот и развојот на првата македонска
држава е со единствена цел, за сите оние што знаат или незнаат- поготово за
нашите млади генерации, за кои веќе е крајно време да осознаат и разберат дека
нивното потекло е античко а не словенско. Втор Дел;Античките
македонци како автохтон народ биле населени на голема територија на јужниот дел
на Балканот помеѓу реките: Вардар, Струма и Бистрица, на југ до Олимп ја
заземале Бризгија и Пелазгија а на север Пелагонија. Македонците како народ на
својот животен опстој се занимавале со лов, земјоделство, сточарство и
трговија. ТРЕТ ДЕЛ;Македонската држава постана
стабилна, кога на престолот доаѓа Филип Втори Македонски, а истото се случи по
смртта на неговиот брат, кога собранието одлучи круната да му ја предаде на
Филип, кој бил многу возбуден а неговата Олимпија го храбрела да ја прифати
круната, бидејки таа му била дар на боговите од Олимп. Филип втори со
Македонија управувал од 359- 336 г.п.н.е. а неговото владеење го карактеризира
како персона со големи дршавнички и воени способности во сите свери на
општественото живеење за доброто на својот народ и за стекната слава, која го
красеше неговото кралство. ЧЕТВРТИ ДЕЛ;По овој
успешен поход, страв и паника ги зафатило грчките градови (држави), поради
истото голем број грчки градови за да го избегнат стравот и срамот од пораз
започнале без војна сами да и се предаваат на Македонија. ПЕТТИ ДЕЛ:Филип правел договори и стратегија
со самите блиски за успешно да се спротивстави на Персија за нејзино ширење
према Балканот. Но Филиповата демократичност и отвореност према своите-
Олимпија и неговите команданти за неговите добри намер, за доброто на
Македонија, наместо подршка како бумеранг му се враќа со заверата за свадбата
на неговата керка Клеопатра. Филип иако знаел и чувствувал дека му се крои
завера, сепак не сакал да верува, декаистото ке му биде направено од неговата
жена и неговите блиски соработници. Просто наивно им верувал и заминува
со анатема. Таа анатма ја искажува преку зборовите:-Овој народ ќе добие вечна клетва, за за
омраза и завист, со вечна македонска голгота, страдање и бездржавност .
. ШЕСТИ ДЕЛ: (дел пред промоција
на книгата ,,АНТИКАТА Е ВИСТИНАТА ЗА КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД,,) Изменето од orlov - 08.Декември.2007 во 16:07 |
||||||||||||||||||||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||||||||||||||||||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Еве што пишаа по повод на случката мада и не вредеше толку внимание
Историјата како татар-бифтек Бошко Нацевски И во високата наука има заталкани. А дека и историската наука не е поштедена од мешетари, еклатантен пример е Божидар Димитров, оној сатрап од научник, инаку советник на бугарскиот претседател Прванов, кој и денес, од пиедесталот на божемно европска Бугарија, не престанува да ги пелтечи фашизоидните теории за „бугарскиот корен“ на македонската нација. Овој пропаганден активист на официјална Софија, со параноично изострен антимакедонизам во толкувањето на историската фактографија, можеби и не ќе го заслужуваше вниманието на овие редови, доколку својата националистичка дрскост не се обиде да ја демонстрира и во границите на македонската држава. Таа атака се одигра токму деновиве, во Кавадарци, во режија на некакво друштво за македонско-бугарско пријателство, а најверојатно со ванчомихајловистички код, промовира две свои книги чии содржини, според замислите на авторот, треба да послужат како негација на делови од македонската национална историја. Во градот на грозјето, кој, патем забележано, дал стотици жртви во национално-ослободителните војни на Македонија, таа крпенка од бугарски научник, покрај многубројните изливи на сопствениот великобугаризам, понудил награда од милион евра за оној што ќе му донел документ дека од 7 до 14 век имало Македонци на нашите простори. А го заборава тој господин прекорот на отецот Паисие упатен до неговите сонародници заради тоа што тие и во втората половина на 18 век се срамувале да се наречат Бугари. Според Димитров, кој и во вториот мандат го советува бугарскиот претседател за прашања од сферата на историјата, а ја извршува и функцијата директор на Националниот историски музеј, историската наука не би требало да има некакви допирни точки со сивата маса, а повеќе ја практикува како гума за џвакање, од која тој си ги остри забите, кои потоа, во многубројните негови провокативни сеанси на антимакедонска основа, ѕвечкаат како трофејно оружје. Кога пред неколку години во пиринскиот дел на Македонија беше пронајдена некаква камена плоча, тој поита со својата стручна експертиза да ги зарадува своите сонародници и да ја шокира научната јавност дека откритието било од времето на царот Самоил и претставува доказ за неговата припадност на бугарската нација. Десетина дена подоцна се покажа дека станува збор за вешто изработен фалсификат од понов датум на некој селанец, кој, во секој случај, успешно си поигра со дел од тамошната научна јавност. Според истиот тој Димитров, чии „научни“ лакрдии, со исклучително изразен националистички призвук, се честа присутност во бугарските медиуми, всушност, се што е македонско е бугарско. На таа шовинистичка фреквенција со децении ја гради професионалната кариера и стигна до нивото на советник на бугарскиот претседател, без разлика на фактот дека, според мислењето на многу негови колеги, станува збор за шарлатан, заталкан во водите на науката, но со завидни резултати во државната пропагандна политика. Во еден од октомвриските броеви на софискиот весник „24 часа“ во 2001 година, Божидар Димитров го лансира тврдењето дека Александар Македонски кога во својот поход стигнал во Авганистан, се оженил за Бугарка. Следејќи го неговиот пример, бугарски зетови станале и неговите војници. Би било интересно да се дознае со колку милиони евра денес би бил награден некој потомок на Александар Македонски што на Димитров, за потребите на Националниот историски музеј во Софија, во кој директорува, би му приложил венчаница од неговиот прапрадедо, кој во затишјето меѓу две борбени сочелувања на фронтот успеал да склучи брак со една од Бугарките, што, според овој историчар, во тоа древно време, живееле под планините Хендокуши и Памир, чии делови денес се наоѓаат во Авганистан. Во истиот тој број на „24 часа“, и на истата страница, професорот Тјанко Јорданов, кој го истражува потеклото на Бугарите, на прашањето на новинарот за неговата официјална историска верзија, го соопштува следното: „Официјалната теза е дека сме од ‘тјурско‘ потекло и сме дојдени од Исток - од Монголија, од Алтај...“, тврди професорот и заклучува: „Ние сме Тјурки и толкоз!“. Според Димитров, Бугарите се најстарото европско племе, најстарата цивилизација и најстарата држава. За да ги докаже овие тези, официјална Софија не штедеше средства да ангажира (да купи) дури и странски научници. Па се случуваа и такви бизарности од типот на тврдењето на унгарскиот академик Јухас дека бугарското писмо е постаро и од критското, или на неговиот сонародник Тот, дека светите браќа Кирил и Методиј биле „чистокрвни Бугари“. А потоа, исто така во весникот „24 часа“, од перото на Ивајло Дичев да ги прочитате констатациите дека, и покрај сите напори, на Бугарија никако не и тргнува со националната митологија. „Мачнотијата почнува кога потврда за сето тоа треба да се добие од надвор“, соопштува авторот и додава: „Нејасно останува само каква е врската меѓу топлото ‘ние‘ и браќата Кирил и Методиј, кои не само што немале ништо заедничко со тогашната бугарска држава туку никогаш и не стапнале во неа“. Би била чиста илузија ако се верува дека Божидар Димитров е слободен стрелец и дека не е дел од бугарската пропагандна машинерија, која оркестрирано функционира на државно ниво - во политиката, во науката, во образовниот систем, судството, полицијата, журналистиката... И секогаш со единствена цел - негирање на самобитноста на македонскиот народ, на самородноста на македонскиот јазик, на автентичноста на македонскиот национален фолклор и на неговите други етнички белези. И на крајот, уште една дилема. Од публикуваните информации за промотивното дивеење на Божидар Димитров на антимакедонска основа во Кавадарци, не можеше да се види дали неговите домаќини од таканареченото друштво на македонско-бугарското пријателство, ним драгиот гостин од Софија го одвеле на споменикот на убиените ваташки деца, жртви на бугарската фашистичка солдатеска во Втората светска војна. И тоа е бугарско, требаше да му се појасни на господинот Димитров. Но, не е виновен толку тој, колку што се безрбетни оние слепци што му дозволија пристап и пристан во револуционерното Кавадарци. Во срцето на Тиквешијата. На дофат на гробовите на македонската младост. На стреланите ваташки деца! Изменето од Boogie - 08.Декември.2007 во 18:51 |
||||||||||||||||||||
test_glusec
Сениор Регистриран: 25.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 294 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
WTF???
Александар за бугарка?? Леле на тој човек лагите немаат крај. Како прво Александар се ожени за ќерката на Дариј 3 персискиот цар. ??? Сега ќе испадне дека и швабите се бугари и дека овие на блиски исток се бугари. Абе ВСИЧКИ СЕ ЕДНО |
||||||||||||||||||||
ever try,ever fail.No matter try again,fail again,fail better.
|
||||||||||||||||||||
ivancho
Група Регистриран: 08.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Ей, велики войводи
наследници на Александр, Ако някой от вас ми даде име на един комита, който се казва Зоран, Стевица, Ивица, Любиша,Радивое,Синиша и т.н исконни македонски имена може да си даде банковата сметка и има от мен 100000 евро награда. Условието е комитата да е роден преди 1945 година. |
||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 45678 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |